Изгледа донкихотски да се занимава човек со евроатлантските перспективи на Македонија. Стриктно журналистички, нема ништо ново значајно да се каже – ниту како анализа, а ниту како некоја провокација. Какви се нашите шанси да влеземе во НАТО? Ќе добиеме ли датум за преговори со ЕУ?
Модуларните системи секогаш ни биле особено интересни – поттикнуваат на интеракција, креативност, а во некои случаи ни предизвикуваат и лиги. Ви ја претставуваме најкреативната чоколада – на граница меѓу храна и дизајн.
Александар Петров е автор на неколку импозантни анимирани филмови вклучувајќи ги „Старецот и морето“, адаптиран според романот на Хемингвеј.
Архитектурата на модерната, кога не се наоѓа во процес на санација и заштита, често е сосем занемарена или оставена некаде на маргините.
Грамофонските плочи, тркалезни и поливинилски, одамна се надвор од употреба. Плочите беа значаен изум на 20 век и на нив се забележани голем дел од најубавите акорди и гласови во музиката. Во осумдесеттите години на минатиот век беа заменети со компакт дисковите и заминаа во историјата.
Како што ни е добро познато, луѓето сакаат да се шегуваат. Меѓутоа, не се сите поедаднакво надарени да се шегуваат. Некои луѓе со своите шеги предизвикуваат смеа и одобрување во друштвото, додека шегите на оние другите знаат да касаат полошо и од отровна змија.
Raumlabor Berlin е група која од 1999 г. се занимава со урбан дизајн, архитектура, изградба и истражувања. Нивната работа е насочена кон јавниот простор кој тие го доживуваат како суштина на секој град. Главното прашање што тие го поставуваат е „Што денес навистина се случува во јавниот простор?“.
Груевски сака, злоупотребувајќи го докрај своето мнозинство, да му го покаже местото на албанскиот политички субјект, а тоа место е на опашката од неговата влада. Како и секогаш, греши во овие процени, оти се води од малициозност, а не од политичка и државничка прагма. Тој ја потроши ДПА до крајност при своето владеење. Тој може да го потроши и ДУИ во овие констелации, во кои се однесува крајно неодговорно кон демократските вредности и етничката стабилност. Но, колку и да се обидува, ниту тој, ниту кој било друг не може да ги потроши Албанците како значаен политички фактор во земјата. Како што тргнал победникот, Груевски може да ја потроши и Македонија, ама Албанците ќе останат тука со своите евро-атлантски идеали.
Теута Арифи во колумната „Демократура“; „Дневник“, 20.07.08.
Прва клетка. Бактериите имаат само една. Исто така, една цела година помина од мигот кога беше зачната до мигот кога се роди. Сите беа зачудени што ти требаше толку долго време да излезеш.
Џејмс Сквајрс (James Squires) живее и работи во Велингтон, Нов Зеланд. Секој вторник во неделата тој закачува по еден стрип на интернет страницата moonbeard.com. Тој исто така е и блогер, а на својот блог објавува илустрации, цртежи и слично.
Онака како што се одвиваат настаните во земјава, вреди да се повтори она што сите го знаеме и на што при вакви немили настани везден се потсетуваме – дека меѓуетничките односи и кохезијата на нацијата, во целина, се нешта кои треба постојано да ги негуваме и да ги пазиме.
Грег Госел е визуелен уметник кој преработува слики од поп културата, почнувајќи од викенд романите, преку стриповите па се до иконите на 20от век, притоа не заборавајќи да употреби и политички референци.
Некаде околу три / Менував канали и / Го барав Стив Меквин. / Ми треба прашина во очите и косата и / Нешто на масата, / Гледам дека ноќта ќе потрае.
Стилска и тематска посебност на филмовите на Ангелопулос е токму односот на филмот кон театарот, на камерата кон сцената, на историското „репрезентативно“ време кон секојдневието. Во секој негов филм имаше сцени, посебно празни сцени, неодиграни драми кои ги заменува историјата.
Благоја Дрнков, македонски фотограф и кинематограф, почина вчера на 98 годишна возраст. За Дрнков може да се каже дека беше неуморен истражувач на македонската традиција, уметност и култура.
Уште одамна задникот се сметал вреден за презир, близок до земјата и ниските страсти. Да водиш љубов одзади се сметало за примитивен чин, зашто така сексуално општат животните, без да го гледаат партнерот во очи. Во многу религии задникот станал предмет на разновидни табуа.
Еве, читам дека на извесна несреќничка ѝ е одземена социјалната помош затоа што објавила рецепти во емисијата „Храна и вино“ и за тоа добила некој ситен хонорар, нешто помалку од десет евра по рецепт. И плус ќе треба да ја врати помошта што ја добивала во 2010 година. Замислете само, човек што прима социјална помош – знае рецепти!
Се чини дека креативноста во борбата за човекови права на граѓаните и укажувањето на општествените и политичките неправди во Русија зема замав.
Лучијано Фоља (Luciano Foglia) осмисли нешто апстрактно што постои само како мисла или идеја, без физичко или конкретно постоење - геометриска порнографија.
Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.
Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин
Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...