Архива - 2012 - Видео

мај 17th

17.05 12:17

Здраво Млади 2012
Stuttgart Online се оформени во 2006 година. Доаѓаат од Белград, Србија. Веб магазинот Popboks ги прогласуваат за дебитанти на годината во 2007. Во 2009 го издаваат својот деби албум „Radost svakom domaćinstvu“ за издавачката куќа Одличан хрчак. Следуваат настапи и турнеи во секој агол на бившата ни држава каде што бендот создава квалитетна и бројна фан база.
„Права ствар“ е името на новиот албум кој е снимен во текот на 2011 а издаден годинава. Албумот содржи 11 песни и претставува (според зборовите на авторите) полнокрвна рок плоча со голем број на идни хитови. На Здраво Млади доаѓаат да го промовираат новиот албум, а кој ги гледал знае дека се работи за ултра енергично дуо кое испорачува енергија на која и ЕЛЕМ може да и позавиди, а секој концерт го свири како да му е прв.
Stuttgart Online се Бојан Слачала и Марко Баришиќ.

Видео клип

17.05 09:05

На новата интернет страница која ја отвори, Story of Send, Гугл се потруди да им објасни на своите корисници како функционира е-поштата.

Како патува е-поштата

мај 16th

16.05 10:46

Здраво Млади 2012

While е чуден повторувачки микс на незаборавни звуци на твојата анти-социјална ера, повторно повикувајќи го здравиот разум на The Wipers и Mission of Burma, злоупотребата на Black Flag, последните денови на My Bloody Valentine и секс возење што го направи Ian MacKaye поп пејач. Додека Андрија Спичановиќ свири гитара и пее, Стеван Ќировиќ свири тапани и пее. Можеби веќе ги знаете како членови на Jaibo!, Let’s Grow, 36 Daggers или Cut Self Not, но на крај секако ќе ги сакате како вашите омилени бунтовнички момци.
 

Видео клип

16.05 09:25

Интересна мешавина од кукларство и анимација.

Colosse – Дрвена приказна

мај 15th

15.05 09:29

Здраво Млади 2012 
Тие се викаат Electricity in our homes и доаѓаат од Лондон, Англија. Прагматични во своите видици и во својот звук и концизни во своите настапи, тие честопати се движат на границата на поп хаосот. Electricity In Our Homes е бенд кој знае да „игра“ со жанровите на начин кој воодушевува. На трагите на Talking Heads, Sonic Youth, Captain Beefheart и Can звукот бендот создава минималистички волшебна гротеска ослободена од комерцијалниот вирус. Electricity in our homes емитуваат еклектична енергија и сурфаат на бизарен, поп ориентиран ритам. Guardian ќе ги нарече арт-фанк, пред се поради нивната агресивно-нежна спонтаност во создавањето музика. Имаат издадено 5 EP изданија и еден албум наречен Dear Shareholder. Бендот не може да го најде вистинскиот издавач, па до сега имаат издавано за Modern Pop, Too Pure, Waks, PLR, Sweatshop па дури и едно издание за 4AD. Едно е сигурно - Electricity in our homes се поп со поинаква перцепција. Во Скопје настапуваат за првпат. 

Видео клип

15.05 08:39

Мало девојче замолува случајни минувачи да ѝ го причуваат кученцето додека оди во тоалет. Во меѓувреме, едно поголемо куче, се чини, го проголтало помалото додека вниманието на минувачите е свртено кон туристите со мапи.

Поголемото куче го изеде помалото

мај 14th

14.05 10:26

Здраво Млади 2012
Во текот на безмалку 30 години постоење, новосадската група Обојени Програм стекна култен статус на балканските простори. Тие се првиот бенд кој се појави на познатата емисија “120 minutes” на тогаш реномираниoт MTV во 1993 година, и еден од ретките бендови кој имаше чест да биде представен од страна на познатиот John Peel во неговата радио емисија во 2002 година. Изминатите години низ бендот се менуваа десетици различни членови, а единствен член од оригиналната постава е Кебра – главниот вокал и автор на понекогаш емотивно обоени, понекогаш политички ангажирани текстови. Неговиот глас и типичниот начин на пеење станаа во голема мерка заштитен знак на овој бенд. За Exit labelot штотуку го издадоа својот нов албум наречен „Како то мислиш: ми“. Албумот можете да го соберете бесплатно на сајтот на фестивалот Exit. 

Видео клип

14.05 09:50

Едно дрво е приклучено со кабел за струја. Еден човек го истргнува кабелот од приклучокот и... за да го дознаете исходот, сепак ќе мора да го погледнете видеото.

Дрво на струја

мај 13th

мај 12th

мај 11th

11.05 11:42

На штанд за собирање добротворни прилози, една девојкa им го разубавува денот на мажите, сè додека не се појави еден постар геј.

Бакнеж за добротворни цели

мај 10th

мај 9th

09.05 11:14

„38-39°C“, интересна мешавина од различни типови анимација во која најмногу преовладува стоп-анимацијата. Автор: Кангмин Кинм (Kangmin Kim).

38-39°C

мај 8th

08.05 11:10

Еден човек во инвалидска количка замолува случаен минувач да му помогне да стане. Однекаде се појавува Исус и го излекува човекот, кој сега повторно може да оди. Но, наеднаш, Исус почнува да лебди, на огромна зачуденост на останатите минувачи.

Исус лебди

08.05 09:33

Кога за некого ќе кажете дека е “мртов коњ”, тоа може да значи само една работа - дека е бесчувствителен. Додуша, зад оваа симпатична фраза од македонскиот јазик се кријат и други не толку пријатни карактерни нијанси, ама сепак, сите можат да се сведат на нечија неспособност за емотивност, емпатија и човечност. Името на инструменталниот бенд од САД, Deadhorse, може да се преведе токму како споменатиот израз, но нивната музика е целосна спротивност од неговото значење. Овој млад пост-рок-состав од Ири, Пенсилванија, од август 2009 година наваму создава долги, епски, звучни пејсажи што се полни со среќа, тага, болка, олеснување, едноставно - со чувства.
Во рамките на нивната прва европска турнеја, американскиот пост-рок состав Deadhorse вечерва ќе настапи во Ла Кања. Почетокот на концертот е закажан за 22 часот.

Видео клип

мај 7th

07.05 10:06

„Ова е посветено на бубашвабата која живееше исполнет живот. Почивај во мир, мало пријателче“, гласи пораката на проектот наречен Bug Memorials на американскиот колектив Carmichael Collective.

Во спомен на една бубашваба

Препорачуваме

Автошовинист

Се плашам дека станувам автошовинист. Јазикот ми се изобличува, човеку, и не ми дозволува да кажам: мамицу ви ебам!

Блиски Исток на Вардар
Хрватски новинари направија репортажа во Црешево и Арачиново.
Бројот на пријатели е поважен од бројот на тенкови

До претстојниот самит во Чикаго останаа само неколку дена. Период кој е прекраток за да се постапи дипломатски и да се отвори вратата на нашата држава за влез во Алијансата.

Како сапуниците го променија светот

ТВ сапуниците ретко кога се споменуваат во позитивен контекст. Главно се критикуваат поради плиткоста и создавањето зависност.

ОкоБоли главаВицФото