Книга

Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.

31.01 13:48
1

Книгата го обработува симболичкиот конфликт помеѓу Македонија и Грција по однос на историските права врз античкото минато и неговите симболи, вклучително и самото име Македонија.

18.01 14:33

Во книгата Детство, лето, град се собрани песни, раскази, сеќавања, интервју кои се обединети околу темата детство. Може слободно да се каже дека детството, всушност, е една од најголемите опсесии на Влада Урошевиќ.

28.12 11:56

„Најдобриот расказ на светот“ претставува избор од најрепрезентативните раскази на Радјард Киплинг. Во книгата се забележува целата умешност на неговото раскажувачко мајсторство.

12.12 14:05

Творештвото на Матош е на некој начин пресвртно во историјата на хрватската книжевност: слободно може да се каже дека без неговите остварувања, посебно на полето на критиката, есејот и поезијата, не би постоела денешната хрватска книжевност.

25.11 14:25

„Пат околу светот во 20 раскази“ претставува антологија на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век. 20 застапени раскази нудат патување низ разновидните раскажувачки преокупации, поетики и жанрови кои доминираа со оваа форма.

08.11 10:23
2

Романот „Сенилност“ е објавен во 1898 година и според многумина е најзначајно дело на Итало Звево. Иако напишана на крајот од XIX век, по својот сензибилитет „Сенилност“ ги најавува најважните книжевни опсесии на XX век.

31.10 10:09
1

Романот „Наспроти” се смета за библија на декаденцијата. Оваа книга била пример и поттик Оскар Вајлд да го напише својот познат роман „Сликата на Доријан Греј”. Рускиот филозоф Николај Берѓаев изјавил дека овој роман е најзначајното дело на современата француска книжевност (мислејќи на почетокот на 20-от век).

14.10 12:50
3

Балзак е двоен. Како романописец, тој е документаристичен и аналитичен. Како романтичар, тој е перверзен и окултен.

22.09 13:35

Јарослав Хашек (1883-1923) е најпознатиот чешки хуморист од првата половина на 20-от век. Книгата „Шашави раскази” е избор од неговите најдобри куси раскази, заедно со подолгиот циклус раскази „Командантот на градот Бугулма”.

19.08 12:57

Ни­ко­ла Гру­ев­ски ис­пи­шу­ва 250 про­во­ка­тив­ни ха­и­ку, со ра­ка­та на Пан­далф Вул­кан­ски! Ретко ви­де­но уд­во­ју­ва­ње на ра­ко­пи­си­те и пер­цеп­ци­и­те...

15.07 13:06
3

Македонското издание „Да се осмелиме да се сетиме“ е само уште еден сегмент од обемниот и повеќегодишен проект што Гете-институтите од Југоисточна Европа го реализираа во соработка со литературното списание „ Die Horen“.

09.06 10:01

Најдобриот опис на романот го има понудено Кингсли Ејмис, кој вели: „Невозможно е да се дефинира Човекот кој беше Четврток – тоа не е политички кошмар, метафизички трилер, ниту космичка шега во форма на шпионски роман, туку комбинација од сите три заедно“.

10.05 09:18
ПрилогГолемина
Cesterton.jpg31.31 KB

Сто кратки раскази во кои „играат“ повеќе од сто ликови од скопските улици! Минимализам кој опфаќа историски широки слики! Надреализам кој вози триста на сат и преминува во хипер-реализам! Само сатирата на Вулкански ја доловува апсурдноста на проектот Скопје 2014! 

25.03 12:20
38

Препорачуваме

Да се не сме биле ослободиле

Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.

Бенјамин и Еко, за фашизмот

Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин

Назад, назад, Калино моме…

Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.

Македонија - оаза на слободата

Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...

ОкоБоли главаВицФото