Култура

Прва клетка. Бактериите имаат само една. Исто така, една цела година помина од мигот кога беше зачната до мигот кога се роди. Сите беа зачудени што ти требаше толку долго време да излезеш.

03.02 10:23
3

Џејмс Сквајрс (James Squires) живее и работи во Велингтон, Нов Зеланд. Секој вторник во неделата тој закачува по еден стрип на интернет страницата moonbeard.com. Тој исто така е и блогер, а на својот блог објавува илустрации, цртежи и слично.

03.02 10:05

Грег Госел е визуелен уметник кој преработува слики од поп културата, почнувајќи од викенд романите, преку стриповите па се до иконите на 20от век, притоа не заборавајќи да употреби и политички референци.

02.02 15:19

Некаде околу три / Менував канали и  / Го барав Стив Меквин. / Ми треба прашина во очите и косата и / Нешто на масата, / Гледам дека ноќта ќе потрае.

02.02 15:18

Стилска и тематска посебност на филмовите на Ангелопулос е токму односот на филмот кон театарот, на камерата кон сцената, на историското „репрезентативно“ време кон секојдневието. Во секој негов филм имаше сцени, посебно празни сцени, неодиграни драми кои ги заменува историјата.

02.02 15:05

Благоја Дрнков, македонски фотограф и кинематограф, почина вчера на 98 годишна возраст. За Дрнков може да се каже дека беше неуморен истражувач на македонската традиција, уметност и култура.

02.02 13:48

Постои нешто во архитектурата на Питер Зумтор (Peter Zumthor), многумина ќе се сложат, што истовремено е и симплифицирано, поетично, интригантно и префинето, нешто што разоружува и ве тера да ги почитувате и искрено да ги сакате неговите куќи.

02.02 10:48

За подобро да ја разбереме приказната за животот и делото на Римјанинот Гај Петрониј Арбитер, кој починал во 66 година од н.е., најпрвин треба да се присетиме што воопшто значи зборот арбитер. Изразот има латинско потекло и означува избран судија, набљудувач, меродавна личност.

01.02 14:06
1

Израелската кинематографија стана изненадувачка сила и покрај малите буџети и малиот број филмаџии, а филмовите од оваа земја последниве пет години четири пати беа номинирани за Оскар за странски филмови.

01.02 11:03

Културната политика на унгарската влада предизвика згрозување во меѓународната јавност. Се зборува за „непријателско преземање“ на Новиот театар од еден десничарски екстремист и за скратување на приходите на слободоумните уметници.

31.01 14:32

Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.

31.01 13:48
1

Интернет порталот Businessinsider.com на оваа листа ги смести филмовите кои покрај добрата забава ќе ни дадат и подобар увид во она со што се занимаваат спин докторите и стручњаците за маркетинг.

31.01 13:29
4

Аидан Коч е илустратор од Олимпија, САД. Нејзините стрипови се коцизни, полни со боја, неверојатно убави а сепак луцидни и содржајни. Во продолжение ви претставуваме дел од нив.

30.01 15:52

Серијата фотографии насловена „Алиса во земјата на чуда“ од Вилма Коста, очекувано, е инспирирана од книгата што го носи истото име. Иако не е првата фотосесија што сака да ја оживее оваа сакана детска книга, таа е една од најдобрите интерпретации досега.

30.01 15:02

Препорачуваме

Да се не сме биле ослободиле

Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.

Бенјамин и Еко, за фашизмот

Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин

Назад, назад, Калино моме…

Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.

Македонија - оаза на слободата

Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...

ОкоБоли главаВицФото