Музика

Грамофонските плочи, тркалезни и поливинилски, одамна се надвор од употреба. Плочите беа значаен изум на 20 век и на нив се забележани голем дел од најубавите акорди и гласови во музиката. Во осумдесеттите години на минатиот век беа заменети со компакт дисковите и заминаа во историјата.

03.02 11:04
1
Feist - The Bad in Each Other
03.02 10:57

  Видео клип

[video]

02.02 10:28
1

Распеаните Скопјани за прв пат излегоа да запеат надвор од Скопје и им дадоа поддршка на Велешани во борбата против рестартирањето на топилницата во нивниот град. Со гас маски на главите и црни шлајмови во градите, од голите ридови околу топилницата им порачаа на Велешани: „Breathe deep, while you sleep, breathe deep!“

Една масовна хипи-комуна, како што се и самите, не може да ја пропушти приликата да запее и за зелените прашања на нивниот град, особено кога се работи за песна од мјузиклот „Коса“. Па, истата песна ја посветуваат и на Скопјани прашувајќи ги: Дали чистите бели дробови имаат цена? Дали најзагадениот град во светот оваа зима е убаво место за живеење? Дали половните возила, фабриките, топланите и објектите во изградба се прифатлива цена за живеење во сив, наместо зелен град?

  Видео клип

31.01 09:34

 Фантастичните Prinzhorn Dance School денес го промовираат новиот албум наречен Clay Class, во издание на DFA Records. Првиот сингл Happy in Beats веќе доби и видео запис. 

  Видео клип

27.01 12:04
1

 Heima (Дома) е документарен филм за турнејата на Sigur Ros низ Исланд во 2006 година. Деновиве легнува како добар саундтрак за временските прилики кај нас. Иако атмосферата, енергијата, пејзажите, естетиката се светлосни години далеку од она што го имаме овде, сè што треба да направите е да исклучите ТВ, да ги стопирате фесјбук, твитер и другите „активности“ и да уживате со полни уши и очи. И да, не заборавајте да се запрашате - каде (з)греши(в)ме?

  Видео клип

23.01 11:50
1

 Распеаните се повторно во акција. Овој викенд пред Собранието испејаа песна за триумфот во мизеријата, јавниот линч и незаконските притвори на неситомислениците, покачените плати на функционерите и одбиената помош на стечајците.

  Видео клип

20.01 18:10

 Etta James 1938 - 2012

  Видео клип

20.01 11:24

 Браќата Phil и Paul Hartnoll попознати како Orbital после осум години пауза го најавуваат својот нов албум Wonky. Албумот ќе биде издаден на 3ти април, а бендот веќе го издаде својот прв сингл Never.

  Видео клип

Препорачуваме

Да се не сме биле ослободиле

Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.

Бенјамин и Еко, за фашизмот

Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин

Назад, назад, Калино моме…

Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.

Македонија - оаза на слободата

Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...

ОкоБоли главаВицФото