Женскиот чекор го крие оргазмот

06.06.2009 12:44
SuperStock_1613R-11954.jpg

Склоноста кон сладострастие се препознава во чекорењето: долгиот чекор и нишањето во долниот дел на ’рбетниот столб. А каква врска има тоа со полничките?

Најновото истражување навестува дека чекорењето открива многу повеќе отколку што се претпоставуваше, меѓу другото, и дали жената има самодоверба и колку чесно доживува оргазам. А каква врска има тоа до полничките жени?

Начинот на чекорење би можел да биде поврзан со способноста да се достигне врвот на возбудата во сексуалниот чин, смета Стјуарт Броди, професор по психологија на Универзитетот Западна Шкотска, кој во врска со тоа, заедно со белгиските колеги, објави статија во „Списание за сексуална медицина“.

Дамата која чекори со брз и ускладен чекор во состојба е да ја раздрма Рихтеровата скала. Извежбаниот набљудувач (да претпоставиме дека е од машки род) може да заклучи колку е искусна во доживувањето вагинален оргазам врз основа на нејзината еластичност, брзина, чувствителност о отсутност на млитавост.

За да ја потврдат претпоставката која ги поврзува укоченоста на мускулите и сексуалниот акт, научниците во проучувањето вклучиле 16 студентки од Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија. Најпрво пополниле прашалник, одговарајќи на прашања кои го опишувале нивното сексуално однесување, а потоа биле поделени на две групи - една која изјавила дека често или секогаш, и друга која рекла дека никогаш или ретко доживува вагинален оргазам. Потоа од нив било побарано да прошетаат сто метри на јавно место мислејќи на пријатни работи, на пример, на тоа дека во топол ден лежат на плажа, и да поминат уште сто метри но овојпат со мажи во мислите со кои би посакале да иаат сексуален однос. Сето тоа било снимано оддалеку.

Двајца искусни сексолози, кои претходно не знаеле која жена и’ припаѓа на која група, го оценуле начинот на одење и ги сместувале во две групи: оргазмичка и неоргазмичка. Во дури 81% од случаите резултатите се поклопиле:жените кои правеле подолги чекори и повеќе се нишале во долниот дел на ’рбетниот столб, почесто уживале во сексуалниот врв.

Таквото чекорење ослободува проток на енергија од нозете низ карлицата до ’рбетот.

Се наметнуваат неколку можни толкувања, а едно од нив се однесува на телесните одлики кои тоа го овозможуваат или оневозможуваат: укочените карлични мускули, што можеби е поврзано се некакво оштетување, можат да влијаат и на чекпрењето и на оргазмот.

Иако изгледа нејасно и магловито, сепак излегува дека должината на женскиот чекор, заедно со движењата на нејзиниот ’рбет, навестуваат можен врв во уживањето. Но оргазмичното одење не мора да значи дека е заводливо. Стјуарт Броди дури истакнува дека тоа е знак за здрава душевна состојба, самодоверба и добри сексуални односи. Вештината да се забележат таквите навестувања претставува предност во еволуциското прилагодување да се одбере соодветен партнер за размножување.

За денес да можете да го забележите тоа потребен е само еден услов - жените да носат рамни чевли, без високи потпетици кои го изместуваат чекорењето. Кога ќе се качат на штикли, стануваат загадочни во оргазмички поглед.

И да се навратиме на прашањето од почетокот на текстов: неодамнешното американско истражување објави дека полните жени имаат побогат љубовен живот од слабите. На Универзитетот во Орегон открија дека елегантно пополнетите жени се поенергични во кревет. Речиси 92% од 7000 испитанички со вишок килограми имале редовни сексуални односи во споредба со 87% од жените со просечна телесна тежина.

Научниците признаваат дека не можат да откријат зошто е тоа така!

Извор: Политика

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото