
Текстов е еден мал вовед во можностите за употреба на уметноста и креативните процеси кај нас, во училиштата, домовите за деца без родители, поправните домови, домовите за стари лица, и посебно во работата со лица каде вербалното изразување е отежнато или сосема оневозможено. Овој пристап во психотерапијата, честопати се нарекува арт терапија, или терапија преку уметничко творење, и е истражувачки процес, психолошка дисциплина која се користи со визуелно уметничко творење, во кој индивидуата ги открива, со цел постепено да ги разбира сопствените идеи и чувства; потребна, а некогаш и неопходна во ситуации каде зборовите не се доволни да изразат одредена состојба, кога искажувањето е тешко, а посебно во случаи каде постои потполно отсуство на говорни способности.
Креативните процеси делуваат холистички, интегрирајќи го когнитивното спознание, проживеаните емоции и естетското искуство. Во психотерапијата во САД и В. Британија, се применуваат повеќе од 50 години, со посериозно разработени програми за посебни области и состојби; во училишните установи, во домовите за деца без родители, во работата со лица со посебни потреби, аутизам, деца деликвенти, деца на разведени родители, во кризни жаришта, во домови за стари лица, па дури се користат и во невропсихијатријата и работата со потешки психички нарушувања и психози.
http://www.baat.org/aboutbaat.html
http://www.arttherapyjournal.org/
http://www.arttherapyjournal.org/pdf/26-1_Briefreport.pdf
Во некои земји, креативни процеси се практикуваат веќе во сите области каде се употребува вербалната психотерапија, додека во работата со поединечни случаи, има значајни предности. Посебно таму каде вербалната комуникација е отежната или сосем оневозможена - кај лицата со посебни потреби, индивидуи кои имаат потешкотии во вебалното изразување, поради преголема тага и загуба, поради преживеана траума – трауми од загуба, војни, сексуална злоупотреба или пост-трауматска состојба; стари лица кои ја губат можноста умствените дејства да ги артикулираат; и осебно во работата со деца, каде се одбегнува присуството на чувство на иследување или испитување. Едена од основните пречки кои се јавуваат во вербалната психотерапија со деца, е чувството на испрашување кое при разговорот може да се појави кај нив. Со ваквиот пристап, се воспоставува оној потребен непосреден однос, стекнат преку креација и игра, во кој детето слободно се изразува и спонтано ги искажува своите мисли и чувства.
Освен тоа, предноста на уметничката творба е што таа не познава начини на изразување, кои се учат како еден вид одбрамбен систем за прикривање на мислите или чувствата, да се реагира на начин на кој се „очекува“ од нас, ликовната творба „нé открива“, во неа не постои стекнатата логика и внатрешните оградувања во изразувањето.
Манифестираната содржина не е секогаш свесен процес, и „видливото“ честопати доаѓа како изненадување, сме претставиле нешто кое не сме знаеле и не сме го планирале, така што уметничкото творење со својот асоцијативен контекст може да е богат извор на информации и можности за откривање и разбирање.
Обемното користење и распространетоста на оваа примена, а посебно и резултатите кои се постигнуваат, укажува на тоа дека потребна е поголема ангажираност и кај нас за нивната примена. Доволно е да се погледнат резултатите дадени од Американското здружение за арт терапија, за големиот развој на менталните способности кај деца аутисти, лицата со посебни потреби и пречки во развојот, преку нивното вклучување во третманите со креативни процеси и уметничко изразување, и колку полесно почнуваат да се вклучуваат во општествените активности.
Употребата на креативните процеси и уметничкото творење, овозможува развој на имагинативното, апстрактното размислување, чиј недостаток е еден од клучните проблеми кај аутистот. Искуствата на арт терапевтот Nicole Martin којa долго време работи со деца аутисти, покажуваат дека тие имаат поголема потреба од невербална експресија, креативното изразување ги отвора патиштата до неразвиените области на мозокот, и овозможува развој на моторните вештини, комуникациските способности и чувството за себе, реорганизација на мисловниот процес и олеснување на изрзувањето на чувствата и мислите. (Assessing Portrait Drawings Created by Children and Adolescents With Autism Spectrum Disorder)
Роб Ленц, основач на проектот за поддршка на уметници со пречки во развојот и ментална ретардација во Чикаго вели, „Постојат многу истражувања во моментов за тоа како мозокот на аутистот е различен од типичниот, и заклучоците се сеуште неубедливи. Сé додека се добијат поодредени податоци, уметноста е еден од начините во разбирањето на лицата со аутизам. За да разбереме што се случува во умствениот свет на аутистот, можеме за почеток, да погледнеме во нивната креација.“
http://www.jkp.com/catalogue/book.php/isbn/9781853028250
www.arttherapyandautism.com
Познато е дека кога станува збор за психози, еден од суштинските проблеми е во неприфаќањето на јазичниот свет, психозата е состојба во која меѓу другото, индивидуата одбива да влезе во светот на јазичното изразување. Пристапот со почетно невербално изразување, со изразување преку слика, може да е идеален за подлабоко, но и похумано навлегување во проблемот и разбирање на индивидуата со одреден вид на психоза, каде изразувањето со зборови е тешко, и секое наведување на тоа, секој обид да се натера индивидуата да зборува за своите мисли, доживувања, искуства, може да се доживее и делумно насилно. Додека вербалната терапија го вклучува говорот уште од самиот почеток, вербалното изразување; арт терапијата вклучува предсвесни и потсвесни начини на изразување кои се есенцијални и неопходни за почеток на разгледување и вербализирање на конкретниот проблем.
http://ebmh.bmj.com/cgi/content/full/10/3/69
http://www.amazon.co.uk/gp/reader/0415138426/ref=sib_dp_ptu#reader-link
http://ajp.psychiatryonline.org/cgi/content/full/155/11/1619a
Во работата со деца деликвенти во поправните домови или домовите за деца без родители, исто така се постигнуваат посакувани резултати. Преку внесувањето во креативната работа, се создава чувство на заедништво, припадност и алтруизам, се јавува соработкa и помагање на другите, во средини каде поради недоволното внимание најчесто постои агресивност, отсуство на интерес и амбиција, несоцијално однесување и емоционална лишеност.
Кај нас се прават некои обиди за поактивно воведување на креативните процеси во работата со деца со посебни потреби, иако тие сеуште се претежно од рекреативна или едукациска природа. Постојат разработени програми за користење на ваквите можности, за развој на креативноста и когнитивноста, како што е дејноста на Центарот за детско изразување, музикотерапија и психо-физичка релаксација „Џунџуле“, во чија програма е манифестацијата „Цртам и објаснувам“ каде земаат учество деца со посебни потреби заедно со ученици од основните училишта, http://www.dzundzule.com.mk/zanas.html, потоа публикциите „Музикотерапија кај деца со аутизам“, „Музикотерапија: состојби, проблеми и решенија“и др. на Томислав Таневски, активностите на терапевтот Стојан Андонов од Центарот за ментално здравје „Пролет“, потоа Центарот за хумани релации на д-р Ѕвонко Џокиќ итн.
За секоја индивидуа е потребен посебен пристап, создаден и оформен конкретно за неа, посебно одредување на пречките во развојот, но и откривање на потенцијалните способности и здравите капацитети на секое дете или возрасен.
Кога се работи за лица со посебни потреби, од големо значење е познавање на нивното сензорно и перцептивно функционирање, арт терапевтот треба да е близок со емоционалниот и социјалниот развој на индивидуата, а потоа и со специфичните когнитивни функции. Потребна е подготовка пред почетокот на ликовното изразување и овозможување преку сензорни и перцептивни активности, полесно користење на материјалите, како и употреба на различни материјали за различна состојба.
.jpg)
Терапевтот со креативни процеси и уметничко изразување Lisa Malchiody, својата четиринаесетгодишна клиничка практика ја пренесува и сублимира во својата книга Drawing the Line: art therapy with a difficult client, каде преку лични примери ги објаснува искуствата што ги стекнува со лицата со кои работи. Таа посочува дека не постојат општи критериуми кои би биле применети на сите, секој случај е приказна за себе и изискува свој личен пристап. Употребата на креативните процеси во психотерапијата треба потполно да е растеретена од откривање на уметнички таленти или трудење она што се црта да е естетски убаво или веродостојно. Она што е значајно е самиот процес на настанување на делото, тоа што творбата (цртежот, сликата, скулптурата...) изразува, нејзината повеќезначност и комуникативна вредност.
Не би требало да се вметнуваат универзални теории пред самото истражување на посебни состојби, да се одбегнат анализи кои се во некаков теоретски вакуум, и да им се даде простор на оние кои се во релација со институционалните пракси кои ја потврдуваат нивната индивидуална и субјктивна разноликост.
Постојат искуства на терапевти кои работат со креативни процеси и уметничко изразување, каде поголемиот дел од проблемите кај лицето со кое работат, имата извор во некој претходен неадекватен пристап, отколку во самиот емоционален или когнитивен развој на индивидуата. Како на пример, деца со оштетен вид и слепило, по третманите со креативни процеси, можеле да се движат многу полесно и послободно, преку изборот на материјалите, нивното распределување, имагинацијата и творењето, поттикнале и развој на центарот за ориентирање во просторот.
Исто така и лица со артикулациони нарушувања, после долга историја на проценување, дијагнози и третмани од доктори и развојни специјалисти, по нивното вклучување во терапија со креативни процеси, нивниот експресивен одговор покажал дека блокадите и пречките кои стоеле на нивниот лингвистички и интелектуален пат, биле многу повеќе од психолошка природа.
Постојат и постмодерни перспективи во работата со креативни процеси.
Simone Alter-Muri изложува некои карактеристики на постмодерната арт терапија; пред се насочувањето кон дијалогот – како споделена реалност помеѓу арт-терапевтот и клиентот, каде јазикот и визуелните слики не се средство само по себе, туку имаат свое дискурзивно значење. Исто така, одбегнувањето на метанаративи или универзални идеологии, наложени значења за симболите во творбите; свесност дека секоја психолошка теорија или пракса е специфична за културата и времето и дека индивидуите носат разновидни наративи, вклучувајќи го семејството, религијата, националното потекло, економскиот статус и културата на нивното општество. (Postmodern Art and Art Therapy)
Креативните процеси во широко обработени програми се применуваат и во работата со стари лица, во домовите за стари и геријатриските установи.

Кај нас и старите лица на некој начин се на маргините во нашето општество, нивните емоционални и духовни потреби неретко сосем се занемаруваат, не само поради проблемите со здравјето кои ги преживуваат, туку и поради небрежноста кон нив и доживувањето како да се одвишок. Тоа е вообичаена појава кај нас и заради непостоење на однос кон стрите лица, или било каква осмислена програма и ангажираност.
Воведувањето на нов пристап со употреба на креативните процеси во Домовите за стари лица би бил еден начин за обраќање кон тие емоционални потреби, кон можноста за нивно искажување на личните приказни, кон споделувањето сеќавања. Искуството на создавањето некаква творба, а потоа и опишувањето, интерпретирањето, може да ја поттикне меморијата, да ги ослободи емоциите, и да ја осмисли реалноста. Старите лица се соочуваат со опаѓање на когнитивната способност и способноста да комуницираат, така што цртежот и бојата би можеле да бидат медиум за да се искажат, да ги раскажат своите животни стории, и повторно да ја стекнат смислата на животот. Користењето на уметноста во терапијата обезбедува можност лицето да донесува одлуки, и повторно, барем на кратко, да го доживее управувањето со сопствениот живот.
Групата може да биде инспиративна за стариот човек, затоа што сосем е разбирливо кај него воопшто и да не постои желба за некакво ликовно изразување, да не постои потреба или волја за било какво креирање, така што гледајќи ги другите како го прават тоа, да добие поттик и желба да се вклучи во креативните процеси. Работата со помали групи од пет до седум души, помага во намалување на социјалната изолација и овозможува чувство на блискост, поврзување и поддршка, враќање на надежта и самодовербата.
Една од позначајните нешта, овој пристап на некој начин овозможува старите лица, од страна на неговите старатели и најблиските, да бидат согледани и преку призмата на нивната лична животна приказна и да стекнат еден поглед во сушноста на нивната личност, не само преку нивните физички и здравствени ограничувања.
Кај нас, освен што е потребен поголем увид на можноста за широка употреба на креативните процеси, исто е потребно да се постават прашањата за проблемот на сепарација на лицата со посебни потреби, работа на хуманизацијата, промена на сфаќањата и односот кон нив и нивно поголемо вклучување во животната заедница и општеството, кон старите лица и децата кои живеат во одредени институции-домови за деца без родители, поправни домови итн., воспоставување на поголема комуникација помеѓу лицата со посебни потреби и нивните родители и старатели, едноставно се јавува потрбата за пронаоѓање на нови начини, поголемо разбирање и поттикнување на развојот на здравите потенцијали во нив.
<a
Испратено на 06 август 2010 од adidaschile62<a href=http://www.r3tn.com/Shox_NZ/p/1048.html> SHOX NZ </a>La Princesse Xincai est allé au Palais, <a href=http://www.chile62.com/Shox_R2/p/1050.html> SHOX R2 </a> mais aucun signe de route impériale, seulement l'industrie Liu empereur assis, ne éperlan, nous lui a demandé sur sa route. Ce qui est moins industrie planète connue a répondu qu'il avait quitté lui pour aller se coucher. <a href=http://www.puma-max.com/40-46_Noir/p/1242.html> PUMA CAT </a> Xincai surpris la princesse du mal, mais également crié lui-même mais sa tante, sa Majesté ne telle inverse LUN. <a href=http://www.ckgstar.com/Structure/p/622.html>NIKE STRUCTURE</a> Liu industrie dit soeur pourrait subir, tante quoi et plus tard est tenu l'épée de menacer de lui.