
Анализа од анкетата на јавно мислење на 3807 средношколци од 13 градови
Студијата „Капитулација, конфузија или отпор: Социјалниот капитал на македонските средношколци“ претставува производ на реализирана анализа на истражување спроведено од Младински образоваен форум [МОФ] и Реактор поддржана од ФИООМ која опфаќа 5 области: доверба во институции, социјална вклученост, граѓанско учество, образование и воншколски активности. Истражувањето беше спроведено во 13 градови низ државата во 50 средни училишта и опфати примерок од 3607 средношколци. Истражувањето претставува сигнификантен и презентативен примерок на ниво на Р.Македонија.
Водени од меѓународниот, научен и политички дискурс на тема граѓанско учество, социјална вклученост и улогата на образованието во нивно промовирање; како и од директните искуства на активистите на Младинскиот образовен форум со младите во Македонија, оваа студија има за цел да ги испита ставовите на македонските средношколци и да ја разјасни нивната позиција на овие клучни теми.
Втора цел на оваа студија е да ги анализира резултатите во контекст на јавните политики во Република Македонија, особено од два аспекта, и тоа: вклученост на самите млади луѓе во процесот на креирање јавни политики, и вклученост на младите и нивните приоритети во главните општествени текови.
Последната цел на оваа студија е да ги спореди одговорите и ставовите на македонските средношколци со одговорите на членовите на младинските клубови, кои се дел од проектот: „Младите за отворено општество - локални младински иницијативи“.
Бесплатно преземете ја од линкот подолу:
| Прилог | Големина |
|---|---|
| 055-KAPITULACIJA KONFUZIJA ILI OTPOR.pdf | 1.52 MB |