Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“ заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12,5 милиони денари или околу 203.000 евра. Верувале или не, анексот е склучен за темелите за новата барокна зграда на скопски „Водовод“. Скандалозно, го предвиделе барокот, ама ги заборавиле темелите. За луѓе домаќини правилото е дека куќа се гради од темел. За ДПМНЕ и Коце Трајановски куќата почнува со фасада, по можност барокна, а темелот го ставаат на крај.
Александар Наумоски, заменик-координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје; „Плусинфо“, 20.05.12.
Таткото го заспива својот син: - Мирно спиј, злато, за ништо не грижи се, ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.