Обајцата

13.06.2009 11:54

Обајцата, за кои овде станува збор, биле жртви на своите жени кои, интересно, секогаш носеле обетка со крст, обете.
Се случило така, во една пригода, обете жени едновремено биле обземени од чудни сили, та ги фатиле своите мажи на спиење и обајцата ги - обезјајчиле!

 

За работата да биде пострашна, обете обземени жени ја прифатиле морничавата канибалистичка облигација: ги обариле јајцата на обајцата обезјајчени мажи, ја излупили обвивката и ги голтнале тестисите!
Било што било - обденило, т.е. обзорило.
„И зорт ме стресе! Лудило ко ќе те обземе - ко боа да те зема за мезе! Лудило ко ќе те обдени - ко боа да те наденала!“, рекла едната жена, но обете се согласиле со објаснувањето.
„Лудило ко ќе те облази - ко боа да те лази!“, рекла другата жена, а обете, се разбира, го прифатиле образложението, оти сепак имале образ за заложување, колку-толку, макар било и за залажување.
„Тоа беше само обид, да не речам бодичек: боди со ножот! Но кога среде бојот фалусот (некој спомна боа?) му го видов обоен со крв - бррр!“, рекла едната жена, а обете се согласиле, оти поминале иста обука.
Тоа ти е одлука: обрез или образ! И обете се решивме за двете! Не?!“, реторички прашала втората жена со обетка, а првата во тој момент почнала да блуе - во обувка! Од немајкаде! Место да ја блуе обувката, таа - блуе!
Се разбира, било покренато обвинение против обете жени со обетки.
А што се однесува до обезјајчените, тие обајцата врз ранетите места до крајот на животот, ко цвеќе на споменик, ставале обланди со лаванда.


Илустрација: Барнаби Витфилд

Слични статии

Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото