Крајот на британскиот соцреализам

06.05.2011 10:20
Крајот на британскиот соцреализам

Лондон забрзано се одлободува од социјалните градби од 1970-те години. Градот повеќе не може да си ги дозволи сиромаштијата и криминалот кои таквите градби ги инспирираат. Ваквите архитектонски споменици на социјалната држава се на листата на уривање, а прва на ред е озлогласената зграда Heygate Estate.

„Во таков простор луѓето не можат да бидат среќни“, гласеше урбанистичката пресуда за оваа зграда која потекнува од 1974 г. и која тогаш стана познат пример за т.н. општествено згрижување. Со своите 1212 станови, Heygate Estate беше дом на околу 3000 лица. Како еден од најголемите примери на социјална градба во Британија, беше замислена како место кое ќе служи не само за станбено згрижување туку и за создавање општествена кохезија која на доселеничките семејства би им ја олеснила пошироката општествена интеграција.

Архитектот Тим Тинкер, кој во 1960-те, во налет на футуристичките инспирации, го изработи овој проект, замислуваше дека овој џин, кој беше наменет за масовно станбено згрижување на главно африкански и азиски семејства, ќе биде во употреба барем до 2030 г. Но, се чини дека во 2011 неговата функционалност повеќе не е доволна. Округот Саутварк, каде што се наоѓа оваа зграда, поминува низ длабока урбанистичка обнова, а фактот дека оваа градба се наоѓа близу деловниот дел на Лондон уште повеќе ги крева цената и значењето на оваа местоположба.

Elephant and Castle, населбата во која е сместен Heygate, досега беше синоним за бетонско сивило, сиромаштија, криминал и живеење во нечовечки услови. „Тој храбар нов свет“, џиновските бетонски градби кои своевремено ентузијастички никнуваа како идеални модерни решенија за станбено згрижување на голем број луѓе, многу брзо стана легло на криминал и дрога, па најголемата функција на Heygate Estate во изминатото десетлетие се состоеше во тоа што служеше како локација за снимање филмови за општественото дно.

Последни во низата такви филмови беа „Harry Brown“ со Мајкл Кејн и „Hereafter“ на Клинт Иствуд.

Слична судбина ги очекува и другите примери на лондонската архитектура од 1970-те.

Извор: pogledaj.to

Слични статии

Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори
Европа / Јавни Простори
Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото