Изложба за Тим Бартон

20.06.2009 11:58
Тим Бартон

На режисерот Тим Бартон, кој ги режираше незаборавните филмови како што се Едвард раце-ножици, Бетмен и Свини Тод, ќе му биде посветена изложбата во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк.

Поставката која ќе опфати слики, цртежи, макети, кукли и други предмети кои ги направил или осмислил креативниот режисер ќе биде отворена на 22 ноември и ќе трае до 26 април 2010 година.

Посетителите ќе имат можност да видат повеќе од 700 експонати.

МОМА во истиот период ќе приреди и ретроспектива на сите 14 филма на Барон.

Изложбата го следи Тим Бартон од детството до неговото најново творештво. „Сите цртаат“,еднаш има изјавено тој, „ само што јас никогаш не престанав, па ниту кога професорите ми рекоа.“

МОМА ќе ги прикаже и филмовите кои го инспириррале 50-годишниот уметник, а меѓу нив се наоѓа и Франкенштајн на Џејмс Вејл од 1931 г.

Во моментов Тим Бартон подготвува адаптација на детската книга Алиса во земјата на чудата и анимиран филм со наслов 9.

Слични статии

Култура
Европа / Култура

ОкоБоли главаВицФото