
Деновиве се навршуваат десет години од лансирањето на познатиот сервис за размена на фалјови „Napster”. За само две години од своето постоење овој сервис успеа радикално да го промени начинот на доаѓање до новите музички изданија.
Неодамнешната изјава на пејачот и лидер на американската група „Fleet Foxes”, Робин Пекнолд, дека благодарение на незаконското симнување денес се создава подобра музика предизвика вистинска „лавина“ реакции во светот на шоу бизнисот. Исто така, повторно ја отвори полемиката за тоа има ли смисла борбата против сè поприсутното незаконско симнување музика од интернет. Оваа изјава дојде во мигот кога се навршуваат десет години од лансирањето на познатиот сервис за размена на фалјови „Napster”. За само две години од своето постоење овој сервис успеа радикално да го промени начинот на доаѓање до новите музички изданија.
„Музиката е значително побогата како уметничка форма отколку што беше пред појавата на ’Napster’“, изјави пекнолд во неодамнешното интервју за Би Би Си. Овој музичар откри и дека музиката на неговата група, меѓу другото, настанала и под големо влијание на т.н. фајл-шеринг, односно делење на фајлови. Призна дека и самиот често симнува албуми од интернет, без никаков надомест, како и тоа дека воопшто не му пречи што другите корисници на интернет ја разменуваат музиката од неговиот бенд. отворено алудирајќи на нескромноста на големите музички ѕвезди, Робин додаде: „Колку пари му се некому воопшто потребни? Одвратно се чувствувам кога ќе чујам колку се жалат луѓето околу тоа.“
Поимот незаконско симнување и размена на музика последниве неколку години стана глобална појава. Сеоак, сите што мислат дека овој феномен е нов - грешат. Освен аудио касетите, кои овозможуваа многу едноставен и лесен (а и широко достапен) начин на преснимување песни, тука спаѓа и познатиот флопи-диск. Овој изум од 1971 година претставува првиот „пиши-бриши“ медиум кој овозможува (барем во теоријата) да се снимаат аудио и други материјали и по неколку илјадници пати. Сè до средината на 80-тите години од минатиот век, флопи главно претставуваше реткост и нешто непознато за секојдневниот корисник. Со појавувањето на флопи-диск од три и пол инчи, и популаризацијата на персоналните сметачи, почна да се развива и идејата за масовна размена на музика преку овие медиуми. Појавата на компакт дискот (а подоцна и ДВД) како универзален и достапен стандард за размена на сите видови дигитални записи, и развојот на неговата домашна примена до 1994 г., придонесоа за вртоглаво зголемување на бројот на примери на незаконско копирање музика.
Конкретните идеи за бесплатна размена преку интернет во тој период изгледаа тешко остварливи од една едноставна причина - брзината и стабилноста на интернетот во 80-тите, па и 90-тите години на минатиот век била релативно мала, дури и во развиените земји како САД или Јапонија. Ова ја отежнувала, па дури и оневозможувала размената на музички записи од по неколку стотици мегабајти, преку глобалната мрежа, меѓу два или повеќе оддалечени компјутери. 
Исто така, цената, во тоа време на нови технологии, претставувала уште една кочница. Само за пример, најобичниот CD режач во 90-тите чинел неколку стотици долари.
Сè се промени со појавата на компресираните музички формати (од кои, секако, најпознат е МР-3), кои овозможуваа големите аудио-записи да се сведат и на помалку од една десетина од својата оригинална величина. А потоа, напоредно со зголемувањето на брзината на интернетот, се појави и „Napster”. Овој сервис за непречена размена на податоци преку интернет за нешто повеќе од две години постоење (јуни 1999 - јули 2001) собра околу 26 милиони корисници. Вистинската армија корисници во овој период, секојдневно, без никаков паричен надомест, разменуваше и по неколку десетици милиони песни.
Се разбира, ваквата појава не можеше да помине незабележано. Заговорниците за заштита на авторските права, но и многу музички групи и автори на песни, тргнаа во медиумска и правна војна против овој сервис.
Една од првите реакции стигна од “суперѕвездите“ на метал сцената, „Металика“. По сознанието дека верзија од нивната песна „I Disappear”, инаку една од насловните песни од филмот „Mission Impossible II”, кружи на интернет значително пред нејзиното официјално објавување, „Металика“ се реши да подигне обвинение против „Napster”. набрзо на сличен начин постапи и раперот Dr. Dre, но и Мадона, за која само неколку месеци претходно се „шушкаше“ дека би можела да потпише партнерски договор со овој сервис. Сè посилните притисоци врз „Napster”, официјалните тужби од страна на надлежните органи, но и стравот на домашните корисници дека и тие би можеле да сносат дел од одговорноста, придонесоа оваа интернет страница да престане со работа во јули 2001 година.
Своевидното „наследство“на овој сервис се чувствува во сè поголема мера и осум години подоцна. Бројот на страници, програми и сервиси за размена од 2001 па до денес нарасна на неколку стотици.
Последнава деценија светските закони од областа за заштита на авторските права и правата за надомест поради симнување и размена на музички материјали стануваат попрецизни и построги. Сепак, тешко е да се поверува дека во ерата на „експлозија“ на интернетот и новите технологии овие закони ќе дадат конкретни, долгорочни и сеопфатни резултати.
Извор: Политика
Окно, дај смали ги сликите.
Испратено на 23 јуни 2009 од АнонименОкно, дај смали ги сликите. Пола страна слика, треба дас е скрола за да се дојде до почетокот на текстот.