Куќата на студиото SOY

09.08.2011 10:50
Куќата на студиото SOY

Јапонското архитектонско студио SOY направи голема повеќекатна куќа за семејство кое живее во Сендаи, Јапонија.

За да се елиминира потребата од ѕидови, поделени простории и врати, куќата е замислена како склоп од простори и скали кои се преклопуваат во слабо дефинираните области, со широки централни скали кои просторот го делат вертикално.

Однадвор куќата изгледа исклучително минималистички, конструирана од рапави галванизирани челични плочи, кои наликуваат на контејнери за превоз на стоки. За да се уништи непријатното чувство, големите прозорци ги пресекуваат издадените граници на објектот, овозможувајќи им на оние што се наоѓаат внатре слободен поглед кон надвор.

Извор: huhmagazine.co.uk

Слични статии

Јавни Простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото