Поразот е наш успех!

12.10.2011 11:03
Рамадан Рамадани

Уште на почетокот сакам да нагласам дека насловот не претставува никаков цинизам, и покрај парадоксот што го содржи во себе. Овој наслов е поблизок до еден радосен извик поради задоволството од одложувањето на пописот на населението и домаќинствата во Македонија. Дури и еден вид искрена честитка до тие двајца, повеќе или помалку, луѓе кои одлучиле за ова одложување – заради нивната храброст и мудрост. Како што е за честитање секој домаќин кој ќе се откаже од угодување на некое од децата ако види дека со тоа расипува многу работи во куќата. Или, како што би бил честитан еден пар вереници кои ќе одложат или откажат нешто како веренички прстен или боја на куќа, кога ќе увидат дека заради банална работа може да ја расипат целата нивна врска.

Со одложувањето и со давањето на можност за репарирање на процесот е донесена една одлука сходно златното правило – кога и да престанеш во штетата, ти си во добивка. Ова го велам поради тоа што овој процес со неговата опфатеност би требало да е еден поттик за кохезија на друштвото. Вака, како што се одвиваше, тој имаше опасност да создаде еден голем декохезивен јаз во државава. Непоправлив, најмалку за следните десет години. Исто така, овој процес во суштина треба да е аполитичен. А овој попис беше толку исполитизиран што се бараше политичка акција дури и од нас, граѓаните, кои бевме објекти на тоа броење. Ние требаше да го знаеме и следиме законот, да ги контролираме податоците, да убедиме некој попишувач дека човекот на кој му е пасошот дома е внатре во земјата, итн, итн.

А да не зборуваме колку беше политизиран за кутрите службеници кои го носеа овој процес на свој грб и кои требаше да бидат и суд и парламент, на кои им се предлагаше да направат политичка коалиција со сопопишувачот, и веројатно политички пазар со контролорот! Велам кутри, бидејќи оти се натоварени со сево ова тие дознале само неколку дена претходно, од некоја интернет страница!

Земајќи ги предвид сите аномалии, зафрканции и непогодени сарказми во оваа евтина комедија наречена овогодишен попис, кои веќе протекоа во јавноста како сеансите на убедување како какви треба луѓето да се попишат, добро се случи што се прекина оваа епизода. Ова го велам поради тоа што имаше реална прилика пописот од комедија да стане виц. И тоа, виц кој ќе ги надминеше сите математички правила, тврдејќи дека има помалку луѓе во Македонија од вкупниот број на луѓе кои ги плаќаат фактурите, сосе данокот во нив. Така државата и корисниците на буџетот ќе почнеа да веруваат на чуда и владата ќе проектираше некој буџет сходно чудото кое ќе им излезеше дека им се случува – парите им паѓаат од небо!

Забелешка на место за оваа одлука би било тоа дека со ова се сфати дека не сме држава. Ова спознание е жалосно, но сигурно помалку жалосно од фактот дека со ваквото продолжување на процесот на пописот ќе се осигуравме дека уште најмалку десет години нема да бидеме држава. Па така, сега, освен надеж, имаме и време и можност тоа да го направиме. Сигурно има уште многу нешта кои во ова одложување на пописот дополнително растажуваат и нè загрижуваат во првите денови на задоцнетата есен. Најголема од сите тие таги би била тагата на оставени и сами старци и старици низ Македонија кои имаа надеж дека некој ќе им чукне на врата и ќе им напраи некој муабет. Па, макар само еден ден, па макар само за испитување! Но и на доброто не му се знае, можеби ретката политичка храброст која политичарите ја покажаа овојпат ќе влијае за добро, така што синовите и ќерките одлучат да ги посетат своите родители!

Од големата онтолошка тага за крај сакам да нагласам едно телеолошко објаснување зошто се растури пописот. Изгледа дека пописот го фатила некоја клетва на невработените, заради тоа што тие имале надеж дека ќе обезбедеа некоја дневница за еден месец, како што беше случај минатиот пат. Вака, тие видоа дека работата иде на работа, парите кај парите и можеби не издржало некое срце, па пуштило воздишка или клетва. Господ единствен знае, но она што ние го знаеме и кое секој ден го гледаме е дека поразот на лошото е успех на доброто.

Илустрација: moonasi

Барем сега се појавија некои

Барем сега се појавија некои политички структури што почнаа да покажуваат интегритет... :)

попис 2011, живо пиле нема у

попис 2011, живо пиле нема у мракоња.

аљ хамети, аљ пачино, аљ тачи и аљ де ниро одат да спроведат попис у стравичино, потег под шар планина.

аљи, тука нема никој. да идем напред још.

не иди, ја сам знал да ту њема њикој.

па што че правимо?, рече аљ пачино.

ќе једеме говна, рече аљ.

аљ де ниро му одговара: па што че идат бе, не че правимо гужва тука. што има да идат бе..

аљ пачино му се качи на аљ де ниро на тимбата, му кака. сере така, сере и тука голема серка врз глава стои. стогот не издржуе и шлап на пописните листои.

идат така глумциве па му се прикењава на аљ хамети. сега он се качува на тимбата на аљ тачи и тука брдо говна.

идат у тетовско у десет села, нема жива душа. идат у наредни десет, освен говна ништо друго.

ај ај ај, што че правимо сега бе аљи, нема никој бе хеј, му збори аљ де ниро рушвет на аљ пачино.

а за што сме ние тука бе? па не че го малтретираме трудни жени од шветска да идат. мие че го испишеме цело, рече аљ де ниро.

аљ пачино пак му се качува и му се кака на тимбата. тимбата веќе не може да издржи и траги стогови говна се гомилаат сегде кај што се прави испис.

колку че пишемо, рекува аљ паљачо на другиов паљачо:

миљон према миљон и двесте, мислим то је реално, и тука стог говна ги покрива.

кутар народ, рече аљ де ниро и од шупак му се цедат кокаин, калашникови и украински проститутки.

пастир му се јавува на вол полерс, а вол полерс се јавува кај аљ хамети.

pooooor peooooopleee.. со онаква фаца за плачење коа нешто е гадно испоебано, погребална фаца, и продолжува волоф, кутар народ, му вика на аљ хамети и додава, we know that милошевиќ, a lot of kids, многу деца, pooor people, very poor, со њива по цел дан, кутар народ..

вала не знам и плаче аљ де ниро, а по него плаче и аљ паљачино.

пуур пипол, вери пур..

вол му се јавува на пастир, а овој бара точни податоци.

вол се јавува кај аљ пачино, а потоа со одговорот му се јавува на пастир.

одговорот: е вала не знам баш најтачно, ама, ќе го правиме приближно, миљоooон кома два.

Рамаданчо се израдува што се

Рамаданчо се израдува што се одложи пописот? Не се ни сомневам. Знаете дека ве има премалку за таа бука што ја дигате. Ама оваа работа може само да се одложи но не и да се скрие. Државата не е неспособна, на државата по којзнае кој пат и прават сопки нејзините граѓани од една заедница која лажно е 25% од вкупното население а реално е 17%. Знаеш кога пак ќе бидете официјално 25% или повеќе од 25%? Кога ќе се изгради Бурмали џамија на плоштад Македонија односно никогаш!!!

 јас само накратко ќе кажам

 јас само накратко ќе кажам нешто, Мирот искален од силата на мечот е многу по силен од мирот создаден преку расплаканите баби на пацифизмот!!
Па вие прајте си попис, дрвете стапови каква мултиКУРтура ВИ СЕ МОЛАМ, па ние делиме земја со неандерталци

ОкоБоли главаВицФото