За отоманските белези на современата македонска култура

03.07.2009 13:01
ivan.jpg

Една од лажните дилеми кои се отвараат во последно време, како последица на тн. „антиквизација”, е дилемата дали Македонците се антички или словенски. Колку што за отварањето на оваа дилема вината е во оние кои се иницијатори на “антиквизацијата” и пропагирањето на античкиот наратив, толкава е и вината кај оние кои слепо ја напаѓаат оваа позиција бранејќи го исклучиво словенскиот наратив.

Иако според развојот на засебните приказни се чини дека античкиот и словенскиот наратив имаат супстанцијална разлика, сепак во основа тоа се два многу слични приоди кон дефинирањето на македонската нација или етничка заедница. Двата се етногенетски наративи, земајќи ја здраво за готово тезата дека некои племиња од минатото се основата на она што „ние” сме денес, т.е. дека директното потекло води од едните или од другите племиња.

Дебатите за „идентитетот” страдаат од многу терминолошки нејаснотии (во врска со амбивалентно значење на зборот „идентитет”). Згора на тоа, тврдењата дека денешните Македонци се антички и/или словенски е методолошки погрешна од аспект на занемарувањето на општествената динамика која довела до формирање на денешната македонска нација или македонскиот етникум.

Она што се Македонците денес не е одредено од крвта и гените, туку од културата и социјализацијата. Одговорот на прашањето „кои сме” не лежи само во историските списи или археолошките наоди, туку во секојдневните навики, начинот на кој општеството функционира и, на крајот на краиштата, во перцепцијата не само на самите себе си, туку и во перцепцијата на странците.

Во таа смисла, историјата и археологијата без нивно комбинирање со други дисциплини многу малку ни кажуваат за тоа „кои сме”. Тие, доколку се ослободени од политичката мисија (којашто во моментот ја имаат) можат единствено да ни кажат за тоа кои биле луѓето кои живееле на овие простори пред нас. Но, историскиот пристап соединет со етнографските, антрополошките и социолошките методи многу поефикасно може да помогне во мапирањето на една култура и еден народ. Значи, она што е важно е општествената динамика и сензибилитетот при нејзиното проучување, а не конструираната етногенеза.

Самата општествена динамика на Балканот довела до трансформација и кај домородното население (меѓу нив и Античките Македонци) и кај доселените и потоа покрстени варварски доселеници (меѓу нив и словенските племиња). Главен фактор на обликување на културата на населението на овие простори не биле овие племиња, туку субјектите на политичка моќ (во прв ред Римската и субсеквентно Источната римска империја т.е. Византија и по неа Отоманската империја). Особено важен и занемарен период од историјата кој неповратно го променил овдешниот културен код е отоманскиот период, кој на оваа територија траел од 14-иот век, па се' до пред деведесет и пет години. Тоа ме води до главната поента во овој текст – огромната важност на отоманското наследство.

Марија Тодорова, авторката која го обвини Западот за „балканизам” (концепт сличен на Саидовиот „ориентализам”), во исто време им упати критика на балканските историографии и генерално на општествените науки дека го запоставуваат сопственото отоманско минато и наследството кое го имаат стекнато од тој период. Дека така е – ако се погледнат пошироките контексти на националните истории на Балканот – може да се види од фактот дека неколкувековната историја и државност (како дел од државната формација наречена Отоманска империја) е сведена на синтагмата “турско ропство” (на грчки “туркократиа”). Перцепцијата на овој период е испреплетена со митови и авто-виктимизација (лошите Турци и добрите поробени рисјани) под влијание како на националистичкиот сентимент и потребата за морално издигнување на национализмот (митовите за „истрајноста” и „вербата”), но и од комунистичкиот мит за опресираниот народ и народното ослободување.

При испитувањето на улогата на отоманската историја и отоманското наследство во формирањето на денешниот „идентитет”, барем во Македонија, се чини дека многу работи се забораваат. Сепак, балканските народи се блиски до отоманската култура многу повеќе од што сакаат да бидат. На пример, сите балкански јазици примиле голем број на турцизми. Освен во јазикот, заеднички се и многу невербални начини на комуникација (ц-ц-кањето како знак на негодување, одредени гестикулации, плукањето во знак на негодување, држењето и потпирањето на коленото кога сакаме да бидеме сериозни). Друг пример кој се однесува на животот на микро-ниво е кујната: сите “наши” специјалитети се отомански: сарма, мусака, бурек, боза итн. Дома не јадеме антички или словенски специјалитети; јадеме мрсна отоманска храна, пиеме турско (отоманско) кафе и понекогаш се заблажуваме со локум, тулумба и боза. Главната институција на социјализација и место каде се креира јавното мислење и во урбаните и во руралните средини, кафеаната (таква каква што си е, термин кој не се преведува ни со ресторан ни со бар, туку само со “кафана”) датира од отоманскиот период. Сличен е и начинот на политичко претставување: етничките партии и политичката улога на верските заедници и нивните главешини е аналогна со поделбата по верски и подоцна етнички линии во отоманскиот период. Договарањето на најбитните работи вон институциите (политичкиот дијалог „на маса”) е аналоген на т.н. “пазарл'к”, обичај кога административните проблеми во Империјата се предмет на пазарење и договарање.

Ако се погледне барем малку подлабоко, примери има уште многу: патријахалноста, митото и корупцијата, политичката улога на судовите, бизнисот „на црно” и многу други нераскинливи компоненти на нашето секојдневно живеење се последица на овдешното силно присуство на отоманската култура. Надоврзувајќи се на Тодорова, слободно велам дека таа култура не може да ја гледаме телеолошки, „била овде и си заминала”; напротив, таа култура останала длабоко вкоренета и на микро и на макро ниво (и во кујната, и во политиката) и ние денес сеуште живееме според нејзиниот код. Затоа можеби и тешко оди прифаќањето на западните либерални модели, зашто овдешниот културен контест е пред се’ отомански.

Затоа, многу важно е да се осознаат овие битни белези кои се нераскинливи од нашиот непосреден културен код, а директно наследство од петиполвековниот живот во рамките на Отоманската империја. Тоа се белези кои не се ексклузивни за Македонците; тоа се белези кои во поголема или помала мера ги имаат сите соседни народи и воопшто многу од народите кои биле во состав на Империјата: тоа се и белези кои не повлекуваат исклучивост, туку сродност. Додека и античкиот и словенскиот наратив придонесуваат за некаква слика на автентичност и историски (морални) права на Македонците, отоманскиот наратив дава една слика за еволуција низ вековите, не на „нацијата”, туку на луѓето кои живееле овде. Прифаќањето на важноста на сопственото отоманско минато, следствено, не имплицира нити постоење на многувековна националност, ниту некакви митови кои би го перпетуирале националистичкиот сентимент.

Би завршил онаму каде што почнав – со дилемата за тоа дали Македонците се антички и/или Словени. Јас велам дека културно, тие не се ниту едното, ниту другото, нити пак амалгам од двете (плус христијанството). Денешните Македонци, како што вели еден мој пријател, се славофони (или македонофони) православни Отоманци. Ако може да се посочува отоманската историја како виновна за денешната назадност, тогаш веројатно може и да и' се признае улогата во оформувањето на денешната култура и начин на живеење.


Сето тоа е во ред. Јасно е

Сето тоа е во ред. Јасно е дека сите овие написи имаат една цел, Македонците не се Македонци, не се автохтон народ, треба да ќутат пред апетитите и идиотштините на етничките заедници, пред се на Албанците итн. Сето тоа е јасно, а го потврдува и вашата  изјава во неделникот „Сега“ на Бранко Героски во која вие изјавивте дека историјата носи и права, а со поврзувањето на Македонците со античките Македонци ќе се докаже дека Македонците се автохтон народ, а сите други се дојденци што е вистина, а што е најголем страв за сите етнички заедници. Но да го тргнеме сето тоа на страна.
Ме интересира дали и Власите се православни романофони Отоманци или пак само Македонците се „дојденци и недефинирана словенско-српско-бугарска-отоманска маса“, а Албанците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Турците се најстарите, праисториски, автохтони староседелци на овие простори?

dodeka bese osmanliskiot

dodeka bese osmanliskiot sistem ovie prostori bea nay napredni, a za unazaduvan yeto krivi si ste sa,ite

ги читам коментарите и едно

ги читам коментарите и едно се прашувам: има некој во оваа наша земја што умее да прочита текст и да го разбере? Или има само навиени ленти кои повтараат: героски, героски, вие, вие, соросоиди, соросоиди, ние македонците угнетени од Албанците, на кои се` им дадовме... вие издаици, непатриоти... итн. Или тие кои разбираат си молчат, а неписмениот плевел се тутка секаде, и онаму каде што најмалку припаѓа: во писмениот свет?!

Писмените знаат да си го

Писмените знаат да си го напишат името и презимето, а не да бидат анонимни!

Ај иди „научи“

Ај иди „научи“ нова партиска поема и пастирај ја на секој текст, да ни биде интересно... и патем смисли поинвентивно име, ова те издава премногу!

bravo

 Анонимен, Колку ве плаќаат да напаѓате по блогови и форуми ? СОРОС ПЛАААААЌА БРАТЧЕ МАКЕДОНЧЕ. Сите такви да УМРАТ ! . ПОЗДРАВ!

hey, vangeli, jas mislam kako

hey, vangeli, jas mislam kako tebe :)) site ostanati moze da citnete malce aktuelna literatura Stuart Hall, Hobsbawm, za da razberete deka nie Makedonscite ne sme mnogu posebni: ova sto sega ni se slucuva, naporite na Vladata za nametnuvanje na antikvizacijata, konstruranje nacionalen identitet e veke videno - se slucuvalo vo GB, vo USA, vo Belgija den denes, vo FRA, Italija. Samo kaj niv se slucuvalo pred 100-200 godini, kaj nas se slucuva denes. Docnime malce :)))
I samo - vakvite stavovi ne go stavaat pod znak prasanje patriotizmot, voopsto. Jas imam isto mislenje kako vangeli- ama nikoj ne moze da me ubedi deka sum nesto drugo osven Makedonka, zatoa sto mojot identitet e veke konstruiran ne mi treba Aleksandar za da se osekam poubavo :)))

отомански белези

 Вуна, жално е што си растел без баба и дедо, навистина ништо не може надомести тоа. Сепак сеуште постојат неколкумина граѓани на Македонија кои го искусиле сето тоа за кое ти пишуваш, си претпоставуваш и си селектираш историски материјали кои ти одговараат, а секако тие што не ти одговараат ги интерпретираш поинаку.
Секако ќе разберам доколку твоите предци се оние заради кој дедо ми бил крвнички заклан од бугарите затоа што сакал да живее во Република Македонија или за другиот дедо кој бил измачуван од србите. Нивниот татко бил насила регрутиран во турскиот аскер, а потоа наизменично измачуван од бугарите и србите под обвиненија дека е со едните или другите.
Бај д веј, се сложувам дека не е се така црно и бело, но сепак, дали мислиш дека треба да му веруваме на некое дете кое селективно чита историја, пишана и препишана и корегирана милион пати со секоја нова власт, или на некој што тоа го преживеал.
Бај д веј уште еднаш, половина роднини ми се срби, бугари, нешто ситно и турци, коментаров не е со никаква намера да навреди некого, ниту пак да создаде било каква непријатност, не сме ние криви за делата на нашите предци, но криви сме за сегашноста и за тоа што дозволуваме да ни се случува !!!
Апелирам до младите надежни ентузијасти да градат свои ставови, објективно методолошки соодветно да ги изведуваат своите истражувања. Сите овие од кои сега можеби имате некаква корист, ќе ги снема. Бидете свои и истрајни!!
Прашање-Дали така едноставно и лесно треба да се откажеме за нешто за кое нашите дедовци монструозно биле измачувани за да „влеземе“ во едно големо семејство во кое влегоа нашите комшии и видоа дека медот не е мед ниту пак млекото не е млеко?
 

Слични статии

Вуна
Вуна
GraphJam 2014 [к:22]

ОкоБоли главаВицФото