Salvatores dei на Никос Казанѕакис

01.11.2011 13:12
Salvatores dei на Никос Казанѕакис

Духовна вежба на херојското возвишување

„Salvatores dei” е дел од раните списи на Никос Казанѕакис, грчкиот писател со светска слава, но и еден од неговите клучни ракописи. Оваа философска поема со поднаслов „Аскеза” или „Духовни вежби” е пишувана во перидот 1922-23 година во Берлин, додека 39-годишниот писател ја составува драматичната, вилијамблејковски опскурна философско-книжевна фреска за непрекинатата борба на битието. Во тоа време на комплетна криза што ја разјадува повоена Германија, Казанѕакис во Берлин се дружи со група марксистички определени интелектуалки, Еврејки по националност, ангажирани на остварувањето на ленинистичките идеали, преку кои грчкиот интелектуалец подобро се запознава со марксизмот. Во такви околности доаѓа до пишувањето на „Спасителите на бога”, неговата борбена духовна вежба, неговиот личен катехизис задоен со идејата на моралното извишување на човека и неговото макотрпно ослободување од варваризмот на физичките закони. Својата „Аскеза” Никос Казанѕакис ја доживува како „крик на потрагата и на тескобноста”. Во таа импресивна мисловна композиција се препознаваат повеќе релевантни философски извори.

Казанѕакис од рано се обидува да го задоволи вроденото чувство за правичност: во Атина завршува право, а потоа го бара концептот што него ќе може да ги оствари во широката општествена практика. Тоа природно го води кон марксизмот. Но, особено по трите патувања во Советскиот сојуз, Никос Казанѕакис не е во сотојба да го прифати сувиот, тврд и неодуховен материјализам на болшевизмот. Чувствува дека нешто недостасува, еден свет што му е всаден најнапред со христијанската духовност што тој ја добива од рани денови, а ја надградува и при престојот на Света Гора, потоа со импресионираноста од учењето на Сидарта Гаутама, но и Ниче, како и низ бергсоновската философска едукација што ја добива во Париз помеѓу 1907 и 1909 година на прочуениот Колеж д’Франс (Collège de France) каде што, впрочем, и ги следел превадањата на самиот Анри Бергсон. Немирниот дух, животниот елан, чувстителноста, духовноста, мистицизмот, хуманизмот, бунтовноста, чувството за правда и правичност, воедно народската душевност и воодушевеноста од непрекината животна борба на обичниот човек, го вообличуваат неговиот поглед на свет.

Философските погледи на Казанѕакис се синкретичен светоглед; нему му влијаат идеи и определби на Стоицизмот, мислата на Бергсон, марксизмот, драматично херојските визии на Ниче, будизмот и христијанството. Тој свој поглед на титанската драма на битието и на бивствувањето тој ја објавува во своето дело „Salvatores dei” кое се појавува од печат во 1927 година во атинското списание “Преродба” («Αναγέννηση»). Во второто издание од 1945 Казанѕакис го додава и последниот дел “Тишината” («Η Σιγή»), а го преуредува и насловот и поднасловот на делото, кое сега се вика (Духовна вежба – Salvatores dei).

Казанѕакис е грандиозен автор со многустрано дело во кое покрај романите, дваесетината пиеси во стихови, десетината филмски сценарија, учествуваат и шесте книги патеписи во кои е собрано искуството на неговите дваесетгодишни патувања од Грција, преку Шпанија, Германија, Англија, Југославија, Русија до Владивосток, Кина и Јапонија, Египет... Но широчината на неговите интересирања и јазични познавања ги препознаваме и по неговите преводи на големите духовни дела на цивилизацијата: Хомеровите „Илијада” и „Одисеја”, делата на Платон, „Божествената комедија” на Данте, Шекспир, Сервантес, „Разговорите со Гете”, Ничеовите „Така говореше Заратустра” и „Потеклото на трагедијата”, но и дела на Унамуно, Хименес, Лорка, Мачадо и др. Пред проследувачот се појавува речиси метафизичката слика на човек во кој врие вулкан од енергија, на еден автор во постојан немир, љубопитност, номадски нагон и патувачки неспокој, цврсти пријателства, но и нови познанства, еротски потраги, запознавање нови простори и над сè, на една непресушна жед за читање и непрекината авторска работа. Во корпусот на клучните творби на Никос Казанѕакис покрај романите „Животот и приклученијата на Алексис Зорбас” (1946), „Христа повторно го распнуваат” (1954) и „Капетан Михалис” (1954), мора да се спомне неговиот импресивен еп „Одисеја” (1938) составен од 33 333 седумнаесетслоговни јамбски стихови. Работејќи тринаесет години на оваа творба (1925-1938), воден од идејата за возвишената семиотика и естетика на бројот „3”, Казанѕакис епот го свел на тој број, од првично напишаните 42 000 стихови. Се смета дека токму ова грандиозно дело, „Одисејата” на Казанѕакис, е поетска транспозиција на неговата „Аскеза“.

Новата „Одисеја“ на Никос Казанѕакис, имено, започнува онаму каде што завршува онаа древната на Хомер: по убиството на просците на жена му Пенелопа, Одисеј не се вклопува ниту во односот кон жена му, ниту кон синот, ниту кон татковината, ниту пак кон старите богови, па одлучува да го напушти сето тоа и да замине од Итака на пат без враќање. Откако ќе го ожени синот со Наусика за да обезбеди потомци за својот род, Одисеј со група придружници, што ги избира меѓу оние со смел дух и силни тела, на нов кораб отпловува во своето ново, судбинско патување. (...) Смислата на неговиот грандиозен еп, Казанѕакис како да ја антиципира во својата „Аскеза“ на следниот начин: „Ние сме слово скромно, еден слог, еден збор од џиновската Одисеја. Потопени сме во гигантска песна и сјаеме к’о што сјаат скромните белутраци потопени во море.“ („Аскеза“: Трета слика: Човештвото)

Идеите што ќе ги дефинира во својата „Аскеза“, Казанѕакис ќе ги искажува и во низа свои книжевни творби. Така многу нешто од јадрото на Аскезата „Спасителите на Бога“ тој ќе преточи во своето еретичко дело „Последното (Христово) искушение“ («Ο τελευταίος πειρασμός», 1955), чијашто тема е борбата на духот со искушенијата на телото. Во него Христос е жив лик, бунтовник против сопствената божествена мисија, сè додека не го разбуди Јуда кого тој го нарекува свој брат. Во своето „Последно искушение“ Никос Кананѕакис создава земна, човечка, оттука и еретичка слика за Бога, во дело кое што претставува своевиден книжевен апокриф. Врз така вообличениот богочовек нова светлина, многу подоцна, ќе фрли нобеловецот Хозе Сарамаго со својот роман „Евангелие според Исус Христос“ (1991), а тоа неконвенционално поимање на односот помеѓу Христа и Јуда Искариот, метахронично ќе го потврди дури и новоткриеното апокрифно „Евангелие според Јуда“. Така „Последното (Христово) искушение“ се препотврдува како исклучително значајно книжевно дело, напишано на германски јазик, кое впрочем Ватикан ќе го стави на својот озлогласен Индекс на забранети книги, додека Грчката православна црква неговиот автор ќе го екскомуницира од своите редови, а Грчката православната црква на Америка неговата творба ќе ја анатемиса како богохулна и срамна.

Во тие околности, авторот, неговото дело и авторската слобода во заштита ги земаат слободоумни личности на Грција, најнапред во родниот Ираклион на Крит чиј општински совет веднаш изгласал неколку недвосмислени одлуки на поддршка кон својот знаменит сограѓанин и писател: во првата, Советот изразува остар протест кон клерикалниот прогон на писателот; потоа, Советот одлучил на родната куќа на Никос Казанѕакис да биде поставена спомен-плоча; и конечно, улицата во која таа се наоѓа ја преименува со името на славниот сограѓанин. Примерот го следат и други општински заедници во Грција: градскиот совет на Ханја, исто така на Крит, но и градските совети на Пиреј, на Атина, на Солун… како и интелектуалци најнапред во Грција, но и во светот, гласно се спротивставуваат и го земаат во одбрана нападнатиот Казанѕакис. Тој самиот ѝ се обраќа на римокатоличката, како и на грчко-праволсавната хиерархија на кои огорчено им порачува дека би сакал тие да ја имаат неговата Вера. Тоа не ја менува ситуацијата. Писателот и неговите дела се ставени на индексот на отфрлените. И покрај поддршките, Казанѕакис е ставен под огромен притисок. Тој станува контроверзен автор околу чии дела остро се полемизира.

Две години подоцна, на 26 октомври 1957 година Казанѕакис умира од леукемија во Германија.

Неговото творештво е потврда на една силна, неспокојна и непоткуплива човечка, и грандиозна писателска личност. Според неговото признание, клучот за тоа творештво се наоѓа токму во неговиот спис Salvatores dei: „Како што знаете, тоа беше зрното од кое изникна целато мое дело“, ќе напише Казанѕакис во едно свое писмо, „она што од тогаш можев да го напишам, беше само коментар и илустрација на ‘Аскезата’“.

„Спасителите на Бога“ се доживуваат како парадигматичен спис на една Космичка онтологија чија драма ја релативизира секоја личносна антропологија. Во видувањето на Казанѕакис човекот е колектив кој има етичка мисија да го овозможи напредокот на материјата. Тоа предочува еден суров авторски поглед врз безначајната, онтолошки, материјално предодредена трагичка детерминација на човечкото битие: „Доаѓаме од темна бездна; завршуваме во темна бездна: светлиот интервал го нарекуваме Живот“, гласат почетните редови на неговата Аскеза и еден од најцитираните искази на писателот. Во неа Кананѕакис гради метафизички визии полни со самрачна драма во која материјата не мирува, а непрекинато преврива, ‘рти, се ремоделира, а супстанцата на бога кој бивствува во нејзините честички – кричи, слично на полжав затворен во зовриен лонец, и бара помош од човекот кој во тој дилувијален амбиент чекори крај амбисот, се порева, паѓа, пострадува, но како безличен колектив се движи, устремен во една насока, нагоре.

Филантропијата на Казанѕакис е едно херојски трагично човекољубие што одбива да тажи над безначајното, краткотрајно, кревко и неизвесно човекување. Таа сака врз него да погледне смело, со очите на философската бескомпромисност и на етичкиот призив; со став на херојско прифаќање на таквата, однадвор доделена улога на кревкото, времено човечко суштество, но пред се на неговиот род.

Визијата на авторот е еден виолентен космички тотал во кој човекот се промолкнува како колективна сенка среде космичката материја што титански врие и не води сметка за својата подоцнежна, случајно моделирана човечка творба. Во аскетичката, самрачна рефлексивна слика на Казанѕакис нема места за класични јунаци, не постојат ликови и карактери, постои само драмата на човекообразувањето која е неизвесен дел на еден космички процес во кој клокоти недообликуваната, сирова, имперфектна материја. Таа, во неговата визија, се измолкнува, опасна, жешка и отровна, од бездната, од врелиот кратер на вулканот на бивствениот Изблик, но и на Ништожноста, и се закрева во нејзината агонијска напрегнатост, во борбената намера да ѝ се спротивстави, за да се устреми – од патот на пропаѓањето, во самрачната бездна, од патот удолу – обратно – кон принципот на развојното постоење, движејќи се угоре, во насока кон отворениот простор и висините на останатиот дел од Вселената. При тоа, патемни се – и само се фази во разитокот на очовечениот дел од материјата – формите на човековата колективна појавност, родот, нацијата, расата. Нив Казанѕакис во својата Духовна вежба ќе ги поима како голи модалитети во развојот на антропоморфното битие. За него е битна целта, расветлувањето на космичката мисија што му е доделена, но и деонтологијата на нејзиното исполнување: задачата, која треба саможртвено, алтруистично, фисиолатриски, космолатриски и теолатриски да се прифати и да се спроведе; да се подобрува Бог како најнапред несовршен, потем само како подобрен принцип на дилувијално суровиот Свет.

Така, Казанѕакис на човека му припишува една значајна улога: стремежот да се усовршува и заедно со повисоките физички и метафизички креации да стреми – од дното на океаните, од хаосот и лавата, од големото зовриено гротло, од Амбисот на непостоењето – најнапред ризично и мачно да изодува по рабовите од големата Стерна на апсолутната ништожност, за потоа сè повеќе да се впушта во еден агониски и агонички, страден и борбен стремеж – движењето Угоре. Патот угоре, искачувањето, вишнеењето, раснењето, без оглед што тоа значи и каде нè упатува, за Никос Казанѕакис е смислата на општото постоење на природата, на човека и на неговиот несовршен и недокажан, на крајот во мисловната „Тишина“, и сосем откажан Бог. Во својата посмртно објавена проза „Извештај до Греко“, обраќајќи му се на својот пријател Ангелос Сикелијанос, еден од најголемите грчки поети и татко на т.н. „Делфиска идеа“ («Δελφική Ιδέα») посветена на создавањето светски сојуз за збратинување на народите, Казанѕакис ќе запише: „Големата разлика помеѓу нас, Ангеле, е оваа: ти веруваш дека си го нашол искупувањето и дека си се искупил; јас верувам дека искупување не постои и, верувајќи во тоа, се искупив“.

Во духот на таа нихилистичка сотерологија Никос Казанѕакис го пишува финалето на својата деонтолошка Духовна вежба, започнувајќи го во духот на христијанскиот „Символ на верата“ за да го доведе до нихилистичкиот пароксизам: дека бог и човек се едно; и дека тоа едно – не постои.

Градејќи ја својата жестока Аскеза, Казанѕакис се појавува како трагички философ и поет на суровата драма на битието, но и на бивствувањето. Неговите слики се драстични, метафизични, темни и мачни визии. Јазикот му се стреми кон општа појмовност. Онтолошкиот поимник на „Аскезата“ речиси е категоријален и затоа непрекинато се повторуваат: бездната, материјата, растенијата, животните, луѓето, идеите како посебна егзистенција и еден чуден, заробен, неидеализиран, сиров и партикуларизиран, рассејан Бог кој е супстанца без единство, без доблести, појава полна со сурови слабости, но и со стремеж да се подобри, да се ослободи и да се возвиши; сила на која човекот е етички должен да ѝ помага да победи и да го фати патот Угоре кон идеалот на Доблеста во вишнеењето. Смислата е во патот, а патот е еден процес на исконско, макотрпно, трагично ослободување. Речениците во состишјата се балансираат едната со другата, стремат кон строга, контрастна рамнотежа. Во едната авторот говори за доброто, во следната се осврнува на спротивноста, на злото. Ги спротивставува Умот и Срцето. Вселената и Земјата. Човекот и онтолошкиот процес. Исказите во неговите мисловни стихови се густи и стремат кон афористичност. Обидот е да се пронајде смисла во сеопфатниот принцип на Бога, кој не е теолошки апсолут, туку онтолошки производ, не творец на Светот, туку творба на космичкиот развој на материјата, принцип што посредува меѓу неа и човечкото битие коешто краткотрајно постои како единка, но се бори да преживее како ангажирана појава што ја менува природата, а со тоа, со и во неа ги води своите титански борби, влевајќи и физичка, и духовна, и морална енергија во обидот да создаде и над Амбисот на ништожноста на крене принцип од Срце, од Дух и од Ум, прифаќајќи ја трагичната ролја на пожртвуваност и страдање за таа цел, во трагичниот примордијален театар на непрестајно движечката материја. И тој принцип е времен зашто на крајот ќе настапи Судниот ден („Еден ден сиот Семир ќе стане пожар“) и над сè, како над макотрпен и залуден процес, ќе настапи големата Тишина.

Човекот кој во оваа визија се појавува како еден вид космички алтруист не е божја творба, туку е сојузник, понапред пожртвуван спомагател на Бога, во остварувањето на принципот на вишнеењето и ослободувањето од детерминацијата на несвесната космичка хаотичност и безживотност. Не е Бог негов; Човекот е божји испомагател. Тој е Спасител на Бога. Авторот на „Духовната вежба“ ја подвлекува потребата од прифаќање на смртноста, како предуслов за прифаќање на борбата како единствена суштина на човековото драматично колективно постоење и бродење низ времето и просторот. Неговото четиво е деонтолошко, затоа и начинот е често советодавен, граматички заповеден, а авторовиот глас наликува на повик. Напати терминологијата е мобилизациска, војничка, вигилантна; таа повикува на будност, на борба, на пожртвуваност и подвиг во остварувањето на целта, одбраната на слабиот Бог кој пека за помош во суровиот свет во кој царува непродуховената материја. Аскезата е повик за борбена мобилизација во војските на слабиот, неслободен бог. Освен во нејзиниот финален дел „тишината“ кадешто тонот е профетски песимистичен.

Јазичниот стил е една особеност на овој парадигматичен спис, кој е философски, автентичен, иако со бележити инспирации што во него се влеваат, потекнати од други, често меѓусебно спротивставени мисловни системи, со постојано подвлекуван стремеж лексиката да биде народна, дури сирова, што помалку да е отуѓено интелектуална. На тие инсистирања повеќекратно укажуваме во објасненијата и илустрациите дадени во нашиов превод. Со тој потход, творбата на Казанѕакис добива додатна книжевна автентичност, а авторовата визија и гледна точка на обичниот човек, на оној што се бори со феномените, на оној што се повикува во еманципаторските војски на заробениот бог, конечно на оној што ја живее драмата на космички одредената небитница. На тој начин јакне и силата на исказот, врел и силовит како дилувијалната лава, а пароксизмот на философското гледање кулминира. Делото се стреми кон врвовите. Човекот, борбено и трагичко битие, во суровата природа во која е фрлен, прекален во егзистенцијалната борба, давајќи без и да добие помош, се возвисува сосем сам.

Така „Спасителите на Бога“ се доживуваат како ремек дело на една авторска, бескомпромисна Возвишеност.

друштвото на писатели прати

друштвото на писатели прати претставници да ја следат работата на жирито како надзорен орган и тоа во состав: веле смилевски кој долета како врапче, раде сиљан се појави како богомолка, башевски како лемур, видое подгорец како пчеличка, бошко смаќоски како мравче, влада урошевиќ како гулаб.

ако стварноста е препишана ќе доделиме права награда, рече ацо шопов, а му кимна матеја матевски и двајцата се претворија во јагули.

фотев изгледа празнично, во просторијата долета како мува. ким мехмети член на жирито ја пречекори просторијата како гасеница, и се претвори во стоногалка на кафе муабетот за најдобриот роман на годината. јагода михајловска георгиева долета како пеперутка врз гасеницата, прелета до главата на мувата, и слета на магарето петре м. андреевски кој влезе во салата чешакајќи си го газето со опафчето; личи на буделестото магаренце од шрек. иван џепаровски дојде со чаршавот наметнат врз неговото тело и со аристотелските налани ги поздрави комисионерите. кога седна на столчето се претвори во зајаче, пушти едно брбувче. никола гелевски се појави како карл краус, а овој се претвора во орел. вратот на венко познат по неговите облакодерски должини, беше недостижен за нормалните списатели, имено, влезе во собата како жирафа. храпешко претворен во ласица, томислав османли во кокошка, луан старова во бумбар, жарко којунџиски во плашица со крилја, тој практично леташе над овие, им зуи зад уши, а овие мафтат да го избркаат. лилјана дирјан се претвори во кит и си зема столче на сцената. владимир јанковски се појави како долг јазик, но нем, способен за лачење. блаже миневски се појави како бинокл и со двоцефка, а се претвори во и смрдливка и во лебарка. игор исаковски како црв, митко маџунков се појави облечен во одело од куртовски пиперки и се претвори во бумбар златица. прокопиев влезе во салата како бик. букарски се појавува како павијан и си седнува на црвениот дебел газ. винка саздова доползи како змија смок. роберт алаѓозовски долетува како црвен був.

драмата почнува. се избира роман на годината, расказ на столетието, поема на милениумот. хаику на постоењето. фраза на иднината.

просторијата е мала. радован павловски, никола маџиров и анте поповски претворени во црна, бела и сива мачка седнуваат во ќош.

не се појавија европските писатели: смилевски гоце, стефановски, дуковски, бидејќи веќе се конзервирани како ретки животинки по европските зоолошки.

во просторијата живеат писатели глувци и лебарки. од дупка под комисионот се појавува лебарката мартиновски. глувците се мудри, не е време за комисии.

лебарката ги јаде стоногалката и мувата, и веднаш се дуплира. пеперутката приметува некакво движење и одлетува на главата на жирафата. магарето рика, а зајачето се обидува да ја голтне лебарката, оваа вешто ескивира и ја голта плашицата и се триплира, станува како зајачето, и го голта него, а со нив и црвот, смрдливката. кокошката дигна узбуна, а сите ја приметија веќе огромната лебарка како мафта со двете антени во потрага по плен. втората лебарка се исплаши, но тука павијанот гледа шанса за брза заработка и ја голта со еден залак помалата лебарка, не е задоволен и ја голта големата, која веќе стана колку него. лебарката брзо излегува од големиот газ на павијанот, го черечи од глава надолу и го голта, се дуплира и го јаде јазикот и бумбарот златица и повторно се дуплира.

прегрупирање на писателите, загрозени се нивните интереси, орелот, бикот и бувот одат во еден ќош, а мачките тргнуваат фронтално и вадат канџи. лебарката им се смее и ги голта еден по еден, и станува голема колку масата. ги голта јагулите. китот не може да плива и се надева дека е преголем за лебарката. надежта е стврдната како ерекција и китот е голтнат од лебарката по што лебарката станува преголема за останатите кои фаќаат да бегаат, претаат, летаат. орелот мисли ќе ја фати со канџите и ќе ја пренесе во узбекистан, но брзо е изеден. бувот паметно лета зад тилот на лебарката и оваа не може да го фати.

виетнамскиот носорог јован котески доцна улетува со залет од центар и ја руши зградата соба по соба, ѕид до ѕид, а жирафата и останатите, бикот, смокот, бувот, се простиле со кариерите и ги ждерат своите издадени книги. бикот виде куп упатства за фрижидери, греалки, калорифери, телевизори до него и реши да ги јаде додека не дошло најлошото, жирафата виде стари весници нови македонии и тој почна да јаде, а бувот направи софтвер, го поврза со сензори и точно ја позиционира положбата на лебарката и вешто лета зад неа.

од дното искачаат глуфци и јадат све живо.

носорогот влегува со сета сила и се гледа со лебарката очи у очи, сталоне у агфганистан ќе ја разбива црвената армија. носорогот се залетува, но лебарката станува десет пати поголема од зградата и го доживува носорогот како мравка. жирафата уште јаде хартија, бикот е веќе голтнат, а бувот планира да го модернизира системот, но лебарката се разделува на неколку лебарки кои јадат се зад себе, прават гнезда и ги јадат останатите; бувот, ја галат змијата и ја оставаат да кроти. ја гледаат чудно жирафата и чудниот врат долг два километра и збунети го оставаат тоа на страна да егзистира и ги јадат зградите, библиотеките, издавачките куќи. лебарката матица ја голта пеперутката, добива крила и полетува со закачената змија како опашка.

животинките што се спасија ги јадат своите книги и чекаат да бидат изедени. каменчевска тоа го чекаше, лебарката да се раздели на мали лебарки и да и влезе во грло за да се рециклираат томовите македонска книжевност. лебарка ко лебарка, се вгнездува во жири.

да пробаме со акронис, му

да пробаме со акронис, му вика информатичкиот минисетер на пастир.
има копче рикавр, ако нешто се заебе?, прашува пастир.
да, има.
и што се прави? каде е тоа рестор. нема по табовите?
десен клик на..
а да.. но, нема дестинација за мозок, има само за ц и д.
има, ама прво треба бекап на мозокот, а потоа со апаратот кој се става у шупак и се поврзува со софтверот и со флеш меморија.. рече минисерот; тој што сере мини говна, министер. преку акронис ќе направме усб и може да им го дадете на ваши блиски да го носат, му вика овој на пастир.
4 гига бајти е доволно?, прашува пастир.
може и автоматски, само дали ќе го пронајде имиџот?, вика серката.
немаме време за овие работи, може ли некако само со мислење да се активира правењето на бекапот?
пастире, вашиот мозок ќе биде бекапиран, балзамиран, ставен во сефовите кај хари костов, у случај некој да ви го украде мозокот или не дај боже да се распадне, мораме со копија да работиме.
ок, ајде да пробаме таа работа, имам уште 20 минути, ме чека амбасадорот исполираниот вол, рече пастирското тртало.
вака. прво го форматираме усб уредто во фат32 и му даваме име, на пример, пастир мртов (пм). потоа ја отвараш програмата usb_brainmind_refueler.exe, штиклираш фул супорт усб девајс и во паѓачкото мени го бираш усб и го кликаш. ја стискаш опцијата криејт њу брејн копи. и тоа е целата магија.
кој го пробал ова?
гадафи, обама, берлускони, башар ал асад, ал тани. гадафи е мртов, но неговиот мозок е во усб, во рацете на син му, така што.

пастир не е уверен. се мисли.

и путин, рече серката.

по што, мозокот на пастир се бекапира на усб.

пастире, 50 кило бајти е

пастире, 50 кило бајти е доволно за вашиот мозок, рече миситерот за информатичко срање, по што бекапот беше вметнат меѓу урнатините на шупакот.

...

писатели се курви, тоа го докажуваат секојдневно. особено ко лебарки по жирија и комисии на министерство за културно срање.

"пастире, 50 кило бајти е

"пастире, 50 кило бајти е доволно за вашиот мозок", одекнуваше во пaстирова глава навечер. тоа личи на потсвестa која се бори за поголем капацитет на мозок, но, јебига, пастир толку може. пастир гледа како потсвеста сама го вметнува бекапот меѓу урнатините на потсвеста, свесна дека 50 килобајта никогаш нема да го придвижат пастир преку огледалото. но, потсвеста е самосвесна и е заебана, она не се бекапира, она го движи пастир, а со него и сите ние се движиме.

о господе, куј знае каде.

..

ај здраво дечки. бидете поздравени...

Слични статии

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото