16 правила за дрогираните скопјани

23.11.2011 13:31
16 правила за дрогираните скопјани

Еден ретро текст, стар речиси четириесетина години, за правилата кон кои треба да се придржуваат скопските дрогераши во случај да си имаат работа со „цајканите“.

Интересно е да се види од временска дистанца како тогаш се гледало на одредени работи во врска со полицијата.

 

1. ...Поминувајќи со твојата кола им запнуваш на цајканите в око и тие те збркнуваат. Пред сè, како прво и златно правило – ЗНАЈ ГИ ТВОИТЕ ПРАВА, знај ги законите. Биди ладен, брз и сигурен.

2. Не вози со изгаснати светла, освен ако си приготвен на средба со цајканите. Ако имаш дрога во колата, ако не ти се в ред возачките документи, ако фрлаш отпадоци надвор од колата, знај дека самиот ќе викаш узбуна. Ќе те притераат в ќоше за кршење на сообраќајни правила, а потем може да те распалат и за друго.

3. Ако ти сигнализираат да застанеш, застани. Не обидувај се да побегнеш, освен ако не си сосем сигурен дека можеш да ги наттркаш. Инаку, ќе се замешаш во гадна каша.

4. Кога ќе ти ги побараат личните документи и сообраќајната дозвола, подај им ги за да се уверат дека колата не е украдена, или вмешана во некој криминал. Биди учтив и прави како што ти велат. Може да те обвинат и за одбивање да го сториш тоа.

5. НЕ ФРЛАЈ ДРОГА НИЗ ПРОЗОР. Цајканите тоа и ќе го претражуваат на патот.

6. Не носи повеќе дрога одошто можеш да потрошиш. Најдобро место за чување е во долната облека или чевелот. Не ставај ја под седиштето или во џебовите на колата – тие се првите места кои ќе бидат претражени.

7. Никогаш не оставај дрога или догорчиња во пепелниците.

8. Уште пред да бидете застанати измислете сите во колата една иста приказна за тоа каде одите или зошто сте се паркирале (одите на забава кај пријател, или пак сте застанале да јадете).

9. Ако почнат да те распрашуваат прашај дали си под притвор. Ако си, прашај ги за обвинението. Но ако речат не и покрај тоа пак те прашуваат, речи – „Не се согласувам на претрес“, Гледај притоа да имаш сведок кој ќе потврди дека си го рекол тоа.

10. Легално овластени се да те претресат поради оружје. Но тоа значи само надоврешната облека, а не и џебовите.

11. Е сега, ако си оставил оружје или дрога на видно место во колата, братче, господ да ти е напомош. Тие имаат легална причина да истражуваат. Ќе побараат од тебе да излезеш од колата, но ти прави се на три половини и прашај „зошто“, но внимавај – биди учтив. Во секој случај поарно, немој да одбиеш.

12. Не помагај им многу-многу во истрагата. И така тие можат да те натераат на нешто неправилно, па пак да одговараш во суд за одбивање на помош во претресот. Ти биди си љубезен и учтив, па тоа нека им служи нив на чест.

13. НИШТО НЕ ПРИЗНАВАЈ. Ќе се обидуваат да те натераат да зборуваш со тоа што ќе ти велат дека колата тие вмешана во некој злочин. Но ти само молчи и речи: „Немам ништо да изјавам додека не се видам со мојот адвокат“. Ако е работата толку згусната, ти ќе имаш право на бесплатен бранител доколку немаш свој.

14. Можеби ќе ти кажат два-три збора за твоите права да молчиш итн., а исто така ќе ти дадат да потпишеш дека си обавестен за своите права. НИКОГАШ НЕ ПОТПИШУВАЈ НИШТО. И така не мораш. Најверојатно, не ќе можеш сега да им ја киднеш. Затоа и немој. Со тоа ќе те обвинат за обид за бегство при апсење. Но ај да ти кажам дека тие би можеле да те обвинат за тоа и онака, ако им се сака.

15. ЗАПОМНИ СÈ ШТО СЕ СЛУЧУВА, кој што рекол и кога. Земи ги броевите од беџевите на цајканите кои те фатија.

16. Не прави се важен и биди ладен. Ќе се однесуваат кон тебе спрема твоите ставови и начинот на кој изгледаш, и како постапуваш.

Е па, со среќа. Белки ќе се видиме во некоја од милициските станици.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото