Борбен шопинг

12.12.2011 12:57
Борбен шопинг

Ако некоја држава се однесува како гад, чесно е да ѝ се возврати со иста мера. Грција кон Македонија се однесуваше како гад, блокирајќи ѝ го членството во НАТО и Европската унија, па Македонците возвратија со иста мера, како гадови. Ги бојкотираа грчките производи во македонските продавници, го игнорираа грчкото узо во македонските кафеани, не нарачуваа грчка салата, ги откажуваа летувањата на грчките плажи, купуваа турски наместо грчки маслинки и зејтин наместо маслиново масло... Сето тоа изгледаше прилично праведно, бидејќи грчката држава се однесуваше како вистински административен гад кон граѓаните на соседната и непријателска земја.

Сепак, пред неколку месеци во глава ми се заврте една интересна помисла. Се однесува ли понекогаш и македонската држава како гад кон некого? Т.е. што ако македонската држава се однесува како гад кон мене, како Македонец кој живее во Македонија? Односно, што ако јас, како Македонец кој живее во Македонија, возвратам со иста мера и ги бојкотирам македонските производи?

Од гледна точка на промислениот граѓански отпор, можно е да се нанесе многу поефикасна штета ако ги бојкотираш производите на државата во која живееш. Најпрвин, зашто ти се пружа многу покомотен простор за борба и неспоредливо поширок асортиман на производи кои нема да сакаш да ги купиш. Наместо, бојкотирајќи ја Грција, да одбиеш да купиш грчко узо, кога ја бојкотираш Македонија можеш да не купуваш тиквешка, кавадаречка, гевгелиска, кумановска, светиниколска или кривопаланечка ракија. А да не зборувам за вината, сирењата, ајварите, туршијата, фашизмот...

Секако дека тоа до невидени размери ги зголемува шансите за вистинско постигнување на целта. Ако соодветното мнозинство Македонци, кои живеат во Македонија, се обединат во бојкотот на македонските производи, успехот би бил загарантиран. Крахот на националната економија би настапил за помалку од еден месец, министерот за економија би се застртелал во својот работен кабинет, Владата би абдицирала, собранието би се распуштило, бесната толпа би подготвила ритуално бесење на политичарите на плоштадот Македонија, баш под споменикот на Воинот на коњ. Децата ќе ги маваат нивните исплазени модри јазици со стрелки за пикадо произведени во Кина.

Една моја пријателка, личност од најфината просветителска сорта, деновиве интензивно размислува за стратегиите на „добрите иреверзибилни промени“. Што би биле тоа „добри иреверзибилни промени“? Ајде да ја первертираме во нијанси оваа основна идеја, да речеме, вака: доволно голем број луѓе доволно долго време не ги купуваат саламите на Промес, фабриката Промес во догледно време ќе пропадне и тие одвратни сувомесни црева воопшто нема да постојат. Ако ова не нè исплаши, можеме да го замислиме и она идеално решение во кое ако доволно голем број луѓе кои живеат во Македонија доволно долго време не купуваат ништо македонско, во перспектива Македонија може да исчезне како таква. А? Не е ли тоа логичниот пат кој би довел до поништување на причините за револт? Доколку не би постоела Македонија, меѓу другото, никој не би можел да ѝ го спречува пристапот кон ЕУ и НАТО, па би немале причина да ги мразиме Грците.

Чудно е тоа што одредени народи сакаат да ги бојкотираат производите на другите – најчесто соседните – држави, а не сопствените. Тоа ми мириса на психопатологија, на некаква племенска желба за сигурен пораз. Всушност, на другиот не можеш сериозно да му наштетиш, бидејќи секој разумен човек знае дека грчката економија не може да пропадне ако македонските туристи не одат на летување на Халкидики. Но кога, на пример, Македонците ќе одбијат да купуваат производи во маркетите на Тинекс, наместо во Веро, со што во рекорден рок би му го начукале до балчак на верниот тајкунски слуга на изродбата кој го испосра центарот на Скопје со кич скулптури и згради – е тоа веќе би била реалистична иницијатива вредна за секоја почит.

Актуалното завивање на воените труби, кревањето на националниот адреналин и борбена готовност кај потрошувачите е полно со дупки и нелогичности. За илустрација, во Македонија уште пред неколку години од страна на владата се промовираше акцијата „Купувајте македонски производи“. Иако од владата не го кажаа тоа, „„Купувајте македонски производи“ исто така значи „Не купувајте грчки, бугарски, српски, германски, италијански и секакви други производи“. Што тогаш би значел тој каприц „Не купувајте грчки производи“, ако и досега сме биле наговарани „да купуваме македонски“, односно да не купуваме ни грчки ни други производи?

Според сугестијата на владата, граѓаните на Македонија се во постојана борба против пазарните удари од страна на сите земји-членки на Обединетите нации. Сепак, ниедна од националните економии на тие земји не доживеа некаква видлива штета. Наспроти тоа, акцијата „Не купувајте македонски производи“, спроведена од Македонците во Македонија, би резултирала со величествен триумф.

Во случајот со тековната антигрчка офанзива, донекаде боде очи и нелегитимноста на мотивите. Имено, интересно е тоа што Македонците ги бојкотираа грчките производи токму поради тоа што Грција ѝ го блокираше пристапот на Македонија во НАТО и ЕУ. Меѓутоа, долги години пристапот на Македонија во ЕУ и НАТО го блокираат Никола Груевски, неговата партија и еден куп курвини синови кои и денес се на власт, па нешто слично на бојкот на македонските производи – како одговор на освестените граѓани на мерките на евидентното политичко насилство – никогаш не се случи.

Од друга страна, најновите анкети покажуваат дека повеќето Македонци се за влез на својата земја во НАТО и ЕУ. Таквите би можеле да ги презираат Грците поради нивното фашистичко гледање на спорот со името, но треба едногласно да го поздрават нивното спречување да нè воведат во монструозниот европски затвор на народите, како што велат во нашата владеачка партија, па затоа и соодветно да ги наградат со купување на нивните производи и летување на нивните плажи.

Од лично искуство, морам да признам дека македонската држава, многу повеќе од грчката или која и да е друга, кон мене се однесува како гад. До тој степен што понекогаш ја пцујам на јавно место, во весник или во некој јавен тоалет. Всушност, подготвен сум да му гарантирам на секој Македонец дека повеќе штета му нанела македонската одошто грчката или некоја друга држава. Македонците се апсолутно најголемите жртви на македонската држава, а притоа често ја јакнат со лошите потрошувачки навики, па се работи за маѓепсан круг кој се стреми кон масовно самоубиство.

Значи, веќе со месеци не купувам македонски производи. Македонско млеко и јогурт, македонско сирење, туршија, ајвар, ресенски јаболка, тетовски грав, смоки, скопско пиво и тиквешко вино, пастрмајлија, кајмак... ништо од тоа нема да измами ни денар од мојот џеб. Имам одредени проблеми со лебот и водата, бидејќи потешко се наоѓаат странски замени од увоз – ама не сум толку луд да пружам толкав отпор со кој би си ја загрозил биолошката егзистенција. Ги бојкотирам македонските производи на начин на кој и македонските политичари ги бојкотираат грчките. Потајно, сепак, преживувам, бидејќи морам да ја задржам виталноста за понатамошните битки.

А потоа, во жарот на активизмот, ми се изостри моќта на забележување. Откако почнав да не купувам македонски производи, и да гледам и другите дали го прават тоа, забележувам дека многумина го прават истото. И тоа, сè повеќе и повеќе граѓани. Се чини дека се шират каналите на подземниот отпор, дека метастазираат во сите болни трговски пунктови. Тајниот бојкот на македонски производи постепено зазема замав. Еден по еден, Македонците ѝ се придружуваат на немата и решителна потрошувачка герила. Ќе дојдат во самопослуга, ќе видат колачи на Тинекс и – не ги купуваат. Или, ќе земат оцет произведен од некоја непозната македонска компанија за брендот на Тинекс, ќе го разгледаат и ќе го остават на полиците. Или ќе прошетаат до продавница, ќе разгледуваат пола саат и ќе се вратат со празни раце. Не ја поднесуваат својата земја, ама не сакаат да го истакнуваат тоа на сиот глас. Или прават нешто уште поподмолно: не купуваат македонски производи, а изјавуваат дека не ги сакаат грчките. Работат во строга илегала.

Првите резултати веќе се видливи, бидејќи државата сè повеќе се задолжува во странство и тоне во сиромаштија. Стапката на невработеност се зголемува. Зрнцата пот на челото на премиерот се сè покрупни. Се надвиснале тмурни облаци, економскиот крах е сè поблизу. Уште сега се знае дека за околу еден месец десет илјади вработени во македонската прехранбена индустрија ќе останат без работа бидејќи македонските граѓани поради протест одбиваат да купуваат македонска храна.

Сепак, излезот е на видик. Подобрата иднина е пред нас и само треба да се биде трпелив и отпорен за да успееш да ја дочекаш. Ќе седиш со своето мало дете на клупа во некој парк и ќе го набљудуваш силното зајдисонце. Детето ќе ти ја потпре главата на рамо и, откако ќе се сети дека тоа утро на училиште налетало на чуден збор во учебникот по историја, ќе те праша:

- Тато, што е тоа национализам?
- Национализам? Тоа ти е, синко, телешки кур.
- Да, но чие е телето?

И потоа сè може да тргне отпочеток.

 

Напомена на уредникот

Извршени се неколку промени во фактографијата на основниот текст.

Оригиналниот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Други текстови на Окно од истиот автор.

Колажи: Свирачиња


Now, that's not nice young

Now, that's not nice young man.

Ти си ИДИОТ! Штета што

Ти си ИДИОТ! Штета што уредникот не ја вметнал додавкава: Виктор Иванчиќ 5-а одделение, за будуча Зимско Рекреативна Програма.
Не ми се верува дека ова оди на порталов. А има повеќе вакви, но ова е дно дна. Среќно окнаши. До некои покритички времиња.

"Оригиналниот текст можете да

"Оригиналниот текст можете да го прочитате на следниот линк."
WOW koja kreativnost na urednikot. Copy-paste drzavice. Nishto kreativno da ne se srabotelo. I Grujo e kriva tie eden tekst ne znaat da srocat bez da prepishat.

Анонимни глупаци, една од

Анонимни глупаци, една од целите на преведувањето/адаптирањето на текстовите на најдобриот новинар на ексјугословенските простори, Виктор Иванчиќ, е да се укаже на транзициските сличности во наизглед многу различните земји, Хрватска и Македонија. Испаѓа дека просто постои матрица според која се создава политичкото ѓубре, во тн. инкубатори за идиоти, во што се претворија двете земји. Се разбира, има и други причини зашто Иванчиќ на ваков начин е присутен во македонскиот медиумски простор (а му се допаѓа начинот, како што ни потврди!): креативност, фантазија, игра, колажирање, пачворк... но сето тоа не е за идиоти, се разбира. Ним им препорачуваме да го рипаат македонскиот Иванчиќ.

"текстовите на најдобриот

"текстовите на најдобриот новинар на ексјугословенските простори, Виктор Иванчиќ" .
ЦЦЦЦ, не ме чуди ако се ова најдобрите новинари на овие простори, зошто е вака поткрастен медиумскиот простор во регионов (со чест на исклучоци). Најдобро да си земе новинаров пар прирачници по економија (не книги и најдобро би му било да бидат со илустрации, ко за почеток), па да увиди што бљувотини нафрлал на хартија."Кративност, фантазија, игра" ... дај бе не сери.

ВМРО-Барби закон:

ВМРО-Барби закон: "Кративност, фантазија, игра" ... дај бе не сери.
Барби, ти си тотален/на идиот/ка. Ко што рече Осип Мандељштам за сталинистите: „Веќе и пишувањето им задава многу мака. Кога ќе им дадете совет најпрвин да научат да читаат, тие се навредени.“ Ете еден совет за тебе, Барби будалче: пред да почнеш да пишуваш научи да читаш.

И груевистичката еволуција

И груевистичката еволуција добро ја сконтал Иванчиќ; кај вакви Барби-дебилероси станува збор за пресвртен Кафка (т.е. Дарвин): од инсект кон личност. Тоа груевизмот им го дае на бубашвабите: чувство на личност.

Иванчиќ ко за Барби да

Иванчиќ ко за Барби да пишува: суштество кое го обединува почетокот и крајот на еволуцискиот процес - нешто како хибрид меѓу гнида и токи-воки...

Груевистички коментатор,

Груевистички коментатор, според Иванчиќ: кловн он лајн, раскошна фиданка на тоталитарниот ум, способен да го ископа рудното благо на пиздинството во сопствениот карактер, националистичка гнидичка, суштество лишено од каква било универзална етичка супстанца, со добри шанси да понатамошна ретардација...

Totalno infiantilno vo

Totalno infiantilno vo najmala raka:)
Mirisa na teska psihopatologija.
Ali ok internetov trpi sekakvi.
Tendencijata e jasna.

хаха, одбарнбениот механизам

хаха, одбарнбениот механизам на окнашиве е несомнено ист ко оној на владичката на фирерчето. Делегитимирај и залепи етикетата, за спас на нашата интелктуална импотентност. Незнам зошто го вадиш Мандељштам од контекст, но со оглед на тоа што сајтов веќе одамна е излет за Другите (и слепо и сакато, али да е друго) очигледно се поминува. Има т.н. "антиуметници"- антиуметникууу ееејј, паразистски дудлачу од едно минато свршено, одмори уста- ко овој одозгора што сВе цуцат. Но, како и да е, престанувам тука, бидејќи би била досадна. Нема да се расправам околу ова. Тесктот виден низ политичко-економско-теориска призма е катастрофален, идејата која ја пласира е дел од поширок контекст кој го первертира и несомнено не го разбира, и очигледно не согледал (што не ме чуди)дека самиот противречи на овој исклиширан-мотив кој го форсира,со неговиов текст. Вакви и слични текстови, ЈАС одбивам да конзумирам, а вие гледам со сласт се стрвите на секоја помија, само ако ОНИЕ- за вас Другите- останат со тоа гладни. Бедотија до срж.

првапат видов барби кај лени.

првапат видов барби кај лени. цело време ми се праеше важна со барбиката. во прво одделение немаше кај дасе купи освен во грција или турција. негде накај седмо одделение на оливера родителите одиоа на шопинг у грција. тоа беа денови на агонија. коа ќе дојде, шо, како. имаше само два типа. една со рамна коса и друга со виткана. две другарки две различни барбики. барби е барби. ја држиш во раце и ко да го држиш најголемото богатство. стануваш од сабајле си ја гушкаш. кога ти е тешко помислуваш на неа. си се гушкате. најголемото богатство и се восхитуваш на убавината, најпаметна е, може се и знае се, едноставно секое девојче сака да биде барбика. барби ко барби, бејзик у една гардероба, ефтино. не е она ко оние скапите барби. мораш да и шиеш облека. и сошивме панталони, цел ден тука мисли пусти и и беа тесни. шо да им праиме на материјалите ги фрливме. плус ја шеташ сегде со тебе и ја земаш со себе и неа за да видат сите дека имаш барбика, како момент на престиж е како да ти кажам. битно е шо барби ја носиш у продавница кога купуваш јогурт. барбиката ја носиш пошо тамо треба некој да те види. едноставно барби. нема поубава кукла, личност јеботе. барби култ, другото све тоа се кукли, барби е една. и се вртат рацете у сите правци ко пропелери, ко монструм, па битно е дали и се врти само еден зглоб или сите зголобови. и вратот се врти назад јеботе. бејзик барби.

прецизно: барби е барби.

прецизно:

барби е барби. првапат видов барби кај ени. цело време се праеше важна со барбиката. во прво одделение немаше кај да се купи освен во грција или турција. негде накај седмо одделение на оливера родителите отидоа на шопинг у грција. се договоривме да ни донесат по барби. секое девојче сака да биде барбика. наредните беа денови на агонија. коа ќе дојде, шо, како, дали има и све тоа. имало само два типа. една со рамна коса и друга со виткана. две другарки, две различни барбики. ја држиш во раце и ко да го држиш најголемото богатство. стануваш од сабајле и си ја гушкаш. кога ти е тешко помислуваш на неа. си се гушкате. тоа е најголемото богатство и и се восхитуваш на убавината, она е најпаметна, се она може и се знае. барби ко барби, бејзик опцијата е со една гардероба, ефтино комплетче со елече и кратки црвени кожни гакици, малце просто. не е она ко оние скапите барби. и мораш да и шиеш облека, јебига. и сошивме панталони, цел ден тука мисли, пусти и и беа тесни. шо да им праиме на материјалите ги фрливме. плус ја шеташ сегде кај шо идеш за да видат сите дека имаш барбика, како момент на престиж е како да ти кажам. едноставно, барби. нема поубава кукла, личност јеботе. и се вртат рацете и зглобовите у сите правци ко пропелери, ко монструм. особено битно е дали и се врти само еден зглоб или сите зголобови. и вратот и се врти назад јеботе.

бејзик барби култ. другите кукли, све тоа е пластика, барби е една.

Иванчиќ е голем новинар, и

Иванчиќ е голем новинар, и поради храброста/смелоста (главата му беше во торба во деведесеттите, под диктаторот Туѓман), но во најголема мера тој е голем автор поради стилот, интелигенцијата, хуморот... Впрочем, да не заборавиме, Иванчиќ беше уредник и главен автор во култниот Ферал Трибјун, најдобриот неделник на овие простори изминативе 20 години. Во поново време тој е новинар-книжевник, со мошне изострено сетило за сатира, за дијалог и драматургија.
Тоа што во Окно решиле да ги пренесуваат неговите текстови (посебно оние „политерарните“), а особено начинот на којшто текстовите се „пренесуваат“, го сметам за мошне конструктивно и соодветно во секој поглед. Само продолжете така, Окнаши!

..Дали , последователно ,

..Дали , последователно , продавниците треба да се означени со црвена и сина боја? Па секој да си знае каде да пазарува , исто така дали треба и производителите своите производи треба да ги одбележуваат си лавче или роза?? Ако државата ја поистоветуваме со оние што силом-прилика моментално ја водат , наебавме...

ОкоБоли главаВицФото