
Несекојдневниот зајак Bunbun веќе седум години ги забавува читателите на холандското хумористично списание Illumatie. На почетокот, овој зајак се појави на налепници кои можеа да се сретнат низ цела Холандија.
Потоа се појавија и кратки анимирани филмови со него, а најпосле и стрипчиња. Бунбун стана позната појава, појавувајќи се на најчудните места. Еднаш танцуваше на данскиот фестивал за музика, комедија, филм, книжевност и други уметности Lowlands, а другпат само претрча преку екранот на музичката телевизија MTV.
Инаку, негов творец е холандскиот уметник и цртач Мат Баиј (Mattt Baaij).
Во продолжение погледнете го изборот од најсмешните стрипчиња што го направи Окно.








Извор: illumatie.nl/bunbuns