
За неполни три часа, со силно полициско обезбедување, затворена улица и чистење и враќање во првобитна состојба е завршена една од најдобро организираните акции во нашиот град. Се сотре дрворедот на улица Илинденска.
Еден од најстарите дрвореди во нашиот град лоциран на една од најшармантите улици. На интернет порталите и сервисите за социјално вмрежување оваа акција предизвика огромен интерес. Во текот на акцијата излегуваа фотографии и видео клипови проследени со многу коментари. Луѓето го поистоветуваа овој чин со масакр и деструктивност. За разлика од нив, потпретседателот на комитетот за урбанизам на град Скопје, Мичо Поповски, кратко и јасно ни објасни: „Сите стари дрвја, околу триесетина, се исечени и тоа е.“
Да, и тоа е. Толку. Се знае кој го има последниот збор. Нема потреба од објаснувања. Дојдоа, видоа и победија. Ах да - и тоа е. Штетата е направена.
Останува загрижувачка стратегијата на извршување на замислените акции без притоа да се покаже минимум почит кон мислењето на оние кои се директно засегнати од истите. Оние кои имаат моќ да решаваат за нашата средина и нашиот живот ја сфатиле оваа позиција премногу буквално. Позиција на виша сила која не трпи приговори. Акцијата за сечење на дрвјата си има своја историја. За да се разберат овие страшни покажувања на моќ и сила потребно е да се познава контекстот.
За време на локалните избори низ медиумите проструи информација дека се планира сечење на дрворедот на улица Илинденска. Тогашниот градоначалник ја имал зацртано таа идеја без да чувствува потреба за тоа барем да ги извести граѓаните кои живеат во тој дел од градот.
Ние, станарите и соседите, се собравме на еден повеќе состанок отколку протест, за да поразговараме меѓусебе за ставовите што ги имаме за решениево и конечно истите да им ги соопштиме на градските власти и тогашниот градоначалник Трифун Костовски. Можам единствено да претпоставам дека господинот Костовски не сакаше црна дамка на крајот од својата кариера, па идејата за сечење набрзо ја заташка. Баравме објаснување за оваа одлука. Добивавме различни. Најпрво ни рекоа дека се планира проширување на улицата. Откако остро се спротивставивме на тоа, ни рекоа дека ќе се поставува атмосферска канализација. Кога не можеа да ни објаснат дали заради поставување канализација е неоходно сечење на дрвата се вратија на стариот аргумент за проширувањето. Набрзо потоа атмосферската канализација повторно беше во игра и ние веќе се изгубивме во комуникацискиот шум. Минаа изборите, мислевме дека куртуливме од „проблемот Илинденска“.
Сè додека тоа петочно утро не се поставија ленти на улицата, не се отстранија сите автомобили и започна „решавањето“ на дијалогот низ стратегијата: кајшто има сила - нема правдина. Властите знаеја дека оваа акција ќе наиде на негодување кај жителите на овој дел до градот, но и пошироко. Решија, без да не` известат, без да чувствуваат потреба да ни објаснат и да не` сослушаат, да си ја истераат замислата стара (како што дознаваме) повеќе години. Ако не` известеа ние можеби дрски и безобразни ќе побаравме објаснување и сослушување. Додека поголем дел од станарите се на работа, со околу 50 полицајци кои ги обезбедуваа сечачите на раат ја опустошија улицата.
Па дури и да се согласиме дека сечењето е неопходно, зарем не заслужуваме (како граѓани кои треба да бидат застапувани од нашиот градоначалник и властите) објаснување? Зарем не заслужуваме да бидеме сослушани? Изгледа премногу бараме?!
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, не мисли така. Тој смета дека ние сме злосторници кои ги држат како заложници останатите граѓани. Во својата изјава за медиумите тој рече: „Нема да бидат заложници 500.000 граѓани на Скопје заради некои таму што сакаат или не сакаат.“ Ма стварно, стока-народ сме... Зошто бе не прифатиме ние некои таму да бидеме заложници на некои други таму што сакаат или не сакаат? Господинот Трајановски во истата изјава рече дека е одговорен да го реши сообраќајниот хаос во Скопје. Одлично. Точно, одговорен е. Но, неговата одговорност како градоначалник не смее да се исцрпи единствено во решавање на сообраќајните проблеми. Тој мора да се грижи и за животната средина и квалитетот на живот на сите граѓани. Ама ете, истиот повторно ја користи веќе безброј пати чуената реторика за исполнувања на желбите на мнозинството. 
Релевантноста на мнозинството наспроти игнорирањето на малцинството е опасна стратегија. Заложничката драма се’ повеќе се чита во сценариото на малцинство држено во заложништво на желбите на мнозинството. Токму затоа правото и политиките треба и мора да се во служба на штитење и на правата и желбите на малцинствата. Ако ги следиме само идеите и ставовите на мнозинството можеме лека полека да се спремаме за јавно бесење на хомосексуалците... мислам дека на мнозинството би му се допаднала оваа идеја.
Јас живеам на улица Илинденска. Мојот балкон до пред неколку дена гледаше на дрворедот. Тој зелен појас кој ни беше единствена и минимална заштита од издувните гасови. Една новинарка му го постави на градоначалникот Трајановски прашањето кое и јас би му го поставила: „А вие би сакале од влезот од вашиот дом да се симнувате директно на булевар?“ Трајановски и` одговори (неа, а индиректно и мене, нам): „Не одговарам на такви прашања. Како ќе предложат стручните служби така ќе биде. Јас сум политичко лице.“
Градоначалнику... упс грешка... драго политичко лице, се извинувам што се осмеливме да ви поставиме прашање.
Фотографии:Волан http://volanskopje.blog.com.mk/node/212259
Homo ili Sapiens?
Испратено на 22 јули 2009 од earthWarior" Господинот Трајановски во истата изјава рече дека е одговорен да го реши сообраќајниот хаос во Скопје".
-уф за малце ќе помислев дека овие луѓе во црно немаат ама апсулутно никаква одговорност, кога ете ке се јават од време на време со некоја "практична" глупост која како и обично по навика ги прават во нивните мизерни приватни животи... а останатите неинфецирани ГРАЃАНИ односно оние кои го делат воздухот со анималистички џган од политичари кои доволно ја презентираа нивната екосвест последниве години,дозволија повторно да бидат откантани како дворски шут со тоа што учтиво побарале објаснување за горенаведениот чин и упатиле молба да се поштеди "традицијата" стара 30 години... на овој холокауст едноставно можам само да се поистоветувам со Соломон и неговата максима која јасно гласела: "Не фрлај бисери пред свињи " впрочем кога ке се размисли подлабоко оваа изрека можно е и да биде буквално сватена што би рекол Дарвин: " природната селекција ги одбира организмите кои поседуваат различни и наследни особини и се најдобро опремени за нивната околина" -Мене лично тоа не ми делува нималку чудно затоа што сум веќе свикнал на такво бескрупулозно однесување од страна на "Големите умови " aka Политичари кои со нивниот вискокостепен моралитет и етичност пробуваат да ни го приближат "Рајот" а пошто имаат и вишок од нивното драгоцено знаење и интелегенција почнуваат и да делат на народот почнувајќи од беспрекорните и неуинштливи и секогаш подготвени бодигардови кои одалеку наликуваат на кинески ѕид со пендрак во рацете и ~правидината~ на чело неретко во коалиција и донесуваат и спроведуваат (НЕ)правилни одлуки кои се од виска важност за самата околина како и за луѓето чија свест не може да се координира со примитивците кои сами се декларираат како луѓе што се стремат за општото добро пред се доброто на нивниот народ а истите тие покажуваат деструктивност кон нас обичните смртници кои нормално ги немаат истите алатки или права да ракуваат со природата со улиците па дури и со туѓите животи кои нормално ако не си со нив си против нив и за тоа предстојат казнени поени кои ке те научат на "РЕД" идниот пат кога ќе им поставиш било каква барикада што иде контра нивните големи умови кои се отворени само да примаат и придонесуваат за ГОЛЕМИ грешки без пардон. Искрено не ни стигнав да ја анализирам целата таа работа околу сечењето затоашто веќе нема околу што да се дускутира и за што да се бориме понатаму па погледнете околу себе и ќе видите дека луѓето што не водат се практично слепи за лидерство и глуви за народот а патем и ретко се наоѓаат и некои интелектуалци кои секогаш превентивно делуваат на проблемите околу нас и се додека има публика кима и театар т.е. се додека има овци ке има и волна... не сакам, поточно не можам да го споредувам човекот со овца не според нивните интелектуални радикали него затоа што после толку искуство со човекот како интелект и неговото психолошко стање во кое тој живее и твори едноставно кога ке го изострам видикот,пред мене никнува еден вид на безистен естаблишмент полн со декаденција кој одблиску наликува на обединет БЕЗОАР каде што сите со нивните грациозни техники покушаваат да си го најдат своето место под сонцето кое од ден на ден континуирано стивнува изолирано од сочуство и се труди да оствари минимални колатерални штети со надеж за подобро утре. Не случајно ја пикирав фразата "Homo ИЛИ Sapiens" - овој не толку сложен метод доколку би се спровел, на светот би му престоела огромна сепарација со мали шанси за ризик од инфекции поточно "вируси" кои имаат улога да ја затајат и пред се ОБОЈАТ човековата свест и истата да ја натераат да гледа низ призмата на користољубиво лицемерно парадоксално сусштество со налик на современ "човек" со дегутантно понашање од едната, не толку човечна страна и од другата т.е. поквалитетната и поомилена страна односно средина во која би уживале само вистинските Хомосапиенси а тоа би можело да се реализира само доколку се пушти тој венец на хуманост и почит пред се кон мајката природа а потоа и кон сите нејзини плодови т.е. ние вклучувајќи ги и деградираните животни кои исто така се прехрануваат и оставаат поколенија како и ние луѓето и место да задат и боцнуваат секој ден по едно коренче овде~онде тие предозирани од хедонизам им штрувнало од толку ствари за ремонт тие почнуваат од најневредното и најмалото нешто за што требе да се засегаме ...да направиме место за пооовеќе моторни возила на нафтен погон и да го зголемиме процентот на загаденост во оваа и не толку ментално урамнотежена земја со подпросечен IQ.