
Ентузијазам
Се викаше Елена. Одевме накај мојот стан фатени за рака и уште не ми се веруваше. Цели шест години поминаа откако немам девојка и еве, сега, после журка, во раното утро насмеани, фатени за раце се прибиравме дома. Имав трема. После толку време самотија и пиење, си помислив, дали уште ме бива у кревет. Ќе потфрлам, ќе свршам пребргу, нема да ми се дигне, ќе се избрукам....сите тие варијанти ме опседнуваа и дома ми се чинеше толку далеку.
Таа се смешкаше а се смешкав и јас, се надевав нервозата е скриена длабоко и нема да забележи. Ме издаваше потењето на рацете, па тактички ја згрнав околу половината. Не теба да пијам - си реков. Не се дига пијан. А Елена многу ми се допаѓаше. Одамна ја гледав по журки ама никогаш не и приоѓав зашто бав ѓубре пијан цело време. Извајано тело, блед тен, полни усни - мој тип. Ноќеска слабо пиев и еве ме со неа накај дома.
Кај мене се беше џумбус. Празни флаши на сите страни, чинии и чаши од пред неколку дена. Полни пепељари, мирис на догорени пикавци и скапано овошје. Како у непроветрен подрум. И се извинив и почнав на брзина да средувам фрлајќи прзни шишиња во шпајзот. Пепељарите, садовите, расфрланата облека - се’. Се изненадив, дневната беше чиста за десет минути, дури имав и озонер па колку-толку и пријатно мирисаше. Среден стан и девојка во него - живот одамна заборавен. Животот сепак има смисла. Таа се обиде да ми помогне околу миењето садови но не и дозволував. Во кујната, пред судоперот се обидував да ја оттргнам од миење садови, а таа инсистираше.
Ја влечев надвор од кујната, а таа се оттргнуваше и враќаше. Тука, во целото тоа држ-недај влечење натаму-наваму, телата во неколку наврати ни се допираа. Се смешкавме и сето тоа се претвори во игра. Од триењето се возбудив, а таа најверојатно примети. Ме гледаше во очи насмеана и не го тргаше погледот. Не го тргав ни јас. Застанавме прегрнати. Црните очи ме зајапаа. Во нив видов искуство, живот, тага, а тоа ме запали уште повеќе.
Почнавме да се љубиме страсно. Заиграа јазиците. По врат, по лице, секаде ја бакнував. Со едната рака и’ ги откопчував фармерките а со другата и’ ги милував градите. Таа ме држеше за половината, а другата рака ја нурна в гаќи и почна да ме милува таму. Толку бев возбуден што ерекцијата беше болна. Мислев дека секој момент можам да свршам само со нејзин допир. Таа застенка кога мојата рака се спушти во нејзините гаќи. Долу беше топло, врело. За минута веќе бевме голи. Стоевме, се милувавме и бакнувавме. Креветот се чинеше непотребен, излишен.... За миг си помислив дека пак можам да сакам, дека за мене уште има време, дека не е се безнадежно.
Слава му на животот. Клекнав пред неа понизно. И’ ја дигнав едната нога на масата. Мирисот и слано-киселкастиот вкус на секретите ме маѓепса. Таа дишеше забрзано и се извиткуваше, држејќи ми ја главата долу, меѓу нејзините долги нозе. Но јас како повеќе да уживав, непрестано шмукав и шетав со јазикот. Беше многу влажна, возбудена.... Се кренав на нозе и ја свртев накај масата. Толку бев тврд, што таа испушти некаков крик додека влегував во неа. Запотен, хипнотизаран, како некое куче брефтав од возбуда, припиен на нејзиниот грб. И’ ги милував градите и ја бакнував по вратот, а таа споро, пригушено, зарипнато стенкаше како да шетоти. Не можев повеќе да чекам. Ми надоаѓаше топлина по телото одоздола нагоре. Таа забележа и се сврте накај мене. Се занесов од возбуда.
Стрaста ми го замагли умот. Требаше да свршам, бев несигурен. Се двоумев но сепак ја прашав: “Може ли на цицките“- тивко и’ шепнав, засрамен од својата перверзија.
“Може, ако доплатиш триста“ - ми одговори.
Немав уште триста.
Свршив на плочките.
Имав само стотче.
Стотчето ми требаше за ракија за утре.
Преземено од блогот: Алкохоличар у апстиненција