Училишта без ѕидови – иднината на образованието?

28.01.2012 12:20
Училиште без ѕидови, иднината на образованието?

Важноста која архитектурата на училиштата, училниците, игралиштата, музеите, разните образовни институции и паркови ја имаат врз развојот на детето и начинот на којшто го учи светот околу себе, е немерлива.

При проекцијата на училиштата, архитектите мораат да ги имаат на ум потребите на ученикот и едукативните методи, додека се поттикнуваат и родителите, учителите и учениците да ја прошират својата свест за изградената зграда со цел да го максимилизираат искуството на учење. Односот на ученикот и училиштето е однос којшто може да се претвори во ноќна мора или идеално место за стекнување нови знаења. Со други зборови, училиштата и останатите образовни институции можеме да ги наречеме тродимензионални учебници. Особено кога архитектите се свесни за новите модели на едукација и кога школската средина за учителите е нешто повеќе од само простор во кој се одржува настава, можно е да се говори и за информативна архитектура која овозможува децата да ги откријат сите моќи на знаењето.

Поврзаноста на знаењето и архитектурата е клучна тема за денешното функционирање на синтагмата „општествено знаење“. Денес ви го претставуваме проектот кој го заслужува вниманието на светските интернет-портали, а тоа е основно училиште во Шведска, Стокхолм, дело на архитектката Росан Бош. Училиштето без ѕидови е основниот концепт којшто се развива заедно со едукациските методи на училиштето „Vittra“, а главната идеја е дека (бесплатното) основно образование мора да исполнува шест начела: пронаоѓање на индивидуален пристап кон детето, учење врз темелите на искуството,разбирање на сопствениот процес на учење, верба во себе и своите можности, развивање на комуникација и интеракција со другите,подготвеност за учење и работа во интернационално опкружување.

Можеби утопискиот проект на глобално ниво подразбира исклучиво силна финансиска инфраструктура и јасна, темелна промена на досегашниот начин на образование, но во училиштето „Vittra Telefonplan“ покажува што е тоа училиште без ѕидови и клупи: наместо нив тука има флуоросцентни зелени тапацирани „острови за седење“ и живописни столови за пикник околу кои се собираат учителите и учениците. Наместо соба за учење, има „соба за ручек“ во која има кафански столови и мултипрактичен под со шаховско поле.

Училишната сала е замислена како амфитеатар во светлосина боја, којшто постепено се зголемува во централното подрачје на училиштето како пловечка санта мраз, додека пак во внатрешноста има мини-кино.

Сепак, дизајнерката Росан Бош напоменува дека „Vittra Telefonplan“ не е во потполност без ѕидови. „Во неа има поголеми и помали затворени простории за различни намени, како звучно изолираната ’Соба за играње’или ’Мултимедијалната лабораторија за филмска работа’, како и неколку административни и групни соби.“ Особено напоменува дека целиот проект е развиен во соработка со учителите и учениците и дека токму тие, ѝ кажале што точно не сакаат во своето школо. Децата побарале тапациран, органски мебел кој ја следи природната линија на телото, клупи на кои би можеле да се излежуваат, да ѕиркаат преку рамо во туѓи компјутери и да седат еден до друг.

Целиот концепт на училиштето без ѕидови нужно бара да биде сместено во доволно голем простор за да може да ги услужи сите интерактивни аспекти на Витриниот пристап кон образованието. Прашањето е, помага ли ваков тип на организација за децата навистина да добијат подобро и поквалитетно образование? Во секој случај, времето ќе покаже, но Бош истакнува дека баш ваквиот разновиден простор ќе овозможи да се развијат во него секакви типови на учење, односно ова е дизајн којшто овозможува училиштето и учениците да ги развијат сите свои потенцијали.

Повеќе за авторката погледнете тука, а за училиштето „Vittra“ тука.

Извор: pogledaj.to

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.
Image CAPTCHA
Внеси ги буквите прикажани на сликата.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото