Расистите и националистите се глупави!

31.01.2012 13:35
Расистите и националистите се глупави

Докажано е она што и самите го знаевте, особено деновиве, особено на нашиве простори.

Ако ве нервираат изливите на омраза искажани на национална база, кои деновиве се шират на сите страни, еве вести кои барем малку ќе ве израдуваат. Новото истражување докажува дека луѓето кои се склони кон расизам, предрасуди и национална омраза едноставно се – глупави.

Гордон Ходсон од Универзитетот Брок во Онтарио, САД, вели дека ова било сосема извесно. „Откривме дека луѓето со низок коефициент на интелигенција почесто развиваат предрасуди“ - вели тој. Помалку интелигентните возрасни луѓе се свртуваат кон идеологијата, каде што хиерархијата е посебно важна, а тие често имаат отпор кон промени. Тоа на крајот доведува до предрасуди. Откриено е дека луѓето со помали когнитивни способности исто така помалку имале контакти со други националисти и раси.

„Ова откритие покажа дека контактот меѓу различните групи е ментален предизвик и дека когнитивно ги исцрпува луѓето со послаби способности. Од друга страна, докажано е дека контактот ги намалува предрасудите. Изгледа постојат когнитивни ограничувања кои на луѓето им отежнуваат да го видат светот од перспективата на некоја друга група. Конзервативните идеологии главно нудат структура и ред, па може да бидат привлечни за луѓето со понизок степен на интелигенција. За несреќа, слепото следење на идеологијата истовремено и ги зајакнува предрасудите“, смета Ходсон.

Па, сега, размислите двапати, пред да навредите некој само зашто е од друга националност.

Извор: dominomagazin.com

Слични статии

Општество

ОкоБоли главаВицФото