Околу „Грујоленд“ и „Сашедонија“

06.04.2012 10:45
Околу „Грујоленд“ и „Сашедонија“

(На маргините на „Штазиленд“)

Новинарите – портпароли на Владата

„Во Источна Германија информациите се вртеле во затворен круг меѓу Владата и нејзините медиумски испорачувачи. Бидејќи Владата ги контролирала весниците, списанијата и телевизијата, обуката на новинарите, всушност, била обука за портпароли на Владата.“ (Ана Фандер , „Штазиленд – приказни од зад Берлинскиот ѕид“, Фондација Отворено општество – Македонија, 2012, стр. 20).

Колку портпароли, весници, телевизии, портали има грујовата влада? Колку државни пари се истурени за новинарите-портпароли и за интернет-клеветниците со лажни профили?

Постои само партијата и нејзиниот суд

„Имало, барем на хартија, и други политички партии освен владејачката... Но, во суштина, постоела само Партијата, и нејзиниот инструмент – Штази. Судиите честопати добивале инструкции од Штази, која, всушност, само ги пренесувала од Партијата – од збор до збор како да гласи и колкава да биде пресудата.“ (Штазиленд, стр. 42).

Колку судии имаат добиено инструкции од партијата или полицијата, како да гласи и колкава да биде пресудата за политички прогонетите?

Разбивање критична маса

„...само Источна Германија имала каде да ги ’истури’ луѓето кои зборувале отворено: во Западна Германија. Ги затворале, а потоа му ги продавале на Западот за цврста валута. Бројните дисиденти не можеле да создадат критична маса сè до 1989 година, кога промените во Советскиот Сојуз ги охрабриле обичните луѓе и тие излегле на улиците.“ (Штазиленд, стр. 73)

Колку време ќе ни треба за да создадеме критична маса? Ќе чекаме ли да падне Путин, за да се охрабриме во отпорот кон нашиве путинисти?

Црн канал

Уште полошо од не-вестите биле антивестите. Учениците морале да го гледаат и Дер шварце канал (Црниот канал) со Карл-Едуард фон Шницлер... Работата на Фон Шницлер била да покажува извадоци од западните телевизиски емисии во ГДР – од прилози на вестите, квизови, па сè до ’Далас’ – и да ги ’направи партал’.“ (Штазиленд, стр. 121)

Колку „еднооки“ шницлеровци се вработени за „црно-бумбарење“ на неистомислениците, за „јадење бурек“ против „соросоидите“, за „парталење“ на „западоидите“, за клеветење на „платениците“, за сеење омраза кон „предавниците“, за закани со ликвидација кон „изродите“?

Полициско-партиски бракови и разводи

„Кох вели дека барањето за развод било ставено на маса и дека веќе било пополнето со нивните имиња и презимиња, датуми на раѓање, матични броеви и адреси. ’Таа го потпишала’, вели тивко. ’Го потпишала од страв дека ќе ѝ го земат детето. Тогаш дојдоа кај мене во затворот – со ова’. Одново му се смачува, од самото раскажување. ’Ми рекоа: погледни. Изгледа дека твојата сопруга не сака да има веќе ништо со тебе’“. Кох го спушта гласот. ’Во тој момент, ми се урна светот’.“ (Штазиленд, стр. 208)

Ќе почне ли полицијата да ги разведува „гордите послушници“, за да докаже дека верноста кон партијата е посилна од верноста кон брачниот партнер?

Погони за производство на непријатели

„Па, што беа луѓето врз кои вршевте ‘оперативна контрола’?“

„Тие беа непријатели.“

„Ох. Како знаевте дека се непријатели?“

„Па“, вели со својот тивок тон, „кога за некого се започнуваше истрага, тоа значеше дека постои сомневање за непријателско дејствување“. Ова беше совршена диктаторска логика: ние спроведуваме истрага за тебе, според тоа, ти си непријател. „Бевме во потрага по непријатели во сите области што ги спомнав: во фабриките, во државниот апарат, црквата, училиштата и така натаму. Всушност“, вели, „како што минуваше времето, имаше сè повеќе и повеќе работа, затоа што дефиницијата ‘непријател’ стануваше се поширока и поширока“. (Разговор со професор за регрутирање соработници, Штазиленд, стр. 239)

Колку осомничени се јавно прогласени за „криминалци“ уште пред да биде поднесена кривична пријава? Колку лустрирани се медиумски жигосани како „кодоши“ уште пред да заврши „процесот“? Како да го наречеме системот во кој пред да биде донесена правосилна пресуда, „грујојугенд“ прави „робијашка“ пародија од довчерашните им партиски министри и сојузници, спектакуларно уапсени и експресно судени?

Соработници за каузата

„Тогаш, зошто го правеле тоа?“

„Па, некои од нив веруваа во каузата“, вели. „Но јас мислам дека правејќи го тоа, соработниците имаа чувство дека се некој и нешто. Знаете – некој ги слушаше по неколку часа неделно и запишуваше. Се чувствуваа како да се над другите луѓе“. (Разговор со професор за регрутирање соработници, Штазиленд, стр. 241)

Колку од сегашниве полициско-партиски соработници веруваат во македоноидната кауза на груевизмот? Колку од нив се мотивирани од чувството дека се над другите?

Центар за дезинформирање и клеветење

„Хер Бонзак бил обучен за новинар и работел дваесет и шест години на дезинформирање. Најголемиот дел од работата на единицата ’Икс’ била насочена против Западна Германија. Тие прибирале чувствителни или тајни информации од агенти на Западот и ги пуштале да ’протечат’ за да предизвикаат штета; фабрикувале документи и спојувале снимки од разговори кои никогаш не се случиле со цел да им наштетат на личности од јавниот живот; ширеле гласови за луѓе од Западот...“ (Штазиленд, стр. 283)

Колку од сегашниве медиумски дезинформатори, фабриканти и клеветници утре ќе се бранат: „ништо не знаевме, само послушно ги извршувавме налозите на уредниците“? Колку од сегашниве уредници-пропагандисти утре ќе се бранат: „ништо не знаевме, само послушно ги извршувавме налозите на газдите“. Колку од „газдите“ ќе се бранат дека биле спикани во некоја обвинителска фиока, напикани во шише, или уценети со партиски „меници“?

Имаме право да ги знаеме имињата на агентите и соработниците

„Имињата на третите страни спомнати во досиејата се пречкртани со дебел црн фломастер за да не се откријат тајните на другите луѓе (дека вујко Франк ѝ бил неверен на својата жена, дека соседот бил пијаница). Но, имате право да ги знаете имињата на офицерите на Штази и на соработниците кои ве шпионирале.“ (Штазиленд, стр. 66)

Жртвите имаат право да ги дознаат имињата на нивните прогонувачи. Кога за тоа право ќе се изборат жртвите на „Грујоленд“ и „Сашедонија“?

Слики: Adrian Ghenie

Одма после жртвите на

Одма после жртвите на „Бранкија“ и „Фрчистан“

„Но јас мислам дека правејќи

„Но јас мислам дека правејќи го тоа, соработниците имаа чувство дека се некој и нешто. Знаете – некој ги слушаше по неколку часа неделно и запишуваше. Се чувствуваа како да се над другите луѓе“.

Лично познавам партиски кодош кој составува маалски листи на неподобни. Сите знаат за тоа, само тој е убеден дека е сеуште андеркавер. Ништо повеќе од маалска будала која мисли дека работи за возвишени цели.

Така што комплетно се согласувам со наведениот исказ.

Зомби Вокер, ги гледаме

Зомби Вокер, ги гледаме „жртвите на Бранковата транзиција“ како протестираат пред штабот на СДСМ... Карикатура жива... присобрани со партиски список... за сендвич и сок, и надеж за вработување. Но, ете, шест години се на власт, и ако Бранко ја злоупотребувал толку функцијата, можеа досега шест пати да го уапсат, а не го уапсија. Што му најдоа? Не пријавила жена му некој мал плац што го добила како наследство? Бре, па ако тоа му е најголемата маана, тогаш Грујо го направи Бранко најчесниот политичар на Балканот и пошироко :)

Комуњарите први ги зедоа

Комуњарите први ги зедоа новинарите за портпароли. Комуњарите поставија свои судови и им кажуваа како да судат. Комуњарите (дури и пред неколку дена) не признаваат друг суд освен оној на својата партија. Комуњарите ги произведоа кодошите. Комуњарите на Окно и на неколку други портали ги карикираат и напаѓаат сите постапки на ВМРО и околина (види рубрика Боли Глава). Комуњари имаа Фабрика и Стенковец 2.

Можеби сето тоа може да им се прости и оправда, но не може никогаш да се прости и заборави тоа што ја искрадоа Македонија.

Б.Ц. и СДСМ (тука е и Љубчо)

Б.Ц. и СДСМ (тука е и Љубчо) не сакаат да се имаме лустрација како во „Источна Германија“.
Синоќа на Алсат ја гледав дебата за лустрацијата. Од СДСМ, вицепретседателката на СДСМ (професорката на правен), пртаничката Ана Павлова Данева и координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, „селанката“ Силвана Бонева.
Професорката од правен, да не беше лустрирана ќе мислев дека докторатот го добила заради соработка со УДБ-а. На професорката Ана Павлова Данева не ја интересирало што пишува во германскиот закон за лустрација, не ја интересирало што пишувало во бугарскиот закон. Е, СДСМ бил за уставиот поредок и закониотоста на УДБ-а. Не ги интересира како Германија се споравила со гермаскиот уставен суд по прашањето на лустрацијата.

Ако Грујо беше за лустрација,

Ако Грујо беше за лустрација, прв лустриран ќе беше комунистичкиот обвинител кој вршеше должност Министер за правда и нарачател на судски пресуди.
Ако Грујо беше за лустрација, досега ќе беа објавени имињата на УДБА-шите, КОС-овците, латасовците, садамовците...
Ако Грујо беше за лустрација, досега ќе беа објавени досиејата на соработниците.
А СДСМ се изгубени во космосот. Не се свесни што им се дешава.

"Постои само партијата и

"Постои само партијата и нејзиниот суд" NEsto mnogu poznato ova a???Zarem ne se ova zborovite na ovaa vasata SDSMovska pratenicka od pred nekoj den ???Ehhhh "bedni lugje" zarem seuste vasite karakterni osobini ke gi prepisuvate na drugi??

Судиите честопати добивале

Судиите честопати добивале инструкции... од збор до збор како да гласи и колкава да биде пресудата.“
И така, партијата му дошепнала на судијата Коле Чашуле да биде осуден Ченто на 11 години затвор.
И така, партијата му дошепнала на судијата Велија да биде осуден на 13 години затвор.
И така, партијата му дошепнала на судијата Б.Ц. да добие 30.000 евра за клевета...
И така, партијата му дошепнала на судијата директорот на УБК да добие 50.000 евра отштета за клеветничкото прашање: „Дали... Мијалков ја искористил својата позиција за да влијае на случувањата на македонската берза...“

не ги спомнувај платените

не ги спомнувај платените клеветници Жарко. одма ќе се јават ;)

Бреј Чика Фројд, те мислев

Бреј Чика Фројд, те мислев попаметен ама изгледа и тебе тоа коката ти удрила у глаа. Вака, „биќу кратак али јебитачан“, за тоа баграта кафеаво-кошуљашка, жртвите, мислам дека се само дел од жртвите на фамозната транзиција. Тоа е делот што преживеал и сега си го дал гзот под кирија и гризе како бесно куче за да преживее, зашто нема од кај да јаде леб освен од партија. Мојот најголем страв е тоа, да морам да станам партиски војник заради леб, а не заради личен хир или суета ко некој психоаналитичари, чиче. Кој ги донесе до тоа дереџе, си знаеш, ама несакаш да си признаеш, пошто ќе ти се скрши цел врдносен систем. Најголемиот дел од вистинските жртви, кои веруј ми ги има, или се мртви или пред умирање или веќе немаат душевна сила, тотално срозани страв им е да зуцнат. Тоа се жртвите на таа демек транзиција шо се влече ко шлајм со децении, тоа е тотално расуло по заслуга на самобендисани насилници што плачат сега ко пички зашто неокомунистите си ги потат газињата у нивните кожни фотељи. Кој ги водеше, пречесен Бранко, чика Фројд, Бранко! Хоророт продолжува чичо, иде даље, се штанцаат насилни морони од двете страни задоени со гнасни догми за кои веруваат дека се апсолутни вистини и убиваат ако кажеш инаку. Да повторам, ММЕ, кој прв почна, ЦРВЕНКОВСКИ чика, БРАНКО и кур не ме боли дали „му нашле нешто“ крив е ко Дрина.

Знајш шо е проблемо? Грујо

Знајш шо е проблемо? Грујо нема да ја предај власта без да ја продај македонија

Зомби Вокер, да не се лажеме.

Зомби Вокер, да не се лажеме. И пред транзицијата МК имаше 20% невработени. Пола од буџетот на МК се состоеше од помошта за развој што ѝ ја даваа останатите ЈУ-републики. За да се стигне до денешните 35% невработени, нормално криви се БЦ и компанија, ама не само они! Они не се криви што нашите ни компании не биле конкуренти на светскиот пазар.

Башка од политичарите, треба да сме искрени и да си признаеме дека МК била и е заостаната земја, со многу ниско ниво на образование. Со клерико-фашистиве само ќе се дозакопаме, пошто не нѐ интересира нели развој, туку да си градиме црквички и да му се молиме на господ.

Демек тие со високо

Демек тие со високо образование толку се изнаучиле шо сфатија дека само сељаците се криви за индустрискиот пад на македонија... Освен неколку програмери и инжинери, се друго е подпросечна багра... И тие шо ги биваше , си заминаја

Иди еби се, Б-нонимен, не ми

Иди еби се, Б-нонимен, не ми спинувај тема, темата е жртви на транзиција, упропастен народ, кучиња што кодошат и горат луѓе на клада. ПРИЧИНА за тоа е пост комунистичкиот „опуштено-демократски“ режим на БРАНКО. Читај горе! Попатно, ако не чинеше економијата, зошто чаушите-олигарси (кои се напунија со пари ко брод) ги лапнаа сите индустриски постројки и комбинати (да не ги редам) ги исцедија, се обезбедија со пари за катрнаесет поколенија и сега дури можат да плаќаат рекет на нео-комувмровистите? Сите вие што го браните неодБранеливиот, сте вмровци, нема разлика во вашите матрици и нема да ги „тргнете“ додека не разберете дека не се трга режим ако размислуваш како нив (вие ги научивте,они го усовршија)и веруваш во истите вредности, моја „децо лоших политичара“.

Проблемот е што има еден тон

Проблемот е што има еден тон вакви ропаци шо анализираат нешто, имаат решение на сите проблеми, но кога ќе дојдат на власт знаат единствено да спроведуваат „преродба“ преку нон-стоп произведување инциденти, пошто за друго ништо не ги бива(ло) во животот. Позеришта. Дно дна. Веќ виѓено. Ама, ако, ние сме нели Библиска земја, па не мора да размишљаме, господ не чува.

Да...ти поарен си. На некој

Да...ти поарен си. На некој овчар му заболеле овците, отишол кај попот да бара совет како да ги излечи. Попот му рекол, измиј ги со вар, ги измил чоеков ама сите умреле изгорени. Попе, не помага тоа,друго „решение“ имаш? Да, измиј ги со ладна па со врела вода. Ги измил, нормално умреле. Попе и тоа не помага, друго? Така, да не должам, попот му дал уште генијални решенија и разбира се овците си умирале. ПАК доаѓа овчаров, ПАК бара совет од попот, овој го гледа и вика: имам јас решенија колку сакаш, ама ти овци имаш ли? ТИ овци имаш ли, анонимен?

И ти за бричење ќе да си...

И ти за бричење ќе да си... Грујо ќе го облечи џемперо и ќе се фали дека поарен е оти со македонски овци е произведен

На некој овчар му заболеле

На некој овчар му заболеле овците, отишол кај попот да бара совет како да ги излечи. Попот му рекол....

Бла бла бла....

Troll.

Нема поента да се дебатира со луѓе кои како да излегле од некој лош драмски текст.
Јас сум во ВМРО од 1991, го плукав Бранко во Крушево и сепак можам да го препознаам Грујо the spinner. Ај барем да беше израстен со вмро, туку дојде како тројански коњ од демократска алтернатива.

Ти ако си во ВМРО од 1991, ја

Ти ако си во ВМРО од 1991, ја камај сум играл со Шатев, а да, плус го копав тунелот у Солун. Иначе околу тролови и спинери, нормално дека препознаваш, „на курва кур не и кажуј“.

Ти ако си во ВМРО од 1991, ја

Ти ако си во ВМРО од 1991, ја камај сум играл со Шатев, а да, плус го копав тунелот у Солун. Иначе околу тролови и спинери, нормално дека препознаваш, „на курва кур не и кажуј“.
...........

1.Не знам што имаш против проституцијата.(за тоа со некој друг треба да напраиш муабет)
2.тоа со копање на тунели и курови( пак ќе треба да напраиш муабет со некој)
3.играње на камај со шатев како една интроспективна фантастична конструкција ми кажува дека кога требало не си ја читал зоки поки а сигурно не си го гледал волшебното самарче...
4. Тоа што јас сум во вмро од 1991 и сум го плукал бранко се разбира не е за фалење ама е факт со кој треба да живеам.

Полека, полека, кур од уста

Полека, полека, кур од уста не вадиш, ја само сакав да ти кажам дека си спинер 1-ва класа, а ти одма курои, тунели, проституција. Иди еби нешто (со бркови, без, по твој избор) пошто на мене џабе ми се пушташ. Еве една за тебе, белки нема пак погрешно да сватиш: „ко о чему, баба о уштипцима“. Значи, господине спинер, не си ти крив шо не ти кажале дека има и други книги и серии па си заглавил таму(гледај ја старата галактика, батали партизани), а иначе ако ти е толку криво за Бранко, не е касно тука е уште, па иди излижи кај што си плукал, тамам можда ке се попалиш дур лижеш.

ОкоБоли главаВицФото