Пишување биографија

20.08.2009 12:20
1365429457_821d00d520.jpg

Што треба?
Треба да се напише молба,
а кон молбата да се приложи биографија.

Без оглед на должината на животот
биографијата треба да биде кратка.

Задолжителна е збиеноста и селекцијата
на фактите.

Промена на пејзажите во адреси
и колебливите спомени во неподвижни дати.

Од сите љубови доволна е само брачната,
а од децата само родените.

Од поважните, кој те познава, а не кого
знаеш.

Од патувањата само ако се во странство.
Припадноста кон што, ама без зошто.
Одликувања без за што.
Пишувај така, како никогаш да
не си разговарал со себе
и заобиколувај оддалеку.

Испушти ги со молчење кучињата, мачките
и птиците,
споменичните старудии, пријателите и соништата.

Подобро цената отколку вредноста
и насловот отколку содржината.
Подобро бројот на чевлите, отколку каде
оди тој,
тој, за кого се сметаш
кон оваа фотографија со откриено уво.
Се смета неговата форма, не тоа што слуша.

Што има ново?
Тропот на машините кои мелат хартија.

ОкоБоли главаВицФото