И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

07.08.2012 19:04
Фељтон: Парадоксите на македонската лустрација (1) И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

Комисија за верификација на фактите на УБК?

Комисија за верификација на фактите на Република Македонија неодамна објави 11 „Решенија со кои се утврдува соработката со органите за државна безбедност“. Под секое решение беа објавени и извесни документи како докази. Интересно, неколку документи кои се понудени како докази за лустрирањето на соработникот „Ветеринар“ се создадени токму во време на владеењето на Никола Груевски.

Комисијата за лустрација утврди дека лицето со псевдоним „Ветеринар“ (кандидат за пратеник) било „тазе“ соработник на тајните служби од 14.04.1998 па се до 15.03.2010!?! При утврдувањето на соработката со службите, лустраторите се повикуваат на повеќе документи, од кои пет се создадени од УБК контролирана од првиот братучед на Груевски.

Комисијата со решение го лустрираше „Ветеринар“, меѓу другото, затоа што:

„...обезбедува сознанија за вклученоста на ДКП во Грција и Романија (нејасно е што е ДКП; заб. Ж.Т.). И односите на двете новоформирани асоцијации „Око“ и „Пелагонија“. Исто така, презентирал сознанија од безбедносен карактер по линија на спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба и Разузнавачките служби на Србија.“ Решението се повикува и на 5 докази (документи) кои се создадени во периодот од 3.10.2006 до 15.03 2010.

УБК создавала непобитни факти?

Ако им веруваме на „фактите“ создадени од службите (како што тоа слепо го прави Комисијата), тогаш „Ветеринар“ бил долгогодишен соработник на службите, со „решение за ангажирање на соработка“ од 1998.

Меѓутоа, клучната дилема по читањето на „доказите“ на кои се потпира Комисијата за лустрација е: Дали „Ветеринар“ давал информации од безбедносен интерес за државата, или пак информации со кои се прекршени основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини?

Лустраторите објавија политички досиеја и на „Големиот братучед“?

Со новиот контроверзен закон, со кој се газат претходните одлуки на Уставниот суд, Комисијата за лустрација има мандат да утврдува соработка и „од политички, идеолошки и партиски причини од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Но, зошто тогаш комисијата објави докази за соработништво и по 1 септември 2006, имајќи предвид дека лустрацијата е законски ограничена до овој ден, кога започнува примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Зошто тајните служби под раководство на „Големиот братучед“ продолжиле да користат извори „на конспиративен начин“ и по 1 септември 2006, кои информирале за активности не само на амбасадори и конзули, туку и за здруженија на граѓани, па дури и тогашни пратенички и други политички активни лица?

Најпосле, зошто Комисијата го лустрира „Ветеринар“ и не им поклонува верба на „фактите“ од строго доверливите документи на УБК кои одат во прилог на тезата дека соработникот информирал од безбедносни, а не од политички причини? Имено, при обидот за возобновување на соработката во 2008, на „Ветеринар“ му било објаснето дека иако требало да информира за политички активно лице „интересот на УБК нема никаква политичка позадина и дека интересот е чисто безбедносен“?

Секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде лустриран

Комисијата за лустрација објави строго доверливи документи од кои се гледа дека соработникот работел на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“, користејќи притоа и свои блиски извори кои воопшто не се заштитени. Но, зарем со објавувањето на овие информации не се компромитира работата на контра-разузнавачките служби инивните извори кои давале информации од безбедносен карактер за работата на странските служби?

Во предлогот за престанување на соработката со „Ветеринар“ од 2010 стои дека „спрема истиот во наредниот период ќе биде спроведувана мерката засилен оперативен надзор“. Во истиот предлог стои дека кај „Ветеринар“ отсуствува расположение за продолжување на соработката со УБК поради спроведувањето на Законот за лустрација.

Практично, Комисијата за лустрација објави „факт“ на УБК со кој се докажува дека Законот за лустрација навистина ги обесхрабрува соработниците да продолжат со работата на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“ и другите странски служби.

Исто така, комисијата за лустрација испрати порака дека секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде ем јавно лустриран, ем предмет на засилен оперативен надзор на тајните служби.

 

Кој ќе ја понесе одговорноста за прекршените човекови права?

Комисијата за лустрација утврди дека „Ветеринар“ соработувал со органите за државна безбедност, при што се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини не само во комунистичкиот режим, и не само од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,туку и по 1 септември 2006 година кога со УБК директорува „Големиот братучед“.

Затоа, ако Комисијата за лустрација и доказите што ги прифаќа „држат вода“, тогаш логично е да се постават следниве прашања:

Кој ќе ја понесе политичката и кривичната одговорност за прекршените човекови права со продолжување на полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причинии во периодот по 1 септември 2006 година?

Кој му дал овластување на „Големиот братучед“ да продолжи со следењето на здруженија на граѓани, пратеници и други политички активни лица, користејќи ги соработниците од својата мрежа?

Најпосле, зошто Комисијата за лустрација го обелоденува само името на информаторот, а ги заштитува имињата на вработените во УБК, кои се практично главни прекршувачи на човековите права (ако е точно дека навистина воделе досиеја од политички или идеолошки причини)?

Дали Јавниот обвинител и Народниот правобранител ќе преземат соодветни кривични мерки против одговорните во УБК кои, според Комисијата за лустрација, продолжиле да водат идеолошко-политички досиеја со користење тајни соработници и по 1 септември 2006 година?

Жарко Трајаноски (Псевдоним – „Зомбификација“)

P.S. Следно продолжение
Фељтон: Парадоксите на македонската лустрација (2)
Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

Слики: Adhika Rahmani

Дечко, ај повтори ми молим

Дечко, ај повтори ми молим те, кој те назначи за бранител на човековите права во Македонија?

Мала братучетке, колку те

Мала братучетке, колку те плаќа Големиот братучед за да клеветиш по портали?

familijaren, тоа прашање ми

familijaren, тоа прашање ми изгледа посоодветно за тебе.

Сепак, ќе ти одговорам: Нула. Компир. Ѕеро ме ѕеро.

И не клеветам, туку ми е преку глава од професионални бранители на човекови права што се јавуваат неповикани (иако знаеме кој ги повикал, т.е. платил) да „анализираат“ се и сешто. А анализата шуплива (текстот нема кохерентност и поента). Од авион се гледа дека е уште едно орудие во арсеналот на мрачните сили на минатото.

На истата тема: симанв некои

На истата тема: симанв некои од објавените досиеја од веб-страната на Комисијата. Верувајте, многу аматерски е направен обидот да воовие pdf-документи со „зацрнувањето“ да се скријат определени имиња, адреси, телефонски броеви и сл. Ми требаа само две минути да го видам тоа што го пишува под „заштитата“. Иако мене тие податоци не ме интересираат посебно, се прашувам што може да се случи кога ќе ги види некој кој тоа го интересира или тоа му е работа? Оваа комисија треба да поднесе одговорност што ја доведува во опасност безбедноста на државата.

Ednas mora da razberete,

Ednas mora da razberete, ednas i za sekogas " kaj shto ima ovci ke ima i ovcari" Pozdrav do site bracedi

ДКП - Дипломатско-конзуларни

ДКП - Дипломатско-конзуларни претставништва

Сергеј, аматеризмот е

Сергеј, аматеризмот е намерен, некои божем ги затскриле, ама со малку труд да можеш да ги разоткриеш. А некои, богами, се убаво скриени, за да не можеш ич да ги откриеш.
Не се доведува во опасност само безбедноста на државата, туку и на конкретни луѓе кои работеле за Македонија. Гајле им е нив за безбедноста, како што им беше гајле и во 2001-та. Во конкретниов случај, се обелоденува име на соработник кој нема абер од лустрација, кој не е регистриран за време на комунизмот, туку во 1998, за да работи против грчките и романските служби во Македонија. Странските служби лесно можат да ги прочитаат и дешифрираат имињата на изворите и македонските соработници, а што ќе стане со нив утре, само господ знае. Како и да е, никому веќе нема да му текне да соработува со УБК против грчките служби во Македонија, оти тие си имаат свои луѓе во УБК кои им ги разоткриваат досиејата.

Lustracijata e obid da se

Lustracijata e obid da se napise istorijata na vemerovskoto macenistvoto koe propustilo da se sluci. Naknadna povest na nepostoeckiot otpor. Brisenje na necistata sovest. 
Vo komunisticka Makedonija ne bea problem kodosite tuku toa sto tie kodosi nemaa sto da rabotat. Objavenite dokumenti za takanarecenite kodosi pokazuvaat deka komunistickata diktatura imala otpor samo vo tesko alkoholizirani budali.
Lustracijata, spored toa, e kofa govna koja ima padnato vo nasiot dvor od visokite etazi na edna umobolna vlast. Najgolemata glupost sto moze da ja napravi covekot koj vo megjuvreme uspeal da ostane normalen, e da rasprava za toa dali golemiot serator jadel nesto luto i dali govnata mu se proizvedeni od mrsna hrana, dali mirisot poveke udira na jorgovan ili na nane. Dali kofata e frlena vo soglasnost so Ustavot na Bivsata republika na Makedoncite ili serotinot na vlasta moze da se povika na narodnata volja kako nadustavna kategorija.
Site raspravi sto ne se koncentrirani na lopatite so koi govnoto mora da se isfrli se tesko sranje so koe govnjaniziranite gragjani i gragjanki se deklariraat kako sledbenici na Portokaloviot red na  Golemoto Gomno. 

Исто како што комуњарите ја

Исто како што комуњарите ја пребришаа историјата во 1945. Делумно и во ликот и делото на „борците“ што се накотија после војната и цицаа пензии.

За жал, сега ти си оној на другиот крај на лопатата. Те разбирам што со петни жили се бориш тоа да се смени, но нема враќање.

Пицковски јас како внук на

Пицковски јас како внук на првоборец неможам да ти опишам колку сум лут на дедо ми и на неговите другари „комуњари“. Да биле малце поспособни, ќе ги затреле од семе современите патриоти како тебе, па немаше денес да се просераваат/те како некој ја пребришувал историјата, како вие сте се напатиле поради вашиот патриотизам и како сега е дојдено време да си го наплатите патриотизмот - сега вие нешто се местите да цицате пензии. Знам дека најголема болка ви е што „комуњарите“ ги избркаа „ослободителите“ - вашите браќа Блгари и знам дека ви е мачно што уште сега неможете да им напраите споменици, него би ви требале уште 5-6 години за доперување на мозоците на простиот народ. Честито за споменикот на Тодор Александров, ама мислам дека и тој за некоја година ќе ви биде срушен, оти да бидеме реални нема уште 5-6 години да издржите на власт. Ти само спремај пасошот (бугарскиот) за бегање.

Царе, да додад.. Ова што овие

Царе, да додад.. Ова што овие го прават е рехабилитација на ванчомијаловистите; оваа мрачна ситуација е токму што комунистите попуштале по линија на здрав разум и супресија на наципналистите, која сметале дека е под контрола (ако ваква била сутуацијата да поранешна држ. безбедност всушност немала никаква работа, туку морала да го оправда своето бирократско работење на празно, воопшто не е чудно што Шишков како и други биле фаќани во пијана состојба), но еве не е (всушност ако гледамето се случи со Југославија и какви нацифашисти и наципналистички говеда правеа војни, насилства и останато, прашање е зошто немало еден Гол Оток по република), а овие тодоралександровци и ванчомихајловистички врховисти на чело со Груевски-Мијалков оската и со туце идиоти како Илија Димовски и Влатче Џорчев, всушност испаѓа дека се тотални дунстери по основи на општество, општествено уредување и историја на Македонците, но ги оставаме сами тоа да го откријат или да покажат дека се прави врховисти (тие тоа го прават), тука е и тиквата Бициклист и останатите. Они се во заблуда за многу состојби, историски ситуации и личности, така што честито ВРХОВИСТИ кои владеат со Македонија, како и марионетата како Претседател.

Ubav, dedo mi e zaginat vo

Ubav, dedo mi e zaginat vo Vojnata. Nemal sreka da prezivee kako dedo ti, da dobiva penzija i beneficii kurcejki se so "Se borev vo vojnata" iako se kriel vo posledni redovi kako i sekoja srbbomanska naivna pichka.
Ne go razbiram tvojot revolt kon lugjeto koi ja sakaat nivnata zemja, isto kako sto ne gi razbiram tvoite simpatii kon onie koi otvoreno se deklariraat kako pogolemi ljubiteli na srpskoto od makedonskoto. Verojatno dedo ti zaboravil da ti raskaze kako bugarskata okupacija po vojnata bila zameneta so srpskata hegemonija. Sepak, tvoe pravo e da ostanes pri oci slep, no ne teraj gi drugite da zamizat.

Никако вие „широковидите“

Никако вие „широковидите“ неможете да се помирите со фактот дека „комуњарите“ кои толку многу ги мразите се изборија да имаме држава, и да бидеме признаени како посебен народ со посебен јазик. Да постоеше таа српска хегемонија во форма како што сакате да ја претставите, ќе бевме се уште „Вардарска бановина“ или „Јужна Српска покраина“ и презимињата ќе ни завршуваа на „иќ“. Кој колку бил моќен во таа поранешна федерација, кој највеќе искористил, а кој најмалку, е интересна тема за разговор, ама не е тема која ги негира заслугите на „комуњарите“. По ѓаволите, истите тие „комуњари“ се изборија и за автоќефалност на црквата во која денес одите да се молите за да покажете колку сте „продуховени и поштени“.

Затоа од почит кон дедо ти, не се просеравај многу околу тоа за што го дал животот. Во времето кога се вклучувале во отпорот никој не им нудел пензии, ниту директорски фотељи нити членство во управни одбори, ниту вработување, за што денес современите „патриоти“ се надеваат кога ја искажуваат „својата љубов кон нивната земја“ веејќи знамиња по митинзи и лепејќи плакати.

Ако ти се криви „комуњарите“, што ти се криви па оние кои пред само 10 години ги дадоа своите животи верувајќи дека го жртвуваат за својата татковина? Како твојата „патриотска“ партија ги истретира нив? Оној Стојанче Ангелов што ви згреши толку за да го прогонувате и омаловажувате? Оние фамилии кои останаа без синови, мажи,татковци како ги истретиравте? Им ги поштипкавте дечињата една година ПРЕД КАМЕРА, им поделивте пакетчиња за Нова Година и ај марш после, „оти паричната помош ако не ви ја побараме назад, ќе нема пари за мадињата на споменикот на Аце“.

Него све сте со шизофренични умови и страдате од константна манија на гонење, па катаден ве гонат Срби, Удбаши, Соросоиди. Тоа не се лечи со лустрации на замислените ви непријатели, туку со лекарства.

Во ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА

Во ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК Ев.бр.106 од 14.04.1998 година стои и ова:

-"...ветеринарен факултет во Белград. Во тој период бил мошне активен во студенската организација и еден од иницијаторите и предводниците на македонските студенти во СРЈ."

-"Во минатиот период Бобовски Никола активно се користел по известителна линија спрема СРЈ под псевдоним "ВЕТЕРИНАР" при што беше континуирано присутен со актуелни сознанија."

Оваа фрла сосема инаква слика, зборува а КОНТИНУИТЕТ од 1945 до 2010 година, (сигурен сум дека е до денеска ама немам доказ.

Зошто Жарко го прескокнуваш??

пс. СРЈ е погрешен израз-се работи за СФРЈ, Бабовски студирал во првата половина на осумдесетите ако се суди по неговата година на раѓање.

Случајно бев на „Окно“ во

Случајно бев на „Окно“ во моментот кога се појави текстов на Жарко, а во друг таб ми беше отворен time.mk. Текстот моментално се појави на time.mk, не помина ни минута.

Никој не може да ме убеди (се разбирам малку од малку од компјутери) дека bot-от/crawler-от на агрегаторот толку брзо реагирал и го поставил баш овој текст на ВРВ НА насловна страна, каде што се задржа еве веќе еден час.

Во дослух сте, комуњари, све ова ви е испланирано и ујдисано кујзнае од кога.

И, да видам дали Коља е толку голем демократ како што се претставува и дали пак „случајно“ ќе го избрише коментарот. На пример, додека менува слики објавени без одобрение од авторот.

Премалку се разбираш од

Премалку се разбираш од компјутери. На компјутерот му требаат не неколку минути, туку неколку милисекунди за да ти го проследи текстот од изворниот сајт.

Na DBK nikoj ne treba da i

Na DBK nikoj ne treba da i dava ovlastuvanja:taa gi poseduva.
DBK go chita i ovoj komentar.
Celiot zakon za lustracija e totalno deplasiran i sluzi za otstrel na glavi i zabava za narodot.Da imavme vistinski Ustaven sud, Zakonot ke padneshe.
Vo minatoto, a i sega site diplomatsko konzularni pretstavnici(ambasadori, sovetnici, sekretari, atashea)bea i se prirodno nasocheni da sorabotuvaat vo celiot sistem za pribiranje na podatoci(DBk, voeno razuznavanje, DKP-a).
Ottamu, ne postoi ni eden ambasador shto, na eden ili drug nachin, ne sorabotuval so "sluzhbite". E sega dali toa vo sluzhbenite beleshki e zavedeno kako sorabotka ili pak e toa po sluzhbena dolzhnost-shiroka diskrecija.
Kako i da e, ima mnogu sivi zoni vo ovoj zakon.
Zakonot i celata postapka, na posofisticiran nachin, trebashe da se sprovede tamu negde do 1995. Mozebi denes na nekoj shto stradal ke mu donese moralna satisfakcija, no ne poveke od toa za da mozhe da se kazhe deka efektot ke bide takov shto vakvite praksi ke prestanat. Jok, sorabotnici imalo i ke ima. Zakonot ne celi kon toa DBK da se ukine ili promeni, tuku ednostavno da se stavi zhig na zatechenite od 91 do 2006.

И, нормално, мрежата си

И, нормално, мрежата си продолжи со несмалена динамика. Текстот веднаш се клонираше на сајтот на Геровитал како логистичка поддршка и меѓусебно давање кредибилитет.

Да не ви избега некое рипче во пропагандната мрежа.

(во претходниот мој коментар, последната реченица требаше да гласи: додека ги менува сликите кои се објавени без одобрение од авторот).

Се извинувам за

Се извинувам за последоватолните коментари, само уште ова:

Погодете кој текст го замени овој на најгорното место на првата страна на time.mk?

арно ти вика токмак еден

арно ти вика токмак еден неписмен други што ти го водаат животот беден.

А бе морону, а сега што

А бе морону, а сега што праиме, на прво место е насловот „Двајца нови кодоши, советници од власта“, од Вечер. Мора и тоа да е масло на „соросоидите“ :)

Па, идиоту, го заменил

Па, идиоту, го заменил текстот кој бил објавен после него, а ако биде објавен нов текст на истата тема, тој ќе го заземе првото место. Толку е просто, само треба да имаш кликер и да не си параноиден шизофреник.

Одговор до сите бранители на

Одговор до сите бранители на ненародните кодошобранители:

Апдејтот на Вечер беше во термин кога се апдејтува веб страницата на Вечер, значи според „редовно закажана програма“ што се почитува секој ден.

Окно како целина не се апдејтува доцна попладне/рано навечер, а овој текст беше единствен нов на Окно во тој момент. Сега, или Окно има преференцијален третман на Тиме.мк, па секој нов и/или вонреден текст моментално се појавува на Тиме.мк, што од искуство знаеме дека не е така, всушност дури и може да се каже дека Окно.мк е ретко застапен на Тиме.мк, или пак за овој текст биле потегнати врски/платени пари.

Како и да свртиш, ДОСЛУХ Е.

Попладне има огромен прилив

Попладне има огромен прилив на вести од телевизиите, па досега никогаш time.mk не „пополнувале програма“ попладне со okno.mk.

ДОСЛУХ Е.

Уште парадокси: Македонското

Уште парадокси:

Македонското „граѓанско слободно општество“, финансирана од најголемата глобална граѓанска мрежа на Сорос, составено од бивши комунисти - бранители на милиот ни самоуправен и едноумен поредок, протестираат против лустрацијата која треба да ги изведе на виделина луѓето кои ги уништувале слободоумните луѓе на Македонија.
Да не се насетува тука некој идентитетски проблем? иле се работи за обична паразитска багра, која се закачува на се што е спремно да плати.

Горната дефиниција изгледа логично само ако се замени „граѓанско слободно општество“ со „бивши УДБА шпиуни“, и граѓанска со шпиунска. Тогаш се си доаѓа на свое место. А богами и зборот мафија одлично се вклопува.
Чудна работа логиката..

Каде ти Меглено живееше за

Каде ти Меглено живееше за време на комунизмот? Како не те стрелале тоа УДБАшите ко си вака голема патриотка? Дај те молам приложи документите да видиме што толку си пострадала ти во бившиот режим? Ако докажеш срцка дека си била жртва, јас ќе идам да го молам Господин Господин да те стави на листа за беатрификација ко ќе умреш (се надевам у скоро време).

Wow. До тука ли дојдовме? Се

Wow. До тука ли дојдовме? Се надеваш во скоро време, а? Знаеш што, иди да се лечиш, оти стварно забегувате. Ви реков и порано, забегувате толку многу што ке морате на крај својата „чистота“ да ја докажувате со слични методи како Ал Каеда. Али пошто никогаш не сте имале кохони за тоа, ке се надевате само дека противниците ке ви умрат или пак некој ке ги смени откога вие ке ги искодошите, као на пример во Брисел. Звучи познато? Се секавате на новинарската бламажа со Борјан Јовановски, Секуловска. Позната кодошка тактика, само за нови платиши.
Толку е очигледно, што очите болат. Не е ни чудо што се браните. Треба човек само надимаците од маало да ви ги види и јасно ке му биде веднаш за какви луѓе се работи.

Meglena te molam navedi

Meglena te molam navedi nekolku primeri za prekarite od maalo, zivo sum zainteresiran. Pa znaci vie vo "centarot"ne samo iminjata sto ni gi znaete , tuku raspolagate i so varijacii na prekari. Navistina sum impresioniran.

Меглена, велиш, „лустрацијата

Меглена, велиш, „лустрацијата која треба да ги изведе на виделина луѓето кои ги уништувале слободоумните луѓе на Македонија“. А, кој ги уништува слободоумните луѓе на Македонија во моментов, кои гледаат што попрво да фатат џенем, само за да се спасат од канџите на фамилијата која ги контролира тајните служби и која владее со истите УДБА-шки методи како во комунизмот?
Никој тука не го брани комунистичкото едноумите, туку напротив, колку што можам да прочитам од насловот, се напаѓа „Големиот братучед“ кој полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини - а тоа го потврдил лично г-нот Аџиев кој се потпишал на решението за лустрација на „Ветеринар“.
Слободоумни се луѓето кои ги напаѓаат тајните служби кои кршеле човекови права од идеолошко-политички причини. А тие што ја бранат македонската лустација која ја спроведува тимот Аџиев-Мијалков, тие застануваат во одбрана на прекршителите на човековите права и на удбашката методологија со која се служат.

Прозирни ви се намерите. Се

Прозирни ви се намерите. Се обидувате да ја заматите водата за ништо да не може да се види. За лугето од едноумието нема дилеми, и тука треба да заврши приказната. Не помага вашата намера со разни оправданиа да се стават сите во исти казан. Се работи за два различни казани. Во едниот се сите оние пизди од едноумието, кој оделе и се лигавеле во УДБА, за сто марки повеќе или подобро работно место. Тој казан се вика лигушки казан. Во другиот казан се луѓето кои можеби се наместени од оваа власт, после 2006, ако има такви. Иако е доста тешко за верување, затоа што тоа му доаѓа како олеснување на ситуацијата на кодошите. Замисли, цела заебанција што може да ти се случи е да не те сакаат комшиите, а ти во меѓувреме си се накркал. Па тоа му доаѓа некако како помилување. Затоа се парадоксални вашите муабети. Не се концентрирате на правиот проблем, на чистењето и новиот почеток затоа што од тоа немате корист. Се концентрирате само на власта, а тоа ве става во иста кошница со лустрираните. Мислам дека народот ве прочита, а сега има и доказен материјал дека тоа стварно така и се случувало. Вие сте збирштина на лабилни луѓе, мекотели, кои никогаш немале карактер, умислена елита. Не е ни чудо што ниеден од вас не е математичар, физичар, научник. Егзактните науки не ви даваат простор за спинови, а богами и бараат работа. Вие би нешто да го познавате тој што плаќа и ако може да му се најдете.

Драга моја патриотке и

Драга моја патриотке и демократке оди прашај го другар ти Пичиклиски каде и што работел дедо му, колку луѓе има пратено на Голи Оток па после дојди да зборуваме за тоа кој спроведува лустрација и кој уствари се лустрира. Порано дедото се изживувал во име на едниот систем, денес внукот се изживува во име на другиот систем. Те заболе тебе баш за правда и прочистување, ти драга моја сакаш што подолго да си ја заджиш позицијата на која си се наместила со помош на твојата омилена партија.И сетоа тоа врз грбот на вистинските жртви на кодошење кој всушност постојат. Ама имињата на вистинските крвници и кодоши се прешкртани во документите врз основа на кои се лустрира. Само све осеќам дека ќе се најде некој факман и ќе ги одпрешкрта, па ќе нема место на планетава земја кај што после ќе можат да се скријат.

Оваа лакрдија што ја прави

Оваа лакрдија што ја прави власта со тирадите над „жртвите на комунизмот„ е навистина дегутантна. Ниту комунизам имало, па ниту ни жртви. Од досијеата се гледа дека тоа било масовна, неплодотворна полициска работа, на документирање на се и сешто. Што е најинтересно, тоа продолжува и ден денес, и тоа со истите методи, како што може да се заклучи од случајот што го наведува Жарко. И, кој е сега жртва, и на што? Впрочем, за стеснетите политички слободи, социјализмот гарантирал економски права на сите граѓани. А денес, освен што вмровската камарила си ги преполни џебовите, другите добиваат од трите подолгото!

Впрочем, како може насилници,

Впрочем, како може насилници, примитивци и лажговци да исправаат, некакви дури и претпоставени, неправди? Луѓе полни со омраза, неуки и лоши, ќе правеле општествена правда!?

Контактирано е со авторот на

Контактирано е со авторот на илустрацијата која била објавена без одобрение, но бидејќи се работи за млад уметник, тој нема ништо против да се шири неговото дело.

Меѓутоа, требало да биде контактиран авторот претходно.

Како се гледа од напишаното,

Како се гледа од напишаното, Замаглената, во умот разбира се, има список од "вашите" од вториот казан....нели точно им ги знае професиите...Измаглена од дека ти е тој список, кодош(ка) дпмнеовск(а)и...да не си ти втор(а) братучед(ка) на првиот братучед, а?

Не се пењавете, шиљокурани!

Не се пењавете, шиљокурани! Прашањето е едноставно: дали денеска во РМ постои кодошење од ПОЛИТИЧКО-ИДЕОЛОШКИ причини!
Се призамолуваат младите слободоумни демократи од десницата, да не се прават наудрени и да си признаат себеси дека се опиени од моќ, контрола, ароганција, автократија и создавање вистинска вистина. Исто говно сте, само ја усовршивте комуњарската машина за мелење месо.

Жарко, Милчин и останатите од

Жарко, Милчин и останатите од тоа друштво тврдеа дека со донесувањето на "демократскиот" Устав од 1991 година, нема веке следење на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ неистомисленици и дека ако имало тоа се изолирани случаи и се работи за злоупотреба на службената должност од страна на поединци. И сега повторно Жарко и неговото друштво зборуват за Мијалков и власта на Груевски а "негледаат" дека се е тоа континуитет, континуитет кој го одржувале и Мичин и Жарко.
Досиеата никогаш не престанале да се водат, бидејки во Македонија не се работи за судир на левица и десница, се работи за судир помеѓу Македонци и наемници на странски служби, за попречување на ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО на Македонија, во случајот на Вардарскиот дел на Македонија се работи за соработници на СРПСКИТЕ СЛУЖБИ.

А, да. Немој да ми продавате

А, да. Немој да ми продавате муда за бубрези, кога некој зборува за морална и политичка одговорност (за овој конкретен случај), пробајте да пишувате за тоа, а не колку биле лоши комуњарите, па онда едно спинче за „сеуште постоечката“ моќ на мрачните нво-комунисти. Грам креативност немате, џабе кампањи...

Shit just got serious. Коља

Shit just got serious.

Коља си го активираше партизанското име.

„Прашањето е едноставно: дали

„Прашањето е едноставно: дали денеска во РМ постои кодошење од ПОЛИТИЧКО-ИДЕОЛОШКИ причини!“
Одговорот е уште поедноставен.
Постојат политички затвореници, монтирани политички процеси, удбашки медиумски гласници, новинари-портпароли на УБК, медиумски кампањи за оцрнување на политички неистомисленици...
И, да - постојат и „кодоши“ клеветници, а и платени „агенти провокатори“ кои ја исполнуваат дневната норма зафрлање „пити гомнарки“ под текстовите кои ја критикуваат „фамилијата“.

Во овие коментари највеќе ме

Во овие коментари највеќе ме плашат „ја навијам за Партизан ти си Звездаш, сељак еден“ коментари. Не е јасно како не го разбирате историскиот момент на лустрацијата во македонската историја. Момент на чистење. Наместо да му се радувате на моментот, ми правите муабет „ а вие бе Бугарите што не се исчистите“. Во католичките земји овој процес лесно проаѓа затоа што релативно го имитира процесот на исповед, кој помага во заздравувањето на духот на човекот ли, народот ли.
Единствена казна за тие кои се предмет на лустрација е да не се хранат од буџетот. Што е тука спорно? Па нели е логично човек кој користел мафијашки средства да дојде до власт, не заслужува и понатака да биде во власта, во еден нов систем.
Како на вас коментаторите тука ви помага да му се прости на човек кој утре вас ке ве предаде и е морална нула, и да му се дозволи да одлучува во име на други луѓе. Нели треба гласачите да знаат за кого гласаат. За кој систем вие се борите?
Читам коментари, па никој нема да сака да кодоши за УБК, нема да сака да работи за УБК. Па што? Ве кинат од папокот или во што е проблемот? Ви се губи единствениот начин за напредување? Што ќе ви се непрофесионални агенти, рекла казала умислени типови? Ако сакате да поткажувате имате телефон, e-mail, текст порака, пратете им на УБК и исполнете си ја својата граѓанска должност ако сметате дека нешто се работи против уставот. Инаку, само на коментарите тука има повеќе материјал за тие кодоши отколку она на Шишков , „јас сум Бугарофил кажи и на службата“. А Шишков страдал поради тоа. Затоа не тресете зелени, помогнете го процесот на чистење со минатото, и шансата за нов почеток. Во исто време ако Пичиклиски се изживува, имате парламент направете комисија за работата на Пичиклиски и прашувајте го Пичиклиски под заклетва. Нека ви даде отчет под заклетва. На сите тие пратеници таму првата задача им е почитување на Уставот, а после доаќа партиската припадност.
Но, според коментарите и колумните на квази-елитата уште имаме леб да јадеме дури да дојдеме до тоа ниво.

„Па нели е логично човек кој

„Па нели е логично човек кој користел мафијашки средства да дојде до власт, не заслужува и понатака да биде во власта, во еден нов систем.“

Па нели е логично човек кој КОРИСТИ мафијашки средства да СЕ ЗАДРЖИ НА власт, не заслужува и понатака да биде во власта“

Еве драга моја, ти ја исправив реченицата.

„Во исто време ако Пичиклиски се изживува, имате парламент направете комисија за работата на Пичиклиски и прашувајте го Пичиклиски под заклетва.“

Немаме парламент, имаме циркус Медрано кој е воедно и технолошки најсовремениот циркус кој некогаш постоел затоа што е целосно роботизиран.

Така и другарка ти Доста кога ја фативме како прислушкува и прати неистомисленици си помина лесно, а сега и другарка ти Гоца и братучедот коа го прават истото си поминуваат лесно, оти си донесоа закон за да си го покријат газот за тоа што го прават. Не дека активностите на УДБА исто така не биле регулирани со закон во поранешниот систем. Ама немој после кога ќе паднете од власта да кукате како тие исти камери почнале вас да ве снимаат.

Совет: увек имај го пасошот под перница, не се знае кога итно ќе ти притреба.

И прашање: ти да не си ебачицата што го ебеше и паралелно го кодошеше Милчин? Ако не си, дај те молам досието нејзино да го видиме а богами и да ја излустрираме прописно.

Комуњар, за ебачицата ,

Комуњар, за ебачицата , искрено повеќе шанси да дознаеш за тоа имаш ако ја прашаш мајка ти. За ваков морон како тебе да се произведе треба Милчин да замешал нешто. Јас со мајка ти не сум имал ништо.

Меглена или поточно Меглен,

Меглена или поточно Меглен, ќе да си еден од љубовниците на овчарот кои градат кариера преку неговиот кревет. Немој само после некоја романтична криза да те прати малце у затвор, оти него така лоши знаат да му бидат раскинувањата.

Видовме во случајот со

Видовме во случајот со Цаноски кога се испрашуваше инспекторката.

Meglencho, koj si be ti?

Meglencho, koj si be ti? Zhivo me zanima imeto tvoe? Parlamentarec si?
Delish lekcii od visina i visish ovde denon okno...

„Ако сакате да поткажувате

„Ако сакате да поткажувате имате телефон, e-mail, текст порака, пратете им на УБК и исполнете си ја својата граѓанска должност ако сметате дека нешто се работи против уставот“

Драга моја претседателот на Комисијата за лустрација работи против уставот, ама УБК не е баш местото каде што тоа треба да се утврди. Иако знам дека се работи за Фројдовски лапсус, затоа што самата знаеш дека денес све иде преку УБК и братучедот.

Иначе да те прашам и ова: што бара оној огромниот двометраш што се облекува чудно и изиграва дека е нетокму во Менада секогаш кога таму има некои активности на Гем клубот? Собира информации што се од суштинско значење за безбедноста на нашата држава или снима за фамилијата да има што да си чита у слободно време? Се сеќавам кога пред 10 години пред избори се тупнуваше на маси и правеше „интересен муабет“ со прашањата: „Што мислите, ќе изгуби ли ВМРО на овие избори?“ и као додатен стимул неговата придрушничка додаваше „Ух, Ганка-селанка“. Е за кој кур тој кажи ми цица пари од буџет? Шири демократија?

Значи Меглена е травестит.

Значи Меглена е травестит.

Не бе Пипер, Меглена е

Не бе Пипер, Меглена е добиена кога на комунистички мозок е накалемена дпмнеовска душа..

@ Манила "Впрочем, како може

@ Манила

"Впрочем, како може насилници, примитивци и лажговци да исправаат, некакви дури и претпоставени, неправди? Луѓе полни со омраза, неуки и лоши, ќе правеле општествена правда!?"

За Манила, од коментарот погоре, погледни ги само коментарите на Комуњар. Како беше „ Луѓе полни со омраза, неуки и лоши“.
Некако како да не ја погодуваш групата. Отсега нема да ве почестувам ниту со називот квази-елита. Отсега само квази. Левелот квази-елита вие е многу висок.