Или режимот или државата

13.08.2012 15:36
Или режимот или државата

Ланското решение од комисијата која божем верификува факти, потпишано од претседател без мандат беше означено како строго доверливо. Тоа значеше дека не можам да објавувам делови од документите кои беа (зло)употребени за да бидам прогласен за соработник. А во годинашново решение од 30 јули кое, патем биди речено, претставува куп смрдливи лаги, Комисијата со потпис на Аџиев ме поучува (читај: ми наредува): За покренување постапка пред надлежен суд Владимир Милчин да ја извести Комисијата. (?!) Па еве ја користам оваа конференција за печат за да известам дека ќе покренам постапка пред Управниот суд против решението. Но, ќе поднесам и кривична пријава против лицето Томе Аџиев за повеќе дела, вклучително и затајување на документи. А кривична пријава за клевета ќе поднесам и против сите медиуми кои објавија фалсификат така што она што го направил некој соработник со псевдоним „Мишо“ му го припишаа на „Драматург“, односно на Владимир Милчин.

Од она што го има објавено, како и од она што го нема објавено на веб-страницата, можам само да заклучам дека лицето Томе Аџиев, кој бесправно раководи со Комисијата за верификација, е всушност кодош кој бесрамно и бескрупулозно ги спроведува барањата на своите налогодавци да се искомпромитираат и, така се надеваат тие, да се замолчат оние кои на глас спорат со нив. Методите со кои се служат ниту се нови, ниту се непознати.

Што направил Аџиев за да го исполни налогот? Најпрвин, го затаил документот со кој УБК ја известила Комисијата дека Владимир Милчин не бил соработник. Зошто? Зашто тој документ ја прави невозможна операцијата „Претворање на жртвата во кодош“. Потоа, го прикрил, односно не го објавил документот Прашалник за ревизија на лично досие од 1 декември 1983 година во кој пишува дека Владимир Милчин немал однос со органи за внатрешни работи. Зошто? Зашто тој документ ги обесмислува очајничките напори на Аџиев и дружината, полуписмените и неточни белешки од еден информативен разговор (одржан на 3 март 1981 година во просториите на РСВР на нивно барање) да се „унапредат“ во доказ за соработка. Третиот документ што Аџиев не го објавил е службената белешка од 3 ноември 1987 година, а ја има во моето досие 25630, од разговорот во кој двајца оперативни работници на СДБ се распрашувале кај тогашниот декан на ФДУ за моето интервју во неделникот „Данас“ за репресијата во Вевчани.
Три месеци по мојата дерегистрација како ПОО, тие се распрашувале за мене под моето име и презиме. Да сум бил соработник, ќе сум бил регистриран како таков и ќе сум имал псевдоним!

Но, Аџиев не само што крие и премолчува документи, тој интригира, клевети и инсинуира. Во отсуство на моја потпишана изјава за соработка, во отсуство на докази за материјални придобивки, тој инсинуира дека јас сум соработувал со органите на ДБ, „притоа остварувајќи и погодности за себе при напредување во службата“. Сака да каже дека одлуката да заминам од МНТ, кајшто бев драматург, режисер и раководител на Малата сцена, и да се пријавам на конкурсот за наставник по актерска на ФДУ, претставува напредување во службата? Ниту мојот избор за доцент ниту подоцнежниот избор за декан на ФДУ немаа благослов „одозгора“, туку некои мои колеги беа „искарани“. На ФДУ, деканската функција никогаш не била сметана за напредување, туку за одговорност и товар. А што друго и можела да биде, кога и редовните професори на ФДУ заминуваат во пензија со плата од 500 евра? Во моментот кога заминав од МНТ и „напредував во службата“, јас веќе имав три награди за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“, а моите претстави со Театарската работилница ФФ ги крстосуваа југословенските фестивали. За причините на моето заминување од МНТ во Решението за дерегистрација од ПОО стои: Поради неможност да ги спроведе и реализира своите замисли и определби во конципирањето на репертоарската политика го напушта театарот и продолжува да работи како професор на Високата школа за драмска и музичка уметност во Скопје.

Во седумте објавени документи има и два кои не се наоѓаат во моето досие, а во кои сум спомнат. Тие што му ги дале на Аџиев всушност го наместиле. И двата документа сведочат за сомнителната валидност и компетентност на таквите извештаи. Едниот, од 7 јануари 1983 година, известува за средба со некој соработник (угледен литерарен критичар, како што тврди самостојниот инспектор на СДБ!) заради добивање рецензија за драмскиот текст „Преспански круг со црвена боја“, две недели пред неговата премиера. Од извештајот се гледа и дека соработникот доставил и напишана рецензија за текстот. И сега доаѓа најсмешното: во оперативната забелешка самостојниот инспектор ставил дека ќе биде потребно да се приберат мислења и од други извори, посебно од „Драматург“! Пијан ли бил инспекторот или не си ја работел работата штом не знаел дека јас ја режирав инкриминираната претстава и со самото тоа позитивно сум го рецензирал драмскиот текст? Или, можеби, мислел на некој друг „Драматург“, кој не бил ПОО туку соработник?

Манипулацијата со другиот документ, од 2 декември 1981 година, нашироко користен деновиве од медиумите контролирани од власта, беше разоткриена во вчерашниот број на „Граѓански“. Имено, не жртвата „Драматург“, туку соработникот „Мишо“ побарал средба и го информирал самостојниот инспектор за некаков испад во бифето на „Вардар-филм“, кога Ристо Шишков во пијана состојба наводно изјавил дека е бугарофил!? Самостојниот инспектор во оперативната забелешка ставил и дека „за овакви и слични истапи информираат и соработникот (зацрнет псевдоним), како и „Драматург“. Не знам дали се работи за истиот самостоен инспектор, но потписот под вториот извештај е лошо поцрнет, па името може да се прочита. Индикативно е дека тој инспектор со иницијали С.К. не е едно од осумте службени лица што ми беа откриени при увидот во досието во 2000 година. Тогаш бев зачуден, зашто знаев дека дека во осумдесеттите години душкаше околу мене. Ја прочитав уште еднаш службената белешка за разговорот со мене одржан во РСВР на 3 февруари 1981 година (еден од седумте документи) и дури ни во таа полуписмена и неточна белешка не најдов ништо (ниту прашање ниту одговор) за политичките ставови или „испади“ на Ристо Шишков. Двајцата што разговараа со мене бездруго знаеле дека јас бев тој што го бранеше Шишков на партискиот состанок во салата на МНТ.

А што треба да докажат двете службени белешки од 1977 година? Со ПОО „Драматург“ е обавен разговор со цел да се расветлат некои моменти од неговиот престој и работа во Братислава, а посебно поради забраната за изведување на делото „Големата вода“ од Живко Чинго во негова режија во театарот „Нова сцена“ во Братислава, вака ја дефинира целта на информативниот разговор инспекторот. Се разбира дека не можев да ја одбијам поканата за информативен разговор за забрана на изведба на дело од македонски автор во моја режија во земја–членка на Советскиот блок. Знаев дека Службата за државна безбедност веќе прибирала мислења во кои јас сум бил обвинет дека сум го саботирал подобрувањето на односите Југославија – СССР. Костимографката на претставата (од Скопје) ми кажа дека СДБ побарала што е можно подетален опис на преставата веднаш штом се вратила од Братислава кајшто гледаше една проба–прогон. Во разговорот се обидов на инспекторот да му ги објаснам и контекстот и однесувањето на луѓето во театарот, отпорите и притисоците, но и поддршката. Се разбира, инспекторот имаше свој пристап и неговиот заклучок е непријателски и инсинуаторски: Лично мислам при тоа имајќи го во вид однесувањето на ПОО „Драматург“ за време на разговорот, тој чувствува одредено задоволство што сѐ се има случено околу забраната на премиерата на „Големата вода“ и дека тоа ќе го искористи за градење на личен престиж во средината каде работи и живее.

Во Решението од 30 јули 2012 година, Аџиев ја употребува истата техника. Премолчува дека на 22 јули 1987 година е поднесен предлог, а на 19 август 1987 година Владимир Милчин е дерегистриран како ПОО „Драматург“ и дека никогаш не е регистриран како соработник. Во Предлогот за дерегистрација јасно и дословно стои:

Во 1981 година со Милчин припадник на СДБ обавил разговор во кој меѓу другото се правеле обиди да се ангажира за соработка (...) После обавениот разговор и прифатениот предлог да контактира со припадник на СДБ не е остварен ниеден разговор од интерес на СДБ (...) Треба да се согледаат можностите за продолжување на контактите и создавање услови за градење на соработнички однос.

Не знам каков бил одговорот на функционерите на МВР и СДБ на овој предлог за „согледување на можностите за создавање услови за градење на соработнички однос“, но знам дека немало никаков обид за тоа. По сѐ изгледа, моето интервју во „Данас“, чие излегување временски се поклопи со решението за дерегистрација, беше и јасна порака дека се илузорни амбициите да се градат кариери со блатење, компромитирање или врбување на Владимир Милчин. Тоа што Аџиев, мнозинството во Комисијата и нивните советници денес се обидуваат со извртување, затајување и премолчување на фактите да ги реализираат налозите на властодршците претставува само морничаво потсетување дека овој режим во ништо не е ниту поправеден ниту подемократски од претходниот. И затоа мора да падне заедно со „ловот на вештерки“. И тоа мора да се случи пред да падне државата под ударите на ревносните слуги каков што е Аџиев, грдото лице на сегашниот режим.

Слики: Свирачиња

Ajde, ajde, navedni glavata i

Ajde, ajde, navedni glavata i zasrami se. Dusata samo ti znae sto se' nemas zlo praveno.

Од што да се засрами Милчин?!

Од што да се засрами Милчин?! Од тоа што десет години бил предмет на обработка на СДБ?! Од тоа што и денес е предмет на обработка на еден монструозен режим?! Да се засрами зашто ги создал најдобрите македонски актери последниве дваесет години? Зашто режирал театарски претстави, пишувал, реализирал илјадници проекти низ фондацијата Отворено општество Македонија?! (Нели груевците беа по проектите?) Од целава хајка против неистомислениците треба да се засрами монструозниот режим, пред се. А еден ден тој режим ќе треба и да одговара.

Не, не Лепи, мислам ОК и, ве

Не, не Лепи, мислам ОК и, ве разбирам што со сите сили го браните и ќе го браните, но не ги заменувајте тезите со ефтини штосови и спинови веќе видени во 90тите.

Милчин не е жртва на еден моструозен режим иако, така љуби да се прикаже себеси.
Тој бил дел од еден монструозен режим и создавал жртви за тој режим.

типот (никола гелевски, под

типот (никола гелевски, под еден од неговите шизофрени псевдоними) кој цица директно од цицката на соросовата организација, чијшто претседател е милчин (кој, патем, му е и близок пријател), го брани својот покровител од петни жили, и ние сега треба да го сожалуваме истиот зашто кодошел други? ма дај, ти се молам... паразит беден.

Ај те молам исчезни од нашиот

Ај те молам исчезни од нашиот живот и ти и твојата организација...

Не сме ние во вашиот живот,

Не сме ние во вашиот живот, туку вие ги украдовте животите на два милиони Македонци! Вие сте историскиот срам за Македонија! Победен, поглупав, понечесен, повалкан режим од сегашниов тешко е и да се замисли...

Милчин беше жртва на

Милчин беше жртва на комунистичкиот режим, како и Ристо Шишков и многу други (за тоа денес во весникот „Ден“ сведочи бивш разузнувач).
Гротескно е што денес во божем демократија Милчин пак го малтретираат божем антикомунистите (необолшевичкиот режим на Груевски).
Кој еднаш влегол во полициските картотеки (сеедно дали како жртва или извршител) изгледа дека цел живот ќе го крка стапот...

Изедначувањето на жртвите и

Изедначувањето на жртвите и кодошите самото за себе
зборува за состојбата на овие аморални, изгубени, комуњарчиња-соросоидчиња !

Овците на Груевски можат само

Овците на Груевски можат само да сонуваат за биографии каква што има Милчин! Таа завист им ги јаде ситните души. Ништо не направиле, животите им се табула раса, се’ што имаат добиле со политичката моќ и со клечењето пред разни пастири. Бедни ништожници што се јаки во толпа, без знаења и без биографии.

Се што Милчин има добиено е

Се што Милчин има добиено е благодарение на татко му и врските на татко му со бившиот режим.
А сигурно и некои ситни поени добил и тој самиот клечејќи пред тогашните пастири.

Затоа прикаските за неговата биографија, може да си ги кажувате пред заспивање.

Изгледа дека ова со кодошите

Изгледа дека ова со кодошите е шема доста длабоко навлезена во Македонското општество. Нејасни се неколку работи. Врз основа на кои аргументи тука дел од коментаторите го бранат Милчин, односно како знаат дека бил или не бил соработник на поранешниот режим. Згора на тоа па како СДСМ знаат дека бил или не бил соработник? Доста сомнително. Македонската институција дала свое мислење за случајот и се додека поинаку не се докаже, тоа е став на луѓето кои сме ги избрале да ја прават проверката на документите.
Едно прашање за сите што го читаат ова. Како и зошто дисидентот Милчин реши да стане дел од партијата која го наследи Сојузот на Комунисти на Македонија. Од друга страна пак како партијата која нели беше „државотворна“, и сериозно се занимаваше со непријателските дејанија на странските служби на територијата на Македонија (а тоа значи и детален увид и сопственост на целата архива и активни документи на државна безбедност), го прими Милчин во своите редови како докажан дисидент и борец против нивниот бивши режим.
Оваа логичка равенка има две решенија. Или Милчин е опасен агент,а СДСМ се неписмени морончиња кои се палат на познати фаци во своите редови - па го прибрале, или пак Милчин е трета класа кодош кого префриганиот СДСМ го уценува и го убацил во НВО како свој агент за контрола на интелектуалниот капацитет на Македонија. Поверојатна е оваа втората варијанта, поради фактот што сите НВО и слични се застанати позади акцијата за обезличувањето на Македонија во држава со народ без идентитет, или како што сакаат на галено да го викаат „граѓанско цивилно општество“. Ако го прашаат Андов може да не викаат и „држава на човеци“.

„Македонската институција

„Македонската институција дала свое мислење за случајот.“ Сите четири агенции (македонски институции од највисок ред, компетентни токму за прашањата на кодошењето) го дале своето мислење дека Милчин никогаш не бил соработник. Аџиев тоа мислење го игнорирал и си донел пресуда во својата приватна инквизиторска институција (т.е. институција на пастирот и неговата Фамилија).
Мигрена, ти си кодош на најстрашниот режим што го имала Македонија изминативе седумдесет години! И како таков не заслужуваш третман на рамноправност, зашто (освен што си кодош) си гнида и слуга на еден одвратен гангстерски режим.

Како бе се’ ви се врти во

Како бе се’ ви се врти во лични навреди. Тоа во статут на партијата ви е или ви е вродено. Нејсе, не знам што толку се палиш, за еден докажан дисидент како Милчин, да издржи уште еден режим не би требало да е нешто многу тешко. Дури и добредојдено треба да му е ситуацијава, затоа што би го докажала како извонреден борец за права. Мрѓутоа, од виденото изгледа дека друг е проблемот. Проблемот е како да ги убедиш искрените души во НВО-ата дека дека не се дел од една голема измама, оркестрирана од непријатели на Македонија. Тука е проблемот на Милчин. Но како и да е, едно е повеќе од јасно, сите тајни ке излезат на виделина, полека ке почнат да се отвараат картите и мотивите на транзиционите играчи, и валканите методи и игри правени во тој период.

Значи, треба да се бавиме со

Значи, треба да се бавиме со прашањето зашто Милчин станал член на СДСМ?! Па па па... Какви спинови... Додека пљачкашите на Грујо камен на камен не оставаат од земјава, ние треба да се бавиме со теориите зашто Владе Милчин не бил комунист но бил социјалдемократ?! И врз основа на тоа да градиме приказни за моралниот лик на тој човек?!
А зашто Груевски влегол во ДПМНЕ? Зашто тој човек со своите бедни слуги ја разнебитува и ја дели Македонија, по втор пат? (прв пат тоа го правеа заедно со Љубчо) Ќе одговара ли Груевски за огромните криминали што ги правеше заедно со Љубчо?! И ќе одговара ли еден ден зашто не реагирал (а беше еден од највисоките министри на Љубчо) при обидите да се дели Република Македонија?! Зарем ова не се поинтересни прашања од тоа кои биле мотивите на Милчин да стане член на СДСМ?!

А да се бавиш со прашањето

А да се бавиш со прашањето зошто СДСМ го примил Милчин? И тоа е многу интересно прашање ? Дисидент во своите редови?

А да докажам за Груевски.

А да докажам за Груевски. Апсолутно немам проблем да одговара за дела направени против Македонија, или било каков криминал. Држава што зависи од еден човек е осудена на неуспех, и е лесно ранлива. Нашето знаме, привремено име и иамените во преамбулата на уставот го докажуваат тоа. Што може да стане кога се зависи од еден човек.

Пак ќе повторам: Милчин е

Пак ќе повторам: Милчин е интересен зашто е богата, комплексна, талентирана личност, со огромен стаж, труд и заслуги за Македонија, на сите рамништа на кои работел. Јасно е зашто груевистите се фасцинирани од него. Целиот потесен кабинет на пастирот да се собере пак ќе ги немаат заслугите и големината на Милчин. Затоа сакаат да го уништат. Груевизмот може да вирее само сред јалова почва. Во општество без личности, без индивидуи, без минато (минатото се конструира за дневните потреби на режимот). Во кое, впрочем, нормално општество единствените угледни луѓе можат да бидат Груевски, Тодоров, Коневски, Јанакиевски, Јанкуловска, Мијалков итн? Што кој било од нив направил во животот?! По што се истакнува? (освен по послушноста) Македонија со вакви ликови е глуво семе, мртва земја. Тие безлични ликови го уништуваат целиот живот во темниов вилает. „Обично разбију сва огледала на која наиѓу, да не остане ни помен на љепоту“, пееше Џони Штулиќ.

За разлика од Фрчковски,

За разлика од Фрчковски, Бучковски, Грчев, Црвенковски, Шекеринска и слични докажани лепотани на кои, според тебе, можеме да и им се радуваме на рефлексиите. Азра, верувам дека луѓево се величини за тебе. Само знаеш што, немој гласно да го кажеш тоа пред нив, затоа што ни самите не веруваат во тоа. Ке им биде незгодно. Знаеш што е заедничко за сите нив. Живеат од буџет - цел живот.
Се додека не разбереш дека ти си величина а они само си играат со твоите пари, нигде нема да стигнеме.

Замаглена, во акалот разбира

Замаглена, во акалот разбира се, де објасни ми....зашто веруваш во пишуванки од неписмени оперативци на МВР, плус комунисти...а не веруваш во судски решенија за предметите на Ченто, Пирузе, Брашнарот итн, итн...кои ги денесоа троа по писмени комунисти...ако ме прашаш, за мене и едните и другите се сомнителни...

Немој така Азра...еве,

Немој така Азра...еве, Јанкуловска например, продала неколку илјади СИМ картички, ај Милчин нека продаде, а?...

Мислам дајте луѓе не се

Мислам дајте луѓе не се бламирајте.

Се што Милчин има добиено е благодарение на татко му и врските на татко му со бившиот режим.
Милчин е еден обичен медиокритет, кој својата кариера ја изгради клечејќи пред тогашните пастири.

Затоа прикаските за неговата биографија се смешни.

Како тоа "Драматургот" давал

Како тоа "Драматургот" давал информации "на свое барање",(како што можевме да прочитаме во неговото досие), а вие овде велите не бил соработник/информатор/кодош?!?

значи, ја имаме следнава

значи, ја имаме следнава ситуација: дваесетина коментари, од кои половина се на никола гелевски, докажан паразит закачен за цицката на соросовата организација, чијшто претседател е милчин, кој не само што му е близок пријател туку му е и спонзор за овој сајт. гелевски од петни жили се обидува да го претстави милчин како жртва на груевизмот (карма - што си правел во минатиот живот, во новиот ќе те снајде истото), додека неистомислениците се обидуваат да постават некои скокотливи прашања од минатото на овој сомнителен лик. резултат: шизофренија, односно мултиплицирана личност која понекогаш се заборава и се кара со самата себе. а бе, смешки, кога ви велам.

BREJ, se nasobrale

BREJ, se nasobrale prerodbenicki govna na statijava kako DPMNE-ovci na manastir!!!
Da ti se zgadi.

А манастирите полни со

А манастирите полни со СДСМ-овци, шо да ти причам. Или да не ги броиш во светците на иконите?

Милчин е кодош, Гелевски е

Милчин е кодош, Гелевски е шизофреник, СДСМ се анахрони комуњари. Грчев го продаде Дебар маало и е зачетник на СК014. Цела опозиција се љубчо-љубеидни дегенерици за во затвор. Комплет со бранителите и нечесните Албанци. Сите тие треба да се фрлат у море, заедно со Грците, Американците и ЕУ. Дури и десничарите од Фокус се предавници. Еден од најугледните, најумните и највредните Македонци во втората половина на 20 век, Коста Балабанов, исто е кодош. Блаже Конески, веројатно најголемиот Македонец, е џуџето од Небрегово. Итн. Итн. Постојат само Груевски и Тодоров. И малку под нив Јанкуловска, Јанакиевски итн. Македонците немаат ниту угледни луѓе, ниту минато. Нацијата се (себе)откри пред шест години, од тогаш почна ново одбројување на времето и нова историја. Супер ни е.

Шизофреникот еднаш фино го

Шизофреникот еднаш фино го опиша времето во кое живееме, времето на Меглена, Грујо, Јанко, Мирка... Тоа е време на превртената вода:

Рибарите во (Мишковата) Србија имаат интересен израз: „се превртела водата“; притоа мислат на периодот кога
реката надоаѓа и тињата од дното доаѓа на површина... Е, во такво време живееме, време на превртена вода, кога гадоста од дното станува највидливиот дел на реката. Состојбата што ја тресе нашата држава (налик на бунило) може да се нарече и мизерабилизам. Терминот го создаде Андре Бретон; тој се однесува на сите општествени, политички и културни стратегии кои граѓаните ги ставаат во положба да бидат доброволни учесници во сопствената деградација. Надоврзувајќи се на Марксовата идеја за акумулација на економската „мизерија“, Бретон излегува од економските категории и го дефинира мизерабилизмот како целосно и системско занемарување на стварноста заради нејзината егзалтирана верзија. Безнадежноста и очајанието на луѓето се енергиите на мизерабилизмот кои понекогаш се придвижени и управувани од мизерни моќници кои на крајот најчесто стануваат жртви на сопствените монструми ослободени од ќупот.

Ова исто се однесува на

Ова исто се однесува на реатардираните бранители на забеганиот груевистички режим:

Такво време дојде, велеше Матош, мораш да бидеш „бедаст као тољага“. Такво време дојде, велеше Јејтс, „на најдобрите им недостасува убедување, а најлошите се полни со страсна жестокост“.

Шизофреникот серел ли

Шизофреникот серел ли серел:
Низ годиниве нам врз главите, почитувани читатели, да простите, ни се посра револуционерната партија. Откако „револуционерите“, велам, ја освоија Македонија како провален стан, тие отворено се исраа среде салонот, за недвосмислено јасно да ни соопштат како стојат работите. Револуционерниот процес на серење во салон го објаснил уште Сталин. Накусо ќе прераскажам како тој, преку крадење и серење, дошол до некои непроценливи политички согледби. Младиот Сталин бил член на банда крадци, наречени „кинтоси“. Благодарение на кинтосите, се фалел подоцна комунистичкиот цар, тој ја стекнал својата „виртуозност во пцуењето“, а од нив ја научил и возбудата на провалата. Водачот на бандата го викале „Мајмун“, поради долгите влакнести раце прекриени со зелени тетоважи и поради способноста секаде да се испентари. Откако Мајмун низ олукот ќе се качел на третиот кат на некоја зграда, ќе ја отворел влезната врата и целата банда влегувала внатре. Во една романсирана биографија на Сталин се раскажува дека Мајмун често знаел да се посере на подот на станот во којшто бандата провалила. Сталин објаснува дека постојат три причини поради кои провалниците го прават тоа. Првата, се разбира, е крајниот презир - да ти се серам на куќата. Втората, тоа е потврда на слободата - ако сакам, јас дури и овде ќе се посерам. Третата причина, тоа на некој начин е растоварување од целата работа - земав некои твои гомна и ги оставив своите.

Ја не знам дали Милчин бил

Ја не знам дали Милчин бил или не бил кодош и појма неам шо е тоа лустрација, али ова што се случува во државата ми смрди на некој нацистички режим. Како што можам да видам, секој кој оди контра на оваа влада може многу лесно да заврши во затвор. Невиден тоталитаризам, фашизам и нацизам!

Неспорен факт е дека еден од

Неспорен факт е дека еден од документите приложени со одлуката е од „Мишо„ Името еднаш е затемнето, но се чита, а еднаш е убаво напишано - кој ја дал изјавата за бугарофилството на Шишков. Значи соработникот Мишо. А ова му се инсинуира на Милчин.

...se izvinuvam veceto tuka

...se izvinuvam veceto tuka li e?

interesno e kako nemate ni

interesno e kako nemate ni eden argument vo odnos na tekstot kade jasno se dokazuva deka covekot e napadnat samo zaradi sto ne e so mal pateticen mozok kako site vas koi vo kolenata ste pocrvenele od molenje po volovi kako onoj sto ni ja nosi zemjata vo provalija samo vi se blizi krajot ke ve istrpime uste malku opsle ke ve vidam kaj ke odite

Многу добро кажано! Само, ако

Многу добро кажано! Само, ако може малку попрецизно да ни објасниш што ќе им правите на овои кога Вие ќе бидете во можност - власт? Ќе ги затворите во затвор или ќе ги пратите на робија на гол остров или некоја пустелија? Или ќе бидете покреативни, како на пример, да ги набиете на колец или јавно да ги силувате. Или можеби живи ќе ги изедете? А како на пример Ви звучи масовна гробница? А, познато и проверено. Можеби тато не, ама дедо сигурно има искуство. Ако не со масовно стратиште тогаш сигурно со стрелање трудна партизанка. Сепак ќе предложам, со речникот на нашите истакнати интелектуалци, сите заедно да се удавиме во гомната кои со години, децении и векови ги сереме!!!

Сите вие сте КОДОШИ , целото

Сите вие сте КОДОШИ , целото општество на Балканот е кодошко. Сите вие кои што велите дека да тој Милчин е кодош и го покажувате со прст го линчувате без докази а го правите кодош само затоа што ви даваат некои помочани 200 евра , само затоа што Милчин е првиот дисидент во ова бедно но вистинито Македонско општество, според сите вас неписмени Да тој е кодош. Но за мене сте кодоши и сите вие а дали знаете зошто ? - Секој од вас барем најмалку еднаш има отидено кај комшијата да види како му е наместено, од каде сето тоа тој го купил од каде пари, со една реченица ве интересира повеќе за некој друг како живее отколку за вас самите. Ставете си го прстот на слепоочница и размислете а потоа одговорете сите вие кои покажувате со прст некого - Дали вие сте КОДОШИ , Дали вашите татковци се КОДОШИ , дали вашите дедовци се КОДОШИ ?
Бедни сте колку што е беден целиов овој систем .

КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА - Јасна

КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА - Јасна Котевска
Земете ја книгата и прочитајте ја .