
Еден од најсекси зборовите за секој просечен граѓанин кој сака да се занимава со политика и, воопшто, да дискутира на теми од јавен интерес, е секако терминот “патриотизам”. Тоа е поим со едно широко, општо значење, еден од оние зборови кои во исто време значат и сè и ништо. Како и да е, зборот патриотизам го среќавам доста често во многу коментари, пораки и мејлови кои ги добивам како реакција на моите текстови; најчесто посочен како вредност која ми недостасува. А тоа ми отвара цел сет на прашања.
* * *
Како прво, и самиот понекогаш имам проблем да сфатам, што е патриотизам?! Размислувам гласно:
Една гломазна некритичка перцепција на терминот “патриотизам” е дека тој означува “приврзаност (љубов) кон татковината” или попрецизно “гледање низ призма на татковината”, значење кое се извлекува од етимолошкото потекло на зборот: патриа, на латински татковина. И таа приврзаност секој си ја дефинира различно: едни велат дека патриотизам е да си спремен да умреш за татковината и за нацијата, други велат дека патриотизам е да бидеш “свој на своето”, трети велат дека патриотизам е “да си го средиш прво сопствениот двор, па потоа да се грижиш за комшијата”. Ова, се разбира, не се ни одблизу сите дефиниции кои може да се дадат за терминот “патриотизам” како “приврзаност кон татковината” или “гледање низ призма на татковината”; бидејќи во овој случај важи правилото на баналност (како и за секоја дефиниција на работи поврзани со каква било приврзаност) – значи: колку патриоти толку патриотизми и толку различни, па дури и спротиставени “љубови”. Како и да е, едно е заедничко за сите нив: појдовна точка во дефинирањето на патриотизмот е одбраната на вредности (понекогаш и светости), во доменот на политичката сфера; и тоа не обични вредности, туку вредности кои гравитираат околу самото “поле” во кое поединецот се наоѓа (татковината, нацијата, “дворот” и сл.).
Од аспект на политичката филозофија, пак, патриотизмот е дискутабилно празен термин. Патриотизмот, ако поаѓа од приврзаноста на поединецот кон татковината (или заедницата), веројатно би се преточил во политичко делување за доброто на истата таа љубена татковина или заедница. Впрочем, и логично е да се претпостави дека секој кој се бави со политика (етимолошки од полис, на старогрчки град или град-држава, и политес, на старогрчки граѓанин), размислува на едно пошироко ниво, за заедницата, за татковината; оттаму, веројатно сите оние кои се бават со политика (тие кои не се ниту “богови” ни “ѕверови”), имаат иста цел – добробит на татковината. И во тој случај, да се дефинира “патриотизам” е тотално непотребно; исто како што не е потребно да се дефинира желбата за подобар живот. Колоквијално кажано, “и јас и ти би сакале да живееме во подобар свет”; значи, “и јас и ти сме помалку или повеќе патриоти” (освен ако едниот од нас е “бог” или “ѕвер”). Проблемот е што нашите визии за подобар свет се разликуваат, понекогаш и се спротиставуваат.
* * *
Сепак, иако патриотизмот е фрустрирачки неатрактивен за дебата, истражување и воопшто размислување од аспект на политичката социологија и филозофија, тој е доста интересен поим од аспект на политичката и социјалната психологија. Елементите на “љубов” колку што го прават патриотизмот неинтересен од аспект на политиката, дотолку го прават интересен за истражување на поединецот и начинот на кој е тој заљубен во татковината.
Теодор Адорно и соработниците, во епохалниот труд “Авторитарната личност” од 1950, посветуваат одредено внимание и на феноменот на патриотизмот, каде го дефинираат како “слепа приврзаност до вредностите на сопствената национална култура, некритички конформизам (...) и отпор кон припадниците на други нации”. Тие го гледаат патриотизмот пред сè како дел од авторитарниот склоп и особено како средство за стекнување моќ и контролирање на масите од страна на авторитарните политички лидери. Секако, ова не е идеална дефиниција, зашто е еднодимензионална, како што ќе посочат критичарите на Адорно. Она што е недостаток во оваа теорија е што таа априорно ја одредува содржината на терминот патриотизам. Единствените можности за истражување на патриотизмот, оттука, се во поглед на неговиот интензитет. Адорно всушност го прифаќа поедноставеното тврдење дека патриотизмот е “приврзаност кон татковината”, со тоа што она што патриотите го сметаат за позитивно, тој тотално го деконструира и го претставува како инхерентно игнорантно однесување.
Како и да е, барем помеѓу психолозите можат да се најдат многу имиња кои се бават со оваа тема. Еден од најреспектабилните современи автори на топикот “патриотизам” е Ирвин Стауб (инаку Стауб генерално се занимава со истражување на колективното насилство и на геноцидите; една од неговите теми е и војната во Босна; неговата теорија за патриотизмот произлегува од неговите сознанија дека не секогаш тој вродува со милитантно однесување). Според него, патриотизмот треба да се истражува како дводимензионална категорија: едната димензија е онаа веќе прифатената (на интензитетот); втората, спротивно на теоријата на Адорно, е квалитативна: таа одговара на прашањето: каков е тој патриотизам? И тоа е она што Стауб го воведува, а што е многу важно при дискутирањето на тема патриотизам: тој вели дека во основа патриотизмот може да варира помеѓу слеп (или поадекватен македонски превод на blind би бил “ќорав”) и конструктивен.
Но, во суштина, кој е критериумот што е ќорав, а што конструктивен патриотизам? Главниот критериум и кај Стауб е всушност еден вид навраќање на Адорно: ќоравиот патриотизам е “ригидна и нефлексибилна приврзаност за земјата, карактеризирана со непреиспитување на позитивното мислење за неа, железна 'верност', и неприфаќање на критика”. Сепак, овој модел предвидува и постоење на друга варијанта на патриотизмот: “поврзаност со сопствената земја карактеризирана со 'критичка лојалност', константно преиспитување и критичност кон групните практики, мотивирано од желбата за позитивна промена”. Овој модел Стауб и неговите соработници (и оние кои го разработуваат неговиот модел) понатаму го применуваат во различни контексти, и ги истражуваат корелациите со различни варијабли (приврзаност кон нацијата, национализам, чувство на загрозеност, политичка ефикасност на владата, национална ранливост, политичко знаење, политичка информираност и активност, и политичка идеологија). Но она што е најважно за овој текст: за да ги изнијансираат испитаниците на скалата помеѓу ќорав и конструктивен патриотизам, тие поставуваат прашалници од по дваесетина “ќорави” и “конструктивни” тврдења комбинирано, кои се поврзани со политичката ситуација во дадена средина (матичната средина на испитаниците), со кои испитаниците треба да се согласат или да се спротистават (на скалата со повеќе мерни единици). На пример, во САД, поставуваат прашања за историската оправданост на протестите против војната во Виетнам, или пак за критицизмот кон САД како суперсила од страна на остатокот од светот. Но, поголемиот дел од прашањата всушност се општи, и би можеле да се прилагодат на која било средина. Тоа во македонски контекст би одело вака некако: дали се согласувате дека: “луѓето кои не ја поддржуваат Македонија со целото свое срце треба да живеат на некое друго место”; “ако некоја друга земја не се согласува со некоја од позициите на Македонија, јас нема нужно да застанам на страната на Македонија”; “луѓето кои протестираат против владата се добри, интелигентни луѓе”, “ја поддржувам Македонија само зашто е моја земја”, “токму поради фактот што се идентификувам со Македонија, некои од работите со кои таа се одликува ме прават да се чувствувам тажно” итн. Прашањата се многу едноставни, но не би сакал да се оддалечувам од иницијалната тема на овој текст.
* * *
Како за крај, кој би бил ќорав а кој конструктивен патриот во Македонија, тогаш? Дали е ќор или конструктивен мојот најверен читател (кој ме смета за предавник и непатриот) кој има своја профил страница на која повеќе од 100 пати има напишано дека тој е Македонец, и дека ја сака (обединета) Македонија; дали е ќор или конструктивен еден мој друг верен читател кој фрла со дрва и камења на своите сограѓани кои не делат слични визии како него за иднината на земјата; од друга страна, дали се ќори или конструктивни оцрнетите ликови (некои од нив и автори на Окно) кои не се согласуваат со владините политики и историскиот инженеринг кој се спроведува?!
Гледано низ Стаубовиот модел, сепак, излегува дека сите декларирани патриоти (удирачи во гради), се многу повеќе ќори отколку конструктивни; во исто време, сите оние кои “левичарат”, се залагаат за некаква социјална правда и подобра иднина, макар и ризикувајќи ја безбедноста на националните симболи, се во суштина конструктивни патриоти (како што вели еден мој пријател, искрените левичари во суштина се и најголеми патриоти, само што тоа и самите сеуште не го сознале).
Сепак, би завршил со два експлоатирани цитати кои доста сликовито ја илустрираат мојата поента овде:
а) “Нашата земја! (...) За нашата земја, и да е во право, и да не е!” - Стивен Декатур (американски поморски капетан, 1816)
б) “Нашата земја, и да е во право, и да не е! Кога е во право, да ја поддржиме; кога не е, да и помогнеме да излезе на прав пат!” - Карл Шурц (американски државник, 1872)
Останува на патриотите да си одберат.
Слики: Paul Rumsey
Прво немој да манипулираш со
Испратено на 04 септември 2009 од Марио ШаревскиПрво немој да манипулираш со работи кои што не сум ги кажал. Јас никаде не сум рекол дека ти си предавник или не-патриот. Јас секогаш велам дека си неконструктивен во написите против национализмот, само го критикуваш македонскиот, а има огромна основа и аргументи да се пишува и за другите (албанскиот, српскиот), а со тоа се добива слика дека ти сметаат Македонците како нација и се она што тие го прават и што е поврзано со нив самите (толкување на историјата, љубовта кон својата земја). Второ, јас дали сум напишал 100 или 1000 пати дека сум Македонец, и дека ја сакам (обединета) Македонија, најпрвин е моја лична работа и мислам ти како борец за човекови права немаш право да ми се мешаш во моите лични работи, ниту пак да ги коментираш. Ако некогаш истапам со јавни настапи против етничките заедници, ако некогаш почнам јавно да ширам национална, верска, расна нетрпеливост тогаш бујрум коментирај колку сакаш, работите на мојот профил се лично мои и немаш ти право јавно да ги коментираш.
Ако љубовта е слепа, тогаш
Испратено на 04 септември 2009 од АнонименАко љубовта е слепа, тогаш патриотизмот ги изгубил сите пет сетила...
Види пошто не си по
Испратено на 05 септември 2009 од Dame1612Види пошто не си по националност Македонец можам да пробам да ти објаснам потеклото и потребата од Македонски патриотизам .
Македонскиот патриотизам има корени од време на Турското владение во Македонија .
За време на Турците се вршеле масовни државни кампањи на муслиманизација на населението кое било христијанско . Во тоа време за да ти стане животот поарен било паметно да станеш муслиман и да добиеш некои ситни привилегии ( исто како денеска да станеш северно македонец за да влезеш во ЕУ )
Власите дури им тетовирале крст на чело на младите девојки за ако бидат грабнати од Турците да неможат да станат Муслиманки и да бидат ануми .
Траумите од тоа време си влечат до ден денеска во свеста на обичниот Македонец . Од дедо , баба , татко , мајка има предание да не се откажуваш од тоа што си и не станеш потурчин , поевропеец , понатовец .......
Патриотизам е да си го чуваш своето без обзир што ти се нуди како противуслуга .
Патриотизмот не е пазар.
Патриотизмот не одржал во турско , српско , бугарско , ке не одржи и во европејско ропство.
( којзнае што ке им текне можда пак ке не обединуваат со србија , бугарија , југоунија ,можда ке имаме албанско македонска унија нив толку им чује , за живи не не сматраат... ) ...
Патриотизмот ни го одржува интегритетот на нацијата . Мене и другите не ме спојува ништо освен свеста дека припаѓаме на иста нација . Ако и таа свест ми ја избришат и ме сведат на обичен граѓанин , јас ке станам поединец и многу лесно можам да завршам како моите муслимански сонародници кои сега живеат во Бурса и Анталија .
Третина Софија има Македонско потекло .
Цената на откажување од патриотизмот е голема ......
Па две чисти да се немало во
Испратено на 05 септември 2009 од EuroDumbПа две чисти да се немало во коментарите. После суптилно обработените моменти, се дрзнувате да пренесете смрдливи неконцизни толкувања за патриотизмот!? Да погодам, веројатно сте зеле само првиот параграф да го прочитате, и бам, одма на коментарисување. Дури и да сте биле доволно писмени да го прочитате до крај, „ќоравоста“ на патриотизмот докажува на овој принцип дека сте поќорави од крт. Сите од вас ја фалат својата држава, но повеќето од вас патриотите радо би ја продале, како курва во балкански ланец на трговија со луѓе. Оние, патриотите, лојалните личности умираат за државата, но не изустуваат дека се патриоти. Ние пред се сме џентлмени, а после дури патриоти.
За која држава треба да бидам патриот? За таа каде сум зачнат, каде сум се родил, каде сум го поминал детството, каде сум учел, работел, или сега живеам? На таа мисла ме наведе Џорџ Бернард Шо, кој забележал, дека „Патриотизмот - тоа е разрушувачка, психопатска форма на идиотизам.“ (Арон В.)
Зар јас не сум патриот!?
Испратено на 05 септември 2009 од ExtraEuroDumbЗар јас не сум патриот!? Секој ден јас го поддржувам македонското производство..... кога одам во тоалет. :-)
Ubi bene ibi patria. - (c)
Испратено на 06 септември 2009 од Паша МаксимусUbi bene ibi patria. - (c) Стара непатриотска поговорка.
Апсурдно е колкумина од тие
Испратено на 06 септември 2009 од АнонименАпсурдно е колкумина од тие со вцрвенети гради имаат извадено бугарски пасош. Дали за да купат евтини возила или да здувнат на печалба не е битно. Битно е дека ако евентуално се реши спорот со Грција, следува спор со Бугарија за правата на 60.000 наводни Бугари кои живеат во Македонија. Трагично е тоа што сегашниот естаблишмент кој се декларира како најпатриотски го нема воопшто ни спомнато овој проблем. Не утепаа со секакви бесмислени кампањи дека сме антички, неолитски или прекамбријски Македонци, но за манијата на бугаризација ни збор. Толку од патриотизмот...
Види нема многу разлика
Испратено на 06 септември 2009 од Dame1612Види нема многу разлика меѓу СОРОСОИД и Бугараш . И едниот и другиот им е избришана националната свест .....
И едниот и другиот тоа што немаат национална свест , го правдаат со виши идеали и подобра иднина за сите СОРОСОИД од пониско социјално потекло .
Ако си необразован а сакаш слобода да шеташ и повеке пари вадиш Бугарски пасош .
Ако си интелектуалец а сакаш слобода да шеташ и повеке пари , кариера стануваш СОРОСОИД .
Не мешај баби и жаби. СОРОС е
Испратено на 06 септември 2009 од АнонименНе мешај баби и жаби. СОРОС е едноставно перална на пари и соросоидите не стануваат државјани на Сорославија. Бугарашите директно удираат на нацијата со тоа што Бугарија има нескриени мотиви против македонската нација и идентитет.
И се знае дека интелектуалата секогаш и секаде била мета на црвеноградите.
Види поентата ми
Испратено на 06 септември 2009 од Dame1612Види поентата ми беше
Бугараш е СОРОСОИД од пониска социјална структура .
И едниот и другиот ги продаваат интересите на својот народ за ситни пари и привилегии .
Само што СОРОСОИДОТ е интелектуалец а Бугарашот е обично пониска социјална структура ( шофер . таксист , градежен работник ....)
„бугари“
Испратено на 16 септември 2009 од Moriartyне се согласувам... познавам доста луѓе од „повисоките“ социјални структури (деца на доктори, свештени лица, па дури и роднини на наши естрадни ѕвезди...) кои имаат бугарски пасош.... што значи дека феноменот на „побугарчувањето“ не се исцрпува само со економскиот мотив....
само не ми е јасно која е потребата тоа со „патриотизмот“ да се нагласува толку, кога тоа претставува автогол за владеачката партија, зашто голем дел од тие со бугарски пасоши имаат и нивна партиска книшка....
Ја гласам за ЌОРОТО... :)
Испратено на 07 септември 2009 од niksaЈа гласам за ЌОРОТО... :) Уживам во коментариве !
Komentar -
Испратено на 09 септември 2009 од KaterinaOdlicna analiza. Bravo za avtorot!
A shto tolku sakate vo vrska
Испратено на 09 ноември 2009 од Moeto imeA shto tolku sakate vo vrska so dadena zemja :). Patishtata? Gradbite? Bidejki e golema ili treba da bide golema?
Ne treba da se pishuva na temi patriotizam ili nacionalizam koga vekje se znae deka toa e glupost. Ionaka sekoj umira , i kje go zakopat, i kje go izedat crvi , pa dzabe cel zivot "patriot".
Od druga strana pak, ako se gleda religiozno(a se' gleda), oti nekoe onostrano bitie ne stavilo na odredena pochva da ziveeme na nea i da ja sakame, pa duri i da umirame za nea, neshto ne e vo red so choveshtvoto.
крај за патиотизмот не сум
Испратено на 24 ноември 2009 од Benкрај за патиотизмот не сум прочитал нешто стварно релевантно значи сум конструктивен до коска мегутоа тоа ме тера да делувам и да размислувам многу глобално инаку како таков сум црна овца оти нели сите стравот ги задржува во ќоравоста!...bottom line конструктивен па јана мајка нека е.Само во последно време ме интересира што толку бугарите сакаат од нас па и грците ? резурси? огромна територија? интелект? нешто што ни самите знаат дека не е нивно или назат пак тоа шо го украле?
За патриотизмот
Испратено на 23 март 2010 од Гочо ТеневСекой треба да си го люби отечеството и да не го продава нито за пари , нито за постове. Не сакам вашето, но и вие не посягайте към моето... Можем да живеем на планетата Земя без да се мразим. Имаме да решаваме други , по-важни проблеми. Желая ви успех!