Лустрација или компромитација: Кој му го подметна “Мишо” на “Драматург”?

29.08.2012 10:19
Лустрација или компромитација: Кој му го подметна “Мишо” на “Драматург”?

Јавно медиумско дискредитирање

Политичките чистки за време на “Титова Југославија” се проследени и со објавување на “компромитирачки материјали” за “непријателите” (неретко најобични клевети или дезинформации). За јавно да го оправдаат тајниот прогон на политички неистомисленици, комунистичките наредбодавци прибегнувале кон полициско-медиумски стратегии за јавно дискредитирање на “непријателот”.
На пример, Методија Андонов – Ченто е јавно прогласен за “непријател” со следнава клеветничка медиумска манипулација, објавена на насловната страница на партискиот билтен “Нова Македонија” на 31 јули 1946:

“СООПШТЕНИЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО НА ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА НРМ:

При опитот да побегне преку граница од нашата земја во Грција уапсен е од органите на државната безбедност Методија Андонов – Ченто.

Министер на внатрешните работи на НРМ Цветко Узуновски”

Министерот за внатрешните работи на НРМ ја изманипулирал јавноста за две работи. Прво, Ченто не бил уапсен “при опитот да побегне преку граница од нашата земја во Грција”, туку бил “заловен” во Прилеп, град кој е оддалечен од грчката граница “три дена пеш”! Второ, Ченто не бил уапсен на крајот на јули, туку половина месец претходно: “...на 14 јули, 1946 година бива заловен од органите на народната власт” (од пресудата).


И Ченто бил осуден како “грчки шпион” и “непријател”

Ченто не бил жртва само на полициско-медиумски подметнувања, туку и на наместен судски процес. Целокупната поента на “процесот” била Ченто да се претстави како “шпион” и “непријател”. Токму затоа, во пресудата изречена по експресното судење, главен акцент се става на непријателските намери на Ченто: “...имал намеренија надвор од нашата држава да претприема акции било на конференцијата за мир во Париз, а ако не успее на Мировната конференција, тогај во Грција, по пат на насилие Народна Република Македонија да се отцепи од рамките на ФНРЈ и да се присоедини кон Егејска Македонија во федерација со Грција.”
Ваистина, Ченто имал намери да лобира за обединета Македонија на мировната конференција во Париз. Но, ниту бил организатор на вооружени банди, ниту се залагал за насилно отцепување на НРМ кон Грција. Меѓутоа, државниот врв на НРМ по секоја цена сакал да му накалеми на Ченто дека е грчки шпион, па во пресудата му подметнале дека “...организирајќи вооружена банда тргнува да бега преку границата...”.
Џабе денеска знаеме кој му подметна на Ченто лажни обвинувања и лажни сведоци, кој го портретираше како “шпион” и “непријател”, кој го осуди на тешка робија, кој го мачеше во затвор, кој им се закануваше дека ќе ги пише во “црниот тефтер” сите што комуницираа со него по ослободувањето, кој не му издаде пасош за да се лекува во странство...
Парадоксално, ама во “Македонска енциклопедија” (промовирана лично од “лустраторот” Груевски), има одредница за прекарот “Тито” (под Т), но нема одредница за “Ченто” (иако е логично да се бара под буквата “Ч”). Но, и во одредницата за Андонов-Ченто нема никакво споменување на ниту еден од неговите прогонувачи и мачители!?! Ни во одредниците за Узуновски и Колишевски никаде нема помен дека биле виновни за страдањата на Ченто. Нема ни во одредниците за судиите на Ченто - Лазар Мојсов, Панта Марина, Коле Чашуле (Чашуле барем имаше доблест да признае дека судењето било однапред подготвено, не само обвинението, туку и пресудата).

Зошто Груевски не се залагаше за лустрација во 1998?

Владата на Љубчо Георгиевски од 1998-2002 (со министрите Никола Груевски, а подоцна и Слободан Чашуле) имаше одлична историска можност да започне процес на лустрација, па дури и да поведе судски процеси против Колишевски и живите судии на Ченто. Но, парадоксално, Груевски тогаш беше дел од “друштво” за кое се покажа дека спроведувало политички прислушкувања (аферата “Големото уво”, за која разузнавачката Доста Димовска доби аболиција од претседателот Трајковски).
Никола Груевски и Слободан Чашуле денес глумат најголеми поборници за лустрацијата на “кодошите”, но “кодошите” на Ченто се најмалку виновни за драконската казна од 11 години робија, “верификувана” од судиите Лазар Мојсов, Панта Марина, Коле Чашуле. Никој во 1998-2002 не ги чепна послушниците што го осудија Ченто, ниту нивниот наредбодавец Колишевски, ниту припадниците на тајните служби што ја спровеле наредбата за медиумско-политичка компромитација и осуда на Ченто. Ним “влакно не им фали” во “Македонска енциклопедија”, во редакција на фолклористот Блаже Ристовски, а промовирана од внукот на Јордан Мијалков. (Можеме само да си претставиме каква била интимната реакцијата на премиерот, кој дури откако ја испофали “Македонска енциклопедија” за нејзиниот “објективистички пристап”, увидел дека во неа нема одредница за неговиот вујко Јордан Мијалков, министер во првата “експертска” влада, инаку колега на редакторот.)
Но, изгледа и денес, како и во времето на комунистичката “диктатура на пролетеријатот”, никој не смее да ги чепка комунистичките наредбодавци, спроведувачите на нивните наредби, како и писарите на официјалната историја. Останува енигмата:
Зошто ниту еден од бранителите на лустрацијата (вклучително и жртвите на аферата “големото уво”) не се охрабри јавно да побара лустрирање на сите оние кои спроведувале противуставни политички прислушкувања пред една деценија?

И џелатите ги прогласија за жртви

Еден од најгорките парадокси на македонската лустрација е медиумското прогласување на судијата на Ченто (Коле Чашуле) како “жртва на кодошот Драматург”. Апсурдот да е поголем, лустрацијата на “драматург” започна со медиумски линч, и тоа само неколку дена по амнестијата на хашките случаи во 2011. Собранието амнестираше воени злосторници, а комисијата продолжи да си лустрира тајни соработници!
Медиумскиот линч кулминираше со прилогот “Кого се’ кодошел ''драматургот''?”, на ТВ Сител (популарната “Грујовизија”, под контрола на коалициониот партнер на Груевски)”. Верувале или не, во овој прилог еден од “џелатите” на Ченто беше претставен како главна жртва на “кодошењето” на “Драматург”: “Коле Чашуле и Живко Чинго биле жртви на кодошот Драматург.”
Кулминација на апсурдот е придружувањето кон медиумскиот лустрациски линч на поранешниот колега на Груевски, Слободан Чашуле, кој тогаш истакна дека законот за лустрација бил донесен со големо задоцнување: “Доколку се донесеше овој закон порано немаше соработниците на тајните служби да продолжат да ја раководат државата и по осамостојувањето на државата”. Па, кој го спречуваше Слободан Чашуле, уште во 1998 да предложи Закон за лустрација со неговите коалициони партнери од ВМРО-ДПМНЕ? Дали и кога стана министер за надворешни работи во 2001 година, како што сугерира, државата ја воделе соработници на тајните служби?!? И, најпосле, зошто и сега не се објават досиејата на тие соработници на тајните служби кои, според Чашуле, ја раководеле државата и по осамостојувањето?
Интересно, ама не помалку апсурдно, Слободан Чашуле лани истакна и дека во законот требало да бидат опфатени не само лицата кои што кодошеле туку и функционерите кои што тоа го наредувале. Но, во законот што се спроведуваше во 2011 беа опфатени наредбодавците, ама мистериозно исчезнаа токму во новиот закон!
Ако Слободан Чашуле толку се залагал за лустрација и на наредбодавците, зошто кога имал прилика (како портпарол на ДА, министер за надворешни работи, а од 2002 и како пратеник) не побарал лустрација на наредбодавците на прогонот на Ченто, вклучително и на неговиот судија Коле Чашуле?

Второто лустрирање “Драматургово”

Медиумскиот линч на “Драматург” продолжи и летово откако по втор пат беше лустриран (со новите законски одредби, чија содржина беше претходно оценета како противуставна и дискриминаторска). И повторно, линчот на наводниот комунистички “кодош” доживеа кулминација на “Сител”, телевизија контролирана од комунистичкиот олигарх Sинго!
Целокупната содржина на прилогот “Соработниците на тајните служби се појавија на интернет” беше обид за медиумска дискредитација исклучиво на “Драматург”, со повикување на документи објавени на страницата на комисијата за лустрација.
Имено, како прв документ од “доказите” за соработништвото на “Драматург” е објавен еден извештај од 2.12.1981, потпишан од инспектор (со заштитено име) кој одржал состанок со соработник (со заштитено име) во ресторанот “Јадран”, за истапот на ПОО “Табакера II” во бифето на “Вардар филм” – Скопје. Според “ТВ Сител”, “Драматург” “на 2 декември 81 година побарал средба со агентите на тајни служби. Се сретнале во хотелот Јадран… таму ги информирал за испадот на Шишков во бифето на МНТ кој се случил 2 недели претходно.”
ТВ Сител драматично апострофира дека “во досието за кодошот Драматург, објавено на веб страна на Комисијата за лустрација” стоело следново: „Во моментот кога се смествував во бифето и кога се запознавав со сопственикот, ни пријде Шишков во пијана состојба и без повод ни се обрати со зборовите „Јас сум бугарофил кој има смелост тоа јавно да го признае не плашејќи се од јавноста“ а истовремено ми се обрати и мене напоменувајќи дека сето тоа можам да и го пренесам на службата“.
Но, и на медиумската лага и се куси нозете. Внимателната анализа на првообјавениот документ покажува дека тој воопшто не е дел од досието на “Драматург”, кој исто како и “Табакерата II”, бил ПОО (предмет на оперативна обработка на службите). Впрочем, и во решението на Комисијата за лустрација со кое се утврдува соработка, првообјавениот документ се наведува како последен, односно како “Извештај со Ев.бр.3371 од 02.12.1981 година, со три страни; кои припаѓаат на друго досие, а се релевантни за овој предмет.” Но, зошто тогаш Аџиев го објавил на прво место, како “крунски доказ” за соработка, и зошто провладините мегафони клеветеа дека станува збор за изјава “во досието за кодошот Драматург”?

Кој му го подметна “Мишо” на “Драматург”?

Сто пати повторената пропагандна лага дека “крунскиот документ” за соработка бил дел од досието на “Драматург”, е исто толку проѕирна како и сто пати повторената лага дека “Драматург” го искодошил “Табакерата II” заради контроверзната изјава “Јас сум бугарофил…”
Но, иако во решението потпишано од Аџиев јасно стои дека трите страни со фамозната изјава “Јас сум бугарофил...” “припаѓаат на друго досие”, груевистичките мегафони продолжија да клеветат дека кога “Драматург” објавувал делови од своето досие, “случајно или намерно ги изостави овие делови од кои јасно се гледа неговата свесна соработка со органите”.
Накусо, падна како скапана крушка пропагандната теза дека “Драматург” намерно не објавувал делови од своето досие од кои “јасно се гледа” дека го “кодошел” “Табакерата II”. Но, тоа не беше единствената скапана лустрациска крушка.
Доволно е само малку повнимателно да се прочита “крунскиот документ”, за да се увиди дека наводната изјава на “Табакерата II” (“Јас сум бугарофил...”) воопшто не ја пренел “Драматург”, туку соработникот “Мишо”!?! Според објавениот документ, токму соработникот “Мишо” (чиј псевдоним не е зацрнет само во една реченица), а не “Драматург”, имал иницијатива за состанок во “Јадран”, за да презентира “поавтентични сознанија за истапот на ПОО Табакера II” во бифето на “Вардар-филм”!
Медиумскиот линч на “Драматург” продолжи и со клевети дека благодарение на кодошењето на “Табакерата II”, службите “му овозможувале и напредок во кариерата”. Но, и таа лага паѓа како скапана крушка откако ќе се прочита приложениот “доказ” дека се реферира на соработник за кој има “реални можности да биде примен и како вонреден професор или предавач на Филолошкиот факултет”. И повторно станува збор за фамозниот соработник “Мишо”, а не за ПОО “Драматург”!
Како што билтените и судиите на Лазо му подметнуваа на Ченто (дека бил фатен при обид за бегство преку граница, како грчки шпион кој организирал вооружени банди), така и мегафоните и лустраторите на Грујо му подметнаа на политички прогонуваниот “Драматург” дека го кодошел “Табакерата”, дека бил награден со напредок во кариерата, но и дека “кинел страници од своето досие”.
Додека груевистичките мегафони се обидуваа медиумски да го линчуваат “Драматург”, парадоксално, ниту еден од “медиумските ловци на кодоши” не го постави прашањето “Кој е всушност соработникот “Мишо”?” Кој академски граѓанин прво го кодошел “Табакерата”, а потоа веројатно и тројца други ПОО од Филолошкиот факултет, каде најверојатно бил примен како предавач во почетокот на 1980-тите? Уште побитно, никој не ги постави прашањата: “Кои се нарачателите на политичкиот прогон на “Табакерата II”?” и “Зошто Аџиев ги зацрнил имињата на спроведувачите на прогонот, кои го полнеле неговото досие и врбувале полициски “биографи” како “Мишо”, за да ја “пишуваат” историјата на македонската книжевност во втората половина од 20-от век?”

Анализата на случајот “Драматург” и другите случаи продолжува во петтиот дел од фељтонот: “Зошто “таткото” на лустрацијата се откажа од своето чедо?”

Слики: Scott Hazard

Ајдее, на Жарко изгледа ич не

Ајдее, на Жарко изгледа ич не му идела математиката.
Равенството кое пробува да го претстави, „Милчин = Ченто“ може да помине како точно само во главите на оние кои не знаат доволно математика за барем да можат кусурот да си го избројат

Друга ќе да е математиката,

Друга ќе да е математиката, шибицару. Равенството ќе да е: Чашулевци + Лазовци (џелати на Ченто) = Чашулевци + Мијалкови (џелати на Милчин).

Кутар Милчин, тој само сакаше

Кутар Милчин, тој само сакаше да ја види обединета Македонија. И жими мајка не добива грчки парички за ширење наци-грчка пропаганда, жими мајка еј!

Многу интересно беше кога Жаре спомнуваше некои Македонци затворени/прогонети во времето на Југославија. Ги спомнуваше како вистински Бугари (иако дефинитивно не биле, можеби биле само во неговиот ограничен ум), работеле за странски служби и го добиле тоа што според него го заслужиле - Голи Оток.

Но во случајот со Милчин тоа не важи! Тој иако работи за странски служби, поточно добива пари од фондовите на Сорос за ширење грчка наци-пропаганда (исто како и послушниот Жаренце), иако отворено ги искажува неговите антимакедонски ставови - тој не заслужува казна.

Сега кога се отвораат папки од кои се гледа дека Милчин и не бил баш некоја морална личност, односно би продал се' само за да добие некоја паричка или унапредување, од нас веројатно се очекува во него да гледаме херој-патриот, и треба уште еднаш да плукнеме на Македонците „чие мачеништво пропуштило да се случи“, како што вели оној нервозен истрошен алкос чии колумни личат на употребена тоалетна хартија (полни се со „гомна“).

Вистина е дека во тие досиеја ќе има многу дупки. Многу од документите фалат, и тоа е вистина. Тоа е така затоа што Милчин досега имал доволно време (и власт) за да уништи/скрие поголем дел од документацијата која покажува дека тој бил југословенски шпион.
(последниов пасус е збиена форма на она што Героски пред неколку години пред мене го кажа во редакцијата на Време. Еве и нешто директно од „вашите“ ако така веќе сакате :) )

А бе шибицару, па зар си

А бе шибицару, па зар си толку глуп и не гледаш - со твоето кодошење дека Милчин бил грчки-наци шпион, па ти ја докажуваш тезата на Жарко дека Милчин е жртва на иста удбашка подметачина ко што бил жртва Ченто? За жал, папките не се отвораат, ко што тврдиш, туку се подметнуваат и фалсификуваат документи, за да се уништуваат јавни личности. Ако ти е толку жал за тие "некои Македонци затворени/прогонети во времето на Југославија", зошто не побараш ко Жарко што бара, да се објават имињата на агентите на УДБА што ги прогонувале, и тие што им давале наредби за прогон?

Самиот факт што пишанки од

Самиот факт што пишанки од Героски, Милчин и ним сличните се реобјавуваат во грчки медиуми со наднаслов „Скопјаните се освестија“ се доволен показател за тоа кој работи за грчките нацисти и чии ставови шират горенаведените двајца.
Јаготче на шлагот: Героски понекогаш е потпишан како „Геропулос“ на тие реобјавени колумни :) Тој човек нема никаква гордост, не е ни чудно што син му Коста се срами да каже кој му е татко.

Тоа што јавно велам дека Милчин работи за Грците не е никакво кодошење, изгледа имаш погрешна дефиниција за глаголот „кодоши“ штом сметаш дека ЈАВНОТО обзнанување е кодошење.
Кодошење е кога ќе го поткажеш името на твојот другар/сосед/колега кој кажал виц за Тито, и за возврат добиваш унапредување или некоја паричка.

Шпионите имаат барем некаква цел, тие вадат и проследуваат битни информации, имаат некаква кауза и вршат валкани дека за доброто на група луѓе (нивниот народ).
Но, нашите кодоши се нешто сосем друго. Тие кодошат за нивни лични интереси.

Парички парички парички... Сорос Сорос Сорос...

Ќибрит, ти се навлажниле

Ќибрит, ти се навлажниле чкорчињата, слабо палиш. Па се виде кој работи за Грците бре, убаво се виде. Кој им ја шитна "Окта" на Грците? Кој сведочеше во корист на Грците во време кога мајка му си купи неколку стана? Кој му даде плац на грчкиот милијардер во центарот на Скопје, со поглед на грчки градби и споменици? Одговорот е - внукот на грчкиот војник Никос Грујос, кој загинал за грчката држава! Каков дедо, таков внук. Ама, ќе дојде време, ќе се отворат досиејата, па ќе ги лустрираме сите што сега ја погрчуваат Македонија.

Кој идиот си, изедначуваш

Кој идиот си, изедначуваш егејско македонско потекло со грчко потекло?!
Веројатно мислиш и дека оние кои ни ги наметнуваат грчките наци-ставови за менување име и идентитет се најголемите патриоти!
Погрчување е според тебе ако си ја сакаме историјата и пред „Словените со цевчињата“, така?
Погрчување е да не потклекнуваме на обидите да ни го сменат идентитетот од корен?
Мислиш дека е исправно да дозволиме да направат од нас „умоиспрани Словени кои дошле од север од Карпатите“, иако културните обележја (и чистиот разум) ни велат дека имаме корени подлабоко во минатото?

Искрено да ти кажам, и јас едвај чекам да се отворат тие досиеја во кои може да видиме кој работи за грчката наци-кауза.
Но, за жал, бидејќи ги нема, ќе треба да се задоволиме со по некое протекување на приватни мејл пораки на релација Грција-Милчин/Героски.
Знам дека не смеам јас да ги објавам. Ама те уверувам дека има други „јас“ кои ќе го сторат тоа деновиве... стрпи се.

"изедначуваш егејско

"изедначуваш егејско македонско потекло со грчко потекло" - бре, какво обвинување! Шибицару, можеш ти и подобро да клеветиш, оваа ти е ептен провидна. Дел од моите претци од Костурско се обиделе да ги десловенизираат баш со идејата на Каравангелис, која ја прифатил предавникот Коте. Еве како Коте (и таквите како него) се опеани во народните песни: „Колку жално, срамно ести за грчкиот деспот, шчо го плате ѕверот Коте да заколи Лазо.“ Коте за 50 лири прифатил дека е грчки потомок на Александар, па го заклал славјанинот Лазар Поп Трајков.
А приказната со „протекување на приватни мејл пораки“, ако испадне точна, ќе биде доказ дека и ден-денешен луѓето се прислушкуваат од политички причини - за да се компромитираат политички. Ајде шибицару, олесни си ја душата кодошка...

Извини Ќибрит, да те прашам

Извини Ќибрит, да те прашам нешто. Гледам кодошиш што се случувало во редакцијата на Време. Да не си случајно истиот кодош што објави на интернет редакциски снимки од Велија, единствениот обвинет за Пајажина кој не доби робија зошто се истакна ко кодош? Да не си случајно лицето со псевдоним "САДАМ"?

Ме провали, да сибеш, тој

Ме провали, да сибеш, тој сум.

Јебо те, па што висиш цел ден

Јебо те, па што висиш цел ден тука на Окно, што не си пишуваш на mkd.mk? :)

Оффф мори мајко кодошот

Оффф мори мајко кодошот Милчин го накодошиле дека е кодош според кодошењето на кодошот Жарко...

ЖТ, може стварно е подобро да

ЖТ, може стварно е подобро да пишувате за уметност и социјални права, затоа што на овие аргументи не ни вреди да се коментира. Апслутно сте одлепиле. Не разбираш ниту што е лустрација, не разбираш против кого се прави, не разбираш зошто се прави. Цело време правите муабет за некој штаб од каде коментаторите добиваат налози, а најверојатно е дека си ја проектирате својата стварност на својата околина. Еве на пример ти го браниш Милчин, кодош со печат, објавено од овластена институција на Македонија, другар ти Гелевски, пишува за сличноста на фашизмот и Хитлер со ВМРО и Груевски, Тричко пишува дека Македонија е различен поим од Македонците, сите други сателити кои се на истиот платен список, пишуваат против Македонија и Македонците, и цело време тропаат за некој компромис. Ме интересира од што живеете бе луѓе, како зарабоѕувате за живот, затоа што ако ве плаќаат за овие гнасеници, тогаш не сте ништо друго туку тотално аморални личности, платеници, политички ороспии од најдолен вид, со кои не вреди да се губи време.

Кој му го подметна “Мишо” на

Кој му го подметна “Мишо” на “Драматург”?
Па, Аџиев му го подметна. А кој му го подметна на Аџиев, тоа е интересно прашање. Еден ден досиејата ќе излезат на виделина. Каде ќе бегаат тогаш „Мишо“ и неговите надредени?

празна кутијо од кибрит,

празна кутијо од кибрит, Грујос е тој шо работи против интересите на Егејците...само еден пример, пред да почне со антиквизацијата и пред да ги напише неговите писма, во Грција можеше да се ангажира некој адвокат за поврат на имотите...сега никој, ама баш никој, не се нафаќа да ги застапува нашите предмети....јас би го жртвувал мојот интерес за зајакнување на меѓународната положба на Македонија, ама обратно излезе целата работа...

Еве уште малку материјал за

Еве уште малку материјал за размислување за улогата на Милчин во растурањето на Македонија. Доколку не се работеше за организирана акција на Сорос и компанија за контрола на овие простори преку константно подривање на Македонскиот потенцијал, Фондацијата Отвореното Општество на Македонија, како и секоја чесна организација на која целта и е помагање на Македонија (така се декларира), ќе побараше оставка од Милчин, и ќе назначеше нов директор. Се со цел за несметано одвивање на активностите на цивилно општество за помагање на Македонија. Меѓутоа што се случува: Милчин и понатака е директор, држи прес конференции, а со тоа Фондацијата се стави во директна конфронтација со актуелната влада на Македонија, тотално отварајќи ги картите за својата улога на вие простори. И после ова ако некој стварно мисли дека улогата на Фондацијата за отворено општество е чесна и е организација со искрени намери, би го замолил да ми се јави, зошто имам еден мост во Бруклин што треба брзо да го продадам. Многу ефтино.

Жаре многу добра студија и

Жаре многу добра студија и издржана анализа, со нетрпение чекам следеќи део. А ти Меглено, кое дно си ти машко

Свето, зависи од аголот од

Свето, зависи од аголот од кој гледаш. Кога си превртен наопачки, она што тебе ти личи како дно може да е многу високо...

Ти си дупло дно Меглено, од

Ти си дупло дно Меглено, од кој агол и да гледаш, и тоа не менува ништо во анализата на нештата. Така да батали ти тоа со аглите и посвети се малку повеќе на едукација на сетилата, а не само на контаминација на просторот

Замаглената бар си

Замаглената бар си призна.....се лустрират човеци кои денес не се сложуват со политиката на власта.....а документите од вчера се само алатка...

Коза лаже, рог не лаже. еве

Коза лаже, рог не лаже. еве го делот од законот што објаснува што се лустрира. Лицата што се лустрирани се бавеле со јавна функција, а немале право на тоа. Нема казна, нема ништо, само име и презиме, кој ја заебал работата. Сите други кои не се бавеле со овие кодошки игри може да бидат на јавни функции. Што е тука нејасно? Ако ги исполнувате овие услови, може да се бавоте со јавни функции. Инаку седите си дома и бавете се со приватни бизниси.... или со невладини организации.

„(1) Лицето опфатено со овој закон, кое во периодот од членот 2 став (1) на овoј закон, не е евидентирано во досиејата на органите на државната безбедност како наредбодател или корисник на информации од таен соработник или таен информатор, со кои се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, го исполнува дополнителниот услов за кандидат или носител на јавна функција.

(2) Исполнет дополнителен услов, согласно со овој закон претставува верифицирана од Комисијата писмена изјава, на лице опфатено со овој закон, дека немал својство на наредбодател или корисник на информации од таен соработник или таен информатор, за периодот утврден во членот 2 став (1) од овој закон.“

Не бе грешка си, еве Жаре

Не бе грешка си, еве Жаре вика го линчувале Милчин.

Коза лаже, и Меглена лаже.

Коза лаже, и Меглена лаже. Меглена, се гледа дека појма немаш. Цитираш изјава од закон кој веќе не е на сила. Или, намерно тоа го правиш, како и Аџиев што намерно подметнува "документи"? Тоа што си го цитирала е чл. 3 од законот за лустрација од 2008, кој веќе не важи. Има нов Закон од 2012, во кој зборот "наредбодател" се среќава само еднаш, и ниту еднаш повеќе, затоа што наредбодателите не се законски опфатени со лустрацијата, како во 2008.
Или извини се за незнаењето (или за свесната манипулација), или пак цитирај ни дел од новиот закон од 2012, каде условот за вршење на јавна функција важи и за наредбодатели и корисници на информации.

Читател во право си за

Читател во право си за верзијата. Тоа го ископирав од сајтот на комисијата за верификација , и сега гледам дека се однесува на 2008. Тој не важи, а во новиот нема наредбодавател во дефиницијата. Како и да е поенатата на коментарот е која е целта на лустрацијата, и што сака да се постигне. Наредбодавачите се познати по име и презиме ако биле вработени за државна безбедност. Лустрацијата се однесува за оние кои се криеле со тајни идентитети. Значи и таен наредбодавател е опфатен со лустрацијата. Сето тоа е дефинирано во член 18, точка 4 и 5. со што се опфатени сите оние кои знаеле дека се работи за идеолошки причини за водење на истрагите и досиејата. Иако сеуште не ми е јасно што толку си се закачил за „наредбодавател“. Што мислиш дека се обидуваат да сокријат?

(4) Под соработка, во смисла на овој закон, се смета свесна, тајна, организирана
и континуирана соработка и активност, утврдена со документ, со органите на
државната безбедност, во својство на таен соработник, оперативна врска или
таен информатор (во натамошниот текст: таен соработник) при оперативно
прибирање на информации што биле предмет на обработка, чување и користење
од органите на државната безбедност, во облик на автоматизирани или рачни
збирки на податоци и досиеја, оформени и водени за одредени лица со кои се
кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички
или идеолошки причини во комунистичкиот режим и од политички, идеолошки и
партиски причини од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на
примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и од
која е остварена материјална корист или погодности при вработување или
напредување во службата.
(5) Свесна, тајна, организирана и континуирана соработка, утврдена со документ
со органите на државната безбедност, во смисла на овој закон, постои и тогаш
кога лицето определено со овој закон постапувало во службено својство во
судска постапка или постапка пред државен орган или организација која врши
јавни овластувања, со која друго лице се лишува од одредени права, или му се
ограничуваат правата или му се наметнуваат извесни обврски нешто да прави, не
прави или трпи, или му се одредува извесна казнена или друга принудна мерка,
доколку знаело или морало да знае дека постапката се води исклучиво заради
примена на иделошко-политички и партиски ставови и мерила кои, отворено или
прикриено, се прикажуваат како правни правила или мерки.

Меглена, пак не си во право,

Меглена, пак не си во право, пак манипулираш со тврдењето: " Наредбодавачите се познати по име и презиме ако биле вработени за државна безбедност. Лустрацијата се однесува за оние кои се криеле со тајни идентитети. Значи и таен наредбодавател е опфатен со лустрацијата."
Од документите што се објавени од Комисијата за лустрација зацрнети се имињата на вработените во државна безбедност, како и нивните надредени кои ги издавале наредбите и ги потпишувале документите. Нивните имиња се заштитени, и тие не се опфатени со лустрацијата, онака како што ја спроведува послушникот Аџиев. Кажи ми, зошто лустраториве го кријат името и презимето на соработникот "Мишо", кој го кодошел Шишков? Зошто ги кријат имињата на тие што го врбувале "Мишо" и кои му пакувале досие на Шишков? Нешто тука е ептен нелогично, нели Мегленче? :)

Ништо тука не е нелогично. Се

Ништо тука не е нелогично. Се лустрираат оние кои сакаат да се бават со јавна функција. Овде не се работи за освета. Лустрацијата не е освета. Ако ти решиш од сега па натаму никогаш да не бидеш на јавна функција, никогаш нема ни да бидеш предмет на лустрација. Низ процесот на лустрација проаѓаш само ако си се бил во последниве 20 години на јавни функции, или ако имаш намера да бидеш на јавна функција во иднина. Значи „Мишо“ се до моментот кога ќе реши да се кандидира или да го назначат на јавна функција, си е сигурен дека нема идентитетот да му биде објавен јавно. Ова му доаѓа како „морално политички подобен“ во СФРЈ, само што сега сме демократи, па имаме други шаблони.

Ма немој да ме јебеш,

Ма немој да ме јебеш, Меглена. Вашата квази лустрација ја помина еден Михајло Маневски, вечниот комунистички обвинител-џелат, и врмровски министер за правда. А еве што правел: "Јован Котески е затворен во септември 1985 година и осуден на пет години затвор под обвинение дека илегално работел на уривање на југословенската федерација и се борел за создавање независна македонска држава. Тој е последниот македонски политички затвореник. Негов главен обвинител бил Јован Трпеновски, а другите двајца обвинители - Ѓорѓи Наумов (министер во владата на Никола Кљусев) и Михајло Маневски (актуелен министер за правда)." (Колку УДБ-а беше нашата судба (6), фељтон во Утрински весник).

Читател, па еве гледаш дека

Читател, па еве гледаш дека се јавно објавени, и ти ги знаеш, и се напишани по име и презиме во историјата сега и за навек дека го осудил Котевски на робија. Објавено е. Што сакаш повеќе од тоа. Никогаш не било ни скриено името. На исти левел е со Милчин „драматург“. За Милчин, освен што објавија дека е таен соработник „кодош“, што друго му се случи? Што јас да му направам на Милчин, или било кој друг? Се што можам е да имам свое едуцирано мислење за него и неговиот морал. Од сите овие коментари е многу очигледно дека не ја чувствувате демократијата доволно. Ја разбирате како принцип, како раскажано четиво, мегутоа не ја чувствувате во себе. Сеуште се однесувате племенски. Ѕвезда-Партизан работава ви е цело време.

Меглена, кога ќе бидеш

Меглена, кога ќе бидеш доведена во тесно, се правиш наудрена. Комисијата за лустрација донесе решение дека Маневски не бил ниту кодош, ниту наредбодавец, ниту корисник на информации, ниту пак учесник во судски процес со кој се кршени човекови права. За Милчин донесе сосема поинакво решение. Твоето тврдење "На исти левел е со Милчин „драматург“" е тотална глупост, како на "ист левел" да ги поставиш џелатот и жртвата.
Ти немаш чувство за реалност, а за демократија ич да не зборуваме. Ама, мора да ти се признае, имаш чувство за клеветење, кодошење, извртување... Како и сите груевисти.

Е тука се разликуваме. За

Е тука се разликуваме. За мене одлуката на комисијата е донесена во согласност со законот. И така ја разбирам. Законски орган е на државата во која јас живеам. Ако мислам дека решението не е како што треба, или е донесена по партиски налози, има фала богу начин како да се провери, и да се жалам по решението. Парламентарната група на СДСМ или било кој друг пратеник има апсолутно право да побара отчет од комисијата за случајот на Маневски, ако постои основано сомнение дека е направен намерен пропуст. Се тоа стои ако е вистинскиот мотив е одраза на моралност и правдољубивост. Тогаш се бара начин како да се подобри системот на лустрација. Оваа комисија нема да биде доживотно на власт. И нејзе некој ќе ја лустрира за намерно затајување на податоци. И нивните имиња и чест се на барабан. Меѓутоа, она што се случува со реакцијата на СДСМ не е мотивот за правда, туку преку еден случај или колку и да се , заматување на водата, предизвикување хаос и изедначување на жртвите и џелатите како што рече, со оправдание дека е тоа процес кој не може така лесно да се изведе. Јас апсолутно не се сложувам со тоа. Мислам дека процесот може лесно да се изведеи и да биде фер и чесен. Дури мислам дека може и да им помогне и на кодошите и на жртвите во некое си опростување на гревовите од минатото.
Се разбира се додека е на ниво на кодошење, и губење работа и слични заебанции. Исто така верувам дека лицата кој заради политички идеи биле осудувани во Македонија, треба да бидат обештетени од државата, т.е. од сите нас, ако ништо друго барем за изгубените работни години.
Видиш, ова е различно од „овие се фашисти и треба да си одат, затоа што ние подобро знаеме“. Има разлика меѓу желба да се створи подобро место за живеење и желба да се створи хаос, анархија и да се лови во матно.

Коа гледам воа сороспииве

Коа гледам воа сороспииве како го папаат на сите полиња, па дури и на свој терен, ама ептен мерак ми се прави. абе шупаков ми се навлажни, .. еболиго! :)

За Меглена Гноен исцедоку на

За Меглена

Гноен исцедоку на расипаната и отровна преродба, груевистички испрдоку создаден со намера да биде нервен гас, нервен газу, измеќару на бедни политички криминалци, малигна фиданко на тоталитарниот ум, еволуциска утко (хибриду меѓу гнида и буба за прислушкување), мизеријо способна да го ископаш рудното благо на пиздинството во сопствениот карактер, националистичка гнидичко, ти суштество лишено од каква било универзална етичка супстанца, со добри шанси за понатамошна ретардација, тебе, ништожнику, ти се обраќам за да ти кажам:

Гледајќи ве вас, кербер-гнидите, општествените ретарди, човек треба сериозно да размисли да предложи закон против злоупотребата на политичките водачи од страна на бедниците кои копнеат по тоа да им служат.

Тоа е тоа кога ми влага до

Тоа е тоа кога ми влага до пола,
леле г`зов ме чеша, на кур ми се меша.

:)))

Антигруевист, се повтарате,

Антигруевист, се повтарате, овој коментар веќе го имате постирано. Дај малку поинвентивно, малку почит кон сајтот.

„Се лустрираат оние кои

„Се лустрираат оние кои сакаат да се бават со јавна функција. Овде не се работи за освета.“

Каква манипулација. Оној Шаќири што лежи полумртов... и него ли го лустрираат за да не стане да се кандидира за градоначалник случајно? Или им смета ќерката што има емисија кај што може да се чујат различни ставови од телевизиите Грујовизија 1, 2 и 3.

Интерсно е што за фактите се гласа и се надгласува во оваа комисија. А фактот е факт, неможе да се гласа за него. Затоа требаше да имаме комисија од некои поасални ликови од Аџиевски и компанија, комисија на кои што барем малку ќе и верувавме. И што ќе ги утврдуваше фактите, а не да ги гласаат.

А бре Меглена, ти изгледа

А бре Меглена, ти изгледа розовите ги носиш (очила де, не гаќички).

Ајде еден флешбек набрзина колку за забава (сигурно ќе пропуштам многу работи ама ајде):

1. Буџет од околу 12 милијарди ЕВРА кумулативно за претходните 6 години. Тоа се енормно повеќе пари собрани во државна каса од било кои 6 години во историјата на Македонија. Арно велеше кодошон од Титови леви сили дека Грујо троши по 5 милиони евра на ден. АЛООО каде се парите? (цифриве од ракав се, ама тука некаде е математиката)

2. Агресивна корупција на македонските медиуми со владини пари (пари на граѓаните) преку комплетно безначајни реклами и кампањи. Најголем рекламирач во Македонија после Т-Мобиле е Грујо. А бе за тие пари има говна да јадат, а не пак како роботи да читаат на вести. А демек беднициве Геро и Милчин биле финансирани да серат по медиуми.

3. Целосна партизација на институциите. Судови, совети и се што можеше да се партизира.

4. Шпекулативно и незаконско затворање на најгледаната телевизија во Македонија А1. Колку и да бил крив Велија и останати, телевизијата требаше да остане. Како на Грујо арна му беше теливизијата до 2011?

5. Предизборно прекинување на емисијата на Васко Ефтов посветена на Никос Грујос на Канал 5 и автоматско негово депортирање во друга телевизија.

6. Апсење на Љубе за нелегално финансирање на изборна кампања (100.000 евра), а ваму ВМРО до ден денешен не може да оправда 3.5 милиони ЕВРА за истите избори. Кога дојде Љубе од Хаг се лапаа со Грујо на аеродром, ама ете во 2008 погрешно се накурчи простиот Љубе.

7. Убиство на младо момче, на прославата на ВМРО, од страна на обезбедувањето на Грујо. Никакви оставки, никаква морална и политичка одговорност. Министерон јапонец за транспорт само ако му доцни возот некоја секунда, се самоубива. Кај нас нема лабаво. Има да се остане на тоа фотелјите до „даљнег“.

8. Уривање на објект/инвестиција вредна 60 милиони евра. Зошто? Ами котата била 41 сантим повисока. Мижи Аасан да ти бајам. А бре Фијат се излегувало од коалиција во тоа невреме, плус да продаваш станови по 800 евра квадрат, а и роднина си му на Велија.

9. Организирање на контра опозициски протести (контра-тутунари, контра-млекари) и дискредитирање на нивните водачи (Душко млекарот да ти садел марихуана. Ај сега ти види).

10. Седнување на аморфните синдикатите в скут. Во Франција ако стане некој од тоа водачите на синдикати и сабајлето накриво моча, нема мрдање, протести по дифолт се креваат. Кај нас не. Ја знаеш онаа приказната за агата и селанецот - За што ти е кубуров бре каур. Ами за зло време ми е ага.

11. Ниту една капитална инвестиција, ами само еден проект наречен СКОПЈЕ 2014 кој само го подели народот на антички, словени, патриоти, предавници итн. Селото гори, бабата се чешла.

12. Ветување на 8 милијарди ЕВРА инвестиции од страна на Владата на бомбастична прес конференција. Паднавме на газ.

13. Амнестија на Хашките случаи. No comment.

14. Ладнокрвно убиство на петмина македонци кај Смиљковско езеро. No comment.

15. Лустрација - селективен, монтиран, политички отстрел на неистомислениците. Ама баш исто како во социјализмот.

16. Чествување на борците на УЧК. No comment.

17. За време на сите овие збиднувања се труби само една парола: БРАНКО Е КРИВ.

18. ВМРО веќе влегува во 11тата година од своето владеење на овој вилает. Тоа е повеќе од половината време во кое ние независно егзистираме, односно вегетираме. Веќе фразата „аман бате не брани ме повеќе“ станува се покристална.

Да се разбереме, не велам, па ниту мислам дека другото гомно поубаво мириса, или пак дека тревата од другата страна е позелена, туку ти давам до знаење дека РАБОТАТА НЕ ЈА БИВА.

Коментаров можеби излезе малку подолг ама јебига. Се извинувам.

moe mislenje e deka ovie

moe mislenje e deka ovie telinja sto probuvaat da gi namestat na neistomislenicite se ednostavno receno premnogu nepismeni za da mozat da napravat takvo nesto pa samo si pagaat vo nivnite zamki

Фелацио, заборави да кажеш

Фелацио, заборави да кажеш дека Американците не се спуштиле на Месечина, дека Twin towers ги сруши Буш, дека вонземјани ја водат планетава, и дека сите се Free Masons.
Види сега, јас немам ништо против нечие лично мислење, меѓутоа повеќето од работите што ги наброја си имаат судска разврска, според тоа како што реков и порано, и јас ги прифаќам како меродавни одлуките на македонските институции. Мора да имаш многу ниско мислење за моралните вредности на Македонските институции, што ме тера да помислам дека тебе што год да се смени нема да ти чини. Од едноставна причина што луѓето се тие што ги гледаш околу себе, нема други, а ти ги сметаш за корумпирани и морално атрофирани. Која год влада или партија да дојде на власт, од каде ќе најде 120 000 административци да ја вршат работата?
Нели сега, како што велиш, во моментот цела администрација е партизирана и работаат само луѓе на ВМРО.
И за на крај едно прашање за размислување, чиј одговор може да ја осветли македонската ситуација во врска со партизацијата на општеството. Ако претпоставиме дека ВМРО стварно партизира се живо околу себе, се поставува прашањето како другите партии знаат дека се врши партизација. Логично би морале да имаат точна евиденција на своите членови во администрацијата , или пак точна евиденција дека запослените админастративци не се нивни членови. Испаѓа дека ВМРО не се ништо полоши од другите партии во однос на партизацијата , туку се само поуспешни. И најискрено ако е аргумент дека луѓето гласаат на тајно гласање за ВМРО, заради страв да не изгубат работа, тогаш џабе правиме муабет. Она што би сакал да слушнам од другите партии е дека бараат закони и транспарентни интервјуа за пополнување на администарцијата, како и закони и комисии кои ќе го пратат и контролираат процесот на вработување во јавниот сектор. Како што лустрацијата е услов за вршење на јавна функција, така треба и при вработувањето во администрацијата да се запазат сите законски норми против дискриминација. Тоа треба да биде борбата на опозицијата, а не „зошто не запослувате наши членови?“. Два тотално спротивни правци на дејствување.

А бре Мегле, ме изнасмеа

А бре Мегле, ме изнасмеа пуст/а да останеш.

Ти со целиот ум мислиш дека горенапишаното е теорија на заговор. Ти реков дека носиш розови очила. Ама изгледа дека се залепени за тебе со некоја чудна супстанца наречена „партиска придобивка“. Таа придобивка (во која и форма да е - пари, работа, статус или најобична лична морална сатисфакција) просто не ти дава да ги извадиш очилата.

Да те поправам. Немам ниско мислење за моралните вредности на Македонските институции. Имам ептен ниско мислење. Појди во било која институција и се ќе ти стане јасно. Ама претходно извади ги очилата. Или уште поубаво, прошетај се по белиот свет и врати се назад, но прво спреми се за еден потресен културолошки шок.

Во право си за една работа. ВМРО е далеку поуспешна во партизацијата на општеството од било кој друг. Без амин од Грујо пиле не може да прелета.

Ако бараш аргументи за партизацијата, најди некој слепец анонимус со одлично резиме и искуство и пријави го на некој конкурс или тендер. Онака како за експеримент.

А ти би сакал да ги слушнеш другите партии да бараат закони за вработување итн. Па гледај малку собрание од тоа штабот. Илјадници закони, корисни за граѓаните, се одбиени од страна на ВМРО. Информирај се колку конструктивни предлози прифатило ВМРО во собрание. Ако ги извадиш очилата ќе видиш дека собранието е претворено во Медрано.

Апроо законите и "судските

Апроо законите и "судските разврски"....Хичко убил 6 милјони Евреи, Геринг во Нинберг тврдел дека тоа е направено во склад со Нинбершките закони.....сите видни жртви на Сталин, Зиновлјев, Каменјев.. се ликвидирани со "судски разврски" и истите во целост ги признале наодите на оптужбите....па и Ченто, брашнаров, Пирузе...сите тие се осудени после "судски разврски"...дај, не балезгај замаглена во умот...п да те вратам на темата...зашто е искористено туѓо досије за да му се наштети на Милшин?...зашто Сител во спрега со Аџиев се служи со дезинформации?..на крај упореди ги личностите на Милчин и Аџиев...Милчин е интелектуална големина а Аџиев обибичен апараратчиски стаорец..

Во врска со туѓите досиеја да

Во врска со туѓите досиеја да му се наштети на Милчин, па нели е совршено јасно дека се работи за аљкаво завршена работа од неговите луѓе кои ги кинеле или гореле документите. Останале само оние кои биле во некои досиеја на некои леви агенти. Очигледно дека и комуникацијата со неговата главна врска ја нема нигде. Тоа најверојатно е се отидено, или пак некој ги чува досиејата за да може да ја контролира ситуацијата- а ла Алан Форд. Како и да е, самиот факт дека одел на состаноци со агенти на УДБА доста говори за неговиот морален склоп. Во исто време се правеше најголем дисидент. Изгледа му се измешале релациите живот-представа, па си влегол во некој Џејмс Бонд филм.
Колку нема морални вредности и ден денес кажав погоре. Денеска со своите проблеми само и наштетува на фондацијата за цивилно општство. Ниту понудува оставка, ниту се извинил на вработените за лошиот имиџ што им го натура. Ова колку за јапонскиот министер што се самоубивал, кога му касни возот, од коментарот на Фелацио.

Ако даде господ, за некоја

Ако даде господ, за некоја година ќе се отвори и досието на соработникот "Меглена" (врбуван по основ на компромитирачки материјал за "Драматург" и други "соросоиди"). Што ти ветија службите на Мијалков "Меглена" за јавното кодошење на "Драматург"? Пари или напредок во службата - преместување од Собрание во Влада? Или, ти се заканија дека ќе ги објават документите дека си стар комуњарски кодош, од времето на студентските денови?

Јас мислам дека го открив

Јас мислам дека го открив индетитетот на Меглена.......тој (таа) е писател(ка) на прикаски за мали деца...плус, сигурен сум дека е пациент на некои специјалисти со дијагноза.....постоиветување на имагинарниот свет од прикаските со реалниот свет...

Добро, прикаски за мали

Добро, прикаски за мали деца... Еве вака сега, костурчанец, пожарникар, и другите што го бранат Милчин, ке ми објасните ли зошто толку го браните човекот после сите очигледни докази дека соработувал со УДБА. Тоа и тој самиот не го крие. И тој вели дека соработувал, само не поткажувал. Комисијата за факти вика поткажувал. Ајде едуцирајте не. Некој доказ да видиме дека не е така. Само немој пак да трубите против ВМРО и Аџиевски. Документите ги видовме, човекот си кажа дека соработувал. Е сега бујрум господо , убедете не. И кажете ми зошто сега не поднесува оставка на функција директр на Фондација на цивилно општетво.

Никој не го брани Милчин.

Никој не го брани Милчин. Само ти укажуваат на незаконската мафијашка пресметка на ванчомихајлистите со неистомислениците.

Мегле, во тоа време, ретко кој угледен граѓанин не разговарал со полуписмен оперативец на УДБА, знаејќи или незнаејќи. Едно е да разговараш, друго е да кодошиш за личен профит.

Доказ дека Милчин кодошел, а притоа добивал награда во било која форма, НЕМА.

Самиот факт дека го следеле, му рецензирале претстави и текстови во весници, треба да ти каже дека човекот имал слободарски дух за тоа време. Не бил дисидент (во Македонија немало такви во правата смисла на зборот, а во цела СФРЈ се броеле на прсти) но бил проминентна личност со прогресивни сфаќања. Трн во око за комунистите. Исто како што сега им е трн во око на ванчомихајлистиве.

Најголемите кодоши седат во власта. Ама ете требало прво Милчин да го средат, па после ако остане време сами ќе се лустираат.

А инаку досието „Меглена“ кога ќе го отвараат?

фелацио, многу сте

фелацио, многу сте предвидливи. еве ја твојата реакција опишана малку погоре.

"Меѓутоа, она што се случува со реакцијата на СДСМ не е мотивот за правда, туку преку еден случај или колку и да се , заматување на водата, предизвикување хаос и изедначување на жртвите и џелатите како што рече, со оправдание дека е тоа процес кој не може така лесно да се изведе."

Типично дпмнеовски

Типично дпмнеовски пристап....ќе те прогласиме крив а ти докжувај дека не си....машала, аферим бе демократи..замаглена, да не треба обратно да е?
А шо се однесува до Милчин, неговите бивши студенти го кажаа своето...еден од најдобрите ако не и најдобриот професор на АУМ, 68-маш...да редам понатака?..Кажи кој бе Аџипослушникот, шо знаеш за неговиот живот....нула, зеро, ништица...

Кој кого обвинува? Сите

Кој кого обвинува? Сите написи на окно и коментарите (од истите што ги пишуваат текстовите) се полни со обвинувања за кражби, закани дека ќе одговараат...вие се служите со такви гнасни закани, кои за волја на вистината плашат само мали дечиња, а после тоа изигравате демократи. Исто како водачот-кодошот на иронично - институт отворено општество - самопрогласен водач на граѓанското општество а всушност удбашки пацов и одржувач на тоталитарен режим.

Милчин цело време бил во

Милчин цело време бил во дослух со структурите на власта. Цело.
Последните 5-6 години му се лизга тлото од под нозете и треба да се разбере човекот дека е во паника.
А тоа дека бил угледен граѓанин кој не можел да се оттргне од УДБА, дека е стручен, дека произвел многу класи на студенти, дека бил шеес-осмаш итн. не го амнестира од тоа што правел.
Ке се произнесе и крајната судска инстанца за него и редно е веќе да престане оваа папазјанија.