Груевски сака, злоупотребувајќи го докрај своето мнозинство, да му го покаже местото на албанскиот политички субјект, а тоа место е на опашката од неговата влада. Како и секогаш, греши во овие процени, оти се води од малициозност, а не од политичка и државничка прагма. Тој ја потроши ДПА до крајност при своето владеење. Тој може да го потроши и ДУИ во овие констелации, во кои се однесува крајно неодговорно кон демократските вредности и етничката стабилност. Но, колку и да се обидува, ниту тој, ниту кој било друг не може да ги потроши Албанците како значаен политички фактор во земјата. Како што тргнал победникот, Груевски може да ја потроши и Македонија, ама Албанците ќе останат тука со своите евро-атлантски идеали.
Теута Арифи во колумната „Демократура“; „Дневник“, 20.07.08.
Оди некој човек во црква на исповедање.
- Прости ми, оче, згрешив.
- Што направи, синко?
- Бев со курва.
- Да не беше со онаа од книжарницата преку улица?
- Не.
- Да не беше со госпоѓата што работи во трафиката на раскрсницата?
- Не.
- Да не беше со келнерката во кафеаната зад нас?
- Не.
- Добро, добро, не е битно. Кажи десет оченаши и немој да го правиш тоа повеќе.
- Фала, оче.
Потоа човекот излегува надвор и му се јавува на пријателот по мобилен:
- Ајде, доаѓај, дознав три нови адреси.
Каква цел има постоењето на ЕУ? Зошто и како беше создадена ЕУ? Што таа има постигнато за нејзините граѓани и со какви предизвици се соочува денес?
Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.
2009 okno.mk сите права се задржани




