Каде е границата на она што некој е подготвен да го направи за да му се допадне на некој друг, да биде прифатен, да оствари врска?
Нема ништо поприродно од тоа кога некој ќе ни се допадне и ние да сакаме да и’ се допаднеме на таа личност. Тогаш се трудиме да бидеме внимателни, љубезни, забавни, привлечни, паметни... Тогаш го покажуваме своето најдобро лице, се прикажуваме во најубаво светло. Но каде е границата на она кое некој е подготвен да го направи за да му се допадне на некој друг?
Најверојатно и вие познавате некоја женска личност која во вакви ситуации е подготвена да отстапи од своите ставови, убедувања, вообичаениот начин на облекување или на однесување за да му се допадне на некое машко. Поради впечатокот што сака да го остави, некој нарачува храна што не ја сака, или пие пијалок кој не му одговара.
Станува збор за личности кои веруваат дека мораат постојано да му угодуваат на другиот за тој да ги прифати и засака. Колку повеќе им е битен другиот, толку повеќе се подготвени да угодуваат. Но дали ваквото угодување е добриот пат до љубовта и каков исход носи тоа?
На другиот му угодуваме тогаш кога го правиме она што тој го сака, што му годи, што предизвикува пријатност кај него. Кога сакаме некого, тогаш сакаме да му биде пријатно така што и ние се однесуваме во склад со тоа. Угодувањето навистина претставува еден од начините на покажување на љубовта. Но овде станува збор за претераното, постојаното и невротичното угодување.
Во една здрава љубовна врска постојат мигови кога угодуваме и мигови кога не угодуваме, кога бараме партнерот да ни угоди нам. Ние го сакаме партнерот, но очекуваме и од него да нè сака. Партнерот има желби, но и ние имаме. Поради тоа, во здравите односи се појавуваат конфликти, додека таков отсуствува во односите со претерано угодување.
А нашите желби се многу битни. Низ изразување на нашите желби ние се изразуваме себе си. Женската која на почетокот претерано му угодува на машкото, обидувајќи се да се вклопи во неговата претстава за идеална жена, се крие себе си. Поради желбата да биде со него, таа се одрекува од сите други желби. Исходот е дека тој нема да ја запознае, како ни тоа дека таа нема да го живее својот живот. А кој долго се крие себе си, може и да се заборави, да се изгуби или да се поништи. И со тоа да ги изгуби својот шарм и својата привлечност.
Затоа не чуди што врските кои настанале на овој начин се нестабилни. Ако жената, кога ќе се почувствува прифатена, конечно го покаже своето вистинско лице, партнерот може да се почувствува изигран и да ја напушти. Ќе сфати дека таа не е личноста со која ја започнал врската. Онаа жена која поради стравот од напуштање ќе продолжи постојано да угодува, ќе ја зачува својата врска, но во неа ќе живее притиснато, без вистинската блискост. Ќе ја боли и чувството дека вистински не е сакана, бидејќи кога другиот вели: „те сакам“, таа ќе знае дека не ја сака неа туку сликата која таа угодувајќи му ја проектира.
И затоа веруваме дека претераното угодување не се исплаќа, дека не може да донесе љубов. Да бидеме тоа што сме и да се дружиме со оние кои такви нè прифаќаат и нè сакаат.
Пред точно сто години, по иницијатива на Клара Цеткин, Социјалистичката интернационала почна да го одбележува Денот на жената. Меѓутоа, тоа не е првиот и единствениот „женски“ празник. Многу земји во светот имаат повод за славење на жените и во други денови.
Според теоријата, во демократијата луѓето би морале да им ѕиркаат под нокти на оние што се на власт. Би морале да ги гледаат како владеат, да ги набљудуваат, бидејќи им дале мандат за владеење, ги избрале.
Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.
Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.
Испрати нов коментар