Отпечатоци врз коцки мраз

22.09.2009 14:48
otpecatoci-vrz-kocki-mraz..jpg

Грозданоски книжевноста ја користи како алатка – компас и објектив – која служи за ориентација и за идентификација.

Гледано оддалеку, може исто така да се рече дека оваа книга, од една страна, е суптилна потрага по поезијата на животот во некое блиско минато, во еден свет кој станува сè поневидлив и поразводнет; од друга страна, таа е желба да се насети личниот топос во истиот тој свет кој сè поупорно си ги испретура вредностите и ги губи идеологиите и појдовните точки.


Пукнатини

Понекогаш, кога се враќам кон студентскиот дом, се обидувам да газам само врз пукнатините на тротоарот, божем ги шијам некако со стапалата, за да не пропадне некој во нив. А веќе следниот ден ги избегнувам истите тие пукнатини, небаре се плашам да не пропаднам во некоја од нив. Во некоја што сум ја оставил отшиена, а никој друг не се сетил да ја зашие.

Отпечатоци врз коцки мраз

Многу ми се допадна книгата. Секоја чест !!!

Слични статии

Книга
Книга

ОкоБоли главаВицФото