
Во анкетата учествуваа книжевници кои можеа да бираат наслови од поезија, проза и публицистика, а со анкетата се обележа јубилејот на списанието кое „ги проби границите“.
„Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркез е книгата која најмногу влијаела на светската книжевност изминативе 25 години, според истражувањето на британското книжевно списание Wasafiri.
Славното дело на Маркез беше единствениот роман кој го навеле три автори, а писателот Нии Ајиквери Паркес во своето образложение напиша: „Романот е тој кој го научи Западот како да ја чита алтернативата на сопствената стварност – што ја отвори вратата за авторите од Африка и Азија. Освен тоа што се работи за чудесна книга, делото ги научи западните читатели на толеранција кон другите гледишта“.
На листата се најдоа и мемоарите на Барак Обама „Соништата на мојот татко“, „Лолита“ од Набоков, расказите на Рејмонд Карвер, „Сатански стихови“ на Салман Ружди, дела од В.С. Најпол, Бен Окри и Џ.М. Куци.
Сушејла Наста, уредничка во списанието кое со анкетата одбележа 25 години од своето постоење, коментирајќи ги резултатите изјави: „Кога се појави списанието, дури ни Нобеловата награда немаше меѓу лауреатите претставници од африканските или кинеските автори. Сега ја имаме Надим Гордимер, Воли Сојинка... Нештата се сменија, но пред нас сè уште се наоѓа долг пат“.