Анатомија на мирисот

01.04.2013 09:51
Анатомија на мирисот

Odoratus impedit cogitationem
Св. Бернар

еве
од што е направена
само една унца парфем
со звучно име

од 9500 јасминови
цветови од франција
од 4800 рози
исто така од франција
од осумдесет рози свирепо изморени
од жед
во пустините на мароко

од цветот на еден вид перуника
која успева исклучиво
на плантажите близу фиренца
каде што се подигнати чудовишни
крематориуми и каде што се
користат сончеви печки
за да се исцеди признание
од цветовите

најпосле од триесет и пет фабрички
произведени ароматични
хемикалии
кои поради рамнотежа се размешуваат
час на едната час на другата страна
и ја држат заедно душата
на сите цветови
пристрасни
и меѓусебно нетрпеливи

Превод: Иван Шопов
Слика: Ејми Вајс

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото