
Според многумина, Алан Тјуринг бил подеднакво значаен како Винстон Черчил за победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Тој се смета за татко на модерната компјутерска наука кој одиграл клучна улога во успешното дешифрирање на Енигма – машината за шифрирање на радио-телеграфските пораки употребувана од страна на германскиот Вермахт. Сепак, за разлика од Черчил тој не бил награден со високи државни почести, ниту бил славен од страна на јавноста по војната. Наместо тоа, бил прогонуван поради својата хомосексуалност и осуден за „непристојност“. Според законите на Британија во тоа време, на Тјуринг му бил понуден избор: затворска казна или хемиска кастрација. Се одлучил за второво – серија инекции со женски хормони. Две години подоцна, во 1954, тој се самоубил.
Неодамна, британскиот премиер Гордон Браун му се извини на Тјуринг во име на британските власти. Тој изјави дека „не претерува ако каже дека без неверојатниот придонес на Тјуринг, историјата на Втората светска војна ќе беше многу поразлична...“ и додаде дека „големината на благодарноста која му ја должиме уште повеќе ја нагласува монструозноста на начинот на кој бил третиран“. Браун „длабоко жали за нечовечниот однос кон г-дин Тјурин поддржан од хомофобичните закони од тоа време“. Препознавањето на Тјуринг како една од најголемите жртви на хомофобијата е уште еден чекор напред кон еднаквоста која одамна доцни.
Во истиот период, на другата страна од барата се навршија единаесет години од смртта на младиот Метју Шепард.
На 7 октомври, 1998, 21 годишниот студент по политички науки на Универзитетот Вајоминг се
запознал со Ерин Мекинли и Расел Хендерсон во локален бар. Тие му понудиле на Метју превоз до дома за да кратко потоа го ограбат, претепаат и однесат надвор од градот во рурален регион. Го заврзале за ограда и го оставиле да умре. Метју е пронајден 18 часа подоцна. Сè уште бил жив, но во кома. Неговата глава, лице и врат биле прекриени со рани. Докторите констатирале фрактура на задниот дел од главата и на предната страна од десното уво. Неговото мозочно стебло било значително оштетено, што ја оневозможило контролата на работата на срцето, температурата на телото и функционирањето на виталните ограни. Неговите повреди биле преголеми за операција. По шест дена вештачко одржување во живот, на 12 октомври 1998, тој е прогласен за мртов. Во однапред испланираниот напад, Метју бил одбран како цел само зашто бил геј.
Во неделата, 11 години по грозоморното убиство на Метју, на скалите на американскиот законодавен дом за време Националната парада за еднаквост, на толпата од 150,000 борци за еднакви права се обрати мајката на Метју. Како што изјави познатиот блогер Саливан тоа беа „убави моменти. Толку многу млади луѓе, толку многу убави лица, толку многу хетеросексуалци, и деца и една пријатна, убава атмосфера. И пораката која се слушна јасно и надалеку: ЕДНАКВОСТ. Не толерантност. Не внимателност и коректност. Ништо специјално и дополнително. Само еднаквост на сите луѓе, граѓани, државјани...во секој поглед. Уште повеќе, не стануваше збор за молба ниту побарување, само потврдување на фактот: ЛГТБ популацијата била еднаква отсекогаш. Чувството на инфериорност е само резултат на подмитената психа која низ годините е постојано узурпирана од страна на властите, средините и луѓето полни предрасуди и нивниот неразумен страв“.
Неколку дена пред собирот во Вашинтон, долниот дом на американскиот Конгрес го изгласа амандманот на Законот за кривични дела во кои расата, бојата на кожата, националната припадност или хендикепот се мотивирачкиот фактор. Амандманот на Законот, преименуван во „Matthew Shepard and James Byrd Jr. Hate Crimes Prevention Act“ го чека гласањето во Сенатот и потписот од претседателот. Амандманот ги проширува ингеренциите на Министерството за правда, кое ќе може да ги испитува и кривичните дела мотивирани од сексуалната ориентација, родовиот идентитет и полот на жртвите. Со амандманот истовремено се определуваат и грантови кои ќе бидат доделени на државните и локалните општини за тренинг на судските и полициски власти за да поефикасно се справат со истражувањето на криминалот мотивиран од предрасудите и омразата.
Кривичните дела кои ги опфаќа овој закон не се ограничени на ЛГТБ популацијата – тие се однесуваат на кривичните дела кои се случуваат секојдневно и создаваат клима на страв кај сите малцински групи. Она што ги прави посебно одвратни е што тие не се само кривични дела против личности, туку против цели групи луѓе и средини. Има разлика кога некој ќе ограби нечија куќа, и кога некој ќе ограби дуќан на Албанец и притоа на ѕидот ќе остави порака „смрт на Шиптарите“. Има разлика кога некој ќе повика на насилство кон личност и кога некој ќе повика на насилство кон „педерите“. Овој амандман на Законот за недискриминација на САД ја прави оваа суштинска,правна разлика во кривичните дела.
За разлика од САД, Законот за недискриминација во Македонија со години чека на добрата волја на нашите самопрогласени демократи. Не им се брза зашто (како што ни кажа и претседателот Иванов за време на кампањата) во Македонија не постои дискриминација – според претседателот, хомосексуалците во Македонија сами се стигматизирале. И покрај тоа, претседателот сепак се придружи на антидискриминаторските пароли, и се заложи за донесување на законската регулатива. Иванов го поддржува и демократското право на говор - кое по сè изгледа исто никој не забележува - забрзано се злоупотребува за негирање на слободата на определување на одредени групи граѓани (било сексуално, било верско или етничко определување). Игнорирањето на дискриминацијата врз ЛГТБ популацијата од страна на претседателот и неговите истомисленици е само (не)свесно оправдување на омразата како најмизерен човечки инстинкт.
Параноичното трчање во лавиринтите на насилниот говор во македонското општество стана норма. Примерите се насекаде - во провладините дувла во кои шизофрени, таканаречени новинари кои повикуваат на насилство кон „педерите, атеистите, соросоидите“ и ред други, во Фејсбук групите на кои се повикува на „колење на педерите“, кај „загрижените и толерантни“ родители“ кои јавно го негираат правото на живот и простор за слободно креирање на личности кои не им се по кеиф – во поново време Боки 13.
Непостоењето на Законот за недискриминација не значи постоење на еднакво и демократско општество во кое секој може да си го каже мислењето (па и фашизоидните фанатици кои ги окупираат медиумите), напротив значи општество кое дава легитимност и поддршка на насилството и предрасудите. Таквото општество не може да креира научници и компјутерски генијалци кои се способни да застанат на патот на фашистите во одбрана на човештвото. Таквото општество има капацитет да креира нови Хендерсонци и Мекинлиевци – деца кои во наследство ги имаат само самоуништувачките предрасуди на своите предци. Оттука не треба да нè изнедува фактот што Македонија уште години нема да го има капацитетот за заедништво и љубов, покажана во градот низ кој некогаш чекорел и Мартин Лутер Кинг, од страна на оние кои сè уште веруваат во начелата на неговиот сон за еднаквост. Еднаквоста значи заедништво и љубов пресликана во самосвеста која е резултат на препознавањето во Другиот.
Апсурдно
Испратено на 13 октомври 2009 од Киро ВелковскиАпсурдно е да се очекува во Македонија правата да се "добијат" во Собрание - и во САД и во ЕУ се добиени на суд...
Браво бе Киро, си ја пополни
Испратено на 13 октомври 2009 од АнонименБраво бе Киро, си ја пополни денешнава квота за искажано мислење во јавност. А што тресна небитно, важно е да се коментира. Фино за тебе.
@Анонимен, фала ти што го
Испратено на 13 октомври 2009 од Киро Велковски@Анонимен, фала ти што го прочита барем еднаш, па и ти си ја исполни квотата да прочиташ барем нешто паметно за денес. Блазе си ти, секој ден во секој поглед с`е повеќе напредуваш. Малце по малце, ама напред одиш. А кога уште малце ќе напреднеш, можеби ќе размислиш за тоа што некој го напишал и нема да тролираш.
@Киро Велковски : дај човече
Испратено на 13 октомври 2009 од Анонимен@Киро Велковски : дај човече плати преведувач од француски, холандски, шведски, дански, ирски и англиски да ти ги преведе јавните акти на нивните законодавни домови (не судски : ЗА-КО-НО-ДАВ-НИ) па да прочиташ каде биле донесени правата на сите тие држави коишто се во Европа. Таа де : за која ние тресеме глупости а едвај чекаме да бидеме дел од неа ;)
@Анонимен, пак не читаш
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро Велковски@Анонимен, пак не читаш (чуеш, ама не слушаш)... Актите ги имаме, правата не се спроведуваат. Или не се унапредуваат. Еве ти пример како се добива право на посвојување деца во ЕУ... http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=auto&tl=mk&u=http://en.wi... Преведено од Гугле за да не се мачиш, од второ одделение се учи англиски... Друго нешто нејасно?
Основата за да некој тужи е
Испратено на 14 октомври 2009 од АнонименОсновата за да некој тужи е постоење на легислатива(локална, регионална, државна, федерална) која се крши. Онаму кај што ја нема странката губи, а тоа во некои змеји провоцирало лобирање за измена на легислативата во законодавен дом. тоа се чита во линкот кој го приложува Киро. А има и примери во текстот на кој коментира. Судски спорови да, но истите секогаш се базирани на закони. Судот не одлучува на основа добрата волја на судијата туку врз основа на законодавни правила кои, не ги носи судот, туку законодавен дом или се припишани со Устав.
Но, би било уаво Киро да ги приложи актите кои постојат во МК и се однесуваат на недискриминација на основа пол, сексуална ориентација и родов идентитет, а кои како што вели само не се спроведуваат?
Кој ќе се бори во твое име?
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро Велковски@Анонимен, постои легислатива. И се крши. И никој не се буни.
Како и во сите нормални земји, легислативата постои за да се санкционираат работите (санкција НЕ ЗНАЧИ казна). Кај нас никој не се буни, значи нема проблеми, значи нема потреба за измена и унапредување на законите.
Судот не е само граѓански суд. Судот е и Уставен. Судот е и Судот за човекови права во Хаг...
А за правните акти, ниту ми притребале, ниту ќе ми притребаат - текстот го коментирав бидејќи прво треба обесправените да сфатат дека треба да земат мотика во рака и сами да си се справат со проблемите. А не некој друг во нивно име.
Кој побарал да посвои дете? За да биде одбиен? За да може да го однесе на повисоко ниво? Уставот и Законите се осветување (санкционирање) на тоа што се случува во општеството. Не е само казнување.
Затоа и мора уште да се менуваат, но само под притисок на тие што се директно засегнати.
Киро, кажа дека има
Испратено на 14 октомври 2009 од АнонименКиро, кажа дека има легислатива. Кажи која е? Ако не те интересира и не знаеш која е не трескај напамет колку нешто да кажеш без да го прочиташ текстот на кој коментираш. Фино тоа што го кажуваш, ама погледни малку во реалноста. МОжеби никој не се обидел да посвои дете (ти не би знаел) ама се тепаат, бркаат од работа, и се повикува на линч на луѓе секојдневно. Истите не можат да се побунат законски оти закон нема. Иако ти сакаш да не убедиш дека го има иако не те интересира кој е. А сами се справуваат не се секирај, иако ти мислиш дека нема потреба. Игнорирањето на проблем не значи дека го нема нешто кое гледам политичката гарнитура ти помага да не го сфатиш.
Извини, во право си, друг
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро ВелковскиИзвини, во право си, друг треба да ја бие битката. Ете ЕУ на пример.
http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/2009/mk_rapport_2009_e...
Little progress has been made in the area of anti-discrimination policy. Mechanisms to identify, pursue and criminalise all forms of discrimination by State and non-State bodies against individuals or groups do not yet exist. A framework law on anti-discrimination remains to be adopted. Discrimination based on sex, ethnic origin, disability and sexual orientation persists. Minorities, the Roma community and people with disabilities, particularly children, suffer most from discrimination in various walks of economic, social and cultural life. Neither the Constitution nor the existing legislation identifies sexual orientation as a basis of discrimination. Lesbian, gay, bisexual and transgender (LGBT) people are not protected against direct or indirect discrimination and are stigmatised, particularly in rural areas.
Само ако мислиш дека Законите и Уредбите се доволни, гадно си се з*л...
Слободно дај ми пример на борбата за правата. Јас тоа не го гледам. Освен ако МАССО е примерот, тогаш е премногу слаб, точно еден човек се бори за правата, другите чекаат да им стигнат препорачано дома.
Си замина Dame, добредојде
Испратено на 14 октомври 2009 од АнонименСи замина Dame, добредојде Киро :-))))
Одлично! Значи ова е место за
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро ВелковскиОдлично! Значи ова е место за дискусија на истомисленици. Одлично, а мислам и ќе има одлична дискусија... Супер си, дури и се срамиш да се потпишеш.
Туку го виде вицот? Така и ти, луѓето можат да дискутираат како сакаат с`е додека тоа се поклопува со ставот на Претседателот на твојата партија/нво/кој-и-да-е-само-да-не-мислиш-со-своја-глава.
Која е разликата меѓу Черчил и Сталин?
-Черчил ги собирал вицовите што луѓето ги кажувале за него, а Сталин ги собирал луѓето што кажувале вицови за него.
ja citam diskusijata, i ne
Испратено на 14 октомври 2009 од Анонименja citam diskusijata, i ne mozam svatam nekoi raboti. I pokraj zakonot koj go sankcionira ubistvoto, pak ima ubistva. dali toa znaci deka zakonot e dzabe?
Kiro tvrdi deka postojat akti, samo ne se sproveduvale, go poducuva sogovornikot deka sudot ne e "samo gragjanski tuki u ustaven" za da potoa dade citat koj veli "neither the Constitution nor the existing legislation identifies sexual orientation as a basis of discrimination"
Ili e diskusija na neistomislenici, ili diskusija na nemislenici. Barem mislenjeto e dozvoleno, ne? Mozebi i za toa ima legislativa, samo ne se sproveduva po se izgleda. Epa fala im na EU, barem nekoj misli namesto nas.
Прво се случиле убиствата ПА
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро ВелковскиПрво се случиле убиствата ПА ПОСЛЕ е направен законот за санкционирање на убиствата. Прво ги направија МП3 плејерите, па сега почнаа Закони против дигитално пиратство.
Второ, еден дискутант спомна дека судот ова она, а јас всушност напоменав дека Судови има неколку видови.
И пак, мислам дека е џабе борбата од страна на ЕУ - с`е додека не се направи „сопствена“ борба тука, ништо од правата. И на тацна сите права да ги добие односната група, пак џабе, спроведувањето ќе биде нула, т.е. пак нема ништо да се добие.
Да нема забуна - еве ја
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро ВелковскиДа нема забуна - еве ја мојата прва порака:
Апсурдно е да се очекува во Македонија правата да се "добијат" во Собрание - и во САД и во ЕУ се добиени на суд...
Значи - верувам дека има недостаток од права, но дури и ова малце што го има санкционирано во законите (за јавни податоци, неам поима каде на друго место, ама го има ако ништо друго во Универзалната декларација за човекови права на ООН чиј потписник е и РМ) и тоа не се почитува.
И НИКОЈ НЕ СЕ БУНИ. НЕ МОЖАМ ЈАС ДА ИЗЛЕЗАМ ДА СЕ БУНАМ (ИЛИ НЕКОЈ ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ). МОРА ДА ИЗЛЕЗАТ ДА СЕ БУНАТ ТИЕ ШТО СЕ ОНЕПРАВДАНИ (ИЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ОНЕПРАВДАНИ). МАКАР И СО ПАНДЕЛКИ И БЕЏОВИ.
И да излезе комисија да пишува закон, ќе го вклучат МАССО и? И кој друг? Секоја чест на Кочо, ама па он не може сам с`е да направи, нели? КОЈ ДРУГ СЕ БОРИ ЗА СОПСТВЕНИТЕ ПРАВА?
ЕХ, сега е ваљда појасно
И за што изнашиша 10 страни
Испратено на 14 октомври 2009 од АнонименИ за што изнашиша 10 страни Киро, за да заклучиш дека треба да продолжиме да му веруваме на претседателот дека во Македонија таква дискриминација не постои, да чекаме некого да убијат, претепаат, го избркаат од работа, па откако ќе тужи може некој ќе му помогне да добие признание дека е дискриминирам на основа пол, хендикеп, ориентација и сл. (покрај тоа што е нападнат како личност) и потоа ќе оди во законодавниот дом ако има сила, а и некој попат не му каже „ ќути полошо можеше да завршиш“. Значи, наместо да учиме од туѓите искуства, Киро предлага да се испоколеме најпрвин. Ако ти не можеш Киро, некои можат. Ете, се побунил некој. Не мора неговите слободи да се кршат за да се буни и повикува на препознавање и штитење на правата на сите, што е основно демократско право на сите граѓани.
Или ти радије би прво крв да падне? Сери Кириле и чекај го тоа, ако не можеш ти да се буниш, не гледам дека некој те силува на тоа.
Абе стварни имаш проблеми со
Испратено на 14 октомври 2009 од Киро ВелковскиАбе стварни имаш проблеми со читањето. Изгледа само од фекалии се разбираш.
0. НИТУ ПОДДРЖУВАМ ДИСКРИМИНАЦИЈА НИТУ УБИСТВА НИТУ ТЕПАЊЕ НИТУ НИШТО СЛИЧНО. СЕКОЈ ИМА ПРАВО ЗА СЕБЕ ДА ОДЛУЧУВА ПА ДУРИ И ЗА СЕКСУАЛНОСТА (КОЈА ШТО ЈА СМЕТАМ ЗА НЕВАЖНА).
1. ФАКТ Е ДЕКА ИМА ДИСКРИМИНАЦИЈА.
2. ФАКТ Е ДЕКА Е НЕВИДЛИВА И НИКОЈ НЕ СЕ БУНИ.
3. ФАКТ Е ДЕКА ЏАБЕ И ДА ДОЈДАТ ЗАКОНИТЕ КОЈ ЌЕ ПОСВЕДОЧИ ДЕКА ТОА СЕ СЛУЧИЛО? КОЈ ЌЕ РЕЧЕ ДЕКА ТАКА БИЛО... КОЧО? САМ?
Знаеш дека има закон за безбедност во сообраќајот (надвор од твојата стручност за фекалии)? И? Пишува дека деца мора да се возат соодветно врзани и на задните седишта? Колку такси служби возат деца? Колку од нив имаат седишта? Колку луѓе бараат седишта? Колку полицајци казнуваат?
Секој мора да се избори за своите права. Ништо на готово. Тоа што е добиено на готово вреди нула. Плачењето некој да им го даде тоа што им припаѓа е безвредно - мораат сами да излезат да го бараат. А не го прават тоа... Секоја чест на Кочо, пак, чуму, и за кого се мачи.
Леле... Киро црн Киро : од
Испратено на 16 октомври 2009 од ЈованЛеле... Киро црн Киро : од многу гледање на Парламентарен канал си заборавил за што служи законодавен дом. Ко Драгана Мирковиќ да ја гледаш на Пинк Телевизија ебате па сеедно ти е што сукња носи. Уште еднаш да го спомнеш Кочо ќе помислам дека си му љубоморен и сакаш нешто да имаш со него. Има поубави луѓе од него ебаго!!! Еве, на пример, евреите у Аушвиц : сами си организираа парада и кренаа бунт, а богами и партизаните у Македонија коа требаше да носат штафета на суд се појавија за да им пресудат каква бронза треба да се користи за да ја направат за да не се гаси. А утре хендикепираните лица ќе летаат низ прозор директно на плоштад да кренат бунт оти државата нема закон за норми за инвалиди и слепите ќе бараат нови ИСО стандарди за телевизори со брајова азбука. Викаат дека медиумите биле цензурирани ама ја викам оти мозоците имаат цензура од писменост. Затоа за второ одделение даваш референци : изгледа таму си останал!!!!!
Ајде со ред - Закон за
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро ВелковскиАјде со ред
- Закон за безбедност на сообраќајот во вселената не е донесен. Треба веднаш да се донесе!
- Кој друг освен Кочо да го споменам? Хелена Роза? Опс, извини Софија Теодор. Две имиња засега.
- Хахахахаха http://encyclopedia2.thefreedictionary.com/Hitler+argument и http://en.wikipedia.org/wiki/Reductio_ad_Hitlerum
- Државата (според дебата во Аларм на Наша ТВ) во последен момент одлучила да не ги вика Полио Плус и Најче и да си го напишат законот како им воља. И генерално еден куп закони се донесуваат на брзина, по скратена постапка и нема ништо специјално против инвалидите или ЛГБТ популацијата.
- Ова надвикување без аргументи е обид за цензура или што? Зошто мислиш дека имам било каква партиска позадина? Ти јавија од СДСМ?
-Имаше неколку несоодветни коментари. Како за второ одделение. Но гледам дека и некои што имаат многу повеќе им зарибал мозокот од немислење со своја глава.
Последен пат - с`е додека не застанат во првите редови, ние не можеме да застанеме позадни нив да им помогнеме. Мораат сами да се борат.
Можеме, зашто не би можеле.
Испратено на 17 октомври 2009 од миопаМожеме, зашто не би можеле. Треба и сами да се борат, секако, ама сите свесни луѓе би требало да согледаат дека борбата всушност не е за правата на педерите, туку за човечки права. Секој човек треба да има три деца. Не, грешка, да се бори за универзалните човечки права и еднаквоста на луѓето без разлика на пол, раса, националност, сексуалност, инвалидитет или што и да е друго. Во спротивно во еден момент и ќе се случи и твоите права да бидат повредени, и ако треба сам да се бориш, си наебал.
http://en.wikipedia.org/wiki/
Испратено на 19 октомври 2009 од Киро Велковскиhttp://en.wikipedia.org/wiki/First_they_came...
Наполно се согласувам... НО, сепак, с`е почна како дискусија дека плачењето и повикувањето на совеста на пратениците (или веќе кој донесува закони) се должни некому, па и на односната група, да им даваат нешто.
Јас не тврдам дека јас сум ќутел или не сум се замешувал. Ниту ме спречува нешто јавно да изразам поддршка на Кочо Андоновски, Софија Теодор, и веќе нема на кој друг. Другите не излегуваат, а сакаат права. Во модерните држави, колку и да е тоа старомодно, прво те пребројуваат, па после ти даваат основни права. На пример, во Франција не може фереџе во школо... А демократија е, нели? Ако се добиваа работите на тацна немаше да има 1967-ма на Сорбона? А текстот за Еднаквост, не повикува на борба за сопствените права, туку, според мене, кмека над судбината. Но си ја врши функцијата - штом отвора дебата, добар е.
И форумот, пак, под текст кој што бара изедначување на правата на различните и знамето на виножитото, не е спремен да слушне друг глас и друго мислење (различен од различните), и надвор од суштината, преку формата, се обидува да ги игнорира проблемите и да ја задуши дебатата.
Длабоко патријархално, изопачено недемократско („демократија со цврста рака“ е желбата на секој Македонец) и хејтерско општество (хејтам Македонци/Албанци/Бугари/Грци/Срби, педери, буџи, наркомани, и што и да е) не можеш да го смениш со волку мек текст за еднаквоста. Чинот недостига. Макар и шарени панделки. Да се преброиме колку сме. Па после неколку години и на плоштад (па градоначалникот да ги води на парада неговите службеници, вклучувајќи ги и прва полициска, раскопчани нели).
Како беше вицот, идат Снежана и две џуџиња и волкот ги прашува, кој сте вие? а они - Снежана и седумте џуџиња. Е пак како седум, нели сте две. А они дигаат рамења и му викаат, е нема луѓе...
Нејсе, форумите не се за пишување, туку се за потврдување - друже Миопа 100% се согласувам со тебе, само среќа што тоа не ти беше јасно и пред да ми напишеш, па вака си добив шанса да се дообјаснам и пак да бидам последен на форумот (хахаха). Утре ќе си отворам мој приватен, па ќе си дебатирам до миле воље.
Не не, не се согласуваме
Испратено на 19 октомври 2009 од миопаНе не, не се согласуваме :)
Должни се. Ништо не треба да им даваат, треба да ги заштитат од дискриминација.
Друг проблем е што голем дел од педерите кај нас се пички у душа и не се борат како што треба за својата кауза, и покрај тоа што ги има доволно и на број и во власта.
Верувај ми, се согласуваме
Испратено на 20 октомври 2009 од Киро ВелковскиВерувај ми, се согласуваме :)
Туку како да ги заштитат од дискриминација ако нема кој да потврди. Ако општествената свест мижи и на двете очи („кај нас нема дискриминација“) како ќе докажеш дека имало и во конкретни случаи дека баш заради тоа некој е натепан/отпуштен од работа/одбиен...
Не дај се Киро!!!!!!
Испратено на 16 октомври 2009 од АнонименНе дај се Киро!!!!!!
Не дам се, не се секирај, не
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро ВелковскиНе дам се, не се секирај, не ми е првпат на интернет со тролови. Освен ако не сакате да правите „анкети меѓу наши истомисленици“ па кажете, да ве оставам на мир.
Off topic...
Испратено на 16 октомври 2009 од ДушанЗначи ептен оф топик: Киро, голем поздрав од мене (Душан) шо си го избриша профилот на Фејсбук пред едно 2 недели. :D
:)
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро Велковски:)
Киро, уште колку пати ќе
Испратено на 16 октомври 2009 од АнонименКиро, уште колку пати ќе прашаш дали „сакаме“ да правиме анкета меѓу истомисленици? Кого ти уствари прашуваш дали сака или не сака? Окно? Уредниците? Соговорникот? Како што гледам сите коментари ти стојат. Така да, пробај за пробена ти да не бидеш трол.
За да има дискусија мора да
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро ВелковскиЗа да има дискусија мора да има разлика во ставовите. Препрочитај ги одговорите на моите дискусии - или пцуење или згрозување од моите ставови или и двете. И етикетирања. А Окно/уредниците па ич да не модерираат. И едноставно, како да ја матам водата на истомислениците...
И крајно време е да се воведат модератори на дискусиите и некакви правила за дискусија. Вака кој стигне си ја полни устата со фекалии.
Киро, преброј си ги
Испратено на 16 октомври 2009 од нонименКиро, преброј си ги коментарите на порталот и види колку од севкупниот број се твои, и потоа дојди пак пожали се на интернет тролови, зашто да повториш едно те исто 20 пати не е доволно, треба 100 пати по можност. Ти тоа убаво го покажуваш.
Аха, значи бројноста е битна
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро ВелковскиАха, значи бројноста е битна - еве, 237 постови од Анонимен, 12 од мене.
In Internet slang, a troll is
Испратено на 16 октомври 2009 од Киро ВелковскиIn Internet slang, a troll is someone who posts controversial, inflammatory, irrelevant or off-topic messages in an online community, such as an online discussion forum, chat room or blog, with the primary intent of provoking other users into an emotional response[1] or of otherwise disrupting normal on-topic discussion.[2]
http://en.wikipedia.org/wiki/Troll_(Internet)
Количината нема врска. Има врска дали некој намерно сака да ја задуши вистинската дискусија. Како што се прави на сајтов кој што е без модератори... Нејсе, се надевам само дека ќе се подоправи дискусијата и нема да остане на климање со глави и одобрување.
И финално - да се обидуваш да ме шиканираш дека се потпишувам, па и тоа нема никаква смисла. Можеби јас имам повеќе право да не одговарам на оние што се кријат позади анонимноста, нели?
Комуникацијата не би постоела ако нема разлика во мислења. Ниту сајтови - сите се би си знаеле и толку...
Изгледа Киро има една цел :
Испратено на 18 октомври 2009 од АнонименИзгледа Киро има една цел : последниот пост да биде негов... Киро : џабе мелеш - се додека речениците не ти се согласно прописите дадени во Синтаксата на Минова-Ѓуркова нема да те разбере народов што сакаш да кажеш.
А ти како се викаш? Може да
Испратено на 19 октомври 2009 од ДушанА ти како се викаш? Може да се запознаеме?
А „Анонимниве“
Испратено на 19 октомври 2009 од ДушанА „Анонимниве“ клонови да пишеа по едно име наместо да се криеја зад маски? Фали кичма, а? =)
Фали, а? А? А? =))))
Испратено на 19 октомври 2009 од АнонименФали, а? А? А? =))))
Не да фалиииии.... =)
Испратено на 19 октомври 2009 од ДушанНе да фалиииии.... =)
Анонимни ѓубриња...
Испратено на 20 октомври 2009 од АнонименАнонимни ѓубриња...
Туф, туфф...
Испратено на 20 октомври 2009 од ДушанТуф, туфф...
Евробарометар за
Испратено на 12 ноември 2009 од Киро ВелковскиЕвробарометар за дискриминацијата. Фришко.