Како да се справиме со критиките

14.10.2009 09:52
critics.jpg

Повеќето успешни луѓе веруваат дека единствена причина за нивниот успех е тоа дека за време на кариерата имале ситни грешки. Вистината за овој факт останува потврдена низ примерите на деловните луѓе кои безброј пати се обиделе сè додека не ја оствариле својата цел.

Она што не е сосем јасно, а е многу битно и е неизоставен дел од нивниот успех, лежи во нивниот начин на соочување со критиките од кои секогаш знаат да извлечат корист.

Различни видови критики

Критиката има два различни вкуса: конструктивен и деструктивен. Со обата треба да се постапува внимателно, иако спрема секој треба да се има поинаков став. Повеќето луѓе зборот „критика“ автоматски го поврзуваат со негативна конотација бидејќи веднаш помислуваат дека критиките секогаш им носат нешто деструктивно. Сите се сеќаваме дека уште како деца сме биле мета на потсмев и критики, понекогаш дури и без причина, па тие сеќавања ни остануваат во потсвеста и откако ќе пораснеме.

Деструктивна критика

Деструктивната критика и не е сосем искористлива. Може да ви се укаже на грешката, но доколку упатената порака не содржи начин за решавање на настанатиот проблем, критиката ќе резултира со исклучиво негативен ефект.

Како да се соочиме: Веројатно најдобар начин за соочување е едноставното занемарување, односно, игнорирање на пораката со негативна позадина и обид за промена на нејзиниот предзнак во позитивен.

Конструктивна критика

Со конструктивната критика можете да ја подобрите својата работа. Најдобро се учи на истите грешки. На пример, претпоставениот ќе ви упати критика: „Благодарам за извештајот, гледам дека си вложил/а голем труд. Меѓутоа, мислам дека би можел/а да го подобриш со малку повеќе текст и повеќе статистички податоци“.

Како да се соочиме: Сфаќаме дека позадината на оваа критика е позитивна. Погрижете се што е можно подобро да ја сфатите пораката и распрашајте се за да бидете посигурни дали разбирате сè што треба да се направи за вашата работа да биде поквалитетна.

Како да го претвориме негативното во позитивно

Како прво, мораме да ја разбереме критиката. Треба да бидеме поаналитични кон она што сме го направиле, бидејќи можеби и навистина сме можеле подобро да го сработиме. Треба да прашаме што конкретно не е квалитетно направено и зошто. Ако не добиеме повратна информација, едноставно би требале да ја игнорираме критиката и да сметаме дека сме постапиле исправно.

Краен чекор

Крајниот чекор е спроведување на договорените подобрувања на дело. Не смееме да заборавиме да и’ се обратиме на личноста која прва ни упати критики за да провериме дали истата е задоволна со нашата работа.


Извор: AskMen

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото