Зошто мажите гледаат во женското деколте

16.10.09 18:43
man-woman-drawing.jpg

Она што жените отсекогаш го знаеја, сега е научно докажано – „посилниот пол“ не може да одолее без да одмери привлечна жена, се плаши од ќелавост, сака пиво и повеќе го возбудува мирисот на женска пот отколку скап парфем. Еве зошто.

Ген за одмерување

Мажите гледаат подалеку од жените благодарение на своите пештерски предци – ловците морале да го забележат пленот уште оддалеку. Но затоа нивното видно поле е значително пократко од женското, тврдат научниците. Докажано е дека жените подеднакво често се загледуваат во згодни типови на улица, но во тоа е потешко да ги фатиме на дело. Периферниот вид им покрива речиси 180 степени.

Тајната на длабокото деколте

Мажите најбрзо ги возбудува она што го гледаат. Првото нешто кај жените што им го привлекува погледот е длабокото деколте или високиот шлиц на здолништата.

Нежно-заводлив глас

Машкото уво ги обработува високите фреквенции многу послабо од женското. Тој подобро слуша ако таа зборува тивко – па уште ако гласот е топол и длабок...

Миризливи факти

Истражувањето на машките олфакторни жлезди докажаа директна поврзаност на мирисот на женската пот и сексуалното возбудување. Уште поинтересно, мажите повеќе ги возбудува мирисот на женската пот отколку на скапиот парфем.

Реално, помалку зборуваат

Жените секојдневно изговараат од шест до осум илјади зборови, мажите од две до четири илјади. Ако тој молчи додека таа не затвора уста, жената збеснува, убедена дека безобразно ја игнорира или предизвикува. А тој, всушност, е само типичен маж.

Зошто не можат без пиво?

Тестовите покажуваат дека мажите многу подобро разликуваат солени и горки вкусови од жените. Поради тоа и почесто пијат од тој фин, горчлив пијалок. Жените, се знае, подобро го чувствуваат слаткиот вкус.

Страв од ќелавост

На 20 години мажите имаат околу 100 000 влакна на главата. На 25, секој петти почнува да ја губи косата, а на 30 години, секој трети. Утврдено е дека 80% од мажите се плашат од ќелавоста и дека изгледот на косата значајно влијае на нивото расположение и самодоверба.

Хормон за лутење

Секоја жена знае дека мажите, кога ќе се налутат, наеднаш престануваат да разговараат и го спуштаат носот. Жените имаат повисоко ниво на окситоцин во крвта, а тој ги потикнува да се жалат во стресни ситуации. Пониското ниво на окситоцин ја смалува потребата на мажите да се доверуваат и така да се ослободуваат од стресот.

Нозете ги издаваат

Стручњаците за говорот на телото откриваат дека поголемиот дел од мажите ги тријат нозете кога се сексуално возбудени. Кога почнува сериозно да се интересира за некоја жена, „воинот“ несвесно ги покажува бедрата и ги шири стапалата.

Извор: B92

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.

Верувам дека само преку почитување на секојдневното, на секојдневните просторни ситуации, можеме да дојдеме и до вистинскиот однос кон посебните архитектонски вредности.

Ви претставуваме дел од светскиот тренд во архитектурата и во урбанизмот, во кој посебен акцент се поставува на користењето еколошки, обновливи  материјали и на односот кон природата.