Што се’ кажуваме за време на оргазмот

28.10.09 14:31
orgasm.jpg

Дали она што го изговараме за време на оргазмот има некакво значење?

Оргазмот е време кога луѓето се духовно најсоголени. Вчудоневидувачка е истрајноста со која жените од сите возрасти и на сите континенти ги повторуваат истите зборови за време на оргазмот. Јапонките, Индијките, Французинките и Англичанките мрморат за умирањето („аааааа, ќе умрам!“). Од задоволство, се разбира.

Некои од нив, според психолозите, го велат зборот „Умирам!“ бидејќи потајно им допаѓа таквата смрт. Други, пак, ја повикуваат мајката, третите и’ се препуштаат на верата („Ооо, мој Боже!“), иако се атеисти. Оргазмот има вонземска моќ, дури и моќ на преобратување на неверниците.

Тоа е природно. Малку на шега, но малку сериозно – оргазмот е најрелигиозниот миг во нашиот живот и сите други мистични опојности се само негова бледа слика.

Што велат Индијанците?

Индијанците ги класифицирале извиците при оргазмот, ги споредувале со птичјите крици и предупредувале дека папагалите лесно можат да ги научат, па затоа на папагалите не им е местото во спалната соба.

Битно е двојката да научи да ја слуша таа музика која нè развеселува, а посебно да знае кога: „Престани!“ значи „Доста“, но исто така и кога жената сака уште.

Некои од тие шифри се вобичаени – брзото дишење кога ќе ја допреш вистинската точка, растреперената воздишка кога ќе навлезеш до крај. Жените, па и некои мажи, често зборуваат со некаков детски шепот или повторуваат безобразни зборови кога најмалку ги очекуваме. Некои можат да се слушнат и пет улици подалеку, додека други се сосем тивки или се смеат и те плашат со стенкањето.

Кога жената вреска, но кога навистина вреска

Од оние навистина бучните, некои сакаат да бидат оставени да врескаат, додека на другите помило им е да им ја затворите устата или самите да ја затнат со прамен од косата. Мажите исто така можат да бидат гласни, иако обично не се толку разговорливи без смисла и без крај.

Слушањето на сопствениот глас го засилува оргазмот

Битно е ова: при взаемен, опуштен однос бидете толку гласни колку што сакате. Чудно е дека пишуваме за тоа, но оние кои ги планираат куќите и хотелите сè уште не се свесни за тоа – па така излегува дека сите се во брак со нечујни партнери и немаат деца, бидејќи во спротивно би се избегнувале монтажните ѕидови.

Како и да е, сосем тивкиот секс за чие време партнерите едeн на друг цврсто си ги притискаат устите со дланка може да биде забавен ако не смеете да ризикувате да биdете слушнати од некој.

Смеење за време на оргазам

Можете ли да замислите маж кој на сите можни начини се обидува да и’ излезе во пресрет на својата сакана, а таа во миговите на „огномет“ да прсне од смеење?

Цврстиот карактер во таквите ситуации сосем сигурно е благодет, бидејќи во спротивно машката гордост би можела да се стопи како восок до оган. И што да се стори ако таа е нападната од неконтролирана смеа – имено, на некои жени тоа им се случува?

Како прво, не треба да се чувствувате повреден поради тоа. Како второ, најверојатно таа не ви се смее вам. Најверојатно таа се наоѓа во самиот вртлог на фантазијата...


Извор: Intimate Medicine

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Пред точно сто години, по иницијатива на Клара Цеткин, Социјалистичката интернационала почна да го одбележува Денот на жената. Меѓутоа, тоа не е првиот и единствениот „женски“ празник. Многу земји во светот имаат повод за славење на жените и во други денови.

Според теоријата, во демократијата луѓето би морале да им ѕиркаат под нокти на оние што се на власт. Би морале да ги гледаат како владеат, да ги набљудуваат, бидејќи им дале мандат за владеење, ги избрале.

Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.