Асанж: Сноуден е на сигурно

25.06.2013 12:41
Асанж вели дека Сноуден е на сигурно

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави дека Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската безбедносна служба, кого САД го обвини за шпионажа, се наоѓа на сигурно и дека е добро расположен.

Како што пренесува и британски Гардијан, со Сноуден е и една од соработничките на Викиликс, Сара Харисон, која патувала со него од Хонг Конг до Москва.

Во понеделникот, голем број медиуми ја пренесоа веста дека Сноуден не се наоѓал на летот од Москва до Хавана, како што претходно беше најавувано.

„И двајцата (Сноуден и Харисон) се на сигурно и се во контакт со нашиот правен тим. Не можам да ви дадам повеќе информации за тоа во која земја се наоѓаат поради заканите кои пристигнуваат од Америка“, рече Ансаж во една изјава за лондонскиот весник. Тој истакна дека Сноуден не е предавник или шпион туку еден човек кој сакал да ја сподели вистината со јавноста.

Според неговите зборови, администрацијата на претседателот на САД Барак Обама нема право „да го шпионира целиот свет, со што го крши Уставот на САД, како и законите на останатите земји“. „Од еквадорската влада Сноуден доби документи кои му овозможуваат да влезе во земјата како бегалец“, рече Ансаж за време на еден телефонски разговор со новнарите.

Ансаж, кој по издавањето на налогот за неговото апсење се сокри во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живее и денес, изјави дека Сноуден е на безбедно место, но не сакаше да прецизира каде точно се наоѓа. „Поради заканувачките изјави на американската администрација, засега не можеме да откриеме повеќе детали“.

Во понеделникот, претставници од Белата куќа соопштија дека очекуваат од Русија да го екстрадира Едвард Сноуден назад во САД и истакна дека Вашингтон често ги задоволувал руските барања во однос на екстрадицијата на руските криминалци. „Очекуваме од нив да ги разгледаат сите можни опции и да го вратат Сноуден назад во САД“, рече потпаролот на Белата Куќа – Џеј Карни во едно обараќање кон новинарите, додавајќи дека Вашингтон претпоставува дека Сноуден сè уште се наоѓа во Москва. Карни рече и дека одлуката со која му се дозволило на бегалецот Сноуден да го напушти Хонг Конг „без никакви сомнежи“ ги загрозила напорите за да се изгради доверба во американско-кинеските односи. „Тоа беше намерен избор на кинеската влада, која му дозволи на еден бегалец да побегне, и покрај постоењето на владин налог за негово апсење и таа одлука секако ќе има негативо влијание на нашите односи“, рече Карни.

Во понеделникот, Рикардо Патињо, министерот за надворешни работи на Еквадор, на конференцијата за печатот во виетнамската престолнина Ханој, изјави дека Еквадор го разгледува барањето на Едвард Сноуден за егзил.

Патињо рече дека принципите на човековите права се најважни кога се работи за случајот на Едвард Сноуден. Тој рече дека е во контакт со Русија, каде што, според него се наоѓа Сноуден. „Не можеме да ви дадеме никакви информации за тоа каде се наоѓа Сноуден во моментов, но сепак сме во конаткт со руската влада“, рече Патињо.

Информациите за тоа каде се наоѓа Сноуден во моментов се навистина контрадикторни.

Авионот на руската комапнија Аерофлот, за чиј лет Сноуден имал резерирано карта, полетал во понеделникот за Куба, но без Сноуден, според информациите од руската воздухополовна компанија.

Извор: e-novine.com

ОкоБоли главаВицФото