Беличанец: Статуси и твитови (2)

03.07.2013 13:42
Статуси и твитови (2)

Се молат словенските просветители да си ја довршат работата!


Признавање на пораз не е нечесна работа. Инсистирање на победа по секој цена е! Во поразите се преиспитуваме... Во победите ја губиме душата... Тој што не бил поразен, не знае ни да биде победник... Туку само бедник...


Ве молам серијава на глупи вести да продолжи во форма на сликовници од типот: Марика лета со авион...
Значи:
Јохан лета со авион, Јохан на аеродром, Јохан на плоштадот, Јохан во прво одделение...
Па мора и на малите да мислиме..


Ќе се органира нов самит на претседатели! На куќни совети!


А, Јагнула да ја пуштиме на Евровизија в година?
Уште тоа нема пробано...


Има рокери и барокери. Две непомирливи субкултури.


Кога ќе стасаш со бугарски воз, многу логично е од возот да се симнеш по шпански скали...

Ај и јас да се приклучам на трендов:

Прашање на екстерно тестирање - Македонија е:

а) Сè што имаме
б) Бисер балкански
в) Вечна
г) Дијагноза


Ново Reality show во продукција на владата на РМ - Who wants to be ambassador!


Жерновски прикрива мито со тоа што јавно кажува дека му нуделе мито - Внатрешен Македонски
Револуционерен Оксиморон!


Византија пропаѓаше 1000 години, и после 600 години и натаму продолжи да пропаѓа... И никако да пропадне...


Кај нашиот народ поосетливи се ушите од срцето!


Што е бе тоа хурем?


Промената на законите не е реформа!
Промената на менталитетот е реформа!


Малите македонски партии си ги викаме пајтон-партии...
Зошто големиве не ги викаме Монти Пајтон партии?


Изберете одела!


И вие можете да почнете преговори со ЕУ - индивидуално.
Новиот инструмент се вика job interview!


Капиталистичко ТАО

Кога немаш ништо го имаш цел свет
тоа има само една мана
џабе го имаш
не можеш да го продадеш


Не е убаво луѓето да одат во Грција за да не ги вознемируваат патриотите при сончање...


На сите чистачи со списочињата во раце.
Откога ќе исчистите сè. По список, а и ѓутуре.
И кога ќе сфатите дека смрдеата не престанува – само тогаш ќе сфатите дека таа доаѓа од вас!


Амур на француски е љубов.
На прилепски е мелено месо за скара.
Културни разлики....


Луѓето вработени во македонската амбасада во Брисел успеале да постигнат голема победа за Македонија. После настојчиво инсистирање, македонско знаме е поставено во еден паб во близина на Европскиот парламент.


Нема веќе новинарска фела!
Македонија се сака со дела!


Репортери без медиуми - ново новинарско здружение...


Делувај локално - глупирај се глобално!
ВМРО-IQМНЕ!


ЕУ ако доби нобелова награда за мир, Колумбија треба да добие за хемија!


Барам МТВ да ѝ овозможи на публиката да гласа на собранискиот канал кој да отпадне следната недела. Тоа е елементарно за секое реалити шоу! А претставува и демократски исчекор во општеството!


МВР трага по реставратори аматери кои ноќно време реставрираат икони по цркви. Акцијата се вика „реставратор“. Обвинети се дека ги довеле во заблуда свештените лица и лапачите на бурек. Се сомнева дека се поврзани со руската разузнавачка служба затоа што слични дејства се забележани и во Русија.


Дискусија за инквизиторската лустрација на ФБ профилот на Роберто Беличанец:

Роберто Беличанец: Коце се распрашувал дали тоа селото зад седумте јасени е во скопско за да ги исече јасените.

Искра Гешоска: а Груевски слушам свикал совет за консултација околу деветте керубинови векови - да не случајно излезе нешто постаро од Александар та и од Јустинијан.

Роберто Беличанец: Ма сè тоа директ на кучешко распетие...

Искра Гешоска: ќе дојдат двете Марии и ќе ги разрешат сите дилеми, не за друго, туку затоа што иднината на оваа земја е во рацете на жената, како што тврдеа некои великодостојници. Значи, во исчекување на две Марии...

Роберто Беличанец: Во исчекување на двете Марии ќе ги трпиме овие што следат глуви команди

Благица Сековска: џабе зборувате... тие се тврдоглави, па си тераат по свое

Роберто Беличанец: Кирил и Методиј официјално работеле за Византиските служби - кога ќе бидат лустрирани ако може да ни се каже? М?

Кон првиот дел

Извор: Извор: www.facebook.com/roberto.belicanec и twitter.com/RobertoBelicane

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото