Рамноправност во оралниот секс

30.10.2009 13:09
plate79.jpg

Меѓу поголемиот број мажи владее верувањето дека оралниот секс е нешто што жената секогаш треба да му го овозможи на мажот пред сексот, додека самите тие оралното задоволување на жената го ставаат во втор план.

Значи, кога ќе почне жешката игра на телата, мажите веднаш очекуваат орален секс, бидејќи само по себе им се чини дека жената, едноставно, мора да го направи тоа. Зошто мислат така?

Според сексолозите, ова извира од потсвесното верување дека пред акцијата пенисот треба да се исправи и добро да се возбуди, а за тоа, секако, најдобро средство се женската уста и јазик. Но, почитувани мажи, никако не смеете да гледате така себично на сексот. Познат е фактот дека жените многу полесно постигнуваат оргазам ако мажите пред пенетрацијата убаво ги возбудат со јазикот.

Многу психолози и сексолози, за женската сервилност во сексот, го наведуваат фактот дека некои жени оралниот секс пред сексот го изведуваат, наспроти тоа што не им е до секс, поради поврзаноста со нивното детство и растењето.

Имено, кога доаѓа до стекнување на родителската наклонетост, мајчинската љубов доаѓа природно, додека љубовта на таткото девојките мораат да ја заработат на начин со кој мора повторно и повторно да му се докажуваат. До слични ситуации може да дојде и во сексот. За да ја добијат наклонетоста и љубовта на мажот, најпрвин тие мораат да ја заработат со орален секс. Така, сопственото задоволство заминува во втор план.

Исто така, сликата која ја пружаат порно филмовите понекогаш знае да биде многу поразлична од реалноста, а на нивното влијание сите ние сме изложени – како мажите, така и жените.

Случувањата во современите порно филмови во споредба со старите порничи несомнено ја изгубија својата еротичност и станаa многу механички и сувопарни.

Редоследот на настаните во 82% од филмовите секогаш е ист и се одвива по следниот образец: бакнување – орален секс од страна на жената – негов оргазам – крај.

Ретко кога порно глумецот во филмот ќе го стави својот јазик на вагината на женската глумица. Најголемата причина за тоа се наоѓа во фактот дека порно филмовите сакаат во најголем број случаи да ги прикажат жените како сексуални објекти, и нејзина задача е да му служи на пенисот и на желбите на машкиот актер.

Токму затоа во 80-те години кај поранешната порно глумица Candide Royalle се роди идејата за женска порнографија, каде сцените во филмовите би биле прилагодени за женската фантазија. Идејата ја развесели целната група, т.е. жените.

Без разлика дали самата идеја за орален секс им е одбивна, или мирисот, односно вкусот на половиот орган, некои луѓе едноставно не го изведуваат оралниот секс.

Мажите тоа не го прават најчесто поради две причини: или зашто на тој начин се чувствуваат подредено, или ги одбива влажноста на вагината која не сакаат да ја вкусат или да ја имаат на лицето.

Кај жените најчести причини за одбивање се чувството на пенисот во устата и непријатниот мирис на половиот орган. Најчесто го наведуваат и стравот од задушување и повраќање, особено ако нивното грло е чувствително на секое туѓо тело.

Значи, ако вашата партнерка се обидува да ви укаже на тоа дека оралниот секс во дадена прилика и’ претставува повеќе мака отколку задоволство, не ја присилувајте на тоа. Одлуката за тоа каде и како ќе ви го пружи тоа задоволство препуштете и’ го на неа.

Извор: Intimate Medicine

<cite>... Мажите тоа не го

<cite>... Мажите тоа не го прават најчесто поради две причини: или зашто на тој начин се чувствуваат подредено, или ги одбива влажноста на вагината која не сакаат да ја вкусат или да ја имаат на лицето...<cite>
Ниту се осеќам подредено, нит ми смета влажноста или мирисот, или што и да е - напротив, ОБОЖАВАМ да ја излудувам орално. После таква предигра и дразнење, главната ствар завршува толку силно, што баш и не завршува само со еднаш - тераме до „четворка“. Редовно. Иначе ќе кркам пепељара... ;)

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото