6 најголеми грешки во сексот што ги прават мажите

03.11.09 13:37
ds-af.jpg

Господа, дали навистина верувате дека знаете сè за жените и сексот? Размислете повторно. Енциклопедијата во нашите глави е полна со претпоставки и лажни верувања за женската сексуалност.

Грешките во сексот се случуваат бидејќи учиме како што навлегуваме подлабоко во тој аспект од нашите животи, и без соодветните инструкции и искуство, како и без соодветниот разговор со нашиот партнер, не можеме да научиме да ги исправиме нашите грешки. Заборавете ги порно филмовите – тие немаат допирни точки со реалниот живот. Наместо нив, прочитајте ги следните совети и размислете двапати околу нештата за кои мислите дека се правилни и за оние кои мислите дека се погрешни.

Грешка број 1: Знам што сака

Мажите често претпоставуваат што сака жената на основа на нивното лично искуство со другите жени. Но она што за една жена е „фантастично“ за друга може да биде кошмар. Опсегот на сексуални вештини што сме ги изучиле за време на нашето сексуално будење мора постојано да биде надоградуван, изменуван и приспособуван, бидејќи никогаш не можеме да бидеме сигурни дека она што функционирало добро со последната партнерка може да ги задоволи подеднакво и останатите жени. Се разбира, ова не важи исклучиво за сексот, туку и за останатите аспекти од љубовната врска.

Грешка број 2: Имам сè што и’ треба

Повеќето жени не можат да постигнат оргазам без директна стимулација на нивниот клиторис, па дури и најдолгиот пенис на светот нема да заврши работа. На некои од нив им се потребни вибрации со повеќе од 3000 дрмања во минута, нешто за што јазикот или прстот не се способни. Затоа не треба да бидеме навредени ако на партнерката и’ треба помош од вибратор за да постигне оргазам. Нема ништо страшно во тоа! Вибраторот е помошно средство, а не замена! Многу двојки користат секс играчки – и додека вибраторот си ја врши својата работа, вие можете да се сосредоточите на нејзино задоволување на некој поинаков и поинвентивен начин.

Грешка број 3: Ако мене ми добро, значи и нејзе и’ е добро

Грешка! Правилно треба да гласи: „Ако нејзе и’ е добро, и мене ми е добро“. Најголемото задоволство во сексот доаѓа преку задоволувањето на вашиот партнер/ка. Никогаш не можете да бидете сигурни дека она што ве задоволува вас може подеднакво да ја задоволува и неа. Психолошките и телесните разлики меѓу мажите и жените се преголеми за да важат истите нешта за обата пола. За време на пенетрацијата, мажите чувствуваат многу силно задоволство, и затоа тие не можат да разберат дека жената некогаш не ужива во неа, и дури дека можеби таа и’предизвикува болка. Мора да се биде многу внимателен при пенетрирањето – не смее да биде предлабоко, а и вагината треба да биде соодветно навлажнета.

Грешка број 4: Го познавам женското тело

Откако ќе прочитате напис за женските ерогени зони, тоа автоматски не ве прави стручњак на таа тема! Многу мажи знаат што е клиторис и како да го најдат, но тоа не значи дека ја разбираат неговата важност и начинот на кој функционира. Верувањето дека женскиот оргазам може да биде постигнат само преку вагинална стимулација е сè уште присутно иако не важи за сите жени. Мажите исто така не сфаќаат колку е чувствителен клиторисот и често го допираат на погрешен начин. Допирот кој може да биде оргазмичен за една жена може да биде болен за друга! Како да дознаете што чувствува? Едноставно – прашајте ја!

Грешка број 5: Влажно = подготвено

Уште една грешка. Мажите понекогаш се разочарани кога женската вагина е сува, мислејќи дека не ја возбудиле доволно својата партнерка. Нема потреба од загриженост, бидејќи не секогаш степенот на влажност на вагината е поврзан со сексуалната возбуденост. Некои жени се навлажнуваат побрзо од другите, додека количината на влагата се менува на дневна основа. Тоа прилично зависи и од месечниот циклус, но исто така зависи и од други нешта, како стресот или одреден лек.

Грешка број 6: Молчењето е злато

Многу мажи веруваат дека треба да молчат за време на сексот. Погрешно. Ако не си кажете, таа никогаш нема да знае што ве задоволува, а што не. Жената која сака да ве задоволи ќе го цени секој обид да и’ навестите како. Се разбира, тоа не значи дека треба да ја зграпчите за косата и да и’ го забодете пенисот во лице – постојат многу подобри и посуптилни начини на соопштување што сакате – а вербалната комуникација е едниот од нив.

Извор: Intimate Medicine

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Пред точно сто години, по иницијатива на Клара Цеткин, Социјалистичката интернационала почна да го одбележува Денот на жената. Меѓутоа, тоа не е првиот и единствениот „женски“ празник. Многу земји во светот имаат повод за славење на жените и во други денови.

Според теоријата, во демократијата луѓето би морале да им ѕиркаат под нокти на оние што се на власт. Би морале да ги гледаат како владеат, да ги набљудуваат, бидејќи им дале мандат за владеење, ги избрале.

Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.