
Квалитетот на сексот зависи од тоа дали таа ќе доживее оргазам
Кога станува збор за сексот, мажите и жените се разликуваат во едно битно нешто. „Машката биологија“ доведува до тоа мажите да си мислат дека оргазмот е единствениот добар начин да се заврши водењето љубов. Исто така, мажите тешко се убедуваат во тоа дека можеш да имаш одличен секс без оргазам. Еве зошто жените мислат поинаку: една жена може да си помине прекрасно за време на сексот дури и ако само нејзиниот партнер доживее оргазам. Ова значи дека митот дека жените го оценуваат сексот врз основа на нивниот оргазам не е точен. Доколку таа не доживее оргазам, многумина мажи погрешно го толкуваат тоа како лош секс. Одредени жени, на пример, не можат да доживеат оргазам, но тоа не ги спречува да уживаат во сексот. Кога се обидуваат да им го објаснат тоа на партнерите, момците најчесто си мислат дека нивните партнерки се само учтиви. Ова не значи дека мажите треба да бидат рамнодушни за женскиот оргазам. Само треба помалку да се „тресеме“ околу тоа ако не може да доживее оргазам и да обратиме поголемо внимание на нештата кои и’ пружаат задоволство.
Колку е подолг сексот, толку е подобар
Многу мажи го оценуваат сексот по неговото времетраење. Ќе се обидат да ги срушат сите рекорди и ќе продолжат да водат љубов сè додека не помислат дека е доволно. Овој вид на размислување може да доведе до фрустрации и разочарувања доколку тие не се способни да издржат толку долго колку што предвиделе. Должината на сексот воопшто не одговара со квалитетот на истиот во пракса. Секс маратоните често само можат да предизвикаат болки во одредени делови од телото и ќе ви одземат време кое можете да го потрошите и на други убави нешта. Ова не значи дека сексот треба да трае пет минути. Сексот треба да биде прекрасно искуство за обата учесници и не треба да биде заморна активност. Треба да биде спонтан и прекрасен. Сосредоточувајте се на уживањето, а не на времетраењето.
Жените мразат да гледаат порно филмови
Ова е многу погрешно! Жените сакаат да гледаат порничи и сакаат да бидат возбудени од „жешки“ прикази. Причината зошто некои жени не сакаат порно лежи на друго место. Господа, мора да си признаете дека жените се подеднакво „попалени“ како вас, само што тие го покажуваат тоа на поинаков начин.
Сексот треба да биде како оној во порно филмовите
Иако жените не очекуваат нежна секс сесија и понекогаш можеби сакаат малку грубости, навистина нема потреба да ја третирате вашата партнерка како порно ѕвезда во креветот. Речиси сите порничи се снимаат по истата шема. Стандардниот порно филм изгледа вака: 1) орален секс, 2) вагинален секс, 3) анален секс и 4) свршување. Нашиот секс навистина не треба да наликува на сцена од порно филм.
Здравиот сексуален живот е одреден од зачестеноста на сексуалните односи
Многу мажи почнуваат да паничат ако немаат толку редовен секс по првите неколку бурни месеци на врската. Често се оптоваруваат поради тоа и почнуваат да веруваат дека мора почесто да имаат сексуални односи. Делумно виновни за ваквото мислење се поп културата и сите медиуми кои редовно ни кажуваат дека ако имаме редовен секс нашето сексуално здравје ќе биде подобро. Тоа, всушност, е голема глупост. Факт е дека не постои вистинска „количина“ на секс и дека најдобро е да имаме секс онолку колку што сакаме и чувствуваме потреба. Желбата за секс е различна од човек до човек. Нема ништо лошо во тоа да се има секс трипати неделно, но исто така, нема ништо лошо да се има секс и еднаш неделно. Често се случува партнерите да бидат сексуално некомпатибилни во оваа област, но секоја двојка одлучува колку секс ги усреќува и задоволува. Ја знаете поговорката: квалитетот се памти! :)
Извор: Intimate Medicine
машка пропаганда а :)
Испратено на 12 ноември 2009 од дамјанмашка пропаганда а :)