И така, сите си живееја среќни и весели до крајот на Македонија, немаше кој да ги сруши!!!

12.09.2013 11:44
И така, сите си живееја среќни и весели до крајот на Македонија, немаше кој да ги сруши!!!

Приведени паркобраните. Армија од специјални полициски сили го обезбедуваше просторот пред Бристол за да се спроведе легална градежна акција во раните утрински саати, кога секаде во светот оперираат и дејствуваат криминалците, ајдуците и вампирите, заштитени од оние кои треба да се борат против криминалот - и ја поставија оградата. Ваквите раноутрински легални градежни зафати и ним слични, се случуваат само во држави во кои владеат криминални влади... Жителите на околните згради повторно ќе си молчат, за да не наебат...

Кој и на каков начин ќе реагира на приведувањето на паркобраните? Кој и на каков начин им ја изрази и понуди поддршката изминативе два месеци? Беа ли во право паркобраните? Што всушност тие бараа со нивното спротивставување на сечењето дрва во центарот на Скопје? Штитеа сопствен, личен имот и интерес, или...? Каде беше и зошто сиот овој период, кој одеше во прилог на која било опозиција на патот во рушењето на демократскиот режим, не се појави, не се јави со отворена поддршка кон овие момчиња и девојки? Кој ќе реагира за Влатко, за Пикси, за Ѓуро, за Снежана, за Херкулес, за Маја, за Надица за Аба...? Ниту се новинари, ниту политичари, ниту познати бизнисмени, професори и академици. Колку дена ќе трае тој евентуален отпор, ако кој било од овие биде притворен заради спротивставување на полициските сили кои интервенираа во 2 часот наутро пред Бристол?

ЈБГ другарице и другови, вака како што течат работите во опозицијата, оваа власт ќе продолжи со познатата фраза од бајките - и така, сите си живееја среќни и весели до крајот на Македонија, немаше кој да ги сруши!!!

Извор: ПлусИнфо