Петте најглавни причини зошто жените глумат оргазам

16.11.09 15:07
orgasm.jpg

Вистина е, жените понекогаш глумат оргазам. Во едно истражување во кое беа вклучени околу 30 000 жени, речиси сите признале дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам.

Повеќето до нив тоа го прават редовно, додека некои од нив дури не знаат ни какво е чувството на вистински оргазам. Постои само еден скриен мотив за оваа благородна измама: жената сака сексот да заврши што е можно порано и не сака да ги повреди чувствата на својот партнер, или да придонесе за да се почувствува дека таа не ужива во сексот со него, или да го натера да помисли дека не може да ја задоволи. Сепак, постојат и многу причини за тоа. Еве ги најглавните пет:

Изморена е и присилена

Најчестата причина за глумење оргазам е уморот. Денес жените делат голем дел од обврските дома и на работа. Често сакаат по напорниот ден само да се опуштат во када со топла вода или со добра книга во рацете, но не сакаат грубо да го одбијат партнерот кој можеби има поинакви планови за вечерта. Некои жени дури не се ни осмелуваат да му речат „не“ на партнерот, стравувајќи од расправии или, не дај боже, модро око. Како и да е, сексот под наредба воопшто не претставува афродизијак и сигурно нема да помогне во постигнувањето на женскиот оргазам.

Здодевност и болка

Можно е сексот кој започнал како возбудлив и страствен по некое време да се претвори во досаден. Мажот нема да престане сè додека не ја доведе жената до оргазам, и се труди повеќе одошто треба, правејќи ги непотребните потези, додека жената се досадува. Ако овде ја додадеме и можната болка и останатите непријатни нешта поради долготрајното триење, глумењето оргазам се чини како итна сопирачка која може да го сопре овој воз без контрола.

Недоволна опуштеност

За повеќето жени само механичкиот елемент не е доволен за оргазам. Таа мора да чувствува посебна поврзаност со партнерот која треба да расте со текот на времето. Исто така е многу битно да се биде опуштен. Затоа и не чуди што толку многу одглумени оргазми се случуваат за време на сексот од почетокот на врската или за време на врските за една ноќ.

Медицински проблеми

Некои жени не можат да постигнат оргазам поради физички или психички причини. Истражувачите тврдат дека 10-15% од жените никогаш не доживеале оргазам, додека уште 10-15% можат да постигнат само со мастурбација. Во овој случај најдобро е жената да се посоветува со својот гинеколог или психијатар бидејќи тие можеби ќе бидат во состојба да и’ помогнат да ги надмине можните психолошки блокади.

Барање интимност

Подлабока причина може да биде тоа што жената не бара оргазам во сексот, туку само сака малку интимност – цврсти прегратки, нежни милувања и страсни бакнежи. Затоа мажите треба да се потрудат да и’ докажат на својата партнерка дека е сакана воопшто, а не само меѓу чаршафите. Вреди да се биде малку повнимателен.


Запомнете – сите сме глумци, а креветот е само една од сцените во светов. Затоа, не и’ замерувајте на вашата партнерка ако признае дека ве измамила неколкупати.


Извор: Intimate Medicine

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото