Дали е навистина битно со колку луѓе сте спиеле?

19.11.09 13:07
-large.jpg

Поголемо искуство значи подобар љубовник?

Личностите кои спиеле со повеќе луѓе обично сакаат да се фалат наоколу, барем во друштво на своите поблиски. Тоа претставува еден вид статусен симбол. Тоа кажува дека личноста е посакувана, барана, привлечна, интересна и искусна. Секој очекува неговиот партнер да биде нешто навистина посебно во креветот. Секако, ако сте маж.

Ако сте жена, ваквото фалење наоколу не се цени подеднакво. Вие постигнувате статус, но не го постигнувате оној што сте го сакале. Сепак, поголемото искуство не значи секогаш дека сте подобар љубовник, како што повеќе партнери не значат дека жената е „ороспија“.

Сите ги знаеме локалните „дон жуани“ кои се на својот сексуален врв на својата 23-та година, изгледаат добро, и сите девојки на возраст од 16 до 18 се заљубени во нив, и лесно паѓаат на нивните финти.

Според мислењето на многу сексуални стручњаци, мажите стануваат добри љубовници само кога ќе и’ посветат потребно внимание на сексуалноста и ќе ја истражуваат истата, правејќи го тоа со еден партнер. Ако има секс со повеќе партнери, она што ќе го научи, повеќе ќе биде случајно, ако воопшто научи нешто. Честопати мажите имаат секс со повеќе партнери за кратко време за да до задоволат своето его и воопшто не се грижат за задоволување на жената.

Луѓето се здобиваат со искуство само кога прават напори да навлезат во проблематиката и да ја разберат длабочината на истата. Сексот е деликатна игра на телата и умовите, и само оние кои ќе погледнат во неговите длабочини ќе можат да бидат навистина добри. Постојат и природни таленти, но таквите се ретки.

Зошто понекогаш треба да се премолчи бројот на партнери?

Ако некогаш те праша партнерот, најдобро е да му ја кажеш вистината. Но доколку не те праша, подобро е да се избегне темата во одредени случаи. Ако вашата партнерка е чувствителна, нежна и кревка жена која верува во бесмртна љубов и посветеност до смртта, тогаш податокот дека сте спиеле со дваесет жени сигурно нема да ја усреќи. Исто така, ако вашата партнерка е екстремно љубоморна, таа може да продолжи да биде таква и постојано да ги следи сите ваши активности, мислејќи дека сè уште одржувате контакт со нив. Доколку, пак, вашата партнерка е девица, таа ќе се чувствува многу неискусна при помислата дека нејзиниот партнер спиел со повеќе жени кои можеби се подобри од неа.

Ако сте жена која спиела со дваесетина мажи, повеќе од сигурно е дека вашиот партнер не би сакал да слушне за тоа. Во суштина, ретко кој маж го прифаќа фактот дека неговата партнерка имала многу мажи пред него.

Стереотипитите се вистински и разорни – и се хранат од стравот

Мажите се плашат од себе си, од тоа како жените им приоѓаат, бидејќи во суштина мажите се плашат од жените. Недостатокот од самодоверба ги принудува да им поставуваат правила на другите луѓе. Ако тие луѓе не им припаѓаат само ним, и ако мажите ја перцепираат нивната личност како своја сопственост, тогаш тие се соочуваат со тешкотии да прифатат одредени нешта, вклучувајќи ги и жените кои имале повеќе партнери. Нивниот страв се проектира надворешно и обично таа претставува олицетворение на лошите особини. Истото важи и за неискусните жени кои се плашат како ќе се покажат во креветот. Тие го проектираат својот страв во мажите и нивното искуство. Попрво би верувале во стереотипниот маж кој е спротивност на вистинскиот факт дека љубовта не трае вечно. Генерално, на жените им е тешко да прифатат дека мажите се заљубуваат, но и дека понекогаш жените се само објект на привлечност за мажите.

Најважно е да се ослободиме од стравот во врската. Мора да му веруваме на својот партнер, бидејќи довербата ја храни довербата. Мораме да бидеме искрени и бестрашни. Мораме да бидеме отворени со партнерот и да му/и’ веруваме. Само така ќе можеме да го/ја запознаеме и да го/ја засакаме како човечко суштество со доблести и недостатоци.

Извор: Intimate Medicine

 "I just had an argument with

 "I just had an argument with a girl I know. She was saying how it's unfair that if a guy fucks a different girl every week, he's a legend, but if a girl fucks just two guys in a year, she's a slut. So in response I told her that if a key opens lots of locks, then it's a master key. But if a lock is opened by lots of keys, then it's a shitty lock. That shut her up."

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.

Верувам дека само преку почитување на секојдневното, на секојдневните просторни ситуации, можеме да дојдеме и до вистинскиот однос кон посебните архитектонски вредности.

Ви претставуваме дел од светскиот тренд во архитектурата и во урбанизмот, во кој посебен акцент се поставува на користењето еколошки, обновливи  материјали и на односот кон природата.