Контроверзни насловни страници

02.12.2009 12:22
k (0).jpg

Погледнете колекција од насловни страници од американски списанија кои предизвикале контроверзии кога своевремено се појавиле.

И додека некои од овие насловни придонеле за зголемена продажба на списанијата, или добиле награда, други претставувале срам поради што уредништвото потоа морало да се извинува или да отпушти некој од уредниците.

Time, 2 јануари 1939: Хитлер како човек на годината

Оваа насловна (горе) го претставува Хитлер како ја свири „химната на омразата во осквернавена катедрала, додека жртвите се вртат на тркало за мачење, а нацистичката хиерархија го набљудува сето тоа“. Баронот Рудолф Чарлс фон Рипер е католик кој побегнал од Хитлеровска Германија и е уметникот кој го нацртал ова вознемирувачко дело. Списанието Time низ годините мораше да го брани овој избор со тврдењето дека „признанието“ ’Човек на годината’ било пародија за човекот кој таа година извршил најголемо влијание во светот.

Time, 8 април 1966: Господ е мртов?

Оваа насловна е сместувана меѓу најконтроверзните насловни страници на сите времиња. Насловот се однесува на статијата за „смртта на движењето за бог“ кое се појави во 60-те години. Насловната и статијата предизвикаа бес кај многу читатели.

Life, 26 ноември 1965: Војната во Виетнам

Пол Шутцерс ја сними оваа фотографија на заробеник на Виетконг фатен од американските сили за време на виетнамската војна. Фотографиите и извештаите од овој тип помогнаа да се промени американското јавно мислење против војната. Шутцерс беше убиен на додека ја вршеше својата професија во Шестдневната војна во 1967 меѓу Израел и неговите соседи Египет, Сирија и Јордан.

Esquire, април 1968: Страдањата на Али

Оваа добро осмислена изведба на Мухамед Али беше создадена за да го претстави неговото мачеништво откако одби да и’ се придружи на американската армија поради своите религиозни убедувања, и поради тоа му беше одземена боксерската титула за тешка категорија. Насловната е направена според образецот на „Мачеништвото на Свети Себастијан“, популарна тема од средновековната уметност.

Esquire, мај 1969: Давењето на Енди Ворхол

Уште еден успех на визионерот од ова списание, уметничкиот директор Џорџ Лоис. Во првите десет години од неговото работење, тиражот на ова списание порасна од 500 000 на 2 милиона, бројка за која неговите насловни беа делумно одговорни. Оваа насловна се однесува на познатите „супи во конзерви “ од изложбите на Ворхол кои го симболизираа американското авангардно движење.

Playboy, октомври 1971: Првата Афроамериканка на насловна

Оваа насловна е првата од насловните на Playboy во кои се појавува Афроамериканска жена. Моделот е Дарин Стерн.

National Lampoon, јануари 1973: Ако не го купите ова списание, ќе го убиеме кучево

Додека оваа насловна не предизвика ништо повеќе од обични насмевки кај луѓето, и покрај својот насилен тон, ова дело на Роналд Г. Харис девинитивно крена неколку веѓи во деновите пред да се појави Фотошоп.

The New Yorker, 29 март 1976: Мапата на Њујорк на Стеинберг

Оваа замисла на тоа како изгледа остатокот на САД е нацртана од Сол Стеинберг. Овој уметник ги тужеше Columbia Pictures поради нивниот филмски постер за „Moscow on the Hudson“, кој изгледаше како преработка на оваа насловна со мала измена кај насловот. Стеинберг го доби процесот.

Rolling Stone, 22 јануари 1981: Џон Ленон и Јоко Оно

Ени Лејбовиц ја сними оваа фотографија пред Ленон да биде застрелан пред неговиот стан, на 8 декември 1980. Лејбовиц сакала да го фотографира Ленон сам, но тој настојувал и неговата сопруга да биде во фотографијата.

Vanity Fair, август 1991: Деми Мур, бремена и гола

И оваа фотографија беше снимена од Ени Лејбовиц и беше напаѓана како срамна и како одвратна во времето кога беше објавена. Некои од продавниците го вратија овој број на списанието, одбиваа да го продаваат или го покриваа со хартиени кеси поради „навредливата слика“. Подоцна оваа фотографија изроди безбројни голи и бремени насловни на познатите ѕвезди, а помогна и во лансирањето на кариерата на Деми Мур.

Vanity Fair, август 1993: К. Д. Ланг и Синди Крафорд

Оваа насловна требаше да биде контроверзна за кариерата на ѕвездата на кантри музиката. Наместо тоа, Ланг повеќе изгуби од индустријата на кантри музката поради тоа што и’ се придружи на ПЕТА отколку што истапи како лезбејка.

Time, 27 јуни 1994: Контроверзната полициска фотографија на О’Џеј Симпсон

Во 1994, О’Џеј Симпсон беше обвинет за убиство на својата жена Никол. Во 1995 беше ослободен по долгото и медиумски силно покриеното судење. Фотографијата употребена за насловната на Time беше преработена за Симпсон да изгледа помрачен и позлобен. За споредба, погледнете ја насловната на списанието Newsweek кое ја употреби оригиналната полициска фотографија.

The Economist, 10 септември 1994: Камили што се парат

Оваа насловна предизвика негативни реакции за списанието чии главни канцеларии се наоѓаат во Британија. Оваа насловна беше печатена само за северноамериканскиот пазар.



Time, 14 април 1997: Елен ДеЏенерис истапува како лезбејка

Оваа насловна, како и статијата им обзнанија на Американците дека Елен е, всушност, лезбејка. Дури и во 1997 година, истапувањето можеше да биде кобно за кариерата на некоја ѕвезда. И додека ова денес изгледа како мала џумка на патот кон блескавата кариера на Елен, во тоа време многу ТВ канали во рурална Америка го откажаа нејзиното шоу.

Продолжува...

Извор: webdesignerdepot.com

 

 

 

 

 

 

 


    Недостастува една

 

 
Недостастува една понова
http://images.huffingtonpost.com/gen/29981/original.jpg

Слични статии

Општество

ОкоБоли главаВицФото