
Разбирливо, за јавните здравствени работници вакцините се најдобрата одбрана против кој било тип на грип. Вакцините откриени во 20-иот век ја намалија смртноста од одредени болести (како што се полио, мала и средна сипаница) речиси на нула. Инфлуенцата за прв пат е идентификувана во 30-те години на минатиот век, а веќе во средината на 1940-те е откриена вакцината која им е дадена на американските војници во Втората светска војна. Најголемата пандемија на грип во историјата е т.н. „Шпански грип“ од 1918 кој зафатил една третина од светското население, а се претпоставува дека од грипот починале 50 до 100 милиони луѓе (повеќе отколку што биле убиени во Првата светска војна – 15 милиони). Отогаш, имало уште две пандемии, во 1957 и 1968, но ниту една со огромни последици.
Вчера, американската влада излезе со нови ТВ реклами, со кои ги поттикнува граѓаните да се вакцинираат пред очекуваниот „трет бран“ на АХ1Н1, посебно ризичните групи (возрасни, хронично болни, деца и трудници). И покрај недостатокот на вакцини, американските власти уверуваат дека 10 милиони нови вакцини се очекуваат наскоро. И во Македонија пристигнаа првите 20.000 вакцини. За да ги поттикне граѓаните да се заштитат од потенцијално опасната болест прв се вакцинираше министерот Османи, по примерот на многу светски јавни службеници меѓу кои и Обама, кој одамна ги вакцинираше своите ќерки. И покрај паниката, седумте смртни случаи, и повеќе од 2.700 заболени лица во земјата, одзивот за вакцинирање е слаб. А1 јавува “дека досега во земјава се вакцинирани околу 1.500 лица, од кои 740 се граѓани со хронично заболување“. Само 10 хронично болни деца примиле вакцина против грипот АХ1Н1. Немам намера да го промовирам вакцинирањето (зашто ниту сум доктор, ниту научник), туку само да прашам: кога за нас Македонците конспиративните теории станаа основниот извор на информации при размислувањето и одлучувањето по одредена тема? Дури кога е во прашање и сопственото здравје?
Вакцините како средство за превенција од болести одамна се тема на дискусија во научните кругови. Том Џеферсон, еден од најугледните експерти за грип, на конференција во Бетесда (Мериленд) неодамна го покренал прашањето за ефектот на вакцините против разните видови грип. Тој стравува дека вакцините и анти-виралните лекови со кои располага научниот свет нема да бидат доволни за заштита од вирусите чија генетика постојано се менува, и кои се сè повеќе отпорни на лековите (како што се покажа АХ1Н1 кон тамифлу), и повикува на поголеми инвестирања и истражувања во полето. Ова, ќе се согласите, е легитимен, научен аргумент и стравување.
И додека докторите во светот разговараат за ефективноста на лековите и спремноста на здравствените лидери да се справат со новите вируси, во Македонија медицинските лица макотрпно се обидуваат да ги разбијат конспиративните теории со кои е опседната јавноста која неселективно се „образува“ на интернет и сее паника (види: „живата во вакцината не е опасна“!). Еден од најраспространетите линкови на македонскиот интернет деновиве е веб страницата на наводната Џејн Бургемајстер. Загрижени мајки, домаќинки, преку имејл, Фејсбук и Твитер ги повикуваат своите пријатели/ки да не се вакцинираат против АХ1Н1 – а како доказ ги приложуваат тврдењата на оваа новинарка и бивш известувач за списание за енергетика. Тоа што дотичнава нема никаков медицински и научен кредибилитет, не ги спречува Македонците да ја шират фамата. Не им е доволен ниту воведот на интернет страницата, во кој новинарката тврди дека „во следните неколку денови сите ќе бидете приморани да се вакцинирате, а полицијата ќе може да ве однесе во затвор или убие доколку одбиете“. Се чини дека или сите се неписмени на англиски или не ги забележуваат овие надувани, параноични инсинуации кои не му доликуваат на разумен и стабилен човек. Го прескокнуваат и фактот што Бургемајстер се осврнува на наводни „меморандуми“ на СЗО од 1972 кои „заговараат конспирации за труење на светското население“ а ниту во еден момент не нуди приложени докази – иако наводно со документите ја тужи организацијата пред суд. Никој од загрижените македонски (а и балкански) домаќинки не размислува да го провери нејзиното име на Интернет, за да сфати дека единствените аудиториуми кои и` даваат простор се емисии од типот на „На рубу знаности“ на ХТВ, емисија позната по обработување на „паранормални феномени и мистерии“. Ништо против вљубениците во емисијата, ама од кога науката и медицината се сведоа на баби Ванѓи, наместо на факти и истражувања?
Втората конспиративна теорија манипулира со еден неизбежен факт: „фармацевските индустрии се бизниси ориентирани кон профит“. Загрижените граѓани кои своето образование го црпат од „На рубу знаности“ предупредуваат дека вакцината и целата фама околу новиот грип е само обид на фармацевските индустрии да остварат профит. Она што им бега се дополнителните факти, чие истражување ќе ја покаже нелогичноста на ваквите размисли и аргументи. Да, фармацевските индустрии се ориентирани кон профит (нормално, оти истражувачките центри не се финансираат од парите оставени на иконите во црква). Оттука, вакцините се поле на истражување во кое тие најмалку инвестираат, зашто истите побаруваат најмногу ресурси за истражување, чинат најскапо, и подлежат на најригорозна законска одговорност. Истовремено, потребни се години работа за да се откријат, а на крајот носат незначителен профит. Станува збор за сезонски/еднократни фармацевстски продукти, за разлика од анти-депресантите, лековите за кардиоваскуларни заболувања, та дури и вијаграта и аспиринот, лекови кои се користат од милиони луѓе секојдневно, и кои носат милијарди профит за кои вакцините не може ни да сонуваат.
Осумдесет посто од пазарот на вакцини го покриваат пет компании – ГлаксоСмитКлајн, Новартис, Санофи и Вајет. И покрај Националниот Акт за задолжително вакцинирање на сите американски деца донесен 1986, и покрај 100 милиони Американци кои секоја година се вакцинираат само против грип, профитот од вакцините изнесува 1,5 % од севкупниот профит на овие компании. Значи, каде е овде логиката за „фармацевските аждаи кои го измислиле грипот за да профитираат“? И доколку навистина го измислиле, очекувајќи масовно вакцинирање и следствено брз профит, зошто тогаш самите не „инвестирале“ во изнаоѓање на лекот за „болеста која самите ја измислиле“ туку чекаа американската влада, по препораката на Центарот за контрола и превенција на болести, да одвои и да им додели 1 милијарда долари на фармацевстките гиганти да работат на вакцината зашто тие самите не беа заинтересирани сами да инвестираат?!
Знам, гледачите на „На рубу знаности“ ќе пронајдат логика и за ова – гарант ЦИА и Новартис соработуваат, за да нè изманипулираат и за да им веруваме“. Останува уште да ни објаснат конспиративистите, како тоа за кратко време седум невакцинирани Македонци почи
наа од грипот, додека 10 милиони вакцинирани Европејци и неизбројани милиони Американци се сè уште живи и здрави? Нема потреба од глобални владини завери. Сè што треба е ЦИА да ни ја пушти Џејн Бургемајстер – оти очевидно, глупоста глупоста ја треби. Конспиративни теории немаат потреба од огромни научни и истражувачки ресурси. Доволен е еден параноичен и залутан новинар и маса необразован народ кој е спремен дури и сопственото здравје да го довери на ТВ шоуа, наместо на медицината и науката. Притоа, народот без проблем се бунтува против „злите фармацевстки гиганти“ и препорачува да се лечиме со „природни лекови“ како чај од кантарион или жалфија чиј најголем производител на македонскиот пазар најверојатно е Алкалоид, Скопје, после Плива од Загреб.
Ако не седнеше ти, ќе седнев
Испратено на 09 декември 2009 од ФемгерилаАко не седнеше ти, ќе седнев јас да напишам текст на темава...иако знам кој те инспирираше :))
Браво за текстот. Конечно разумен глас во мак. интернет простор по однос на ова прашање. Инаку после паранојата за живата во вакцината, се прошири и паранојата за живи вируси. Да не трошам простор да објаснувам дека овој тип на компоненти во вакцини не ни се непознати ќе скратам со фактот дека вакцината која е достапна кај нас, Бакстеровата не содржи жива, засилувачи и содржи мртви вируси.
Пред да се вакцинирам поминав малку време низ македонските форуми за трудници да видам што решиле нашиве припаднички на ризична група за с.г. Аргументи од типот- злите сили на фармацевтската индутрија, живи вируси кои ќе не сотрат како дел од светскиот заговор против наталитетот и слично отидоа до таму да во хор почнаа да негодуваат на реториките на министерот Османи затоа што истиот „не зборел и мислел со своја глава туку ги цитирал СЗО“. Па стварно се запрепастив, замислете уште министеро наш да мислеше со своја глава во однос на грипов имаше да испоцркаме ко магариња сите.
Jane Burgermaister или Janko Burekmajstor нема разлика...се додека истиве ви зборуваат за вакцини, медицина, нуклеарна физика, а вие им верувате не ќе ни е на арно.
Get educated. Get informed.
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанGet educated. Get informed. Think more.
Thank you.
За вакцините
Испратено на 09 декември 2009 од ИмеДрага Ана Ангелова, интересна проповед за вера во фармацевстката религија со симбол змија што испушта отров - симбол на смрт. Само пазете, следењето на таа религија може да ве кошта. Обвинувате, со бизарни факти, за некои новинарки, кога имате достап до ијладници доктори кои го велат спротивното од тоа што вие го велите, но за жал одите на картата на омаловажување, без никакви факти и оние кои што не се утврдени во вистината би ја постигнале целта - следбеници на вашата религија. Не знам каква емисија зборите на хрватската тв, не гледам такви емисии, но очигледно повторно користите тактика на манипулација и исмејување место факти. Исто така фактот за заработката од вакцини ви е најмалку смешен. А и фактот што американската влада доделила 1 милијарда користејќи го за поткрепа на вашата ТЕОРИЈА, исто така ви е смешен. А тоа колку болести излекувале вакцините, заинтересирајте се малку повеќе од статистика. Ама не од статистика спроведена од змијата што испушта отров. Исто така заинтересирајте се малку за и запознајте се со некоја мајка со дете болно од аутизам. Обвинувате во незнаење, а знаење од ваша страна, мислејќи дека со една ноќ седење и истражување можете да напишете статија, за која очигледно сте далеку од вистинско знаење, сакам да ви кажам дека тоа што го пишувате не е од знаење туку од вера, значи вера во вашата религија - религијата на змијата што испушта отров. Секој во животот следи некој бог, дури и тие кои не верувваат во бог имаат свои богови, но пазете вашиот бог да не ве разочара, затоа што многу слепо му верувате. Поздрав и се надевам дека ќе го објавите коментарот без да се плашите.
Одлично речено!
Испратено на 14 декември 2009 од миланОдлично речено!
Име...јас аргумент против
Испратено на 09 декември 2009 од ФемгерилаИме...јас аргумент против вакцината во вашиот коментар не начекав...ама баш ниту еден. Во исто време ја обвинувате Ана дека не аргументирала. Па не зезај те молам.
И пак се најдов засегната (омилена тема ми е вакцинава) во суптилното споменување на аутизмот. Во моето семејство има аутист. И да, знам дека најновите теории се дека наводно живата во телото на мајката предизвикува аутизам кај плодот. Дали знаете меѓутоа која по ред е оваа теорија за причините за аутизам? Имам исчитано милион медицински, психолошки, филозофски теории за причините на аутизмот и оваа со живата е само една од нив никогаш не докажана. Во исто време повторно ќе ви нагласам:
Вакцината која ја примаат бремените жени (Бакстерова) не содржи жива!!!!
Знам дека е утешително да им
Испратено на 09 декември 2009 од АнонименЗнам дека е утешително да им се верува на авторитети, барем медицината и здравјето кога се во прашање, но за жал, верувам дека во овој случај изборот не е така едноставен. Не сме заштитени така како што би сакале да веруваме.
Не би можел да Ви ги објаснам специфичностите на проблемот без длабоко да навлезам во медицината. Сепак, ќе Ви предочам три примери само да Ви ја стимулирам желбата за понатамошно истражување
Само Ви предочувам факти - Вие донесете заклучоци.
Конечно, како лекар и познавач на оваа област, би препорачал вакцинација на бремените жени. Зошто? Едноставно - ризикот (веројатноста за последици) е многу помал од вакцинирањето, одошто од веројатноста да се закачи вирусот и евентуалните последици по плодот. Но ова веќе не е медицина - ова е Risk Assessment, наука поблиска до математиката одошто медицината.
Се надевам дека малку придонесов кон подобро сфаќање на настанатиот хаос од информации и експерти.
Za Ime
Испратено на 09 декември 2009 од Cveta PeruseskaIme, so kakvi fakti tvrdis deka ona sto Ana Angelova go pisuva e smesno? Nema nikakvi medicinski dokazi deka decata bolni od autizam zabolele poradi toa sto se vakcinirani. Fakt e deka detskata paraliza e skoro iskoreneta bolest kaj nas, samo poradi (!) vakcinata. Brojot na zaboleni od ovaa bolest sega i pred 50 godini ne se sporeduva. Toa e postignato so seopfatna vakcinacija na celoto naselenie vo soodvetna vozrast.
Vo vrska so tvoite tvrdenja deka doktori tvrdat deka vakcinata ne e bezbedna, zosto ne stavis nekoj link, kade moze da se procita toa.
Od tvojot odgovor, smesna e samo analogijata za simbolot na farmacijata kako zmija koja pluka otrov. Da, toa e simbolot na farmacijata, a od otrov na zmii se proizveduvaat nekoi lekovi. Blagodarna sum sto ziveam vo vreme koga medicinata e razviena, i koga ima vakcini, pa gripot nema da se prosiri kako vo 1918 godina, koga izumrele desetici milioni luge.
Ako veke zboruvame za opasnostite od gripot, za zagrizuvanje ke bide koga brojot na zaboleni na koi ke im trebaat respiratori ke bide pogolem od raspolozivite respiratori po nasite bolnici, ili faktot deka nema tamiflu vo oblik na sirup, za deca pomali od 5 godini koi ne znaat seuste da goltaat kapsuli (kako mojata pomala kerka), a rastvorena kapsula vo sokce ili voda nema efekt, bidejki zeludnikot ke gi unisti site korisni sostojki od lekot. Ete toa e zagrizuvacko, kako i faktot sto poradi vakvi kako tebe gripot nekontrolirano ke se siri, a nasiov zdravstven sistem toa nema da go podnese.
Анонимен апсолутно се
Испратено на 09 декември 2009 од ФемгерилаАнонимен апсолутно се согласувам дека вклучено е пресметување на ризик. Токму затоа сакав додека премерував да имам релевантни податоци. СЗО од едната страна ама и аргументи кои држат вода од другата страна, а не Џејн Бургермајстер.
Фемгерила, целта на тоа што
Испратено на 09 декември 2009 од ИмеФемгерила, целта на тоа што пишував не беше да напишам долга статија, туку краток коментар на статијата на Ана Ангелова, со цел да ги расчепкам малку ушите на читателите и да поткажам барем малку дека слепа вера во религијата на змијата може да биде опасно. Доколку сакаш факти, би се поинтересирала и би нашла, а не да читаш медицински статии напишани од самите следбеници на религијата, исто како што велиш и психолошки и филозофски статии. Ќе ти дадам еден пример само, како вовед, а оној ќе сака понатаму да истражува ќе најде доволно клучни зборови. Отвори овде:
http://video.google.com/videoplay?docid=-3296758102537633637#
И гледај од 11:45 до12:45 мин за почеток. И запомни го името на човекот што прашува. И не знам каков доказ бараш уште? Да излезат на МТВ на главните вести и да кажат драги луѓе еве големите корпорации со симбол змија со отров ги разболеа вашите деца? Тоа ли го очекуваш?
Исто така велиш дека дека тоа биле најнови теории, како дури и таа теорија што си ја прочитала не ти е точна, не живата во мајката, а живата преку вакцината во детето. Клучни зборови: Bernard Rimland, Vaccine, Truth, MMR, Autism итн
http://www.youtube.com/watch?v=l1K74Tnrrok
Дали овие се новинари, како што сака да остави впечаток Ана Ангелова дека само луди новинари кои не знаат ништо од медицина зборат?
http://www.youtube.com/watch?v=zrTOXkyaFv4
http://www.youtube.com/watch?v=VDXam8AGbJ4&feature=channel
На крај пак ќе кажам, што поголем доказ од една мајка со дете? А ти можеш да продолжиш да чекаш докази, и да бидеш следбеник на една религија која има симбол змија што испушта отров. Пази може да те кошта отровот, да те отруе.
Фемгерила, имаш направено
Испратено на 09 декември 2009 од АнонименФемгерила, имаш направено добра проценка, барем според мене. Јуст фор тхе рекордс, не сметам дека е достојно да се коментираат Џејн, Јанко, Име и сличните... Се сметам себеси за научник, и само добро агрументирана расправа доаѓа предвид.
Алал вера. Туку, некој од
Испратено на 09 декември 2009 од IvanaАлал вера. Туку, некој од нашава научна јавност, ако воопшто таквата има кредибилитет, да се дигнеше да пообјасни поиздржано. Оти оставени сме сами да се информираме преку телевизија или преку интернет (и твоите факти од таму се, од каде инаку?).
Како и да е, многу сакаме конспирации. Па дури и кога се работи за живот или смрт.
Дилемата дали да се вакцинираме сепак останува. Така е секогаш кога има недостаток на информации.
Драга Cveta, намерно не
Испратено на 09 декември 2009 од ИмеДрага Cveta, намерно не ставив линкови во првиот коментар, не знаејќи дали тоа е според правилата на коментирање. Но штом барате цитати од доктори, ќе ви бидат доставени.
http://web.archive.org/web/20080510103743/www.whale.to/vaccines.html
http://www.whale.to/vaccines.html
Покрај секој цитат има и име, ве молам искористете ги имињата за понатамошни истражувања.
Давате некои податоци дека некои болести биле искоренети со помош на вакцината, за погледнете малку од друг и други статистики и малку да се размрда вашата вера во религијата која толку верно ја следите, може да да го полгеднете ова видео:
http://video.google.com/videoplay?docid=-4032071156806560888#
Полно е таму со доктори, на кои вие толку им верувате (пазете, станува збор за вера). Не е проблем да ви дадам уште стотици линкови, но мислам дека беше доволно за понатамошно истражување. Доколку сте заинтересирани за уште, ве молам кажете, се надевам дека не е во спротивност од правилата за коментирање на сајтот.
не сум многу упатена на
Испратено на 09 декември 2009 од н.не сум многу упатена на темава, само провизорно, како впрочем и во медицината како таква, што признавам е жалосно, но оттука, верувам на доктор и на специјалисти. бидејќи другата опција е сурфање на интернет и некако... не знам дали би се снашла.
во морето информации кои се достапни на темава, сепак сметам дека треба да се има во предвид и тоа што неколку македонски инфектолози - а можда и микробиолози - се изјаснија против масовното вакцинирање а можеби и против вакцината како таква.
втор момент е што треба да се смета на тоа дека 2 промила од граѓаните ке прочепкаат и ќе направат барем обид за алтернативна информација. огромниот број ќе си го прашаат матичниот лекар, како неприкосновен авторитет - се разбира, јасно треба да биде дека и самите матични лекари често не што не ја препорачуваат, туку се стриктно против секаков вид вакцини (ја провизорно докторите ги делам на про-фармакологија и вакцини и контра - во случајов почести се контрата).
би се осмелила да ја проширам темава и на хпв вакцината - на кој му е курентно тоа прашање, има мали девојчиња и слично. ако консултирате тројца гинеколози - 2 ќе ви кажат дека ќерка си не би ја вакцинирале.
зборот ми беше , не е е секогаш инфото од spam-like мејлови - и докторската фела има удел.
така да, крајно, стварно немам став. помеѓу обама што ги вакцинирал децата и мојот доктор што не ги (карикирам) - не знам што би избрала.
п.с. драга Cveta што се
Испратено на 09 декември 2009 од Имеп.с. драга Cveta што се однесува за лековите направени од отрови од змии, те молам имаш целосно право да ги користиш и да се "лекуваш" со нив, но не ми ги препорачувај мене.
Многу научници дебатираат за
Испратено на 09 декември 2009 од АнонименМногу научници дебатираат за вакцините (како том џеферсон спомнат во текстот за оние кои не приметија) кои повикуваат на повеќе истражувања, иако пропратно признаваат дека засега тие се најдоброто што го имаме. ПОентата на текстот (јас како што разбирам) е дај да ги слушнеме научници (па и оние кои се противат).Не Бургемајстер, Опра и глумецот Џим Кери според кои како што вели текстот вакцините се создадени да не истребат како шпанскиот грип од почетокот на векот. Милионите научници вработени во CDC и сите истражувачки центри во светот се изгледа ѓаволи во споредба со нашите youtube вљубеници, а и матични лекари и нивните дипломи од медицински учебници од 1950, според кои и конецот за чистење заби е штетен па оттука имаат едно на седум деца со кариес (а и хомосексуалноста е болест) .Навистина голема дилема кому да се верува. Да, на сите информациите им се од интернет, ама и од интернет до интернет има разлика. Некои го користат да играат фарма на фејсбук, да ја читаат бургемајстер и копаат информации од интернет страници на „мајки со деца“ како најголем научен доказ. Други имаат потреба од нешто поиздржано како информации од научна фела која никогаш 100 посто не се согласува меѓу себе, оти медицината како и секое поле е гранка во развој, но имаат нешто што се вика „нашироко прифатено научно спознание“. Сепак, секој ќе си најде изговор каков што му одговара.
Име - пази да не ти се крене
Испратено на 09 декември 2009 од АнонименИме - пази да не ти се крене крвниот притисок само, оти не сакаш да знаеш од што се направени повеќето лекови за регулирање на истиот. Што ќе правиш тогаш.
Добро бе ММЕ! Па чоек не
Испратено на 09 декември 2009 од РикиДобро бе ММЕ!
Па чоек не треба да е доктор или научник, него да има бар 2 молекула у глаа па да сконта дека е проѕирна целава работа. Неможе никој да ме убеди дека ако вирусот се појавил у мај, дека веќе после месец-два имаш одлична вакцина, која уствари тотално не е истестирана и сеа ја им требам да сум им заморче, за да видат колку им е успешна вакцината ... АЛОООО??!!!
Кој сака нека биде пацов !
Бај д уеј ... Обама и ќерките и сите слични фаци, гарант си се освежуеле со по некое витаминско "вакцинче" за пред камера! Не се они толку глупи .. ај ти!
ha ha a bash go pomisliv ova
Испратено на 09 декември 2009 од Анонименha ha a bash go pomisliv ova so "vitaminite" kako mozen konspirativen kontraargument dodeka go citav tekstot. i ete vednash se najde nekoj da predoci. Aj ti, CIA ne e zaebancija. I sidata vo pentagon ja izmislija :)))))
И гермаците цвикаат од новата
Испратено на 09 декември 2009 од НеодлученИ гермаците цвикаат од новата вакцина! Погледни линк: http://www.time.mk/read/531f1a94c1/3eafa811d7/index.html
E па ај сега одлучи се вакцинација или не!?
да бе да, ЦИА, ... од цели 2
Испратено на 09 декември 2009 од Рикида бе да, ЦИА, ... од цели 2 реченици, ти за витаминот се фати, а поентата за неиспитана вакцина за анонимен слепец ко тебе не е битна, тоест нејќеш да ја видиш.
Иди бе одма! Трк ... стај си уште една вакцина, ја те частам!
1. Текстот е на место. 2.
Испратено на 09 декември 2009 од Дедо Димче1. Текстот е на место.
2. "Порастот на случаи на аутизам во Калифорнија е над 700% во последниве 2 декади. Во тие две декади, немаше време генетски да мутираме."
- клизаат тастери по бројки - сепак, или нешто "мутирало" или некој конечно го дијагностицира она што со векови go нарекувавме „ненормален“ или “ментално заостанат“. Дилема?! Нема доказ дека е од вакцина. Колку може да е од вакцина, толку може да е и од новите зачини увезени од Азија во последните 20 години.
2. Рики, а како да не се фати. Недостасува хумор, па веднаш ти го примети човекот. Како и да е, вакцината не е „измислена“ од мај до сега, ниту вирусот се појавил тогаш, туку во 1976. Од мај до сега е измислена варијанта на вакцината која го напаѓа новиот според енглезите „strain“ на вирусот, а вирусот на научната јавност и е познат како што реков од 1970 и некоја. За нас, да, нов е. Тоа му дојде ко потпорен ѕид кој се навалува, па му ставаш нова даска да го задржи. Како што тоа не е еурека за ѕидар, не е ни „новата“ вакцина за медицинарите кои со години работат на истражување на инфлуенцата и нејзините варијации. И не е точно дека вакцината не тестирана пред да се пушти во јавност. Ништо не излегува без тест, а каков тест е валиден валјда повеќе знаат тие отколку ти.
3. Дилемата е еднсотавна. Ќе пијам хемикалии произведени во некоја фармацевстка индустрија за инфекцијата на моето дебело црево, преземајќи го ризикот на 70 години да се испостави дека тоа ми создало рак, или ќе се лечам со бабин лек и ќе скинам конци за 2 месеци? Ќе го вакцинирам детето против тетанус, или ќе фрлам камења и ќе го земам ризикот да го закачи еден ден и почине како што починал вујко ми зашто во негово време немало вакцина? По оваа едноставна логика, јас се вакцинирав, а на кој му е до анализа на владини завери, нека повели.
На работ на (не)знаењето
Испратено на 09 декември 2009 од Gogo MagdonosАна и самата ти кажа дека не си стручна на оваа тема па така и тоа што го пишуваш може да биде сфатено како она од интернет конспирација. Најпрво од шпанскиот грип не умреле 100 милиони како што пишуваш (не вистина) http://virus.stanford.edu/uda/ ова е од малку по релевантен извор од оној од кој си земала ти податок (wikipedia). Тоа се случува на крај на една исцрпна светска војна кога има не само недостаток на лекови туку и здрави услови за живот и храна и најважното, луѓето умреле од мутираната стафилококус ауреус бактерија по позната како МРСА. Што ќе му речеш на твоето аутистично дете за едно дваесетина години кога ќе те праша: „Мамо што правеше ти кога ставаа вакцини кои убија повеќе луѓе од сите светски војни“ како што пломбите од амалгам направија катастрофа со човечките заби и мозоци како и отровот наречен флуор. Според тебе Ана, нашиве доктори (во најголемиот дел) се шутраци кои абер немаат од медицина инаку како ќе го објасниш фактот дека тие не примаат вакцина (во најголемиот дел). Инаку спомена нешто за детска парализа. Дали знаеш дека за одредени болести има ендемски подрачја. А на крај зошто тие што сакаат да се вакцинираат не си се вакцинираат и не ги остаат оние кои не сакаат да цркнат, така само паметните ќе преживеат. не е лошо и ти да прочиташ нешто „глупо“, така ќе имаш за што да пишуваш.
А бе дедо Димче ... и ти си
Испратено на 09 декември 2009 од РикиА бе дедо Димче ... и ти си пролупал !!!
Ок, се појавил '76-та ама не си допрочитал, од пердето изглеа, дека од вакцината во тоа време имало доста смртни случаи па затоа ја повлекле. Ако е скроз истиот тип, имале точно 33 години време да ја тестираат ... и молим те прати ми линк од тестовите ... а ако е друг тип тогаш не ми викај "(јесен) седамдесет и неке" пошо тоа ти е више Мирослав Илич, а на него сум многу осетлив као верен навијач на Мајлс Дејвис коа бил у Гуча (карши Мрчајевци).
Ти дедо Димче ... као дедо ... и така и така си со една нога у гроб, па вакцинава нема многу да ти поремети нешо у живот, пошто више ти прошол. Него, нек се јави некој помлад 3-40 години шо примил вакцина, па да закажеме рандеву на истиов форум догодина ова време, па да видиме кој нема да дојде, он или ја ? :-)
На работ на (не)знаењето
Испратено на 09 декември 2009 од BaaderНе ми се верува што читам !!!!
Гледачите на Rubu Znanosti си веруваат во конспирации?!?!?! Науката денеска е базирана на факти !?!??!?! Не на визии и врачови и Ванѓи!?!?!?!??!
Алооо Ана у кој век живееш?!?!
Како прво, На рубу знаности е емисија која се занимава со најдлабоките најнови психолошки достигнувања и теми, и е меѓу првите емисии кои ги изнесуваат најновите одкритија и експерименти на квантната физика!!! Днееска со активирање на CERN кадешто се обидуваат да го имитираат настанокот на светот, а со тоа и да одкријат на кој начин ќе се патува низ времето ти ми збориш дека науката е базирана на што!?!?!? Факти!?!?!? Цитираш реченици од XIX век, каде што научниците стануваат дел од "реалноста" и материјалниот свет кој денеска се побива со стринг теорија, денеска кога живееме во светот на визијата, сајбер културата кадешто ништо веќе нема да смееш да пипнеш, да почувствуваш под прсти за да го контролираш и движиш, каде што економијата и капитализмот функционираат по правилата на паралелните светови...
Ти апелираш до нашите почитувани граѓани да се подпрат на паниката на медиумите и "реалниот свет" а се буниш каде отиде науката од XIX век:
"ама од кога науката и медицината се сведоа на баби Ванѓи, наместо на факти и истражувања?! "
Jaс сум просто изненадена, како можеш да навлегуваш во теми за кои ни од далеку не си информирана!
PostScriptum: Не сакам ни да навлегувам во глупавата статија и дебата за Свинскиот Грип!
megju prvite emisii koi gi
Испратено на 09 декември 2009 од satanmegju prvite emisii koi gi prezentiraat najnovite oDkritija od kvantna fizika. - po ovoj iskaz na decenijata, mislam deka slobodno moze da zavrshi diskutijata.
На работ на (не)знаењето
Испратено на 09 декември 2009 од BaaderОј Сатану !
На нашите простори ало!
Место да се фаќаш за секој збор буквално оди прочитај нешто! Да знаев дека толку буквално ќе се фаќаш од збор до збор, за тебе ќе го нацртав коментарот :)
„Денеска со активирање
Испратено на 09 декември 2009 од Анонимен„Денеска со активирање на CERN кадешто се обидуваат да го имитираат настанокот на светот...“
Светот не постои бе, кој свет е ова? :)
- Најголемата доблест на ѓаволот е таа што го убедила човекот дека светот не постои - Светислав Басара.
- Си бил еднаш еден човек, 100 % сигурен во себе. Ах, каков човек - Бранислав Бабиќ, Кебра.
- У овом граду сви су луди, оооо сви су луди - Кебра 2.
Мене ме интересира колку од
Испратено на 09 декември 2009 одМене ме интересира колку од вас, што сте про вакцина, всушност ја примивте?
Инаку, според СЗО, на прво
Испратено на 09 декември 2009 од АнонименИнаку, според СЗО, на прво место т.е. како најефективна се смета кинеската акупунктура, а класичната медицина (која белците ја украле и адаптирале од Индијанците и Персијците) е на трето место. Ама ај без неа. Ќе испоцркаме и од многу едноставни болести. Се разбира дека таа е делумно штетна, бидејќи секаква хемија (па дури и храната) што се внесува во телото има и негативни елементи. Но може ли да не јадеме?
Вирусите и бактериите мутираат, исто така и луѓето. Денеска многу побргу се распространуваат токму поради огромната населеност на нашиот вид. Во филмот на Oliver Stone, Мао му вели на Никсон „Како немам една атомска па да ги преполовам моиве“. Но така размислуваат болните умови, кои сметаат дека пренаселеноста треба да се намали преку војни и други катастрофи, од кои тие добро ќе се офајдат. Наместо преку едукација, за која ќе треба да се трошат пари, нели?
Светов е заебан, замрсен и прилично сложен, но истовремено и фантастичен за живеење. А мене поентата ми беше дека кој и да е вашиот избор, нема да згрешите. Дури и да се каете еден ден, разберете дека така морало да биде. Тоа била вашата најдобра одлука во дадениот момент. Во спротивно, може само да полудите.
Откога ги прочитав
Испратено на 09 декември 2009 од ЗмејкоОткога ги прочитав коментариве му се заблагодарив на бога што наоѓа начини да ги истреби глупите луѓе. Не се вакцинирајте, конкурирајте за Дарвинова награда и победете!
Јас сум про-вакцината и јас
Испратено на 09 декември 2009 од ФемгерилаЈас сум про-вакцината и јас се вакцинирав!
Браво! Али ако можеш да ми
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанБраво! Али ако можеш да ми објасниш зошто се вакцинираше? Постојат неколку причини:
Заокружи си едно.
Долго време размислував како
Испратено на 10 декември 2009 од АнонименДолго време размислував како да го коментирам овој „рекламен“ текст и сватив дека колку повеќе се обидувам да го контрирам толку повеќе ќе го потврдам, што би рекол нашиот народ, ќе се фатам за јадицата. Бидејќи главен аргумент во текстот е дека науката е таа што треба да се следи, а не некакви теории на заговор, ќе цитирам дел од написот:
„ ... од кога науката и медицината се сведоа на Баби Ванѓи, а не на факти и истражувања?“ ,
и само ќе кажам дека вакцинирањето против свинскиот грип во буквален смисол наликува на сеансите на т.н. Баби Ванѓи: како да се дојде до толку посакуваното баење (вакцината) и при тоа воопшто да немате поим што ви направиле и каква е гаранцијата за исходот (содржина непозната, нуспојави исто така непознати поради недостаток на научни факти и истражувања задолжителни за било кој лек/вакцина пред да биде пуштен во промет)
http://www.youtube.com/watch?
Испратено на 10 декември 2009 од Oldtigerhttp://www.youtube.com/watch?v=mbgajWPfghg
Bez komentar. Ostavam na vas
Мене татко ми е доктор, па
Испратено на 10 декември 2009 од ДушанМене татко ми е доктор, па ниту он ниту 90% од неговите колеги НЕ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ!
Како посликовито да ви се објасни дека вакцината, едноставно, НЕ Е доволно ИСПИТАНА? Стручните мислења на докторите се дека не е можно, реално, да направиш вакцина за 3 месеци. Едноставно, таквите тестирања НЕ ОСТАВААТ ДОВОЛНО ГОЛЕМ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД за утврдување на можните штетни последици (долгорочно)!
И аман бре луѓе, свински или птичји или сезонски, тоа е сепак ГРИП! Плус, бројките што ги пренесуваат во медиумите се надувани и НЕРЕАЛНИ! Луѓе што работат во здравство лично ми кажале, побогу! Официјална политика ради епидемијава е, поради превенција, СЕКОЈ случај на „грип“ да се третира како Свински грип, со цел да не се потцени случајот и пациентот да почине. Дури ни лабораториски не ги проверуваат веќе поединечно болните, да се знае кој од што починал, туку врз база на (многу нејасните) симптоми!
Апел до СИТЕ НОВИНАРИ: Пред да ја истражувате работава, прочитајте малку медицина и задолжително побарајте повеќе мислења од експерти во областа или медицински работници!
Поздрав!
Душан, дали татко ти (или
Испратено на 10 декември 2009 од ЗмејкоДушан, дали татко ти (или било кој од неговите колеги) учествувал во развивање и/или тестирање на вакцина? Работел ли можеби за фармацевтска компанија или за агенција која издава лиценци за лекови? Познава ли некој колега кој го правел тоа? Може ли да понуди поаргументирано мислење од ДФА или СЗО?
Новинарите само нашле село без кучиња па можат да тераат црн сензационализам. Нашето силно здравство очигледно не располага ни со најосновна статистика на смртни случаи од грип (ниту тука каде што им умираат во клиника!) и не може да се направи споредба со претходните години. Може најиздржан пристап е да се праша гробарот од капелата да каже од прилика дали има повеќе работа отколку ова време лани.
Не учевствувал во развивање
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанНе учевствувал во развивање на вакцини бидејќи не е биохемичар, ниту микробиолог, или што ќе му дојде таму. За развивање тестирање и обработка на лекови и вакцини си постојат посебни професии, одделенија, итн.
А дали он и неговите колеги работеле на тоа или не, не е многу релевантно, оти ипак цел живот учат медицина (да, имаат семинари секои неколку месеци на кои си ги ажурираат и подновуваат знаењата). Едноставно е невозможно да разбираш медицина а да не ги знаеш (отприлика) фазите на приготвување вакцини, лекови, медикаменти. А СЗОе составена од доктори кои се мање-више со исто знаење насекаде низ светот, баш како татко ми и македонските лекари. Медицината, како наука, е секаде истата, знаењата се тие, информациите се тие.
Зошто мислиш дека некој извор на СЗО е порелевантен од изворите на доктори кои не работат директно за СЗО? Ипак, СЗО е меѓународна организација, и како таква, има своја ПОЛИТИКА и насоки на дејствување, си има медицински експерти ама си има и голем дел друг персонал кој не е баш непосредно поврзан со медицината (маркетинг, статистика, бла бла бла). До кога со себепотценувачкиот синдром ја не знам. Ако македонските лекари се согласуваат со хрватските лекари, а овие со шведските лекари, а тие со полските лекари, а тие со голем дел американски лекари, европски лекари итн., кои се ПРОТИВ оваа вакцина, зошто треба само македонските лекари да бидат глупите? Преку кур сте ми со тоа дека „нашиве“ не знаат ова не знаат она.
Околу село без кучиња, пази немој. Знаеш дека сите лекари, па и татко ми, сеа ги обврзаа да дежураат по 24 часа нонстоп? Си работел ти некад 24 часа нонстоп? Знаеш дека ако не одговориш на повик на пациент у 4 сабајле ќе ти даат отказ? А што ако си у веце кога ѕвонел типот, а? Лекарите у државава, у последно време, се грубо експлоатирани. Работат од 7 сабајле до 4 поручек, и сеа со дежурствава од 7 сабајле до 10 или 11 навечер. И не папајте многу слатки лекарите биле криви, ко една новинарка шо напишала текст дека лекарот бил крив што пациентот умрел од грипот, само пошто лекарот (замислете!) се дрзнал да му даде аспирин на пациентот кога овој имал висока температура. И за 2 дена пациентот од аспиринот го изгубил имунитетот. Ај бар што не се писмени новинариве не се, али немаат ни најосновни познавања некад ниту пак логички знаат да поврзат ствари.
Здравството не ни е силно, не знам од кај ти е замислава. Имаме добри лекари, имаме и лоши, ама немаме средства ниту инфраструктура. Не можеш да очекуваш да бидеш излечен кога у болниците немаат централно греење или не им стигнале пари за парно таа година. Ако сакаш стај му 10 вакцини на пациентот, има да умре 20 пати во такви услови.
Мислам дека водат статистика. Ако не водат, од кај искачаат бројкиве на медиумиве а? Не ги измислува новинарот ваљда. Иначе колку што знам, Министерството за здравство си води статистика за вирусов, има нели нешто као центар што објавува епидемија итн., и они бројат колку случаи има.
Иначе не можеш да знаеш со прецизност кој од што умрел, ако веќе симптомите се слични со обичниот грип. А бидејќи не се ни испитува веќе лабораториски за потврда (или па се испитува, не знам, битно бара време), обично или медиумите или болниците, ги рачунаат смртните случаи како смрт од свински грип наместо од обичен грип. А многу работи зависат и од самиот болен човек (старост, хронични болести и слабости, итн.). Некој може и од обичен грип да умре ако има бронхопневмонија итн.
Поентата ми беше: 3
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанПоентата ми беше:
И така. Ајт поздрав.
Абе не викам ја "ние не
Испратено на 14 декември 2009 од ЗмејкоАбе не викам ја "ние не знаеме", ја викам "јас знам, ти не знаеш" :)
Прво викаш не работел тато на развивање вакцини и иљачи, ама сигурно се разбирал околу тоа развивањето и тестирањето, не бадијала медицина учел! Епа јас сум работел на развивање и регистрирање иљач во ФДА и од тоа што сум го видел ниту еден лекар (освен оние кои работат самите на клинички тестирања на лекови) врска нема од процедурата за тестирање на лекови и вакцини. Ова е потполно разбирливо затоа што тоа ич не им треба во секојдневната пракса. Она што им треба е "соџваканиот" резултат од тие испитувања. Како и да е, не сум чул ни еден доктор да дофрла околу протоколите на тестирањато и да монтира аргументи од ракав. Резултатите од тестирањата викаат дека вакцината е дури и посигурна и поефикасна од онаа обичната за сезонски грип (а скоро и во потполност е иста). Муабети од типот "три месеци не се доста" може да ги прави само некој што му дале да лечи луѓе после само 6 години школување и сега знае се, од колку тестирање треба за секоја компонента до како се лечат сида и бубуљици. Бројките се достапни, ако некој може да артикулира аргумент против сигурноста на вакцината поткрепен со цифри, тоа може да го направи во секое време. Се дотогаш, "три месеци не се доволни" можеш на јанко да му кажеш.
Постојат многу строги правила за давање антипиретици кај пациенти кои можат да имаат проблем со имунитетот, и се воведуваат уште построги. Тврдењето дека лекарот може го носи на душа човекот со препишување аспирин може не е неосновано. Новите практики за рестриктивно користење антипиретици се развиени токму поради проблеми со лесни вирози како грип. Прашај го татко ти, сигурно на семинар го чул тоа.
Во германија се вакцинирале со различни вакцини чисто поради динамиката на испорака на вакцините. Сите три вакцини што се достапни се разликуваат во соодносот на супстанците, што не е никаков проблем, освен за луѓе што се сигурни дека "три месеци се малку за тестирање" и "скваленот е опасен". Тестирањето на сигурност и ефективност на вакцини не се потпира на "здрав разум", туку на врвни тест протоколи кои ја елиминираат секоја можна досега позната субјективност. Примената на научниот метод во пракса често е против-интуитивна, и тоа е уште еден аргумент зошто треба да ги читаш само резултатите и напатствата без да скокаш со "бурек" аргуемнти.
Околу статистиката. Ако има статистички обработени бројки зошто никаде не сум прочитал за таква споредба. Се што сум сретнал е "денеска имреа зилион нови случаи". Ако постоеше можност за споредба некој ќе излезеше и ќе кажеше дали и колку е стапката повисока. Дури и да не се разликува свински и сезонски грип, пак ќе се знае воопшто дали повеќе луѓе умреле од бронхопнеумонии. Бројките се моќна ствар.
бтњ, јас ја примив вакцината со жив вирус.
Абе брат, све тоа убаво, али
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанАбе брат, све тоа убаво, али не можеш да ми докажеш дека процедурите за припремање на вакцините се супердоволни илид ека вакцините против грип се штознам, многу паметна работа.
Читни во некој од моите други постови да видиш што мислам за вакцините против грип, генерално. Според мене, нонсенс е да се вакцинираш против грип пошто животинчево си мутира. Поентата е, зошто да се вакцинирам 10 пати за 10 различни видови грип, ако веќе станува збор за сезонска болест која најголем дел од луѓето ја преживуваат без проблеми?
Понатаму, велиш дека сегде читаш „факти“ од типот „денеска умреа зиљон случаи“ (што подразбира немање соодветна статистика), а ти сепак си одлучил да се вакцинираш напротив оваквите недоверливи информации што си ги добил од медиумите? Прашањето што следува е: ако немаме статистика у МКД, преку која статистика ти го изведе заклучокот дека мора да се вакцинираш? Сам си ја измисли? Што ако бројките не се точни, и се ПОМАЛИ? Место ПОГОЛЕМИ?
Статистички гледано, за да фатиш свински грип, насекаде во светот, шансите се многу помали него да фатиш обичен сезонски грип. Затоа ве прашувам, и тебе и Фемгерила и сите што сте се вакцинирале: Зошто се вакциниравте? Од страв? Параноја? Just to be on the "safe side"? Идеолошка одлука (ќе се вакцинирам пошто безусловно верувам во нашата совршена медицина!)? Имиџ одлука (за да бидам кул пред оние што се сомневаат)? (Притоа заборавајќи дека сомнежот е многу здрава ствар.)
ЗОШТО? Реално нема потреба, немаме епидемија, што го дрвите со вакциниве? Кога ќе имаме, и ја ќе размислам. Има и Тамифлу ако се разболи некој. Дотогаш, ќе си ја испробам среќата (и мојот организам).
П.С. До денес, само 2000 граѓани од МКД се вакцинирале за свински грип. Пола од овие се несомнено, функционери, политичари, итн. Народот реално не гледа потреба да се вакцинира се’ додека ситуацијава не се влоши.
П.П.С. Ќе биде МНОГУ инересно
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанП.П.С. Ќе биде МНОГУ инересно ако сепак, и покрај тоа што си вакциниран, догодина пак фатиш грип (или годинава). Со среќа во вакцинирањето ad infinitum. :)
Сакаме бројки? Read
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанСакаме бројки? Read on:
„Од Градскиот завод–Скопје информираат дека денеска до 14 часот се вакцинирале 250 граѓани, а вкупната бројка на досега вакцинирани во Скопје изнесува околу 3.000 лица, додека во целата држава, против новиот тип на грип до денеска се имунизирале над 10.000 граѓани, се вели во соопштението од Министерството за здравство.“
„На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани седум нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија и се на кислородна поддршка.“
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/hospitalizirani-18-novi-pacienti
„Изминатите 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти со симптоми на грип а тројца од нив кои се на Инфективната клиника со потешка форма на пневмонија се поставени на респиратор. На болничко лекување во моментот има дури 242 пациенти. Од нив 106 се деца сместени на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања во Козле.“
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pochnuva-besplatnata-vakcinacija-protiv-noviot-grip-za-site-gragjani
Примети: „18 пациенти со симптоми на грип“, со симптоми на ГРИП. Не на Свински или Сезонски грип. Пошто и они не знаат каков е. Hence целава фама и масовна паника. За ништо. Зошто за ништо?
Ај да видиме како тоа го прават понапредните од нас:
Кога се прогласува епидемија во САД?
„ If the number of flu-caused deaths exceeds 7.7 percent of the total, then the United States officially has an epidemic on its hands. According to the latest survey, only 7.2 percent of last week's deaths were due to influenza, so there's no epidemic yet.“
http://www.slate.com/id/2216982/
Значи АКО 7.7% од смртните случаи се должат на грип (пак не е наведено каков грип), ТОГАШ се прогласува епидемија и се нуди масовно вакцинирање. 7.7%. Ај да заокружиме на 10%.
А во Македонија, држава со 2 милиони луѓе, FYI, има 250 заболени од грип, што е 0,01% заразени. Колку луѓе починаа? 20, 30? Тоа би било 0,001% стапка на смртност на државно ниво. Што е ебано далеку од 7.7% во САД! Значи нема ниедна разумна причина да трчаме да се вакцинираме!
А јас, ако се сеќавам добро, во Македонија се прогласува епидемија ако 10% од смртните случаи се поради одредена болест (или 5%? Не се сеќавам точно читав еднаш или учев у средно). Значи другар, 0,001% смртност од која било болест НЕ ОПРАВДУВА МАСОВЕН ПОВИК ЗА ВАКЦИНАЦИЈА! Има друг збор за тоа, се вика масовна хистерија, масовна параноја, масовна паника, масовно сеење страв!
И велиш дека овие бројки се доволна причина за да се вакцинираме? Дури и да има 10 пати поголем број на заразени, процентот би рипнал на 1% заразени. Што значи на 0.1% починати. Што е многу далеку од 10% смртност.
Треба 99% да се вакцинираат само ради тоа што 0,1% се болни? Не е ова Ебола, не бидете луди. :)
фино нагласија во
Испратено на 11 декември 2009 од piggyфино нагласија во коментарите.. "најнапредните" сеуште веруваат на работите од 19 век.. мислев дека окнашите повеке читаат фаерабенд и кун... ама слабо сфатиле. критички ум - none. покрај сите истражувања ете нашите платеници сеуште веруваат во науката и секако во оној кој ги платил. сметам дека штом сте толку сигурни во науката, теба да примите вакцина и да бидете нашето експериментално глуфче.. да видиме што ќе се случи без да веруваме на емисии и теории на заговор. how about that?
Damn right. Башка, на
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанDamn right.
Башка, на фациве што се боцкаат на ТВ за да докажат дека еве они се вакцинираат, никој не може да ми докаже дека не им ставаат обична аква (вода). Лекарите и медицинскиот персонал многу добро знаат како се фингира вакцинирање/лекување (пласибо ефект). Така да... Ко што рече еден другар „А којзнае што има у епруветата од која го боцкаат, дали вода или вакцина“.
Така да, со инстант-вакцино-ентузијастите, НАПРЕД! Ни требаат повеќе резултати, вие сте доброволци! :)
"никој не може да ми докаже
Испратено на 14 декември 2009 од Змејко"никој не може да ми докаже дека не им ставаат обична аква (вода)."
Жими стапот Асклепијин!!! Аква им давале бе! Можно ли е хидра да било?!
А ти можеш да ми докажеш
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанА ти можеш да ми докажеш дека НЕ им ставале аква или витаминче? И дали можеш да ми докажеш дека ИМ ставале вакцина?
Можеш или не? Или си слеп верник на камерите? Ако си, супер за тебе, нема да мора за ништо да одлучуваш у животот, све ќе си видиш на ТВ.
Piggy не претеруј, ја сум ги
Испратено на 11 декември 2009 од АнонименPiggy не претеруј, ја сум ги читал Фајерабенд и Кун, сум против вакцината, дека сме заложници на Грујо и неговите странски (српски) платеници, така што, ако не се согласуеш со ставот немој одма платеници, ова-она, зошто се глеа и ти накај пукаш.
Како е Грујо уопште поврзлив
Испратено на 14 декември 2009 од ДушанКако е Грујо уопште поврзлив со муабетов?
Ne sum medicinski dovolno
Испратено на 11 декември 2009 од Анонимен 2.0Ne sum medicinski dovolno obrazovan i treba da se plasime od nedoucenite. Vo nedostatok na drugi avtoriteti morame da veruvame vo najdostapnite. Nie birame vo sto kje veruvame. Jas licno veruvam deka za golem broj lekovi potrebni se meseci ispituvanje za da se ispitaat nus pojavite. Meseci aktivno nabljuduvanje. Vo isto vreme ne sakam da veruvam deka farmacevtskite kompanii pocnaa da ja primenuvaat strategijata od kompjuterskite virusi, spremi si virus, pusti go pa prodavaj antivirusi. Na sto ostanuvam? Na nedoumica!
p.s. Za bilo koja statistika
Испратено на 11 декември 2009 од Анонимен 2.0p.s. Za bilo koja statistika da se sprovede uspesno potrebni se golemi brojki. Nesto kako 1 milion korisnici na Tamiflu ili isto tolku korisnici na vakcini.