
Тешко е да се каже дали дрогите го подобруваат или влошуваат сексот, бидејќи сексот сам по себе зависи од многу фактори кои ги нагласува внесувањето на дрога во телото.
Не постои валидна формула која би ни открила како која дрога влијае на сексот.
Дејството зависи од самиот поединец кој конзумира одреден вид дрога, како и количината, квантитетот и видот на дрогата.
Алкохол
Алкохолот е депресор на централниот нервен систем. Алкохолот ја зголемува сексуалната желба, либидото се зголемува, но неговото влијание на сексот често е негативно. Алкохолот предизвикува ширење на малите капилари низ телото, па затоа може да влијае на ерекцијата и пенетрацијата кај мажите бидејќи не стигнува доволна количина крв во пенисот. Кај мажите и жените алкохолот може да влијае на постигнувањето оргазам. Кај жените може да доведе до недоволно навлажнување на вагината, што е многу непријатно, и може да предизвика болна пенетрација. Координацијата, рамнотежата и сосредоточувањето се нарушени, а за лошиот здив и да не зборуваме.
Марихуана
Марихуаната нема директно влијание на репродуктивните органи и нивната функција. Таа го засилува чувството за осет, а посебно она за допир. Според разни сведоштва, сексот под влијание на марихуаната има одредена мистична конотација. Бројните приказни за сексот под дејство на марихуана не треба да се сфаќаат сериозно, бидејќи хемикалијата ТХЦ што се содржи во неа ја изменува перцепцијата за време. Сексот често е прекинуваn од напади на смеење и губење концентрација, а желбата за благо може лесно да ја замени желбата за страст.
Екстази
Главната состојка на екстази е MDMA, кој претставува стимуланс и има силна психоделична компонента. Под влијание на оваа дрога се јавува чувството на љубов, а желбата за допир е многу силна. Личностите под влијание на екстази лесно стапуваат во интимни односи со други личности бидејќи во тие мигови тоа им се чини прифатливо. Тие чувства често не доведуваат до секс бидејќи кај мажите оваа дрога понекогаш може да предизвика импотенција. Често предизвикува и дехидрација, со што го отежнува бакнувањето, предиграта и на крајот резултира со изостанување на половиот однос.
Кокаин
Кокаинот и останатите стимулански ја зголемуваат сексуалната желба и либидото, предизвикуваат моќна ерекција и полесно постигнување оргазам. Во големи количини може да биде многу фрустрирачки бидејќи возбуденоста е преголема додека се јавува неможноста да се постигне оргазам. Исто така познато е дека кокаинот е локален анестетик, па некои го употребуваат нанесувајќи го на половиот орган за да ја намалат чувствителноста и со тоа да го продолжат времето на сексот до постигнувањето оргазам.
LSD
Халуциногените дроги, како LSD и печурките, најмногу го менуваат човековото доживување на светот, а со тоа и самата перцепција на околината. Предизвикуваат различни визуелни и звучни халуцинации, како и низа различни чувства, од еуфорија до страв и параноја. Поради изразено субјективниот и непредвидлив ефект многу е тешко да се каже како овие дроги влијаат на самиот полов однос. Некои работи едноставно е подобро да им се препуштат на фантазијата и волјата.
Извор: Intimate Medicine
„Сексот често е
Испратено на 10 декември 2009 од Анонимен„Сексот често е прекинуваn од напади на смеење и губење концентрација, а желбата за благо може лесно да ја замени желбата за страст.“
Глупости.
Gluposti?? Ona vo navodnicite
Испратено на 10 декември 2009 од АнонименGluposti?? Ona vo navodnicite e sosem tocno, vi precelo toa vam ili ne.
Но, не обеспокојувајте се, ве
Испратено на 11 декември 2009 од Андреј БолконскиНо, не обеспокојувајте се, ве молам.